Рио де Жанеиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jul 2022 06:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рио де Жанеиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 18 жртви при полициска рација во сиромашна населба во Рио де Жанеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-zrtvi-pri-policiska-racija-vo-siromashna-naselba-vo-rio-de-zaneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-zrtvi-pri-policiska-racija-vo-siromashna-naselba-vo-rio-de-zaneiro/#respond Fri, 22 Jul 2022 06:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=708686

Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција. Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро упаднаа во комплексот Алемао, во рамки на акцијата против организирани криминални групи, осомничени за повеќе кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови, се наведува во соопштението. Според полицијата, најмалку 18 лица загинаа во рацијата, од кои еден полицаец, 16 осомничени криминалци и една жена која се нашла во близина. Во операцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири летала и 10 оклопни возила. Поради големиот број загинати, полициската акција поттикна истрага за можно кршење на човековите права. „Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомнение дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро“, се истакнува во соопштението на државниот правобранител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-18-zrtvi-pri-policiska-racija-vo-siromashna-naselba-vo-rio-de-zaneiro/feed/ 0
Во Рио и Сао Паоло се одложуваат карневалите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/#respond Sat, 22 Jan 2022 08:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=621895

Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата. Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради на училиштата за самба кон крајот на февруари. Парадите ќе се одржат кон крајот на април, се вели во заедничкото соопштение на властите на двата града. Бразил моментално е зафатен од уште еден бран на коронавирус поради брзото ширење на сојот Омикрон. Во земјата се регистрирани во просек по 120.000 нови инфекции дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/feed/ 0
Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-povtorno-otkazan-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-povtorno-otkazan-poradi-pandemijata/#respond Wed, 05 Jan 2022 08:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=616079

Карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот. Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката вчера на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи. Повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа 2020 година, наведува весникот „Г1“. Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат. Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со коронавирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја. Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-povtorno-otkazan-poradi-pandemijata/feed/ 0
Статуата на Христос Спасителот ја слави својата 90 -годишнина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/statuata-na-hristos-spasitelot-ja-slavi-svojata-90-godishnina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/statuata-na-hristos-spasitelot-ja-slavi-svojata-90-godishnina/#respond Wed, 13 Oct 2021 07:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=578121

Познатата статуа на Христос спасителот, што се издига над Рио де Жанеиро вчера ја одбележа својата 90-годишнина со миса, песна, самба и бразилски традиционални напивки. Верската свеченост, првично планирана за во подножјето на огромната статуа, се одржа во катедрала во центарот на Рио, поради лошите временски услови. – Ние кариоките, жители на Рио, обично гледаме кон Христа, кој често се крие зад облаците, но знаеме дека е таму!, кажа архиепископот Орани Темпешта на мисата на која присуствуваше и градоначалникот Едуардо Паеш. „Пандемијата сѐ уште трае, но ние сме оптимисти покрај вакцинацијата. Минатогодишните темни облаци исчезнуваат“, додаде свештеникот. Повеќе од 58 отсто од речиси седум милиони жители на Рио се вакцинирани против Ковид-19, боолест која однесе 600.000 животи од почетокот на пандемијата. Пред појавата на Ковид-19, статуата висока 38 метри, поставена на ридот Корковадо, ја посетуваа околу два милиона посетители годишно. Таа не беше достапна за посети од март до август 2020 година, а и сега важат посебни корона-мерки. Католичката црква во 1921 година распиша проглас за изградба на верски споменик по повод стогодишнината од независноста на Бразил (1822). Бразилскиот инженер Хејтор да Силва Коста победи и му посвети десет години на проектот. Пред 90-годишнината, статуата во стилот на „Арт Деко“ беше и обновена. Споменикот беше откриен на 12 октомври 1931. Прогласен е за историски споменик во 1973 година, а 2007 година беше рангиран меѓу Седумте чуда на современиот свет. (МИС)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/statuata-na-hristos-spasitelot-ja-slavi-svojata-90-godishnina/feed/ 0
Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-de-zaneiro-vo-2022-godina-kje-trae-40-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-de-zaneiro-vo-2022-godina-kje-trae-40-dena/#respond Sat, 21 Aug 2021 09:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=553293

Уличните карневалски свечености во 2022 година во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 27 јануари до 6 март, соопшти прес-службата на компанијата за развој на туризмот Риотур. Планирано е да се одржат околу 500 улични карневалски поворки и паради и претстави во овој период, за чија организација се очекува да бидат потребни 3,5 милиони реали (околу 650 илјади долари) вонбуџетски средства. Како што забележа шефицата на Риотур Даниела Маја, властите одлучиле порано да ги објават параметрите на карневалот, „така што најголемиот празник во Рио де Жанеиро ќе биде блескав“. Во 2021 година, поради пандемијата на коронавирус, карневалските прослави беа откажани нво цел Бразил, а идејата за нивно одржување во јуни или јули исто така беше разгледана, но подоцна беше одлучено да не се одржуваат. Една година претходно, околу седум милиони луѓе учествуваа на прославите во Рио де Жанеиро. Сепак, конечната одлука за карневалските прослави ќе се донесе подоцна врз основа на санитарната и епидемиолошката ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/karnevalot-vo-rio-de-zaneiro-vo-2022-godina-kje-trae-40-dena/feed/ 0
Финалето на Купот на Америка ќе се игра на „Маракана“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-amerika-kje-se-igra-na-marakana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-amerika-kje-se-igra-na-marakana/#respond Thu, 03 Jun 2021 10:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=518552

