риба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 15:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png риба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кишида и министрите јадеа риба од Фукушима https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-i-ministrite-jadea-riba-od-fukushima/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-i-ministrite-jadea-riba-od-fukushima/#respond Wed, 30 Aug 2023 15:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=872618

Јапонската Влада објави видео од премиерот Фуми Кишида како јаде риба од Фукушима, на промоцијата на производи од областа околу нуклеарната централа која во океанот почна да испушта прочистена вода од реакторот. Во видеото на социјалните мрежи, Кишида и тројцата министри јадат риба лист, свинско месо, ориз, зеленчук и овошје од Фукушима. „Многу вкусно“, рече Кишида пред камерата откако јадеше сашими и ги повика луѓето да ја јадат „безбедната и вкусна“ јапонска морска храна. Јапонија минатата недела почна во океанот да испушта прочистена вода од централата Фукушима, уништена во цунамито во 2011 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-i-ministrite-jadea-riba-od-fukushima/feed/ 0
Нема да ве чини ништо: Имаме проверен трик со кој вашата куќа веќе никогаш нема да мириса на риба https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nema-da-ve-chini-nishto-imame-proveren-trik-so-koj-vashata-kuka-veke-nikogash-nema-da-mirisa-na-riba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nema-da-ve-chini-nishto-imame-proveren-trik-so-koj-vashata-kuka-veke-nikogash-nema-da-mirisa-na-riba/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=846412

Некои домаќинки решаваат да ги купат рибите веќе готови и пржени, додека некои ги засукаат ракавите и влегуваат во кујната и сакаат сами да ги подготват. И тоа е одлично. Но, мирисите кои се шират низ куќата за време на оваа работа не се секогаш добредојдени, особено ако очекувате гости. За да ви помогнеме да се ослободите од мирисот на печена риба, кој многумина го опишуваат како „многу непријатен“, ќе ви откриеме супер трик кој докажано делува. Имено, вметнете пет чепкалки во маслото во кое ја пржите рибата и ќе видите дека мирисот ќе биде многу понеинтензивен. Скоро и ќе го нема. Секако, ако пржите многу риба, одвреме-навреме треба да ги менувате чепкалките. Можеби ви звучи глупаво, но овој трик докажано функционира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nema-da-ve-chini-nishto-imame-proveren-trik-so-koj-vashata-kuka-veke-nikogash-nema-da-mirisa-na-riba/feed/ 0
Похована риба без брашно: Три неочекувани состојки ѝ даваат вкусна златна кора https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pohovana-riba-bez-brashno-tri-neochekuvani-sostojki-davaat-vkusna-zlatna-kora/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pohovana-riba-bez-brashno-tri-neochekuvani-sostojki-davaat-vkusna-zlatna-kora/#respond Tue, 04 Apr 2023 10:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=819983

Нема чистење и многу мака, а добивате совршено вкусно јадење. Наместо класичната смеса за поховање кое се состои од брашно и јајца, ви предлагаме да го направите ова со мајонез и сирење. Рибата ќе има златна кора, а вкусот ќе биде уште подобар отколку кај обичната кора. Состојки: 4 јајца 4 лажици мајонез 200 гр тврдо сирење 1 кг риба филе (по избор) Подготовка: Сирењето изрендајте го, па измешајте го со изматените јајца и мајонезот. Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте ја смесата. Извалкајте ја рибата и пропржете ја на малку масло. Пријатно!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pohovana-riba-bez-brashno-tri-neochekuvani-sostojki-davaat-vkusna-zlatna-kora/feed/ 0
Охриѓанец незаконски ловел риба со мрежа, полицијата одзела 120 парчиња плашица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanec-nezakonski-lovel-riba-so-mreza-policijata-odzela-120-parchinja-plashica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanec-nezakonski-lovel-riba-so-mreza-policijata-odzela-120-parchinja-plashica/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=779167

Дваесет метри рибарска мрежа и 120 парчиња уловена риба плашица одзела полицијата од 35 годишен охриѓанец поради незаконски риболов. СВР Охрид денеска соопшти дека кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, вчера околу 17 часот и 30 минути полициски службеници при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид. -Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство, стои во информацијата. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanec-nezakonski-lovel-riba-so-mreza-policijata-odzela-120-parchinja-plashica/feed/ 0
ДОМАШНА РИБЈА ПАШЕТА! И поевтина и ПОВКУСНА од купечката! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashna-ribja-pasheta-i-poevtina-i-povkusna-od-kupechkata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashna-ribja-pasheta-i-poevtina-i-povkusna-od-kupechkata/#respond Wed, 14 Dec 2022 10:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=775381

