ринат ахметов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 05:47:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ринат ахметов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најбогатиот Украинец ја предава целата своја медиумска империја на државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-ja-predava-celata-svoja-mediumska-imperija-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-ja-predava-celata-svoja-mediumska-imperija-na-drzavata/#respond Tue, 12 Jul 2022 05:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=703637

Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов синоќа изјави дека ја предава целата своја медиумска империја на државата, како дел од законот кој има за цел да го намали влијанието на олигарсите врз економијата. – Оваа недела Медиа Груп Украина (Media Group Ukraine) ќе и ги предаде на државата сите украински лиценци за нашите телевизиски канали и печатени медиуми. Исто така, ќе ги прекинеме нашите онлајн медиумски активности, рече Ахметов. Бизнисменот (55) додаде дека одлуката ја донел поради стапувањето во сила на законот кој има за цел „да се спречи ризикот од прекумерно влијание на олигарсите врз националната безбедност на земјата“. Законот беше усвоен во септември 2021 година. Ахметов изрази жалење што шестмесечниот законски рок за продажба на имотот на компанијата, кој доаѓа во екот на руската инвазија на Украина, ја спречува неговата група да ги „продаде своите медиумски активности по пазарни услови“. Неговата медиумска група поседува 10 телевизиски канали, неколку информативни програми, видео-платформа и веб-страница за вести. Според проценките на магазинот Форбс, Ахметов има богатство од 4,2 милијарди долари и е претседател на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-ja-predava-celata-svoja-mediumska-imperija-na-drzavata/feed/ 0
Најбогатиот Украинец вети помош во обновата на Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-veti-pomosh-vo-obnovata-na-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-veti-pomosh-vo-obnovata-na-mariupol/#respond Sat, 16 Apr 2022 13:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=664055

Најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов, вети дека ќе помогне во обновата на Мариупол, град во кој има две челичарници за кои тврди дека „повторно ќе се натпреваруваат на светскиот пазар“. Деловната империја на Ахметов се распадна како резултат на осумгодишниот конфликт во источна Украина, но тој е убеден дека „храбрите украински борци“ ќе го бранат градот на Азовското Море, кој беше срамнет со бомбардирањето. -Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол бил и секогаш ќе биде украински град. Мојата амбиција е да се вратам во Мариупол, Украина и да започнам нов производствен план за да може челикот од Мариупол повторно да се натпреварува на светскиот пазар како порано, рече Ахметов. Неговите две компании, челичаната „Метинвест“ и финансиско-индустриската групација СЦМ во моментов ги подмируваат долговите, а компанијата за производство на електрична енергија ДТЕК во договор со доверителите ја „оптимизирала отплатата на долгот“. „Метинвест“ во петокот објави дека никогаш нема да работи под руска окупација и дека опсадата на градот запрела повеќе од една третина од металуршкиот производствен капацитет на Украина. -Ќе ја обновиме цела Украина, рече Ахметов, додавајќи дека тој се вратил во земјата на 23 февруари и оттогаш живее таму. Според Форбс, богатството на Ахметов во 2013 година изнесувало 15,4 милијарди американски долари, а моментално изнесува 3,9 милијарди долари. Ахметов смета дека на Украина ќе и треба меѓународна програма за обнова, еден вид Маршалов план за Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-ukrainec-veti-pomosh-vo-obnovata-na-mariupol/feed/ 0
Газдата на Шахтер Доњецк ги купува ФК и РК Вардар: Милијардерот Ахметов нов сопственик на црвено-црните? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdata-na-shahter-donjeck-gi-kupuva-fk-i-rk-vardar-milijarderot-ahmetov-nov-sopstvenik-na-crveno-crnite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdata-na-shahter-donjeck-gi-kupuva-fk-i-rk-vardar-milijarderot-ahmetov-nov-sopstvenik-na-crveno-crnite/#respond Mon, 03 Sep 2018 11:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=95680

Газдата на украинскиот гигант Шахтер Доњецк, Ринат Ахметов преговара за да ги преземе фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој повеќе од пет години инвестира во двата црвено-црни клубови, дознава „Спорт 1“. Ахметов е еден од најбогатите украински олигарси, чие богатство се проценува на 6,5 милијарди долари, газда е на холдинг-компанијата „Систем Кепитал Менаџмент“, која е главна финансиска и индустриска корпорација во Украина, а украинскиот милијардер од октомври 1995 година е газда на Шахтер, кој го направи доминантен клуб во својата земја и редовен учесник во Лигата на шампионите. Според информациите на „Спорт 1“, приватен авион со луѓе блиски до Ахметов викендов пристигнал во најголема тајност во Скопје за да почнат преговари со Самсоненко за превземање на сите бизниси на Русинот во Македонија. Вклучително и фудбалскиот и ракометниот клуб, кој пред една година беше европски првак. Украинците викендов го посетиле и тренинг-кампот на Вардар во скопската населба Хиподром за да ги видат сите услови што црвено-црните ги имаат пред евентуалното превземање на клубот. Повеќе на Спорт1]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdata-na-shahter-donjeck-gi-kupuva-fk-i-rk-vardar-milijarderot-ahmetov-nov-sopstvenik-na-crveno-crnite/feed/ 0