рибари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jan 2022 13:45:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рибари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведени три лица во Љубаништа, вршеле незаконит риболов во Охридското езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-vo-ljubanishta-vrshele-nezakonit-ribolov-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-vo-ljubanishta-vrshele-nezakonit-ribolov-vo-ohridskoto-ezero/#respond Sat, 29 Jan 2022 13:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=624378

На 28.01.2022 во 07.40 часот во авто камп „Љубаништа“ во с.Љубаништа, охридско, кај местото викано „Ќоше“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, при Регионален центар за гранични работи Запад, лишени од слобода се Б.С., С.Н. и М.С., сите од с.Љубаништа, затекнати како вршат незаконит риболов во водите на Охридското Езеро. Притоа кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Охрид против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.229 од Кривичниот законик, за незаконит риболов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-vo-ljubanishta-vrshele-nezakonit-ribolov-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Незаконски ловеле риби во Вардар со “швркачи“ – следуваат казни (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nezakonski-lovele-ribi-vo-vardar-so-shvrkachi-sleduvaat-kazni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nezakonski-lovele-ribi-vo-vardar-so-shvrkachi-sleduvaat-kazni-foto/#respond Sun, 20 Dec 2020 12:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=445869

Сабајлево по дојава за "швркачи" во центар на Вардар, извршивме контрола и ги идентификувавме оние кои на незаконски начин со швркање ловат риба на Вардар, информираат од “Рибар 2011“. „Акцијата беше извршена со асистенција на полицијата за полесно идентификување на криволовците. Истите ќе добијат соодветни пријави. Инаку, за информација на заинтересираните риболовци, ниту еден риболовец не ловеше со трокука. Апелираме да се риболови на спортски начин, не со швркање, сите што ќе бидат забележани ќе бидат казнети“ - порачуваат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nezakonski-lovele-ribi-vo-vardar-so-shvrkachi-sleduvaat-kazni-foto/feed/ 0
Рибари во Грција уловиле ајкула тешка 330 килограми https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ribari-vo-grcija-ulovile-ajkula-teshka-330-kilogrami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ribari-vo-grcija-ulovile-ajkula-teshka-330-kilogrami/#respond Fri, 08 May 2020 14:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=343596

Вид на ајкула тешка околу 330 килограми, уловиле рибарите во близина на грчкиот град Кавала, објавија локалните медиуми. Според истите информации, станува збор за вид кој често е на мета на риболовците и е речиси загрозен вид пред истребување, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека не е јасно дали ајкулата случајно се заплеткала во мрежите пуштени од специјалниот брод за риболов или била намерно уловена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ribari-vo-grcija-ulovile-ajkula-teshka-330-kilogrami/feed/ 0
Албанските рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-ribari-ulovija-ajkula-od-opasniot-vid-dem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-ribari-ulovija-ajkula-od-opasniot-vid-dem/#respond Mon, 30 Sep 2019 13:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=246262

Албански рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“. Пленот кој „паднал“ во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, околија Валона, долг е два метра а тежок над 100 килограми. Ова е втор случај на уловена ајкула од овој вид во водите на Јонско Море кај Химара. Претходно беше уловена ајкула со должина од четири метри и тешка околу 412 килограми, што е најголема уловена ајкула во земјата. Ајкула од овој вид беше уловена и од мрежите на албанските рибари од приморскиот град Валона на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше долг три метри а тежок околу 100 килограми. Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност по белата ајкула. Во последно време се почести се случаите албанските рибари во своите мрежи меѓу пленот да најдат и ајкула. Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-ribari-ulovija-ajkula-od-opasniot-vid-dem/feed/ 0
Турски рибари во зима ловат риби како Ескимите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turski-ribari-vo-zima-lovat-ribi-kako-eskimite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turski-ribari-vo-zima-lovat-ribi-kako-eskimite/#respond Wed, 23 Jan 2019 08:19:18 +0000 https://kurir.mk/?p=155520

