рико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 14:05:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рико ќе ја вози првата трка на „Муџело“ во рамките на Порше Карера Купот Италија 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/riko-kje-ja-vozi-prvata-trka-na-mudzelo-vo-ramkite-na-porshe-karera-kupot-italija-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/riko-kje-ja-vozi-prvata-trka-na-mudzelo-vo-ramkite-na-porshe-karera-kupot-italija-2020/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=377781

Нашиот најперспективен возач и еден од најдобрите македонски автомобилисти Ристо Вуков Рико овој викенд, 18 и 19 јуни, ќе ја вози својата прва трка на патеката Муџело во Италија на стартот на купот Порше Карера Италија 2020 чиј почеток беше одложен поради пандемијата со Ковид-19. Македонскиот автомобилист и покрај неизвесноста поради ограничувањата на границите, сепак успеа да замине во Италија и ги извози првите подготвителни кругови на стазата во Муџело со своето возило Порше Карера, тестирајќи го возилото и запознавајќи се со патеката на која настапува утре. Рико седнува во порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот, што е за него е огромна шанса, но воедно и одговорност. „Патеката во Муџело е мошне брза, со брзи свиоци. Моето возило беше одлично подготвено и сетирано. Се надевам дека е дојдено времето да го реализирам мојот потенцијал, а воедно сум пресреќен што ќе настапувам во силно и ценето натпреварување, Порше Карера 911 Куп“, истакна Рико по првите кругови што ги ивозе на патеката Муџело. Македонскиот автомобилист сезонава за првпат ќе вози во рамки на Порше Карера Купот со тимот на ГДЛ Рејсинг со кој склучи договор по успешната ланска сезона во која ги освои македонскиот шампионат како и Отвореното првенство на Србија, со неговото Југо Хибрид 1150 ццм3. Рико исто така имаше успешен настап и на престижната трка „Галф 12“ што се одржа Јас Марина, во Абу Даби. По овие успеси веднаш стигнаа неколку понуди за натпреври во посилен шампионат, од кои се реши за италијанскиот Порше Карера Куп. Ова сезона спонзор на нашиот перспективен автомобилист е и Халк Осигурување. „По освоените титули во Македонија и Србија, преминувам на едно повисоко ниво на кое очекувам достојно да ја претставам нашата земја и да бидам вистински македонски амбасадор меѓу најдобрите возачи во овие рамки. Се надевам дека ќе ја искористам шансата да ги покажам моите возачки квалитети и да и донесам на нашата земја солидни резултати и радости на меѓународно ниво. Време е да го покажам и ослободам мојот потенцијал, правејќи го она за кое сонувам од најмали нозе, уште од моите европски триумфи во картинг. Во новата сезона и новиот старт за мене, голема поддршка добив од Халк Осигурување, која се однесува не само за оваа трка, туку за целата сезона“, вели Вуков. Во сабота е првата трка со почеток од 16:00 часот, а истата ќе оди во директен пренос на МТВ, како и во недела кога започнува од 9:50 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/riko-kje-ja-vozi-prvata-trka-na-mudzelo-vo-ramkite-na-porshe-karera-kupot-italija-2020/feed/ 0
СДСМ ги заборави ветувањата од предизборието, продолжува партизацијата на сите пори на општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zaboravi-vetuvanjata-od-predizborieto-prodolzuva-partizacijata-na-site-pori-na-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zaboravi-vetuvanjata-od-predizborieto-prodolzuva-partizacijata-na-site-pori-na-opshtestvoto/#respond Tue, 06 Mar 2018 16:16:14 +0000 http://kurir.mk/?p=27909

Јавноста секојдневно е сведок на постапување на партиски кадри на СДСМ на чело на државните институции кои треба да ги штитат интересите на сите граѓани. Само последно во низата именувања е изборот на младински претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, за Западен Балкан. Токму СДСМ во предвечерието на парламентарните избори излезе со соопштение за јавноста во кое се критикува изборот на партиски кадар кој ќе биде младински претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Тогаш избрана беше Бојана Наумовска. Сега кога СДСМ е на власт младински претставник во РИКО е избран токму братот на советникот од редовите на СДСМ во општина Теарце, Лазар Ѓорѓевски. Тогаш се огласија и невладините организации меѓу кои и Националниот младински совет на Македонија. Од советот во 2017 година истакнаа дека младите бараат нов легитимен избор за свој претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Изгледа младите повеќе не бараат легитимен претставник во РИКО па сега на оваа позиција се најде Владимир Ѓорѓевски кадар на СДСМ и активист на шарената револуција. Имено станува збор за многу важна канцеларија за меѓународна соработка која е спонзорирана од Германија и е клучна за Македонија и македонскиот спорт. Владмир Ѓорѓевски исто така беше истакнат член на шарената револуција, кој своевремено на својот Фејсбук профил ја напиша паролата ,,Ќе има правда, ќе има мир’’ ја замени за ,,Ќе има фотеља, ќе има мир’’.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-zaboravi-vetuvanjata-od-predizborieto-prodolzuva-partizacijata-na-site-pori-na-opshtestvoto/feed/ 0