рио де женеиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 10:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рио де женеиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Започна најлудиот карневал на светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-zapochna-najludiot-karneval-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-zapochna-najludiot-karneval-na-svetot/#respond Mon, 20 Feb 2023 10:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=802569

Започна најлудиот карневал на светот, а на шаренилото на улиците на Рио де Жанеиро му нема крај. По повод најголемата претстава на земјината топка, како што ја нарече тамошниот градоначалник, на Самбадром се собрале над 70.000 добро расположени гледачи желни за танц, со заглушувачките звуци на тапаните. Во неделата се одржа првата од двете ноќни поворки на училиштата за самба, со големи платформи и светкави костими. Училиштата за самба, повеќето базирани во фавелите, се гордост на секој кварт. Тие се подготвуваат цела година за оваа претстава која не смее да биде подолга од 70 минути. Дванаесет главни школи се оценуваат по 9 строго одредени критериуми, помеѓу кои и квалитетот на платформите, костимите, изборот на темите и кореографијата „commisao de frente“, група од исклучителни танчари кои ја отвораат свеченоста. По откажување на карневалот во 2021 година и одложување на минатогодишниот карневал за април поради коронавирусот, овогодишниот би можел да биде оној изворен, кој ќе го означи враќањето на корените. Градските власти очекуваат карневалот во Рио да ѝ донесе милионска заработка на локалната економија и 95 отсто пополнетост на хотелите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-zapochna-najludiot-karneval-na-svetot/feed/ 0
Најмалку една жртва во престрелка за време на рација во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-prestrelka-za-vreme-na-racija-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-prestrelka-za-vreme-na-racija-vo-rio-de-zeneiro/#respond Tue, 24 May 2022 15:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=680971

За време на рација во Рио де Женеиро дојде до жестока престрелка во која загина најмалку едно лице загина, а 11 се ранети. Полицијата во Рио де Женеиро упадна во фавелата Вила Крузеиро, во акција на апсење на водачи на криминални групи, соопшти полицијата. Во рацијата учествувале и припадници на бразилската жандармерија. Во соопштението се наведува дека пред почетокот на акцијата бил отворен оган врз полицијата и жандармеријата и оти дошло до судир при што едно лице загинало, а 11 се ранети. Локалните медиуми јавуваат дека во престрелката загинале повеќе од 10 лица. Во полициската акција се запленети 16 возила и 13 автоматски пушки, како и рачни бомби и пиштоли. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-prestrelka-za-vreme-na-racija-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Гигантска статуа на Исус Христос, поголема од таа во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/#respond Sat, 10 Apr 2021 16:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=495369

Гигантска нова статуа на Исус Христос, која се гради во јужниот дел на Бразил, ќе се издигне уште повисоко од споменикот на Христос Спасителот, кој гледа кон Рио де Жeнеиро. Оваа недела на статуата, која се гради од 2019 година во градот Енкантадо, државата Рио Гранде до Сул, и беа поставени глава и раширени раце. Завршувањето на споменикот е планирано за крајот на оваа година, соопшти Здружението на пријатели на Христос, кое ја координира работата. – Ова е ден за празнување, за посветеност, изјави Гилсон Конзати, локален советник и син на Адроалдо Конзати, политичарот кој е идеен творец. Адроалдо Конзати беше градоначалник на Енкантадо, а почина минатиот месец поради компликации од коронавирусот. Статуата, која ќе се вика Христос Покровителот, ќе биде висока 43 метри, вклучувајќи го и нејзиниот пиедестал, што ја прави една од највисоките статуи на Исус Христос со раширени раце. Должината од едната до другата рака ќе изнесува 36 метри, ќе има затворен лифт и набљудувачка тераса кон врвот. За споредба, Христос Спасителот е висок 38 метри, вклучувајќи ја и платформата, а растојанието од рака до рака е 28 метри. Во октомври оваа година ќе биде одбележан 90-ти роденден. Енкантадо, град со 22.000 жители, се наоѓа на 145 километри северозападно од главниот град на државата Порто Алегре. Проектот има за цел да инспирира вера и да го промовира туризмот во областа, тврдат неговите организатори. Буџетот на проектот од 350.000 американски долари е целосно финансиран од донации, наведува Здружението на пријатели на Христос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gigantska-statua-na-isus-hristos-pogolema-od-taa-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Статуата на Исус Христос во Рио осветлена со знамиња на земји кои се борат со коронавирус- таму е и МАКЕДОНСКОТО (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statuata-na-isus-hristos-vo-rio-osvetlena-so-znaminja-na-zemji-koi-se-borat-so-koronavirus-tamu-e-i-makedonskoto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statuata-na-isus-hristos-vo-rio-osvetlena-so-znaminja-na-zemji-koi-se-borat-so-koronavirus-tamu-e-i-makedonskoto-foto/#respond Thu, 19 Mar 2020 09:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=318790

