ријад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ријад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски аикидоки на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=891605

Третите по ред Светски борбени игри годинава се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. На нив ќе учествуваат и двајца Македонци. -Во делот за презентација на боречката вештина Аикидо на овие Игри, што е под координација на Меѓународната аикидо федерација (IAF), учесници ќе има и од Македонија, што е воедно и прва официјална активност на македонски аикидоки на Меѓународната сцена по нашето зачленување во Меѓународната аикидо федерација во 2020 година, информира аикидо мајсторот Дамјан Цингарски од Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија (www.aikido.mk). Со Цигарски во Ријад ќе биде и аикидо мајсторот Трајко Манасиев од Националниот аикидо сојуз на Република Северна Македонија,. Двацата повеќе од 20 години се занимаваат со аикидо и работат на неговиот развој и промоција во земјава и во странство. Аикидо вештината нема натпреварувачки карактер па затоа и двајцата македонски мајстори ќе учествуваат во демонстративниот дел за претставување на аикидо вештината, заедно со учесници од целиот свет. Светските борбени игри (World Combat Games) се меѓународен настан со повеќе борбени спортови и боречки вештини. Игрите беа основани од SportAccord (сега позната како Глобална асоцијација на меѓународни спортски федерации - GAISF) како начин да се прикажат различните боречки вештини и борбени спортови на меѓународната публика. Светските борбени игри се исто така придружени со културна програма која ги рефлектира древните традиции и вредности на боречките вештини, како и нивниот придонес во современото општество. Игрите се признати од Меѓународниот олимписки комитет. Првите светски борбени игри се одржаа во 2010 година во Пекинг, со натпревари за бокс, џудо, џу-џицу, карате, кендо, кик-бокс, саншоу, муај тај, самбо, сумо, таеквондо, борење, вушу и демонстрација на аикидо. Учествуваа над 1000 спортисти од сите пет континенти. Приближно исто толку волонтери помогнаа да се одржи настанот. Во текот на осумте натпреварувачки дена беа доделени 118 златни медали. Вторите светски борбени игри се одржаа во Санкт Петербург. На овие Игри дебитираа спортовите савате и меч. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/feed/ 0
Дубаи добива конкуренција, еве за кој град се работи! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dubai-dobiva-konkurentsija-eve-za-koj-grad-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dubai-dobiva-konkurentsija-eve-za-koj-grad-se-raboti/#respond Wed, 12 Apr 2023 15:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=823343

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад сака да му конкурира на Дубаи за странски инвестиции. Сепак, останува да се види дали Ријад е подготвен во однос на инфраструктурата, домувањето, начинот на живот, па дури и администрацијата за прилив на странски работници и нивните семејства. До крајот на 2022 година, скоро 80 компании поднеле барање за лиценци за преместување на нивните централи во Ријад. Странските компании сакаат да се усогласат со неодамнешните саудиски правила кои ги ограничуваат владините субјекти да работат со меѓународни компании кои немаат регионални централи во земјата до јануари 2024 година. Новите мерки треба да привлечат странски инвестиции и работници. Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман сака да ја отвори земјата на меѓународните пазари, ставајќи го главниот град меѓу 10-те најголеми урбани економии во светот и удвојувајќи го неговото население на најмалку 15 милиони до 2030 година, пишува „Днес.бг“. Инаку, Дубаи објави економски план од 8,7 трилиони долари за следната деценија, кој ќе се фокусира на трговијата, странските инвестиции и место на мапата како глобален центар. foto Wikipedia/B.alotaby]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dubai-dobiva-konkurentsija-eve-za-koj-grad-se-raboti/feed/ 0
ФОТО: Роналдо со семејството во забавен парк, бил отворен само за нив https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ronaldo-so-semejstvoto-vo-zabaven-park-bil-otvoren-samo-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ronaldo-so-semejstvoto-vo-zabaven-park-bil-otvoren-samo-za-niv/#respond Tue, 17 Jan 2023 09:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=788264

Кристијано Роналдо и неговото семејство уживаат во Ријад, а вчера биле во посета на забавен парк. Ова не е вообичаен семеен излет, бидејќи ништо не е класично кога се работи за Роналдо. Португалецот и неговото семејство имаше големо обезбедување, а според пишувањата на некои медиуми забавниот парк бил отворен само за нив. Децата имале одлична забава, но според објавените фотографии добро се забавувала и Георгина. За потсетување, Роналдо во Ал-Наср има годишна плата од 200 милиони евра. Дополнително на располагање му стојат луксузни автомобили, приватен супермаркет, приватен трговски центар... &nbsp
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ronaldo-so-semejstvoto-vo-zabaven-park-bil-otvoren-samo-za-niv/feed/ 0
САД со критики за Ријад поради намалувањето на производството на нафта на ОПЕК Плус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/#respond Thu, 13 Oct 2022 16:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=744945

