рис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Nov 2020 15:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно на камера снимен рис на Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-na-kamera-snimen-ris-na-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-na-kamera-snimen-ris-na-galichica/#respond Thu, 05 Nov 2020 14:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=425482

Единка на загрозениот вид Балкански рис по втор пат е регистрирана на една од камерите поставени во Националниот парк „Галичица". Животното е фотографирано од камера-замка која е поставена во рамки на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа". Рисот децении наназад воопшто не беше забележан во паркот. Единка на рис за прв пат беше забележана на Галичица минатиот месец, благодарение на опремата која беше инсталирана во Националниот парк во близина на центарот за репродукција на европски елен. Балканскиот рис е критично загрозен вид, под закана целосно да исчезне од фауната на овие простори, што поради криволовот, така и поради намалувањето бројот животни важни за негова исхрана, како и фрагментација на неговите живеалишта. Проценето е дека моментално има помалку од 50 полово зрели единки способни за репродукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-na-kamera-snimen-ris-na-galichica/feed/ 0
Здогледала преубави мачки на тераса, а тогаш сфатила дека тоа се вистински ѕверови: Не смеела да излезе 4 часа (ФОРО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdogledala-preubavi-machki-na-terasa-a-togash-sfatila-deka-toa-se-vistinski-dzverovi-ne-smeela-da-izleze-4-chasa-foro-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdogledala-preubavi-machki-na-terasa-a-togash-sfatila-deka-toa-se-vistinski-dzverovi-ne-smeela-da-izleze-4-chasa-foro-video/#respond Wed, 05 Aug 2020 13:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=386444

Кети Манискалко од Санта Фе во американската федерална држава Ново Мексико, пријатно се изненадила кога видела што се наоѓа на нејзината тераса, но немала храброст да излезе надвор. [video width="320" height="528" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2020/08/video-1596618826.mp4"][/video] Младите рисеви весело си трчкале по тремот, а во еден момент си легнале покрај својата мајка кога ги доела. Откако добро се најадоле, продолжиле да си играат. -Не можев да верувам дека сум неколку сантиметри од нив. Тоа беше преубав момент, а нив не им пречеше што ги снимав и фотографирав, изјавила сопственичката на куќата. Таа додала дека дивите мачки го напуштиле нејзиниот дом по 4 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zdogledala-preubavi-machki-na-terasa-a-togash-sfatila-deka-toa-se-vistinski-dzverovi-ne-smeela-da-izleze-4-chasa-foro-video/feed/ 0
Прекрасен рис снимен со помош на фотозамка во Маврово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekrasen-ris-snimen-so-pomosh-na-fotozamka-vo-mavrovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekrasen-ris-snimen-so-pomosh-na-fotozamka-vo-mavrovo-foto/#respond Fri, 12 Jul 2019 09:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=217711

Со помош на фотозамка, направена е нова фотка од прекрасен рис во Маврово. На официјалната страница на Националниот парк Маврово објавена е фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво. Погледнете како изгледа овој убавец. Исто така направено е и видео од волк исто така со помош на фотозамки во рамките на истиот проек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekrasen-ris-snimen-so-pomosh-na-fotozamka-vo-mavrovo-foto/feed/ 0
Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukradeni-kameri-za-sledenje-na-risot-vo-np-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukradeni-kameri-za-sledenje-na-risot-vo-np-mavrovo/#respond Fri, 31 May 2019 10:19:14 +0000 https://kurir.mk/?p=203891

Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба. Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukradeni-kameri-za-sledenje-na-risot-vo-np-mavrovo/feed/ 0
ПРЕД И ПОТОА: Рисчето Деки порасна во голем рис кој господари со Маврово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-i-potoa-rischeto-deki-porasna-vo-golem-ris-koj-gospodari-so-mavrovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-i-potoa-rischeto-deki-porasna-vo-golem-ris-koj-gospodari-so-mavrovo-foto/#respond Thu, 01 Feb 2018 09:54:36 +0000 http://kurir.mk/?p=16918

Рисот Деки, кој Македонското еколошко друштво (МЕД) веќе петта година го следи со GPS околувратник, годинава ќе наполни 6 години. Овој шумски убавец првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година. На првата фотографија од левата страна, осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“, додека на фотографијата од десната страна фотографиран е минатата година како возрасен рис. „Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на GPS околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 kmи двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко“, велат од МЕД. Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-i-potoa-rischeto-deki-porasna-vo-golem-ris-koj-gospodari-so-mavrovo-foto/feed/ 0