резултати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 19:59:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png резултати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultati-za-smestuvane-studenti-od-vtora-i-povisoki-godini-vo-studentskite-domovi-za-2023-2024/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultati-za-smestuvane-studenti-od-vtora-i-povisoki-godini-vo-studentskite-domovi-za-2023-2024/#respond Tue, 05 Sep 2023 20:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=874944

Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година. На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп. Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-rezultati-za-smestuvane-studenti-od-vtora-i-povisoki-godini-vo-studentskite-domovi-za-2023-2024/feed/ 0
Валидноста на резултатите доведена во прашање: Вработени на Клиничка биохемија реагираат, се користат реагенси со поминат рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/#respond Mon, 10 Jul 2023 20:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=855199

До редакцијата на Курир во изминатите два дена пристигнаа информации од дел од вработените на Клиничка биохемија кои изразуваат сериозна загриженост за валидноста на резултатите кои се издават од оваа здравствена установа. Наводите, вработените ги поткрепуваат со фотографии од реагенси за испитување на тироидната жлезда, на кои се гледаат поминати рокови на самите кутии. Земајќи го во предвид фактот дека точните резултати се клучни за определување на соодветна терапија, а користење реагенси со поминат рок според познавачите го доведува под прашање и натамошниот третман и лекување на пациентите. Клиничка биохемија, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство треба да одговорат дали имаат сознанија или пријави за овие информации, дали се точни наводите на вработените, дали и кога е извршена последната контрола во оваа ЈЗУ и што е констатирано? Останува отворено и прашањето дали по допрен глас ќе излезе инспекција на терен со цел да констатираат фактичка состојба и да ги преземат неопходните мерки во интерес на заштита на здравјето на граѓаните? Доколку се утврди дека наводите се точни, кој ќе одговара за користење реагенси со поминати рокови? Дали има нарачка на нови реагенси и зошто не се повлечени од употреба спорните реагенси, кога последен пат е направена нова нарачка односно колку време немало набавка на нови реагенси, а доколку има зошто не се употребуваат? Редакцијата на Курир располага со фотографии од реагенсите кои според нашите извори во моментов се користат на Клиничка биохемија, а објавуваме само дел од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/feed/ 0
Пиеракакис: В недела во 21 часот резултатите од изборите од 80 отсто од гласовите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pierakakis-v-nedela-vo-21-chasot-rezultatite-od-izborite-od-80-otsto-od-glasovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pierakakis-v-nedela-vo-21-chasot-rezultatite-od-izborite-od-80-otsto-od-glasovite/#respond Wed, 17 May 2023 14:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=835405

Два часа по затворањето на гласачките места, односно во 21 часот в недела ќе бидат соопштени резултатите од изборите во Грција со пребројани 80 отсто од гласовите, според министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчкото радио „Скај“, Пиеракакис објасни дека оваа година процесот на пребројување на гласовите ќе биде побрз од претходно, во сите избирачки места ќе има таблети и се очекува во 21 часот да бидат познати 80 отсто од резултатите од гласањето. -Збирот што порано се бележеше рачно, сега ќе се врши со автоматско известување на Министерството за внатрешни за да може резултатот да излезе многу порано, објасни Пиеракакис. Во однос на деталните резултати за пратеничките листи, се очекува пред полноќ да се знае бројот на гласови што го добиле кандидатите за пратеници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pierakakis-v-nedela-vo-21-chasot-rezultatite-od-izborite-od-80-otsto-od-glasovite/feed/ 0
По колку време се забележуваат резултатите од тренинг? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-kolku-vreme-se-zabelezhuvaat-rezultatite-od-trening/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-kolku-vreme-se-zabelezhuvaat-rezultatite-od-trening/#respond Wed, 01 Feb 2023 08:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=794542