САД ја критикуваа Саудиска Арабија за инсистирањето дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, е економски, а не политички мотивирано. „Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија може да се обиде да спинува или да менува насоки, но фактите се едноставни. Светот се собира зад Украина во борбата против руската агресија“, наведе портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби во соопштение. Саудиска Арабија ги отфрли како неосновани обвинувањата дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, било политички мотивирано против САД. Одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно од ноември ја растрвожи Белата куќа, при што претседателот Џо Бајден вети „последици“ за најголемиот производител на ОПЕК Саудиска Арабија. „Саудиска Арабија ги разгледа изјавите… кои ја опишаа одлуката како кралството да зазема страна во меѓународните конфликти и дека таа е политички мотивирана против САД“, се вели во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи. Саудиска Арабија „би сакала да го изрази своето целосно отфрлање на овие изјави кои не се засноваат на факти и кои се засноваат на прикажување на одлуката на ОПЕК + надвор од нејзиниот економски контекст“. Ријад инсистираше на тоа дека одлуките на ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, се донесени „чисто од економски причини“ и дека нејзиниот економски совет бил да се спротивстави на повиците за одложување на намалувањето на производството. „Владата на кралството преку нејзините континуирани консултации со американската администрација појасни дека сите економски анализи покажуваат дека одложувањето на одлуката на ОПЕК + за еден месец… би имало негативни економски последици“, соопшти Министерството. „Решавањето на економските предизвици бара воспоставување на неполитизиран конструктивен дијалог и мудро и рационално разгледување на она што им служи на интересите на сите земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-kritiki-za-rijad-poradi-namaluvanjeto-na-proizvodstvoto-na-nafta-na-opek-plus/feed/ 0
Во Ријад се продаваат божиќни украси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rijad-se-prodavaat-bozikjni-ukrasi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rijad-se-prodavaat-bozikjni-ukrasi/#respond Mon, 21 Dec 2020 08:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=446054

Во продавници низ Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, се продаваат божиќни елки и божиќни украси, и ова се смета за знак на развој во оваа ултра-конзервативна земја, која се уште забранува каква било религиозна пракса за немуслиманите. Украсите, што многу ретко се продаваа во јавноста, се појавија во главниот град на Саудиска Арабија, каде постепено почнаа да се намалуваат некои ограничувања откако престолонаследникот Мохамед бин Салман вети дека ќе промовира „отворен и умерен ислам“. До пред само три години беше речиси незамисливо во Саудиска Арабија отворено да се продаваат новогодишни украси со облеката на Дедо Мраз. Меѓутоа, оттогаш властите ги намалија надлежностите на верскиот естаблишмент, кој е силно посветен на почитување на исламската традиција. Продажбата на божиќните подароци со децении наназад главно одеше „под тезга“, а христијаните во Филипини, Либан и другите земји Божиќ го славеа зад затворени врати или во енклавите на емигрантите. Но, во сегашната нова ера, Омар, сопственик на продавница од Ријад, објаснува дека тој веќе продавал и костуми за Ноќта на вештерките, празник што саудиските конзервативци го сметаат исклучиво за американска традиција која отстапува од исламот. Саудиска Арабија, која долго време беше обвинувана за ултраконзервативна вахабитска сунитска доктрина, полека се отвора кон другите религии. Во оваа земја се почесто почнаа да доаѓаат луѓе кои се поврзани со Ватикан или јудаизмот. Меѓутоа, храмовите и црквите се уште се забранети, а земјата се наоѓа на американската црна листа на држави во кои не почитува верската слобода. Саудиска Арабија, исто така, е цел на критики од меѓународната заедница за почитувањето на човековите права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rijad-se-prodavaat-bozikjni-ukrasi/feed/ 0
Реакции по признанието на Ријад за убиството на Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-priznanieto-na-rijad-za-ubistvoto-na-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-priznanieto-na-rijad-za-ubistvoto-na-kashogi/#respond Sat, 20 Oct 2018 16:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=117578

Признанието на официјален Ријад дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, предизвика реакции од страна на повеќе западни земји и организации. Велика Британија најави дека ќе размисли за „следните чекори“, по првото официјално признание од страна на Саудиска Арабија дека Кашоги повеќе не е жив, иако две недели тврдеше дека нема никаква врска со неговото исчезнување. – Го изразуваме нашето сочувство до семејството на Џамал Кашоги по потврдата за неговата смрт. Ги разгледуваме саудиското соопштение и нашите следни чекори, соопшти британскиот Форин офис, додавајќи дека треба да се побара одговорност од виновниците за оваа „ужасна постапка“. Холандскиот премиер Марк Руте побара натамошна истрага за смртта на Кашоги, оценувајќи дека засега многу работи остануваат нејасни. – Што се случило? Како починал? Кој е одговорен? Очекувам и се надевам дека колку што е можно поскоро ќе бидат разјаснети сите факти, изјави Руте. Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, пак, ја обвини Саудиска Арабија дека не ја кажала целата вистина за смртта на Кашоги. – Самиот фалт дека Саудијците дури сега ја потврдија неговата смрт, откако претходно објаснуваа дека тој го напуштил Конзулатот жив, укажува дека ние не ја знаеме целата вистина и должни сме да настојуваме да ја дознаеме, изјави Расмусен. Шпанската Влада соопшти дека е „запрепастена“ од информациите за смртта на Кашоги и повика на детална и транспарентна истрага, со цел пред лицето на правдата да бидат изведени „одговорните за инцидентот“. Организацијата Репотери без гранци повика да не се прави никаков компромис со Ријад околу убиството на Кашоги, бидејќи „секој компромис би значел давање дозвола за убивање“. – Секој обид да се намали притисокот врз Саудиска Арабија и да се прифати политиката на компромис ќе има како последица давање „дозвола за убивање“ на една монархија, која затвора, камшикува, киднапира и дури и убива новинари, кои ќе се осудат да истражуваат и да покренат дебати, изјави генералниот секретар на Репотери без граници, Кристоф Долоар. На Кашоги, кој беше новинар на весникот „Вашингтон пост“, му се загуби секаква трага откако на 2 октомври влезе во Саудискиот конзулат во Истанбул за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка. Саудиските власти досега тврдеа дека Кашоги жив го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво. Меѓутоа, Ријад сега соопшти дека води истрага во врска со „убиството на Кашоги“, при што веќе биле уапсени 18 Саудијци, како и дека поради овој случај од своите должности биле разрешени советникот на Кралскиот суд, Сауд ал Катани и заменик-директорот на саудиската разузнавачка служба Ахмед Асири. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-priznanieto-na-rijad-za-ubistvoto-na-kashogi/feed/ 0