Ако постите, веројатно секогаш сте во потрага по интересни рецепти за збогатување на вашата трпеза. Ова е еден од предлозите за појадок или вечера… Состојки: 2 конзерви туна или сардина праз сок од еден лимон сол бибер сенф по вкус Подготовка: Изгмечете ги со вилушка туната или сардините ако се на парчиња, а ако се веќе иситнети исцедете ги. Празот пресечете го на средина бидејќи полесно и подобро ќе го измиете од земјата и песокот. Исечете, посолете, забибер и изгмечете малку со рака. Соединете ги сите состојки и по желба додадете сенф. Исечете го лебот, запечете во рерна и послужете со намазот од туна.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashna-ribja-pasheta-i-poevtina-i-povkusna-od-kupechkata/feed/ 0
ВАКВА РИБА е уловена прв пат во Дебарското Езеро (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/#respond Sun, 11 Dec 2022 17:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=773998

За првпат од водите на Дебарското Езеро извлечена е риба од видот сончарка, информираа за МИА од Спортското риболовно друштво „Трофта". Рибата е уловена од делот кај општина Центар Жупа, а риболовецот е Агим од Тетово, кој често рибари на ова езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/feed/ 0
Сакал да фаќа риба, а сега ќе одговара за „незаконит лов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sakal-da-fakja-riba-a-sega-kje-odgovara-za-nezakonit-lov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sakal-da-fakja-riba-a-sega-kje-odgovara-za-nezakonit-lov/#respond Wed, 16 Nov 2022 16:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=761880

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Г.(65) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 20.09.2022, пријавениот на место викано „Каскада“ во близина на с.Јакимово, виничко, во реката Осојница поставил мрежи за ловење риба на штета на концесионерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sakal-da-fakja-riba-a-sega-kje-odgovara-za-nezakonit-lov/feed/ 0
ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВКУСНА ВЕЧЕРА! Еве како да направите ПОЛНЕТ, печен крап! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/#respond Mon, 14 Nov 2022 15:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=760423

Наместо стандардни сендвичи или салати, сменете ја вечерата и одлучете се за крап, кој можете да го подготвите за само еден час. Умерена температура, путер, масло и некои други состојки ќе му дадат одличен вкус Кога станува збор за подготовка на крап, веруваме дека секогаш ќе се навраќате на овој рецепт: СОСТОЈКИ: поголем крап (два-три килограми) помал куп млад кромид половина чаша ореви 300-400 гр печурки 120 мл бело вино помал лимон 125 гр путер зелени маслинки сол, бибер, магдонос ПОДГОТОВКА: Исчистете го крапот, измијте го, исушете го со крпа, потоа посолете, додадете бибер и вратете го во фрижидер. Загрејте една лажица путер и масло во голема тава на умерен оган и пропржете ги ситно сечканиот млад кромид и печурките. Додадете сечкани ореви, сол, бибер и магдонос, прелијте со вино и динстајте додека не испари вишокот течност. Наполнете го крапот со добиената смеса и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Прелијте го преостанатиот растопен путер и печете во рерна на 180 степени 50-60 минути. Се сече на парчиња, се прелива со сок од лимон, се посипува со маслинки и се сервира веднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/feed/ 0
Оваа РИБА е НАЈЗДРАВА, полна со протеини, одлична за косата, кожата и дигестивниот систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-riba-e-najzdrava-polna-so-proteini-odlichna-za-kosata-kozata-i-digestivniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-riba-e-najzdrava-polna-so-proteini-odlichna-za-kosata-kozata-i-digestivniot-sistem/#respond Sat, 15 Oct 2022 13:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=745741

