рицин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Sep 2020 07:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рицин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсена жена заради писмото со остров испратено до Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-zena-zaradi-pismoto-so-ostrov-isprateno-do-belata-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-zena-zaradi-pismoto-so-ostrov-isprateno-do-belata-kukja/#respond Mon, 21 Sep 2020 07:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=406042

Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање на писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите. Според извештаите во медиумите, жената била уапсена кога се обидела да премине во Канада на граничен премин во сојузната држава Њујорк. Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека „е уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање на сомнителното писмо“, пренесуваат британските медиуми. Во соопштението се додава дека истрагата е во тек. Извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека е уапсена жена канадска државјанка. Кралската канадска коњаничка полиција (РЦМП) во саботата соопшти дека добила барање од ФБИ за асистенција во истрагата и дека се чини дека писмото е испратено од Канада. Писмото во саботата било пресретнето во последниот владин центар за надворешни пратки, со што било спречено да стигне до Белата куќа. Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи еден затвор и канцеларија на шериф. Заедничката работна група за борба против тероризмот во Вашингтон почна истрага со помош на полицијата во Њујорк и полицијата на Кралската канадска коњаница (РЦМП). Истражителите соопштија дека не е утврдена врска меѓу писмото со отров и меѓународни терористички организации. Рицинот природно се наоѓа во рицинусовото зрно, но со посебен процес се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа по изложување на количество поголемо од глава на чиода. Експертите наведуваат дека не постои познат противотров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-zena-zaradi-pismoto-so-ostrov-isprateno-do-belata-kukja/feed/ 0
Писма во кои најверојатно имало отров испратени во Пентагон, едно адресирано до министерот за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/#respond Wed, 03 Oct 2018 05:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=109878

Пентагон соопшти дека примиле писма за кои се сомневаат дека содржат отров рицин, вклучително и писмо испратено до американскиот министер за одбрана Џим Матис. Според неименуван извор од Пентагон, се работи за два коверта од кои едниот бил испратен до Матис, а другиот до главниот командант на поморските операции адмирал Џон Ричардсон. Во соопштение од Министерството за одбрана се нагласува дека објектот за сортирање пошта што се наоѓа во главната зграда е под карантин. ФБИ анализира коверти што во понеделникот ги открила полицијата во Пентагон. Според извори на Глас на Америка, првичните тестови на рицин биле позитивни. Сикрет сервис соопшти дека проверува сомнителен коверт адресиран до претседателот Доналд Трамп, но не стигнал до Белата куќа. Не се дадени детали и не е јасно дали двата инцидента се поврзани. Рицин предизвикува смрт од 36 до 72 часа од внесувањето мала количина и за него не постои противотров. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/feed/ 0