Сибирските температури во регионот на Источна Анадолија во Турција ги принудуваат турските рибари да ловат риби како Ескимите. Сибирските температури во некои делови на Турција им ја отежнуваат работата на рибарите кои ловат во езерото Чилдир кое се наоѓа во рамки на границите на турските градови Карс и Ардахан, а чија површина за време на зимата целосно замрзнува. Дебелината на мразот на површината на ова езеро оваа година достигна до 50 сантиметри. Жителите на ова подрачје, и покрај студеното време, ловат риби во езерото на кое го кршат мразот и ги пуштаат нивните мрежи за да фатат риба. Во постудените денови рибарите своите мрежи ги оставаат дури по една недела поради немање доволно риби, додека во посоодветни температури своите мрежи ги собираат за еден ден. Атанур Дурсун, рибар на езерото Чилдир, во изјава за АА истакна дека се занимава со риболов, што е професија на неговиот татко. Дурсун раскажа дека со денови вршат подготовки за ловење и дека понекогаш на температури од 20 до 25 степени под нулата кршат мраз за да можат да ја пуштат мрежата за ловење во вода. „Ја собираме мрежата која претходно ја пуштаме во вода. Понекогаш има риби, понекогаш не. Бројот на рибите е мал поради зимското време. Затоа мрежите ги оставаме по една недела, по 10 дена, а во меѓувреме ги проверуваме. Во езерото фаќаме риби како Ескимите“, рече тој. Од друга страна, Октај Каја рече дека со риболов се занимава уште од детството. „Во езерото има сѐ помал број риби и затоа ние сакаме да ја зачуваме оваа професија која ја имаме од нашите татковци и дедовци. Ловиме риби како Ескимите“, додаде Каја. Тој нагласи дека и покрај ниските температури, тие со љубов ја вршат оваа професија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turski-ribari-vo-zima-lovat-ribi-kako-eskimite/feed/ 0
Спасени двајца рибари, три недели поминале на море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-dvajca-ribari-tri-nedeli-pominale-na-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-dvajca-ribari-tri-nedeli-pominale-na-more/#respond Mon, 24 Dec 2018 14:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=144352

Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика, кои околу три недели плутале на море. Рибарите се спасени од туристичкиот брод „Царица на морето“ во петокот навечер помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка. Не било предвидено туристичкиот брод да плови по таа траса, но го сменил правецот поради лошото време. Рибарите ја напуштиле Костарика на 1 декември, а плутале во чамец по морето бидејќи заспале и останале без бензин. Двајцата спасени на бродот добиле медицинска нега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-dvajca-ribari-tri-nedeli-pominale-na-more/feed/ 0
Француски и британски рибари се судриле поради школки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-i-britanski-ribari-se-sudrile-poradi-shkolki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-i-britanski-ribari-se-sudrile-poradi-shkolki/#respond Wed, 29 Aug 2018 08:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=93493

Француски и британски рибари се судриле поради школки при што Французите ги навредувале британските колеги, и фрлале школки и димни бомби врз нив. Како што јави Би-Би-Си, инцидентот се случил на 12 наутички миљи од брегот на Нормандија, во близина на заливот Сене. Би-Би-Си наведува дека инцидентот се случил кога околу 40 француски бродови минатата ноќ протестирале поради таканаречен „британски грабеж“. - Французите се обиделе да контактираат со Британците за да ги убедат да престанат со риболов, но се судрија. Никој не е повреден, изјави шефот на Службата за риболов на Нормандија Димитри Рогоф. Во судирот се оштетни неколку бродови. Како што се наведува, британските бродови имале дозвола за риболов во таа област богата со школки, меѓутоа нивното присуство ги налутило Французите кои ги обвинија за „бесрамна експлоатација на школките“. Судирот меѓу Французите и Британците околу школките постои веќе 15 години, а во последните пет во сила беше договор според кој поголеми британски бродови не влегувале во таа област во замена за повеќе „рибарски права“. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-i-britanski-ribari-se-sudrile-poradi-shkolki/feed/ 0
Индонезиски рибари спасија 76 Рохинџи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indoneziski-ribari-spasija-76-rohindzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indoneziski-ribari-spasija-76-rohindzi/#respond Fri, 20 Apr 2018 13:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=43808

Индонезиски рибари спасија 76 Рохинџи од брод, кој се насукал недалеку од крајбрежјето на провинцијата Ацех, соопшти денеска индонезиската полиција. Засега не се знае колку долго патувале по морето. Неколку дена пред тоа, малезиските власти пресретнаа чамец со 56 лица, за кои се претпоставува дека се Рохинџи. Од минатата година, околу 700.000 Рохинџи, муслимани побегнаа од Мјанмар во соседен Бангладеш. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/indoneziski-ribari-spasija-76-rohindzi/feed/ 0
„Бурни води“ во Пиранскиот залив: Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/#respond Thu, 01 Feb 2018 14:41:22 +0000 http://kurir.mk/?p=17128

Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска пoради навлегување во Пиранскиот залив, во води кои Хрватска ги смета за своја територија, јавија словенечки и хрватски медиуми. Рибарот Силвано Радин изјави за словенечки медиуми дека денеска му стигнале шест казни, секоја од по речиси 2.000 евра. Во една од казните тој е обвинет дека ловел риби за комерцијални цели во „хрватски територијални води“. Освен Радин, уште неколку словенечки рибари добија налози да платат казни. Хрватската полиција соопшти дека 11 казни се испратени до словенечки рибари. Словенечката полиција првите казни ги испрати до хрватски рибари на 26 јануари поради илегални преминувањa на морската граница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/feed/ 0