резолуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 11:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png резолуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП усвои резолуција за дијалогот Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=890755

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за последните случувања во дијалогот меѓу Србија и Косово, вклучително и ситуацијата во северните општини на Косово, во која српските власти се повикани на целосна соработка во истрагата за нападот во Бањска. Резолуцијата „најостро го осудува страшниот и кукавички терористички напад на добро организираните српски паравоени формации“ во Бањска врз косовските полицајци на 24 септември и ги повикува сите земји-членки на ЕУ, кои сè уште не го сториле тоа, да го осудат нападот. Со резолуцијата сите страни се поканети да работат на деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово и да се избегнува каква било реторика или акција што дополнително ќе ги зголеми тензиите. Косовските власти се повикани да ги откријат сите докази поврзани со инцидентот, меѓународните институции во Косово, вклучително и ЕУЛЕКС, да ги проценат доказите и Србија целосно да соработува во истрагата и да ги доведе одговорните за нападот, кои моментално живеат во Србија, пред лицето на правдата во согласност со законот, вклучително и нивна екстрадиција на Косово. ЕК и Советот се повикани да преземат мерки против Владата на Србија доколку истрагите покажат дека државата Србија била директно вмешана во терористичкиот напад во Бањска или во нападите што се случија во северно Косово во мај 2023 година. ЕК е повикана да ги замрзне средствата за Србија според Инструментот за претпристапна помош три, доколку резултатите од истрагата покажат дека српската држава директно била вклучена во овие напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/feed/ 0
Резолуција на ЕП за Црна Гора: Пописот да се спроведе кога ќе заврши политичкиот застој https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:02:03 +0000 https://kurir.mk/?p=890327

Европскиот парламент денеска го усвои извештајот за Црна Гора, кој го подготви специјалниот известувач Тонино Пицула. За извештајот, кој по усвојувањето стана Резолуција, гласаа 529 европски пратеници, 51 беа против, а 53 беа воздржани. Беше усвоен и амандман кој се однесува на пописот. „Црна Гора е повикана да го спроведе долгоочекуваниот попис на населението и становите во согласност со Европската унија и меѓународните стандарди штом ќе заврши политичкиот застој во земјата, за да не се користи ова важно прашање како уште еден изговор за интензивирање на поларизацијата на општество“, се вели во амандманот поднесен од Пицула и европратеникот Педро Маркез. Во првиот нацрт на извештајот, кој беше објавен на крајот на јуни, Црна Гора беше поканета да спроведе попис на населението и домаќинствата до крајот на годината, во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди. Пицула синоќа на дебатата во ЕП рече дека пописот не треба да се користи како уште една политичка алатка за дополнителна поларизација на општеството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/feed/ 0
Идризи побара од албанскиот Парламент да донесе резолуција за осуда на геноцидот врз Чамите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=852486

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), и пратеник во албанскиот Парламент, Шпетим Идризи, побара законодавниот дом да усвои Резолуција за "осуда на геноцидот врз Чамите во Грција". Во име на партијата, која е позната како партија на Чамите, од собраниската говорница изрази жалење што и Парламентот на Албанија, кој го осудил геноцидот што се случил на Косово, во Босна и сл., се уште нема резолуција за осуда на насилството врз Албанците од Чамерија ( област во северниот дел на Грција). Според него, Собранието треба да донесе резолуција за заштита на нивните права според Уставот. - Бараме 27 јуни да биде прогласен за ден на геноцид врз жителите на Чамерија. Како што е општо познато, по Втората светска војна е извршен геноцид врз ова наше население. Беа свирепо масакрирани 2.770 човечки животи, стотина села беа запалени и ограбени, а 30 илјади Албанци избегаа. Стотици други умреле од глад, рече тој. При тоа побара едноминутно молчење, во знак на почит кон сите жртви во Чамарија, што и беше направено. - Ова почитувано собрание донесе многу резолуции, предизвика со право да се почитуваат таквите геноцидни случаи, како на пример за Косово, за Босна, за холокаустот, за претставниците на Црвениот крст во Камбоџа, и многу добро направивме зашто овој спомен ни помага ваквите случаи никогаш да не се повторат. Жал ми е што сè уште нема изјава или резолуција од овој парламент за отстранување на законот за војна со Грција и унапредување како обврска и од Уставот за прашањето за Албанците од Чамерија, рече тој. Грчките власти во континуитет изјавуваат дека за нив не постои никакво прашање за Чамите и бараат од албанските власти да го избришат од учебниците по историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/feed/ 0
ОН усвои Резолуција со која се бара дефинирање на обврските во борбата против климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-usvoi-rezolutsija-so-koja-se-bara-definirane-na-obvrskite-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-usvoi-rezolutsija-so-koja-se-bara-definirane-na-obvrskite-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/#respond Wed, 29 Mar 2023 17:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=817845

