Риши Сунак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 12:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Риши Сунак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сунак: Вештачката интелигенција може да биде вон контрола на човекот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-bide-von-kontrola-na-chovekot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-bide-von-kontrola-na-chovekot/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=893401

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека само владите можат да се справат со ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), технологија која може да го олесни развојот на хемиско или биолошко оружје, да шири страв и, во најлош случај, да биде вон контрола на човекот. Сунак говорејќи пред претстојниот глобален собир истакна дека се надева оти учесниците ќе се договорат за природата на ризиците. Тој најави и дека во Велика Британија ќе се формира Институт за безбедност на вештачка интелигенција за „да ги преиспита, процени и тестира новите типови на вештачка интелигенција за да знае за што е способен секој нов модел“. - Ако направиме грешка овде, вештачката интелигенција би можела да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, а во неверојатни, но екстремни случаи постои ризик вештачката интелигенција целосно да биде вон контрола на човекот, предупреди Сунак. Во Блечли Парк, седиштето на британските експерти за дешифрирање на шифрирани пораки за време на Втората светска војна, на 1 и 2 ноември се одржува собир на претставници на компании за вештачка интелигенција, политички лидери и експерти. Сунак наведе дека Велика Британија сака да биде глобален лидер во безбедноста на вештачката интелигенција. На состанокот била поканета и Кина, но засега нема потврда дека ќе испрати свој претставник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-veshtachkata-inteligentsija-mozhe-da-bide-von-kontrola-na-chovekot/feed/ 0
Сунак: Британската Влада ќе и обезбеди на Газа дополнителни 20 милиони фунти хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/#respond Mon, 23 Oct 2023 17:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=892276

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека неговата влада ќе и обезбеди на Газа дополнителна хуманитарна помош во износ од 20 милиони британски фунти. - Треба да обезбедиме постојан проток на хуманитарна помош и да доставуваме вода, храна, лекови и гориво, рече Сунак на седницата на британскиот парламент. - Ослободуваме дополнителни 20 милиони фунти хуманитарна помош за цивилите во Газа, што е повеќе од двојно повеќе од нашиот претходен пакет, додаде тој. Сунак, исто така, им кажа на британските пратеници дека експлозијата во болницата Ахли Арап во Газа најверојатно била предизвикана од ракета истрелана од палестинската енклава, а не од Израел. Британската влада процени дека експлозијата најверојатно била предизвикана од ракета или остатоци од ракета истрелана од Појасот Газа кон Израел, рече тој. - Погрешното претставување на овој инцидент имаше негативен ефект врз регионот, вклучително и виталните дипломатски напори на САД, и предизвика тензии овде дома, нагласи Сунак. Наодите на Лондон се совпаѓаат со оние на САД, Франција и Канада. Палестинските власти соопштија дека 471 лице загинало во експлозијата што во вторникот ја потресе болницата Ахли Араб. Министерството за здравство во Појасот Газа го обвини Израел за нападот, а израелската армија соопшти дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинските борци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-britanskata-vlada-ke-i-obezbedi-na-gaza-dopolnitelni-20-milioni-funti-humanitarna-pomosh/feed/ 0
Британскиот премиер во Каиро се сретна со претседателите на Египет и на палестинската управа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/#respond Sat, 21 Oct 2023 07:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=891515

Британскиот премиер Риши Сунак во Каиро се сретна со претседателите на Египет, Абдел Фатах ал Сиси и на палестинската управа Махмуд Абас, објавија странските агенции. Посетата на египетската престолнина беше уште една етапа од турнејата на Сунак низ регионот со цел да се спречи ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас. Британскиот премиер и неговите соговорници се согласија дека е неопходно да се дозволи пристап на хуманитарна помош до Појасот Газа и да се избегнат цивилни жртви. Сунак се сретна со Ал Сиси и Абас по посетата на Израел и Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/feed/ 0
Сунак денеска во посета на Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=891049

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе го посети Египет, каде што ќе разговара за ситуацијата во Израел и Појасот Газа, соопштија од кабинетот на британскиот лидер. За време на овие разговори, се очекува Сунак да ја нагласи „потребата да се избегне регионална ескалација и да се спречи понатамошна непотребна загуба на цивилни животи“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот. Риши Сунак е на турнеја по Блискиот Исток, обидувајќи се да најде решенија за кризата во конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко милитантно движење „Хамас“. Вчера тој ги посети Израел и Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/feed/ 0
Сунак: Велика Британија се солидаризира со Израел, но важна е хуманитарната помош за Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=890793

