Рим – Приштина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jun 2022 06:28:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рим – Приштина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-dojava-za-postavena-bomba-vo-avion-na-letot-rim-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-dojava-za-postavena-bomba-vo-avion-na-letot-rim-prishtina/#respond Fri, 03 Jun 2022 06:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=685923

Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот и на сиот багаж на патниците кои биле во него. Информацијата предизвикала вознемиреност кај патниците, но нивната здравствена состојба е добра и набргу ситуацијата се смирила, објави шефот на полицијата на аеродромот „Адем Јашари“, Шпенд Малиќи. – Околу 22 часот добивме информација за закана со бомба на летот од Рим за Приштина. Веднаш одговоривме со сите релевантни единици. Патниците беа евакуирани и е извршена контрола на авионот и на багажот, при што не е откриено ништо, изјави Малиќи за косовските медиуми. Според него, во авионот имало околу 200 патници. Инцидентот не предизвика доцнење на другите летови и работата на аеродромот набргу се нормализирала. Изминатите недели имаше неколку лажни дојави за подметнати бомби во зградата на ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“, како и во едно средно училиште во косовскиот главен град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazna-dojava-za-postavena-bomba-vo-avion-na-letot-rim-prishtina/feed/ 0