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара од Меѓународниот суд на правдата да ги дефинира обврските на државите во борбата против климатските промени, односно правно мислење кое ќе ги обврзе земјите да ги заострат мерките за оваа цел. Резолуцијата со која се бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата стигна до Генералното собрание на ОН по четиригодишна кампања предводена од Република Вануату. Премиерот на Вануату, Исмаел Калсакау, рече дека резолуцијата и советодавното мислење „ќе имаат силно и позитивно влијание врз тоа како се справуваме со климатските промени и да ги штитиме сегашните и идните генерации“. Советодавното мислење на судското тело на ОН нема да биде обврзувачко за која било јурисдикција, но може да ја формира основата на идните преговори за климатските промени со прецизно посочување на финансиските обврски што ги имаат земјите во врска со климатските промени, со што ќе им помогне на земјите да ги ревидираат и подобрат националните политики за климата, како и зајакнување на домашната политика и законодавство. Калсакау изјави дека со усвојувањето на резолуцијата, ОН „ќе испратат гласна и јасна порака, не само низ целиот свет, туку и далеку во иднината, дека токму на овој ден земјите-членки на ОН одлучија да ги остават настрана нивните разлики и да работат заедно да го решиме клучниот предизвик на нашето време“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-usvoi-rezolutsija-so-koja-se-bara-definirane-na-obvrskite-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/feed/ 0
Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-usvoi-rezolutsija-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-usvoi-rezolutsija-za-makedonija/#respond Thu, 02 Feb 2023 09:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=795034

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Р.С.Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА. До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика. Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривањена сторителите и нивно изведување пред правдата. Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Р.С.Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“. Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-usvoi-rezolutsija-za-makedonija/feed/ 0
Стефановиќ поднесе предлог резолуција во Собранието на Србија за воведување санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-podnese-predlog-rezolucija-vo-sobranieto-na-srbija-za-voveduvanje-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-podnese-predlog-rezolucija-vo-sobranieto-na-srbija-za-voveduvanje-sankcii-protiv-rusija/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=765475

Потпретседателот на српското Собрание од редовите на опозицијата, Борко Стефановиќ, соопшти дека до Комисијата за надворешни работи испратил предлог резолуција за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на Европската унија, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, кои Владата би морала веднаш да ги спроведе, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние сме единствениот кандидат за членство во ЕУ кои нема воведено рестриктивни мерки против Русија. Се ставаме во реална опасност повторно да бидеме изолирани, изјави Стефановиќ на прес-конференција во Собранието. Како што појасни, Србија е во реална опасност повеќе од 10.000 компании да се најдат во тешка ситуација, да се загрозат 300.000 работници вработени во компании од ЕУ, како и трговска размена со Унијата, што е 60 отсто од вкупната надворешно-трговска размена. Според Стефановиќ, Србија не смее да се најде „од другата страна на виртуелниот Берлински ѕид, кој повторно се гради“. Според него, воведувањето пакет санкции од Србија нема да ја загрози Русија, „тоа би било од скромен обем“, но, доколку тоа не се случи, позицијата на државата во однос на Косово би била отежната, како и политичките и економските односи со ЕУ. Тој најави дека до крајот на ноември предлог-резолуцијата ќе се најде на Комисијата за надворешни работи чиј претседавач е тој и дека за неа ќе се расправа и се надева дека ќе се најде и на дневен ред на Собранието на Србија. -Мораме да и помогнеме на сопствената земја да ја избегне опасноста од изолација. Србија поради својата чест и интереси не може да стои настрана и да се прави дека не ги гледа промените што се случуваат. Не треба да следиме емоции, туку интереси, заклучи Стефановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-podnese-predlog-rezolucija-vo-sobranieto-na-srbija-za-voveduvanje-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Руското МНР реагираше за резолуцијата на албанскиот Парламент против извештајот на Дик Мартин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/#respond Wed, 03 Aug 2022 09:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=713355

