Рибникар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 09:21:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рибникар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејства на убиените деца во „Рибникар“ ја тужат државата и училиштето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/semejstva-na-ubienite-detsa-vo-ribnikar-ja-tuzhat-drzhavata-i-uchilishteto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/semejstva-na-ubienite-detsa-vo-ribnikar-ja-tuzhat-drzhavata-i-uchilishteto/#respond Fri, 18 Aug 2023 09:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=868302

Семејство на едно дете убиено во мај, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, поднело тужба против државата Србија, додека друго семејство го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство. Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, објавија српски медиуми. Порталот Нова.рс наведува дека едно семејство ја тужи државата, а друго и училиштето. Има вкупно 27 тужители. Ученикот на училиштето К.К. на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/semejstva-na-ubienite-detsa-vo-ribnikar-ja-tuzhat-drzhavata-i-uchilishteto/feed/ 0
Одложена комеморацијата за убиените ученици во „Рибникар“, родителите испратија седум барања до државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozhena-komemoratsijata-za-ubienite-uchenitsi-vo-ribnikar-roditelite-ispratija-sedum-barana-do-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozhena-komemoratsijata-za-ubienite-uchenitsi-vo-ribnikar-roditelite-ispratija-sedum-barana-do-drzhavata/#respond Wed, 10 May 2023 11:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=832664

За денеска најавената комеморација за трагично настраданите ученици од ОУ Владислав Рибникар која требаше да се одржи во Собранието на град Белград е одложена, а родителите на децата од ова училиште до државата испратија седум барања, јави дописникот на МИА од Белград. Рокот за одговор на државата и надлежните органи е една недела. Целиот Совет на родители на ова училиште застана зад нивните барања. 1. Бараме реконструкција на настанот, објаснување како се случил, како тече истрагата и во која фаза е. 2. Професионално да им се објасни на родителите што ќе биде со детето убиец и каков е статусот на неговите родители, бидејќи кај децата постои голем страв дека ќе биде пуштен на слобода. 3. Тим од надворешни психолози и психијатри кои редовно ќе работат со учениците од VII/2 одделение без учество на училишниот педагог и психолог, заради обезбедување непристрасност. Родителите мора писмено да бидат информирани за програмата, како ќе работат со децата и да им бидат доставени биографиите на сите професионалци вклучени во програмата. 4. Доколку се одлучи учебната година да се продолжи за VII/2 час, мора да се најде начин да не влегуваат во училиштето преку главниот влез и да имаат настава во една од училниците на малиот излез. 5. Бараме целосно реновирање на училиштето од 1 септември. 6. Даваме целосна поддршка на целиот наставен кадар. 7. Бараме да се утврди целосната одговорност на лицата кои го објавија списокот со имињата од VII/2 одделение кој го обиколи светот, како и сликите на децата и родителите и за тоа да бидат санкционирани. -Овој допис е испратен до МВР, до обвинителството и до сите други надлежни органи. Бараме само да не молчат и да бидеме информирани што се случува по овие прашања, се наведува во барањето на родителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozhena-komemoratsijata-za-ubienite-uchenitsi-vo-ribnikar-roditelite-ispratija-sedum-barana-do-drzhavata/feed/ 0