Нутриционистите тврдат дека оваа риба е значително поздрава од другите Рибата не само што е полна со протеини и има малку заситени масти, туку е и богата со омега-3 масни киселини, кои се многу корисни за организмот. Кога станува збор за најздравите видови риба, на прво место убедливо е лососот, а потоа следат сардините, инчуните, сомот, бакаларот, пастрмката и ослиќот. Со овие тврдења се согласуваат многу нутриционисти, а за здравствените придобивки од редовното консумирање лосос сведочат и бројни истражувања. Еве како редовната консумација на лосос влијае врз организмот: Месото на лососот изобилува со протеини и аминокиселини. Исто така, содржи компоненти што се од големо значење за здравјето на зглобовите, правилното функционирање на дигестивниот систем и регулацијата на инсулинот. Изобилува со важни витамини и минерали и други корисни материи. Богат е со протеини Лососот е високопротеинска храна, а воопшто не содржи јаглехидрати. Во светот на нутриционизмот, се цени токму поради високопротеинското месо и квалитетот на протеинот. Протеинот е градежен материјал за сите наши ткива и е есенцијален за мускулите. Што се однесува до нутритивниот состав на лососот, само 100 г приготвен лосос содржат дури 22 г протеини, што е речиси половина од препорачаната дневна количина. Исто така, богат е со добри омега 3 масни киселини, витамини и минерали. Витамините и минералите во лососот Освен што е одличен извор на висококвалитетни протеини, лососот содржи голема количина на други корисни елементи, како што се витамините од групата Б, минералите, како селен, фосфор и калиум. Освен тоа, претставува и солиден извор на железо, цинк, магнезиум и витамини Ц и Е. Количината на витамини од Б-комплексот е импресивна. Витамините од групата Б играат исклучително значајна улога во повеќето хемиски реакции во нашиот организам и учествуваат во метаболичките процеси. Внесувањето доволна количина на витамин Б, овозможува квалитетен сон, издржливост, доволно енергија, концентрација и најважно од сé, го штитат срцето и крвните садови. Здравствени придобивки на лососот Лососот е добар за целокупното здравје, го штити и негува организмот. Консумацијата на месо од лосос е добра за: нервниот систем и мозокот срцето и крвните садови мускулите и коскенозглобниот систем здрави очи, кожа и коса добар сон и здрав метаболизам]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-riba-e-najzdrava-polna-so-proteini-odlichna-za-kosata-kozata-i-digestivniot-sistem/feed/ 0
Експертите открија: Видови риби кои не треба да ги јадете често – можат да доведат до ослабнување на мускулите, оштетување на видот… https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspertite-otkrija-vidovi-ribi-koi-ne-treba-da-gi-jadete-chesto-mozat-da-dovedat-do-oslabnuvanje-na-muskulite-oshtetuvanje-na-vidot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspertite-otkrija-vidovi-ribi-koi-ne-treba-da-gi-jadete-chesto-mozat-da-dovedat-do-oslabnuvanje-na-muskulite-oshtetuvanje-na-vidot/#respond Thu, 13 Oct 2022 11:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=744736

Постојат различни видови риби и добро мора да изберете која од нив ќе ја купите за да си ја подготвите дома. Рибата е богата со омега-3 масни киселини, витамин Д и селен. „Историски гледано, рибата отсекогаш била дел од исхраната на жителите на сините зони во кои живеат 100-годишници. Интересно е тоа што во тие региони луѓето претежно јадат растителна храна, со мала количина на животински протеини, вклучувајќи ја и рибата“, вели нутриционистката д-р Фелисија Столер. Некои од најздравите риби за јадење се дивиот лосос, сардина, пастрмка, скуша, бакалар. Експертите препорачуваат неделно да јадете приближно по 300 грама риба или пак морски плодови. Во сите видови риби и школки се наоѓаат траги од жива. Иако онаа во мала количина не влијае лошо по вашето здравје, сепак доколку живата ја има во поголеми количини таа е отровна. Изложеноста на метил-жива е поврзана со заостанат невролошки развој, губење на периферниот вид, недостаток на движење или координација, оштетен говор и слабост во мускулите, а ова го соопштила американската Агенција за заштита на околината. Затоа треба да избегнувате прекумерно консумирање риба која има високо ниво на жива со неа, додека пак бремените жени, доилките и малите деца треба целосно да го ограничат нејзиниот внес во организмот. Некои од таквите видови риба се ајкула, сабјарка, кралска скуша и туна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspertite-otkrija-vidovi-ribi-koi-ne-treba-da-gi-jadete-chesto-mozat-da-dovedat-do-oslabnuvanje-na-muskulite-oshtetuvanje-na-vidot/feed/ 0