Руското Министерство за надворешни работи реагираше во врска со резолуцијата против извештајот на Дик Мартин што албанскиот Парламент ја усвои на 21 минатиот месец. Министерството преку објава на Твитер соопшти дека не го менува односот кон покренатите обвиненија и дека лицата вмешани во трговија со органи мора да бидат најстрого казнети. -Албанскиот Парламент одобри резолуција која се спротивставува на обвинувањата за трговија со органи во Косово и Албанија. Остануваме цврсто на нашиот став дека лицата вклучени во овие злосторства мора да се соочат со остра и правична казна, стои во објавата, јави Ора њуз. Според телевизијата извештајот од 2010 година, подготвен од тогашниот швајцарски сенатор, Дик Марти, а одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово биле вклучени во трговија со органи во периодот 1998-1999 година. На седницата на 21 јули, албанскиот законодавен дом, со 125 гласови „за“ ја усвои резолуцијата „За неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија“. -Го повикуваме Парламентарното собрание на Советот на Европа да подготви последователен извештај, а со тоа и преразгледување на Резолуцијата 1782 (2011), со која се преоценуваат тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Албанија и/или Косово, во светлината на случувањата што се случија во текот на оваа деценија, фактите, доказите и ажурираните информации, како и од аспект на посветеноста, подготвеноста и целосната соработка на Албанија и Косово во служба на вистината и воспоставувањето на правдата, стои меѓу другото во резолуцијата. Исто така, Парламентот бара од албанската Влада да остане целосно посветена на „помагање на правдата и утврдување на одговорноста за сите злосторства извршени во поранешна Југославија“. Под обвинеие за воени злосторства во Хаг се дел од највисокото раководство на ОВК, меѓу кои и поранешниот косовски претседател и експремиер Хашим Тачи. Инаку, албанскиот Парламент резолуцијата ја донесе месец по одржувањето на осмата заедничка седница на владите на Албанија и на Косово, кога во Приштина албанскиот премиер Еди Рама, најави дека „Тирана ќе започне кампања, која ќе ги вклучи Вашингтон, Париз, Берлин и други центри во светот, за да документира дека Ослободителната војска на Косово не била вклучена во трговија со органи“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/feed/ 0
Џафери ќе иницира Резолуција за Украина во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-inicira-rezolucija-za-ukraina-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-inicira-rezolucija-za-ukraina-vo-sobranieto/#respond Fri, 29 Apr 2022 12:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=669778

Претедателот на Собранието Талат Џафери најави дека во Парламентот ќе иницира донесување на резолуција со која ќе се дефинираат состојбите во Украина во однос на злоделата што се направени таму. Ваквата желба на Џафери доаѓа по неговата посета на Украина каде бил вџашен од она што го гледа, посебно од убиствата во Буча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-inicira-rezolucija-za-ukraina-vo-sobranieto/feed/ 0
Летонскиот Парламент усвои резолуција за геноцид во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=666538

Летонскиот Парламент едногласно усвои резолуција во која Русија ја обвинува за геноцид врз украинскиот народ и ги повика другите членки на ЕУ веднаш да престанат да увезуваат руски нафта и гас. Парламентот се повикува на „детални и многубројни сведоштва и докази за брутални злосторства извршени од руската армија“. Злосторствата вклучуваат убиства, тортура, сексуална злоупотреба, сквернавење на украински цивили во Буча, Ирпин, Мариупол и други места. Русија, исто така, киднапира и депортира украински граѓани на своја територија, се додава во резолуцијата. По делумното повлекување на руските сили од областа во северна Украина, откриени се тела на стотици цивили, од кои некои биле врзани. Украина и САД ја обвинуваат Русија за геноцид. Меѓународниот кривичен суд во Хаг отвори истрага, додека Русија категорично ги отфрла обвинувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonskiot-parlament-usvoi-rezolucija-za-genocid-vo-ukraina/feed/ 0
Американскиот Сенат донесе резолуција, Путин се осудува како воен злосторник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=647908

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА. „Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина“, се наведува во соопштението. Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА. Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/feed/ 0