резиденти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jan 2021 11:24:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png резиденти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковиќ: Треба да се попишат само резидентите, ако тоа не се спроведе – нема да го признаеме пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovikj-treba-da-se-popishat-samo-rezidentite-ako-toa-ne-se-sprovede-nema-da-go-priznaeme-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovikj-treba-da-se-popishat-samo-rezidentite-ako-toa-ne-se-sprovede-nema-da-go-priznaeme-popisot/#respond Fri, 08 Jan 2021 11:24:54 +0000 https://kurir.mk/?p=452825

Демократската партија на Србите во Македонија за најавениот попис бара во пописните комисии да има по двајца попишувачи со национално мешана структура, да постојат два примерока од пописниот лист за да се спречат манипулациите и да се примени препораката на Еуростат дека не се попишуваат сите кои имаат државјанство, туку само резиденти, вели во интервјуто за српскиот дневен весник „Политика“ Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ. Пописот на населението е планиран за во април, а ДПСМ има неколку амандмани за Законот за попис. „Заради примената на ваквата наша препорака, Албанците се побунија сред пописниот процес во 2011 година бидејќи не беа задоволни, па пописот беше прекинат, а за бројноста на секоја од националните заедници се зборува врз основа на пописот од 2002. Според овој попис бројноста на Србите во Македонија е околу 36.000. Ќе биде голема борба. Очекувам да се потврдат бројките и доколку е тоа можно истите да бидат поголеми, под услов да бидеме во состојба да го контролираме пописниот процес. Ако тоа не биде случај, нема ни да го признаеме пописот”, вели Стоилковиќ. Тој вели дека има разни техники за лажирање на резултатите од пописите и за систематско намалување на бројот на Србите во Македонија, а со тоа и нивното влијание во јавниот и политички живот на државата за сметка на други. „Го имаме и тој конформистички, опортунистички агол: ‘што сега јас да се замерам со властите, кога можам полесно да дојдам до работа и други привилегии како Македонец’. Но, сега имаме состојба кога е доведено во прашање постоењето на самиот македонски народ. Па тука се отвара нова перспектива и доволно простор за наше проактивно, сериозно делување... Инаку најмногу прашања добивам во врска со можноста за добивање на српско државјанство“. Во однос на можното коалицирање со СДСМ, Стоилковиќ рече дека неговата партија и досега била во коалиција и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ. „Проблемот настанува во моментот кога на политичката сцена настапува отворена, агресивна антисрпска политика, и во такви услови не е можно да бидеме соучесници во таквата политика. Може ли да се биде дел од онаа влада која дури и не изрази сочувство на српскиот народ и раководството на Србија по повод упокоението на српскиот патријарх? Дали наскоро, треба да бидам доведен во состојба да гласам дека ‘Србите се геноциден народ’? Не сум спремен и тоа нема да го прифатам. Разговарав со премиерот Заев кога завршија изборите минатата година, бидејќи тенко му е мнозинството и му недостасуваат Србите во целокупната приказна. Имав две цврсти барања: почитување на пресудата на судот во Стразбур и службена регистрација на канонската православна Охридска Архиепископија и гарантирани места во Собранието. И добив одговори со две лица, на зборови сѐ, а во стварноста ништо“. За изјавата на Заев дека Југославија наводно направила „Берлински ѕид” помеѓу Македонија и Бугарија и дека на тој начин раскарала еден „суштински ист народ”, Стоилковиќ вели дека е е клучна за да може да се разбере дека амнестијата на фашизмот во суштина го најавува следниот чекор. „Се најавува реализација на Тиранската платформа во една од последнте точки, а тоа е прогласување на Србите за „геноциден народ”. Очигледно е дека македонската влада ќе го направи тоа за да го зајакне ионака тенкото мнозинство и статус. Властодршците кои се одрекуваат од сопственото име и историја, своите национални херои, својот јазик и народ нема да се премислуваат многу околу тоа на најклеветнички начин да ги прогласат Србите за ‘извршители на геноцидот’. Моја препорака е Србија да го задржи својот досегашен пристап, целосна регионална соработка и стабилност и да му остави на официјално Скопје самото себе да се вади од живото блато на своето политикантство и да си го добијат тоа што самите си го бараат. Но, од друга страна, оваа е вистинска прилика српската држава да се вмеша по прашањето на опстанокот на преостанатите Срби во Македонија, кои заслужуваат нејзино внимание и уште многу поголема, поконкретна и посериозна помош од Република Србија”. Во однос на одноsите меѓу македонскиот и српскиот народ Стоилковиќ вели дека тука никогаш немало никаков проблем. „Цело време за тоа зборувам. Ако Србија сега на кој било начин се вмеша, таквото расположение би можело преку негативна и маркетиншки пропагандна кампања веднаш да се искористи против Србија и Србите (тука во Македонији, но и на други места). Затоа не треба да им се дава никаква шанса и не треба да им се отвара никаков простор за непријателска кампања кон сѐ што е српско. Треба да се биде мудар и паметен и да се чека можноста за некои многу подобри односи помеѓу нашите две држави и нашите два народа. Расположението на македонскиот народ кон бугарската држава и Бугарите драстично се влоши после сето она што се случуваше во последно време и ние треба да ги оставиме самите да си се објаснат помеѓу себе по сите спорни прашања, а ги има толку многу. Зошто Србија би се мешала во тоа? Зашто Србите на Македонците би им биле Бугари?“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovikj-treba-da-se-popishat-samo-rezidentite-ako-toa-ne-se-sprovede-nema-da-go-priznaeme-popisot/feed/ 0