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Ерусалим во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Велика Британија стои во солидарноста со Израел по нападот на Хамас, но во исто време нагласи дека е важно и да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа. Сунак нагласи дека Британија го поддржува народот на Израел и неговото право да се бранат за да ја вратат безбедноста на својата земја и да овозможат безбедно ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа. Сунак рече дека Палестинците се жртви на она што го направи Хамас и дека е важно да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за палестинските цивили. Претседателот на Израел го критикуваше начинот на кој Би-Би-Си, како што наведе, „ги искривува фактите“ кога известува за израелско-палестинскиот конфликт. Херцог рече дека сака да го покрене прашањето за објективноста на известувањето за таа трагедија, објави „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека британскиот премиер кимнал со главата, насмевнувајќи се. - Ние веруваме дека начинот на кој Би-Би-Си го карактеризира Хамас претставува искривување на фактите. Имаме работа со една од најлошите терористички организации во светот..., истакна Херцог, наведувајќи дека британскиот јавен сервис така треба да ја дефинира милитантната палестинска група. - Што друго треба да видат за да сфатат дека ова е ужасна терористичка организација?, праша Херцог. Би-Би-Си одбива да ги нарече членовите на Хамас „терористи“. Сунак одговори дека нападот на Хамас на југот на Израел треба да се нарече со неговото вистинско име, односно да се каже дека е терористички чин извршен од, како што наведе, „злобната терористичка организација Хамас“. По средбата на Херцог, Сунак имаше состанок и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на заедничка прес-конференција изјави дека Велика Британија ќе се солидаризира со Израел и сака негова победа. „Ќе бидеме солидарни, ќе бидеме со вашиот народ. Сакаме да победите“, рече Сунак по средбата со Нетанјаху, додавајќи дека Израел од своето основање секојдневно преживува насилство и тероризам, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека Велика Британија ќе го поддржи правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право, како и правото да го нападне Хамас. Сунак додаде дека знае дека Израел „напорно работи“ за да ги заштити цивилите, што е „директна спротивност“ од она што го прави палестинската милитантна група Хамас. Британскиот премиер, исто така истакна дека сите се шокирани од сцените од експлозијата во болницата Ал Ахли во Појасот Газа и нагласи дека и палестинските цивили се жртви на Хамас. Тој ја поздрави одлуката на израелските власти да дозволат испраќање помош во Газа од Египет. Нетанјаху му се заблагодари на британскиот премиер за доаѓањето во Израел, велејќи дека длабоко ја цени неговата поддршка. - Британците се бореа со нацистите пред 80 години. Членовите на Хамас се новите нацисти, рече израелскиот премиер. Тој посочи дека војната меѓу Израел и Хамас е конфликт меѓу „цивилизираниот, слободен“ свет и современите арапски земји против „оската на злото“ која ги вклучува Хамас, Хезболах и Иран. - Ова е нашиот најмрачен момент. Затоа ја ценам вашата поддршка. Мораме да победиме заедно, му порача Нетанјаху на својот британски колега. Според него, тоа значи дека ова ќе биде долга војна, и дека на Израел ќе му треба постојана поддршка. - Ќе има подеми, падови и тешкотии. Луѓето се обединети овде. Ни треба тоа единство и постојана поддршка, посочи Нетанјаху. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/feed/ 0
Сунак: Велика Британија распоредува сили во источниот Медитеран за да го поддржи Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/#respond Thu, 12 Oct 2023 20:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=888232

Велика Британија ќе испрати авиони за набљудување и два брода на Кралската морнарица во источниот Медитеран „за поддршка на Израел“, соопшти денеска Кабинетот на премиерот Риши Сунак. „Премиерот побара воени средства на Велика Британија да бидат распоредени во источниот Медитеран за поддршка на Израел, зајакнување на регионалната стабилност и спречување на ескалација“, се вели во соопштението. Авионите за поморска патрола и надзор ќе почнат да летаат во регионот од утре „за да ги следат заканите за регионалната стабилност како што е трансферот на оружје на терористичките групи“. „Во меѓувреме, работната група на Кралската морнарица ќе биде преместена во источниот Медитеран следната недела како вонредна мерка за поддршка на хуманитарните напори“, се посочува во соопштението. „Распоредувањето на нашата војска од светска класа ќе ги поддржи напорите за обезбедување регионална стабилност и спречување на понатамошна ескалација“, рече Сунак во изјавата. Британскиот премиер се очекува утре да разговара со северноевропските лидери за ситуацијата во Израел на самит во Шведска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/feed/ 0
Сунак на средбата со Ли изрази загриженост поради активностите на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-na-sredbata-so-li-izrazi-zagrizhenost-poradi-aktivnostite-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-na-sredbata-so-li-izrazi-zagrizhenost-poradi-aktivnostite-na-kina/#respond Mon, 11 Sep 2023 08:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=876849