Последниот натпревар од Купот на Америка ќе се одржи на 10 јули на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, соопштено е на веб-страницата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Турнирот ќе се одржи во Бразил од 13 јуни до 10 јули. Воведниот натпревар ќе се одржи на стадионот „Гаринча“ во главниот град на Бразилија. Во него домаќините на турнирот ќе се сретнат со репрезентацијата на Венецуела. Првично, Купот на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина. Колумбија беше лишена од ова право поради масовните протести во земјата, а Аргентина поради неповолната епидемиолошка состојба со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-amerika-kje-se-igra-na-marakana/feed/ 0
По една година повторно се зарази – градоначалникот на Рио де Женеиро по втор пат го прележува коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-edna-godina-povtorno-se-zarazi-gradonachalnikot-na-rio-de-zeneiro-po-vtor-pat-go-prelezuva-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-edna-godina-povtorno-se-zarazi-gradonachalnikot-na-rio-de-zeneiro-po-vtor-pat-go-prelezuva-koronavirusot/#respond Fri, 16 Apr 2021 06:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=497954

Градоначалникот на Рио де Женеиро, Едуардо Паеш изјави дека повторно е заразен со коронавирусот, речиси една година по првата инфекција. – За жал, позитивен сум, истакна Паеш на видео снимката објавена на Твитер, додавајќи дека има симптоми слични на грип. Тој нагласи дека е во својот дом и ги повика Бразилците да се чуваат. Паеш првпат бил заразен со Ковид-19 во мај 2020 година и тогаш немал симптоми на болеста. Градоначалникот (51) се уште не примил вакцина против коронавирусот бидејќи не се наоѓа во приоритетна група. Моментно вакцината ја примаат лицата на 60-годишна возраст. Во бразилската сојузна држава Рио де Женеиро со 17 милиони жители, од Ковид-19 починале околу 40.000 луѓе, а во изминатите 24 часа се потврдени 300 смртни случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-edna-godina-povtorno-se-zarazi-gradonachalnikot-na-rio-de-zeneiro-po-vtor-pat-go-prelezuva-koronavirusot/feed/ 0
Откажан Карневалот во Рио https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkazan-karnevalot-vo-rio/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkazan-karnevalot-vo-rio/#respond Fri, 22 Jan 2021 09:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=458420

Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19. „Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам стопанското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, дека можеме да го организираме Карневалот во јули”, напиша Едуардо Паис на Твитер. Тој притоа вети дека ќе им помогне на сите Бразилци кои работат цела година за да ја организираат оваа огромна прослава. Карневалот во Рио обично се одржува во февруари или март, непосредно пред да започне постот. Во септември минатата 2020 година, училиштата за самба коишто ја организираат парадата, одлучија да го одложат Карневалот за јули годинава, поради пандемијата, образложувајќи дека дотогаш, веројатно, ќе се најдат вакцини. И покрај почетокот на имунизацијатта во Бразил во неделата, градоначалникот смета дека сѐ уште би било невозможно да се организира најголемиот фестивал во светот, кој привлекува милиони луѓе на улиците на Рио секоја година. По САД, Бразил е на второто место во светот по смртност од коронавирусот, со вкупно над 213.000 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkazan-karnevalot-vo-rio/feed/ 0
Во корупциски скандал уапсен градоначалникот на Рио де Жанеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/#respond Tue, 22 Dec 2020 12:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=446651

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривела, денеска е уапсен под обвинение за корупција, јави телевизијата Глобо. Според извештаите на медиумите, во рамки на истрагата биле уапсени уште неколку лица – бизнисменот Рафаел Алвеш, пензионираниот директор на полицијата Фернандо Мораеш, поранешниот благајник на кампањата на Кривела, Мауро Македо и бизнисменот Аденор Гонсалвес дос Сантос. Апсењата се дел од операцијата „Хадес“, што ги истражува шемите за корупција во градското собрание на Рио. Пред да влезе во полициската управа, Кривела на медиумите им изјави дека токму тој е градоначалникот кој најмногу се борел против корупцијата и дека очекува правда. Апсењето на Кривела се случува на само девет дена пред крајот на неговиот мандат, наведуваат бразилските медиуми. Истрагата почнала во 2018 година со операцијата „Размена“ за перење пари и криење девизи за луѓе поврзани со шемите за поткуп, во која биле вклучени бизнисмени и политичари од државата Рио де Жанеиро. Се верува дека шеф на организацијата бил бизнисменот Рафаел Алвеш, кој одлучувал со кои компании градската управа треба да склучува договори. Според истражителите, ова влијание довело до појава на шема за уцена на бизнисмени кои сакале да склучат вакви договори со канцеларијата на градоначалникот во Рио де Жанеиро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/feed/ 0
Гувернерот на Рио де Жанеиро позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-rio-de-zaneiro-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-rio-de-zaneiro-pozitiven-na-kovid-19/#respond Wed, 15 Apr 2020 06:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=332403

Гувернерот на бразилската држава Рио де Жанеиро, Вилсон Вицел, соопшти дека  е позитивен на коронавирус. Вицел, еден од најистакнатите противници на мерките за ублажување на пандемијата на Ковид-19 во Бразил, воведни од претседателот Жаир Болсонаро, на Твитер соопшти дека во петокот почнал да ги чуствува симптомите на болеста. „Денеска се покажа дека резултатот од тестот е позитивен…. Сега се чувствувам добро и ќе продолжам да работам слушајќи ги советите на лекарите“, напиша Вицел (52) вчера на Твитер. Во Рио де Жанеиро, со околу 16 милиони население, има регистрирани 224 заболени од коорнавирус, пренесува Франс24. Во Бразил, како една од најтешко погодените јужноамерикански држави од Ковид-19, досега се регистрирани 1.300 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-rio-de-zaneiro-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0