Тоа е долгогодишното прашање во главите на сите почетници во теретана: „Колку од оваа физичка тортура треба да издржам пред да забележам промена во моето тело?“ Сепак, не грижете се дури и ако ви оди малку побавно, можеби тоа е вашето тело, количината на тренинг или правилна исхрана и правење вежби. Ако никогаш претходно не сте вежбале, можете да очекувате да видите резултати многу побрзо од некој кој тренира со години, бидејќи нивните тела веќе се навикнати на тој ритам. Експертите велат дека сите сме различни, а и нашите очекувања се различни, па можеби нема да видиме што навистина сакаме и ќе изгледа дека целта е всушност недостижна. Дополнително, ако се придржувате до режимот на вежбање и тренирате помеѓу три и пет пати неделно, можете да очекувате резултати во рок од еден или два месеца. Но, секако, ова зависи и од вашата исхрана, како и од вашата моментална кондиција. Стручен совет е да внимавате на водење на фитнес дневник, со цел детално да го следите вашиот напредок. На тој начин и тие мали разлики, кои понекогаш значат многу, ќе дојдат до израз во вашите очи и ќе ве мотивираат. Следниот совет кој верно го следи првиот е самокритичноста. Но, бидете доволно реални дека кога ќе ја прекршите диетата или ќе прескокнете тренинг, ќе си речете: „Не ми требаше ова, секој ден на опуштање е всушност чекор назад“. Да се ​​сумира сето тоа, клучот е упорноста и истрајноста во ова патување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-kolku-vreme-se-zabelezhuvaat-rezultatite-od-trening/feed/ 0
Ова се конечните резултати од годишното Изборно собрание на ЗНМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-konechnite-rezultati-od-godishnoto-izborno-sobranie-na-znm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-konechnite-rezultati-od-godishnoto-izborno-sobranie-na-znm/#respond Sun, 04 Dec 2022 12:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=770795

Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ. Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари. Резултатите се следни: За Претседател на ЗНМ е избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа. За членови на Управен одбор се избрани: Анета Блажевска Аслан Вишко Сенат Зулбеари Трајче Илиевски Мишко Иванов Маја Јовановска Петар Клинчарски Искра Опетчевска Среќко Поповски Ристо Тасев За членови на Надзорен одбор се избрани: Мефаил Исмаили Роберт Коцев Сеад Ризвановиќ Горан Симоновски Миомир Серафиновиќ За членови на Совет на честа се избрани: Саше Димовски Огнен Јаневски Мира Костиќ Емилија Мисирлиевски Игор Стефановски Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство, информираат од ЗНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-konechnite-rezultati-od-godishnoto-izborno-sobranie-na-znm/feed/ 0
До крајот на неделата се очекува разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelata-se-ochekuva-razreshnica-so-prviot-suspekten-sluchaj-na-majmunski-sipanici-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelata-se-ochekuva-razreshnica-so-prviot-suspekten-sluchaj-na-majmunski-sipanici-vo-makedonija/#respond Thu, 11 Aug 2022 14:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=717188

Нема простор за паника, бидејќи не се очекува никаков драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, велат од Комисијата за заразни болести. Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи од кои пациентот од Кичево одбива да се тестира, а мигрантот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски денеска во изјава за медиумите посочи дека на пациентот од Кичево му било понудено да се тестира, но тој одбил и дека нема законска можност да го присилат на тестирање. – Здравјето е и колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата. Овој случај се јавил на доктор завчера и веднаш е остварена комункација со лекари од Инфективната клиника и со епидемиолози. Оставено е сомневањето врз основа на клиничката презентација. Понудено му е тестирање, во тој момент не го пријавил тестирањето и не се пријавил за понатамошно лекување. Известени се надлежните служби од Битола, кои реагирале веднаш, а ангажирана е и матичниот лекар. Епидемиологот два пати бил на местото на живеење на овој пациент, разговарано е со членовите на семејството и објаснето е дека тестирањето е најдобро решение, изјави Петличковски. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен заклучок да се достави предлог до министерот за здравство за да биде предложен здравствен надзор за лицето кое не сака во моментов да се тестира, со цел да можат да постапат институциите и побрзо да се заврши случајот. – Очекуваме во текот на наредните денови, согласно тоа постапување да имаме разрешница, изјави портпаролот на КЗБ Злате Мехмедовиќ, кој појасни дека со овој предлог и со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и МВР ќе биде лоцирано лицето и ќе биде тестирано. Во однос на вториот случај за којшто се покажа дека е негативен, исконтактирани се лицата кои биле во близок контакт со него уште пред да се направи тестот, но со тоа што резултатот е негативен, од Комисијата велат дека нема потреба од спроведување на понатамошни мерки. Во Институтот за јавно здравје, како што соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Петличковски има околу 3300 тестови за мајмунски сипаници. Тој појасни дека доколку некој има симптоми на мајмунски сипаници, првично треба да го контактира матичниот лекар, а потоа ако има сомнеж за присуство на сипаниците ќе биде препратен на Инфективната клиника, на соодветен начин. – Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустили можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите, додаде Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-nedelata-se-ochekuva-razreshnica-so-prviot-suspekten-sluchaj-na-majmunski-sipanici-vo-makedonija/feed/ 0
Матураните годинава со повисока оценка од државната матура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturanite-godinava-so-povisoka-ocenka-od-drzavnata-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturanite-godinava-so-povisoka-ocenka-od-drzavnata-matura/#respond Fri, 01 Jul 2022 11:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=698366

