режисери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Sep 2022 10:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png режисери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДФРМ ќе присуствува на регионална конференција на режисери во Лесковац https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dfrm-kje-prisustvuva-na-regionalna-konferencija-na-reziseri-vo-leskovac/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dfrm-kje-prisustvuva-na-regionalna-konferencija-na-reziseri-vo-leskovac/#respond Mon, 19 Sep 2022 10:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=734726

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи и генералниот секретар на Друштвото, Томи Салковски, денеска ќе учествуваат на Регионалната конференција на филмски режисери што се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска режија (LIFFE) во Лесковац. Учесниците на конференцијата ќе разменат мислења и ставови за состојбите во регионалната кинематографија, со акцент на заштитата на авторските права во аудиовизуелната дејност. Годинашната конференција ќе биде посветена на прашањата за авторска егзистенција, професионализацијата на работата, користењето нови технологии и нивното влијание на либерализацијата при снимањето филмови, за заштита на авторитети и авторството на режисерите, автономијата на филмот и слободата на изборот на теми и одговорноста на авторите без калкулации кон вистината и историјата. Како што се наведува во соопштението од ДФРМ, ова прашање не е регулирано ниту во македонската кинематографија, па претставниците на ДФРМ ќе имаат можност да ги истакнат проблемите на авторска сопственост со кои се соочуваат домашните филмски автори, како и да се запознаат со ситуацијата во соседните држави и како тие наоѓаат начини за решавање на овие горливи прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dfrm-kje-prisustvuva-na-regionalna-konferencija-na-reziseri-vo-leskovac/feed/ 0
Расте бројот на режисерки во Холивуд https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/raste-brojot-na-reziserki-vo-holivud/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/raste-brojot-na-reziserki-vo-holivud/#respond Fri, 03 Jan 2020 13:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=285221

Бројот на жените режисери на холивудски продукции, е зголемен до рекордно високо ниво за 2019 година, објавија западните медиуми. Од 100-те филма со најголема заработка лани, 12 се режирани од претставнички на понежниот пол, меѓу кои и Лулу Ван („Збогување”), Лорејн Скафарија („Измамничките од Волстрит“), Мелина Мацукас („Квин и Слим”), Грета Гервиг („Мали жени”) и други. Жените зад камерата, инаку, денес се рекордни 10,6 отсто – над двапати повеќе отколку во 2018 година (4,5 отсто). Досегашниот највисок процент – 8 отсто, беше актуелен 2008 година. Покрај тоа, два од десетте најпопуларни филмови за 2019 година – цртаниот „Снежното кралство 2″ и „Капетанката Марвел”, имале помошнички режисерки, соодветно – Џенифер Ли и Ана Боуден. Вкупниот број на дамите режисерки, сценаристки, продуцентки, монтажерки и операторки на 100-те најпрофитабилни филмови за 2019 година е 20 отсто – четири проценти повеќе отколку во 2018, посочи истражување на Центарот за следење на жените во телевизијата и кинематографијата при Универзитетот на Сан Диего. Од фимовите на „Јуниверзал пикчрс”, 26 отсто од проектите за лани се режирани од жени. Бројот на платформата Нетфликс исто така е висок – 20 отсто од нивните филмови се дело на режисерки. На другиот крај е „Парамаунт пикчрс” – последниве пет години студиото не снимило филм режиран од жена. Соодносот меѓу половите во Холивуд, е четири спрема еден во корист на мажите. Дамите филмаџики, сепак, одново се вон конкуренција за претстојната сезона на награди. За „Златните глобуси”, кои ќе се одржат в недела, нема номинирана жена режисер. Ниеден од десетте филма, номинирани во категориите за драма и мјузикл или комедија, не е режиран од жена. Во очекување на номинациите за „Оскар”, според западните медиуми, досега само една жена ја добила најпрестижната статуетка за најдобар режисер – Кетрин Бигалоу за „Шкафче на болката”, а воедно и најдобар филм за 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/raste-brojot-na-reziserki-vo-holivud/feed/ 0