Ричард Бренсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Nov 2021 09:40:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ричард Бренсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ричард Бренсон гради најлуксузен хотел на Мајорка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/richard-brenson-gradi-najluksuzen-hotel-na-majorka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/richard-brenson-gradi-najluksuzen-hotel-na-majorka/#respond Tue, 16 Nov 2021 09:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=595990

Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“. Откако сопственикот на „Вирџин галактик“ 10 години имаше проблеми со властите на Мајорка, сега конечно изградбата на хотелот е во тек. На местото на вилата „Сон Буњола“ во западниот дел на островот ќе никне нов луксузен хотел со 29 соби. Бренсон од детството го посетува островот Мајорка и пред неколку години изјави дека сака таму да го изгради „најдобриот хотел на светот“… Подоцна го смени описот во „најлуксузниот хотел на Средоземјето“. Бренсон го купи имотот од 300 хектари во 1994 година, но го продаде во 2002 година бидејќи владата одби да му издаде градежни дозволи. Но, богатиот претприемач не се откажа, туку повторно го купи имотот во 2015 година за 15 милиони евра. Последната дозвола потребна за градба Владата ја одобри дури на почетокот на летово. Притоа, Бренсон мора да се придржува до строгите правила и не смее да го прошири хотелот надвор од дозволените димензии, а изградбата „мора да мирува во сезоната на парење на птиците“, меѓу февруари и јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/richard-brenson-gradi-najluksuzen-hotel-na-majorka/feed/ 0
Ричард Бренсон безбедно до вселената и назад (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/richard-brenson-bezbedno-do-vselenata-i-nazad-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/richard-brenson-bezbedno-do-vselenata-i-nazad-foto/#respond Sun, 11 Jul 2021 19:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=535136

Британскиот милијардер Ричард Бренсон денеска слета на Земјата без никакви проблеми откако помина неколку минути во вселенската орбита со леталото на неговата компанија Вирџин Галактик, реализирајќи го патувањето за кое отсекогаш сонувал и што претставува пресвртна точка кон вселенскиот туризам. Вселенското летало ВСС Јунити со двајца пилоти и уште тројца патници, по краток лет во вселената, слета на пистата во базата „Спејсспорт Америка“, во американската држава Ново Мексико, денеска околу 9,40 часот локално време (17,40 часот по средноевропско време). Бренсон е првиот милијардер кој патуваше во вселената со вселенско летало произведено од неговата компанија и со тоа го престигна својот американски ривал Џеф Безос, кој треба да изврши лет во вселената на 20 јули. Пред околу 500 луѓе, вклучувајќи ги сопругата, децата и внуците на Бренсон, во првата фаза од летот, специјален авион носеше летало со Бренсон и пет члена на екипажот од неговата компанија за вселенски туризам Вирџин Галактик. Тогаш „вселенскиот авион“ се одвои од матичниот авион на надморска височина од околу 13 километри и ги запали своите мотори, стигнувајќи до работ на вселената на надморска височина од околу 88 километри. По неколку минути бестежинска состојба за екипажот, авионот се врати назад и слета на Земјата. Границата на вселената се наоѓа на височина од 80 километри, каде што бојата на небото се менува од темно сина во црна боја на космичката бесконечност, каде може да се почувствува бестежинска состојба и да се види како е закривена Земјата. Официјалната улога на Бренсон во текот на летото беше да го тестира и оцени искуството што ќе го имаат неговите идни клиенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/richard-brenson-bezbedno-do-vselenata-i-nazad-foto/feed/ 0
Од коронавирус почина мајката на милијардерот Ричард Бренсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirus-pochina-majkata-na-milijarderot-richard-brenson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirus-pochina-majkata-na-milijarderot-richard-brenson/#respond Tue, 12 Jan 2021 10:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=454181

Ева Бренсон, мајката на британскиот милијардер и основач на Вирџин Груп, Ричард Бренсон, почина од ефектите на ковид-19. Веста за смртта ја објави Ричард Бренсон на својот блог. Во објава на блогот, Бренсон објави дека неговата мајка „ја освои последната победа и се избори со вирусот, но ја потроши целата своја енергија во тој процес“. Ева Брансон имала 96 години, пишува Си-Ен-Ен. Бренсон напиша дека една од неговите сестри и внуки биле со Ева „до самиот крај“, исто како и „прекрасните медицински сестри што ги забавуваше со приказни од нејзиниот живот“. Пишувајќи за животот на неговата мајка, Бренсон напиша дека ги научила своите деца „за важноста на напорната работа, однесување кон луѓето како што сакате да се третираат, претприемништвото, но и дека не смееме да се сфаќаме себеси премногу сериозно“. „Таа беше инвентивна, бестрашна и неуморна - претприемач пред светот да го знае зборот“, напиша Бренсон. Милијардерот напиша како ја основал Вирџин кога неговата мајка му ги дала 100-те фунти што ги заработила со продажба на ѓердан. Таткото на Бренсон почина во 2011 година. Покрај Ричард Бренсон, тие имале уште две деца, ќерките Линда и Ванеса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirus-pochina-majkata-na-milijarderot-richard-brenson/feed/ 0