Првичните резултати од двата екстерни испита од годинашната државна матура се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар (ДИЦ) и секој кандидат може да ги види своите, електронски со најава на rezultati.dic.edu.mk. – Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61, информираше ДИЦ кој резултатите ги објавува 12 дена порано од законскиот рок. Следува период на приговори – заклучно со 5 јули учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули. Увидот во тестовите лично од кандидатите ќе биде на 13 јули во ДИЦ со претходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули. За дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Првиот екстерен и задолжителен испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски јазик) кандидатите го полагаа на 4 јуни, а на 13 јуни го полагаа вториот екстерен испит, кој е изборен од предметите математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски), естетика и филозофија. За полагање на државната матура во јунската сесија беа пријавени 15 899 кандидати (7135 од гимназии, 8504 од стручни и 260 од уметнички училишта). Матурантите кои не ја положиле државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturanite-godinava-so-povisoka-ocenka-od-drzavnata-matura/feed/ 0
Инспекција влезе на Радиологија: Додека на државно со месеци се чекаат резултати, приватно се наплаќа и до 500 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/#respond Thu, 30 Jun 2022 12:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=697816

Инспекција влезе на Институтот за Радиологија. Дел од пациентите покрај информирањето на медиумите, одлучиле да се обратат и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Курир вчера објави дека на Институтот за Радиологија пациентите со месеци не можат да добијат резултати за извршените снимања. Голем дел од нив се и онколошки случаи, а токму резултатите од Радиологија кои ги чекаат се клучни за нивното натамошно лекување. Во животната битка овие пациенти се попречени од колапсот што се случува на Радиологија за кој од Министерството за здравство се уште молчат. Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Бухова во изјава за Курир вели дека во петокот добиле пријава од пациент, по што веќе во понеделникот (27.06.2022) излегле на терен за утврдување на состојбата. -Во ДСЗИ стигна претставка за неиздаден резултат за извршено снимање. Постапувајќи по Законот за здравствена заштита и Законот за права на пациенти извршен е вонреден инспекциски надзор при што констатирано е дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури. Од страна на ДСЗИ по извршениот надзор, при кој се констатирани недостатоци согласно надлежностите на Инспекторатот, е издадено решение со кое установата се задолжува да се почитува рокот на важност на издадените упати, резултатите од извршените дијагностички радиолошки иследувања да се издаваат по завршување на иследувањето согласно медицина базирана на докази и да се почитуваат интерните општи акти од страна на вработените лица. Рокот за постапување е седум дена, вели Бухова за Курир. На социјалните мрежи се повеќе граѓани реагираат и потврдуваат дека со месеци чекаат резултати. Велат оние кои имаат финансии може да си дозволат да одат во приватните клиники, додека останатите се оставени сами на себе во лавиринтите на јавното здравство. Во приватните клиники снимања на магнетна резонанца или компјутерска томографија, во зависност од тоа на кој дел на телото, чинат од 10.000 до 30.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/feed/ 0
Колапс на Радиологија: Пациенти со месеци чекаат резултати, дел од нив и онколошки случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-radiologija-pacienti-so-meseci-chekaat-rezultati-del-od-niv-i-onkoloshki-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-radiologija-pacienti-so-meseci-chekaat-rezultati-del-od-niv-i-onkoloshki-sluchai/#respond Wed, 29 Jun 2022 11:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=697287

