Рисима Рисимкин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 09:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рисима Рисимкин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-so-ledi-magbet-vo-programata-na-verona-festivalot-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-so-ledi-magbet-vo-programata-na-verona-festivalot-vo-italija/#respond Fri, 03 Feb 2023 09:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=795585

Македонската балерина и кореограф Рисима Рисимкин, од 24 до 31 август, со танчерите на Скопје танцовиот театар ќе гостуваат на сцената на Фестивалот на Шекспир во Верона, Италија, како дел од Шекспир фринге програмата. Фестивалот е формиран во 1948 година и годинава ќе полни 75 години постоење. -Многу сум благодарна што мојата работа како уметник е препознаена од уметничкото раководство на фестивалот и секако, возбудена од помислата дека ќе гостуваме во овој извонреден град и фестивал со голема традиција. За мене, женските ликови во драмите на Шекспир, се особено интересна тема и предизвик ми е да истражувам и создавам во тој контекст, врз кој се базира креацијата на претставата „Леди Магбет (Квартетот)“. Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа, изјави Рисимкин. Скопје танцовиот театар изминативе години имаа настапи во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам. -Скопје танцовиот театар е лабораторија во која произведуваме одличен уметнички производ. Младите танчери и кореографи кои компанијата ги изнедрува се прекрасни уметници и веќе ја освојуваат интернационалната сцена. Адријана Данчевска, која е дел од првиот состав на компанијата, во дует со Дејан Битровски, настапи во ноември 2022 година на 26-от по ред Фестивал на кореографски минијатури во Белград, каде, за својата кореографија „Не ми ги допирај очите“, ја освои Првата награда на фестивалот, како и Наградата од публиката. Искрено се надевам дека покрај светското препознавање на квалитетот, Скопје танцовиот театар ќе биде вистински препознаен и дома, додаде Рисимкин.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-so-ledi-magbet-vo-programata-na-verona-festivalot-vo-italija/feed/ 0
Рисимкин во интернационално жири за млади кореографи во Линц https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-vo-internacionalno-ziri-za-mladi-koreografi-vo-linc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-vo-internacionalno-ziri-za-mladi-koreografi-vo-linc/#respond Thu, 12 Dec 2019 09:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=276478

Кореографката Рисима Рисимкин, редовен професор на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ќе биде член на интернационалното жири за конкурс за млади кореографи што го организира универзитетот „Антон Брукнер“ од Линц. Универзитетите „Антон Брукнер“ и „Гоце Делчев“ се дел од неформалната мрежа на европски универзитети и академии за танц и заедно го организираат фестивалот „Share“ кој во 2018 година се одржа на фестивалот „Танц фест“, а домаќин беше Штипскиот универзитет и Катедрата за современ танц. – Универзитетот „Гоце Делчев“ активно работи на интернационализација на уметничките програми и во моментов е единствен универзитет кај нас на кој може да се школуваат младите во областа на совремeниот танц, како современи танчари во делот на уметничкиот танц, изјави Рисимкин. На универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц таа ќе одржи и предавања за кореографија за студентите на магистерски студии. Предвидено е и да договори натамошни соработки со универзитетот „Антон Брукнер“, заеднички продукции и презентации на двата универзитета, како и размена на професори и студенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/risimkin-vo-internacionalno-ziri-za-mladi-koreografi-vo-linc/feed/ 0
Рисимкин: Ако нема јасни правила, ќе има матни скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/risimkin-ako-nema-jasni-pravila-kje-ima-matni-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/risimkin-ako-nema-jasni-pravila-kje-ima-matni-skandali/#respond Sat, 09 Feb 2019 11:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=161948