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак на вчерашната средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг на маргините на Самитот на Г20 во Индија изразил загриженост поради мешањето на Кина. - Искажав голем број различни грижи што ги имаме во различни области каде што не се согласуваме, а особено мојата голема загриженост за какво било мешање во нашата парламентарна демократија, што е јасно неприфатливо, наведе Сунак, алудирајќи на двете уапсени лица во Велика Британија под сомнение дека шпионирале во корист на Кина. Како што вчера беше утврдено осомничениот, кој работел како истражувач на меѓународна политика во Долниот дом, бил уапсен во март од антитерористичката единица на британската полиција, заедно со уште едно лице. Кинеските државни медиуми по средбата меѓу Сунак и Ли објавија дека кинескиот премиер навел дека двете земји „треба да се спротивстават на мешањето на трговската и економската соработка со политиката и безбедноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-na-sredbata-so-li-izrazi-zagrizhenost-poradi-aktivnostite-na-kina/feed/ 0
Сунак денеска ќе соопшти кој ќе биде нов министер за одбрана на Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/#respond Thu, 31 Aug 2023 08:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=872867

Британскиот премиер Риши Сунак денеска треба да соопшти кој ќе биде нов министер за одбрана на Велика Британија, јави Би-Би-Си. Бен Валас, кој беше министер за одбрана изминатите четири години, денеска поднесе оставка, откако минатиот месец соопшти дека ќе ја напушти функцијата при следната реконструкција на кабинетот. Во изјавата за оставката, Валас вели дека неговите воени и политички кариери биле „личен данок за него и неговото семејство“. - Министерството за одбрана што го напуштам сега е помодерно, подобро финансирано и посигурно од организацијата што ја презедов во 2019 година, нагласи тој. - Искрено верувам дека во текот на следната деценија светот ќе стане понесигурен, подвлече Валас. Риши Сунак изјави дека Валас работел на „најсложените позиции во владата“ и изрази благодарност и почит за неговата работа. Високи претставници на конзервативците изјавиле дека потенцијални наследници на Валас се министерот за вооружени сили Џејмс Хепи и главниот секретар на Министерството за финансии Џон Глен. Британската Влада не ги коментира информациите за тоа кој ќе биде нов министер за одбрана.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-ke-soopshti-koj-ke-bide-nov-minister-za-odbrana-na-britanija/feed/ 0
Сунак и Зеленски повторија колку е важно Украина да извезува жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-i-zelenski-povtorija-kolku-e-vazhno-ukraina-da-izvezuva-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-i-zelenski-povtorija-kolku-e-vazhno-ukraina-da-izvezuva-zhito/#respond Tue, 25 Jul 2023 12:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=859865

Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изјавија колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Сунак, од каде беше дадена изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. „Премиерот рече дека Британија тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито и ќе продолжиме да ја користиме нашата улога како претседател на Советот за безбедност на ОН за да продолжиме да го осудуваме однесувањето на Русија“, рече портпаролот на Сунак во соопштението. Сунак, исто така, му рекол на Зеленски дека е шокиран од уништувањето по рускиот напад во Одеса, се вели во соопштението. Претседателот Зеленски разговарал и за актуелните потреби на Украина во областа на одбраната, како и за прашањето за безбедносните гаранции, се наведува во објавата на Зеленски на „Твитер“, пренесоа украинските агенции. „Зборував за секојдневните обиди на Русија да го уништи историскиот центар и пристанишната инфраструктура на Одеса. Треба да ја заштитиме Одеса. Украина итно треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана за да го заштити своето историско наследство и да ја продолжи иницијативата за жито од Црното Море. Ја разгледавме нашата понатамошна соработка во областа на одбраната, текот на украинските офанзиви. Ги претставив актуелните одбранбени потреби на Украина“, рече Зеленски. Двајцата го истакнаа и усвојувањето од страна на Г-7 на Заедничката декларација за поддршка на Украина на Самитот на НАТО во Вилнус и последователното пристапување на други земји кон неа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-i-zelenski-povtorija-kolku-e-vazhno-ukraina-da-izvezuva-zhito/feed/ 0
Сунак нареди ревизија на законите кои ја опфаќаат порнографијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/#respond Tue, 04 Jul 2023 07:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=852409

Британскиот премиер Риши Сунак наложи ревизија на сите закони кои ја опфаќаат порнографијата по извештаите дека повеќе од четвртина од децата се сретнале со неа на интернет. „Владата сака да обезбеди сите закони и регулативи за порнографија да функционираат доследно за сите порнографски содржини“, рече Сунак. Минатата недела, британската Влада го поддржа амандманот на пратениците со кој се бара построга проверка на возраста за да се спречат лицата под 18 години да гледаат порнографски содржини на веб-страниците за возрасни, но и на социјалните мрежи. Во исто време, во амандманот се наведува дека лидерите на социјалните мрежи ќе се соочат со затворска казна доколку дозволат содржината за сексуална злоупотреба на деца да остане на нивните платформи. Истражувањето на комесарката за деца, Рејче де Сузе покажа дека половина од 13-годишниците виделе порнографска содржина на Интернет, а едно од 10 деца виделе експлицитни содржини за возрасни до деветтата година од животот. Речиси половина, 47 отсто од младите мажи на возраст од 16 до 21 година рекле дека девојките „очекувале“ физичка агресија во кревет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/feed/ 0