Вашите резултати се уште не се готови. Ова е одговорот кој најголем дел од пациентите го добиваат последните два-три месеци од Институтот за Радиологија – Скопје кој е дел од Клиничкиот центар. Пациентите чекаат за нивните резултати од рентген снимки, снимки од магнетна резонанца и компјутерска томографија. Дел од нив ја контактираа нашата редакција и вознемирено раскажуваат со што се соочуваат низ здравствените лавиринти. Меѓу нив има и онколошки случаи кои без резултатите од направените снимки не можат да ја добијат соодветната терапија. -Не можам секој ден да доаѓам во клиниката. Јас сум од источна Македонија. Се јавував телефонски да ми проверат, но кога ќе ми кренеа секогаш го добивав истиот одговор „Резултатите не ви се готови или напишани“. Ова трае веќе три месеци. Кога доаѓам за прегледи во другите клиники, проверувам и тогаш дали се готови, но уште нема ништо, ни вели повозрасен маж кој ја контактираше нашата редакција. -Два месеци ги чекам резултатите од снимањето за да можат другите доктори да ми ја дадат соодветната терапија, онколошки пациент сум. Додека чекам резултати, можеби болеста напредувала, а јас не знам. Ова не е нормално што се случува. Само велат, не ви се готови резултатите и креваат раменици. Јас не сум единствена, многу има, вознемирено вели млада жена која води животна битка. Пациентите велат дека никој не им кажува кога ќе им бидат готови резултатите, ниту од кои причини толку многу се доцни. Курир вчера се обрати до Министерството за здравство од каде побаравме одговори за ваквата ситуација на Институтот за Радиологија. Оттаму молчат, до објавување на овој текст, не добивме одговор зошто се доцни со резултатите на пациентите и дали ќе побараат одговорност за ваквата ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-radiologija-pacienti-so-meseci-chekaat-rezultati-del-od-niv-i-onkoloshki-sluchai/feed/ 0
РИК: Одложени конечните резултати поради повторување на гласањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rik-odlozeni-konechnite-rezultati-poradi-povtoruvanje-na-glasanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rik-odlozeni-konechnite-rezultati-poradi-povtoruvanje-na-glasanjeto/#respond Wed, 06 Apr 2022 12:57:48 +0000 https://kurir.mk/?p=659222

Републичката изборна комисија (РИК) соопшти дека роковите за објавување на конечните изборни резултати во Србија се одложени поради повторено гласање, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението од РИК се наведува дека согласно Законот за избор на пратеници, локалните изборни комисии имаат рок од 96 часа од затворањето на избирачките места да ги утврдат збирните извештаи за резултатите од гласањето, а рокот истекува во четврток во 20 часот. – Но, во истиот закон е предвидено рокот да се пролонгира и кај локалните изборни комисии на чија територија се повторува гласањето на избирачко место, а во тој случај рокот од 96 часа се пресметува од затворањето на избирачкото место каде гласањето се повторува, објаснуваат од РИК. Имајќи предвид дека на веб-презентацијата на РИК е објавена одлуката со која беше поништено гласањето на одредени избирачки места, тоа го одложува утврдувањето на резултатите од гласањето во тие единици на локалната самоуправа. Поради тоа, рокот во кој РИК е должна да ги објави вкупните изборни резултати се одложува. – Имајќи предвид дека гласањето ќе се повтори на одреден број избирачки места, за што ќе одлучува Републичката изборна комисија согласно законот, во овој момент не може да се утврди времето кога ќе бидат утврдени и објавени вкупните изборни резултати, како за народните пратеници, така и за претседателот на Републиката, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rik-odlozeni-konechnite-rezultati-poradi-povtoruvanje-na-glasanjeto/feed/ 0