Сѐ додека не се работи според точно утврдени правила, секоја година ќе имаме скандали при објавувањето на годишните програми и незадоволство на сите страни; тие кои со години успешно работат ќе го изгубат ентузијазмот, младите кои треба да започнат ќе немаат точни насоки како треба да се развиваат низ создавањето проекти. Ја пренесуваме во целост реакцијата на Културниот центар Интерарт откако беа вчера објавени резултатите од Конкурсот на Министерството за култура. „Културниот центар Интерарт внимателно ја разгледа ситуацијата во која што се најдовме, по објавувањето на годишната програма на Министерството за култура, на која што ќе доставиме приговори, но сакаме како долгогодишен културен оператор, (Центарот е оформен во 1996 година), да укажеме на одредени состојби, со цел да помогнеме во понатамошното делување во културата.
Сметаме дека неправедно е маргинализиран фестивалот Танц Фест Скопје, а сосема неразбирливо е укинат Скопје танцовиот театар. За успесите на фестивалот, мислам дека не треба да зборувам, бидејќи публиката во Скопје, Велес, Битола и во Штип имаше можност со години, наназад, поточно, ова ќе биде јубилејна 15-та година на фестивалот, да гледа извонредни достигнувања од областа на танцот. Но, овој фестивал, не е само ревијален. Тој помогна во создавањето на современата танцова сцена во Македонија, промовира млади уметници и овозможува пласман на македонски уметници надвор. Фестивалот, со цел да даде признание на дејците и уметниците кои со години биле дел од создавањето и промоцијата на танцовата уметност кај нас, ја воведе единствената Награда за врвни достигнувања во областа нa танцот МЕНАДА, која, покрај доајените на танцовата уметност во Македонија, ја добија и светски признати уметници. Скопје танцовиот театар, минатата година, седма од своето постоење, имаше, би рекле, брилијантана сезона. Компанијата гостуваше на најпрестижни светски фестивали (на некои од нив досега не се прикажала ниту една компанија од целиот регион), на сцени во Хаг, Пекинг и во Њујорк. Во Скопје танцовиот театар работат млади танчери „made in Macedonia“ кои се производ на единствената современа танцова академија за производство на танчери, едукативна програма на универзитетско ниво, која, слободно можеме да речеме, ја увезовме, од Холандија во партнерство со најпрестижната светска академија за современ танц од Ротердам, а со поддршка на амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Затворањето на театрот, практично значи дека младите, кои ги обучивме по европски стандарди, ќе немаат можност за работа и креација во земјава и ќе бидат принудени да заминат, чин на делување, кој навистина не сакаме да се случи, бидејќи нели, се бориме младите тука да останат. Низ Скопје танцовиот театар во изминатиов период се промовираа и активно делуваа дваесеттина млади танчери, чија егзистенција е комплетно загрозена во моментов. Театарот низ годините делува со минимална поддршка, која, за жал, сѐ повеќе се намалува, а годинава комплетно изостана. Инаку, во театарот низ годините поминаа студенти и танчери од Македонија, Косово, Хрватска, Кина и од Полска, а во моментов на стаж се двајца студенти/танчери од Швајцарија и една од Турција. Сето ова, дава јасна слика за квалитетот на Скопје танцовиот театар, квалитет на програмата која се создава и привлекува млади уметници од странство да дојдат во Македонија и тука да се обучуваат, што, не е вообичаена пракса кај нас, но, повторно ќе нагласам, е потврда за квалитетот на компанијата. Мислам дека, по објавувањето на програмата и првичниот шок, беспредметно е од оваа позиција да се бавиме со ситуации на откривање и обвинувања, кој за кого бил, кој против кого. Програмата ја оценуваат комисии, а ја потпишуваат сите, заедно со министерот. Затоа нашата порака е: НАПРАВЕТЕ КРИТЕРИУМИ! Направете јасни критериуми, кои ќе бидат реални и мерливи. Консултирајте се со луѓето кои долги години работат во културата за да ви укажат на реалните суми и можните критериуми. Доколку ниеден сценско-изведбен проект во националните институции не добива сума под одреден лимит, тоа треба да важи за сите, посебно за независните оператори и театри. Доколку се работи за фестивали, не сметам дека е транспарентно само да се објави сумата, бидејќи, повторно е несфатливо зошто некој добива поголема, т.е. помала сума. Сѐ додека не се работи според точно утврдени правила, секоја година ќе имаме скандали при објавувањето на годишните програми и незадоволство на сите страни; тие кои со години успешно работат ќе го изгубат ентузијазмот, младите кои треба да започнат ќе немаат точни насоки како треба да се развиваат низ создавањето проекти. Кога оние кои ја практикуваат власта ќе се заземат вистински, а не декларативно за создавање на правила кои и самите ќе ги почитуваат, сметам дека уметноста и културата ќе добијат шанса во Македонија.“ Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар, вонреден професор, д-р на Универзитет „Гоце Делчев“ Извор: plusinfo.mk  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/risimkin-ako-nema-jasni-pravila-kje-ima-matni-skandali/feed/ 0
Танцовата претстава „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на Рисимкин изведена во Кина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tancovata-pretstava-sekvenci-minato-segashnost-idnina-na-risimkin-izvedena-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tancovata-pretstava-sekvenci-minato-segashnost-idnina-na-risimkin-izvedena-vo-kina/#respond Thu, 25 Oct 2018 08:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=119243

Танцовата претстава насловена „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на кореографот Рисима Рисимкин беше изведена вчера на сцената на Танцовиот театар во Жијанг конзерваториумот за музика во кинескиот град Хангџо. Настапија петнаесет млади танчери со музика од композиторот Тони Китановски. Костимите беа на познатата кинеска костимографка Бинг Ксианџи. – Секвенци се приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчерите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината, изјави Рисимкин. По премиерата во Хангџоу, Рисимкин во Пекинг учествува на годишниот состанокот на Танцовата унија меѓу Кина и земјите на централна и југоисточна Европа, во која е член на Бордот. Во исто време, во Пекинг се одржува фестивалот на Пекингшката акдемија за танц, на кој ќе гостуваат студентите од Катедрата за танц при Универизтетот „Гоце Делчев“ од Македонија. Универзитетот минатата година потпиша договор за соработка со Пекингшката академија за танц, која е највисоката Национална образовна институција за танц во Кина. Студентите ќе настапат со кореографијата „Егзистирање“ на Рисимкин, дел од програмата на Скопје танцовиот театар. Во делото учествуваат студентите: Тереза Лазарев, Јоваан Зајкова, Сара Цветковска и Бобан Русески. Настапува и танчерката на Скопје танцовиот театар и асистент на УГД Адријана Данчевска, како и музичарите Виктор Филиповски и Владимир Трпковски, кои музиката ја изведуваат во живо. Рисимкин ќе одржи мастер класови на Пекингшката академија за танц и на Универзитетот Минѕу во Пекинг. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tancovata-pretstava-sekvenci-minato-segashnost-idnina-na-risimkin-izvedena-vo-kina/feed/ 0