Огромната статуа на Исус Христос Спасителот во Рио де Жанеиро е осветлена со знамиња на земји кои во моментов се борат со коронавирус. На левата рака на најпознатата знаменитост се најде и македонското знаме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/statuata-na-isus-hristos-vo-rio-osvetlena-so-znaminja-na-zemji-koi-se-borat-so-koronavirus-tamu-e-i-makedonskoto-foto/feed/ 0
Убиен најбараниот дилер во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-najbaraniot-diler-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-najbaraniot-diler-vo-rio-de-zeneiro/#respond Wed, 27 Nov 2019 08:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=269840

Најбараниот дилер на дрога во Рио де Женеиро и петмина негови соработници се убиени во полициска операција спроведена вчера, соопштија бразилските власти. Томас Хејсон Виеира Гомес (26) со прекар 3Н, бил убиен во местото кое било седиште на неговата наркобанда, на околу 40 километри од Рио де Женеиро, соопшти локалната полиција. Полицијата со месеци го следела нивното засолниште, а за време на рацијата вооружена банда пукаше кон полицијата која убила шест лица. Според официјални податоци, од јануари до октомври годинава, полицијата и агентите во Рио убиле 1.546 луѓе поврзани со шверц на дрога, што е историски рекорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-najbaraniot-diler-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Најмалку шест жртви во невреме во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-zrtvi-vo-nevreme-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-zrtvi-vo-nevreme-vo-rio-de-zeneiro/#respond Fri, 08 Feb 2019 08:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=161500

Најмалку шест лица загинаа во невремето што вчера го погоди Рио де Женеиро, предизвикувајќи хаос и поплавување на улиците. Брзината на ветрот достигнувала и до 110 километри на час, а поради одрони на кал и земја затрупани се многу патишта. Невремето најмногу ги погоди фавелите во градот. Градоначалникот на Рио, Марсело Кривела изјави дека големата количина вода била неочекувана и оти довела до трагедија. Невремете дојде само неколку дена после најтоплииот јануари во последните 97 години во градот, кога температурата достигнувала и 42 Целзиусови степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-zrtvi-vo-nevreme-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Тажен ден за сите Бразилци: Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tazen-den-za-site-brazilci-dveste-godini-rabota-istrazuvanje-i-poznavanje-se-izgubeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tazen-den-za-site-brazilci-dveste-godini-rabota-istrazuvanje-i-poznavanje-se-izgubeni/#respond Tue, 04 Sep 2018 05:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=95986

Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда. Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот. Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале. Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година. - Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци, напиша претседателот Мишел Темер на Твитер.  (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tazen-den-za-site-brazilci-dveste-godini-rabota-istrazuvanje-i-poznavanje-se-izgubeni/feed/ 0
Голем пожар уништи познат музеј во Рио де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-unishti-poznat-muzej-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-unishti-poznat-muzej-vo-rio-de-zeneiro/#respond Mon, 03 Sep 2018 06:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=95470

Огромен пожар го уништи познатиот Национален музеј на Рио де Женеиро, а пожарникарите се уште се обидуваат да го совладаат огнот. Причината за пожарот, кој избувнал по затворањето на музејот, се уште не е позната. Пожарникарите соопштија дека за неколку часа ќе го изгаснат огнот. Нема информации за настрадани лица. Музејот е изграден пред 200 години и во него се изложени 20 милиони вредни експонати за историјата на Бразил и на други земји. Музејот е дел од Федералниот универзитет на Рио де Женеиро. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-unishti-poznat-muzej-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0