ристо донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 15:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ристо донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски во посета на Ристо Донев интернационален мајстор во дописен шах https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-risto-donev-internacionalen-majstor-vo-dopisen-shah/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-risto-donev-internacionalen-majstor-vo-dopisen-shah/#respond Mon, 05 Dec 2022 15:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=771309

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети 60-годишниот Ристо Донев, лице со церебрална парализа, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах. Тој го запозна претседателот Пендаровски со неговите шаховски достигнувања, со освоените бројни признанија, медали и пехари, но и со предизвиците со коишто се соочува 13 години, неговите успеси да бидат институционално признати во нашата држава со што ќе му се овозможи, како што вели, заслуженото право на спортска пензија. Неговиот татко, Трајко Донев, потсети на годините кога поради неможноста да посетува училишна настава, лично тој го образувал својот син. Ги нагласи вложените натчовечки напори на Ристо, што и покрај атипичниот развој, придонеле за целосно искористување на неговата натпросечна интелегенција. Тој ја истакна загриженоста за егзистенцијалното прашање на Ристо во иднина, бидејќи надлежните институции сметаат дека асоцијацијата која ги организира големите натпревари во дописен шах не е составен дел на Светската шаховска федерација ФИДЕ, а поради нивниот став не му следува спортска пензија. Претседателот Пендаровски му ги честиташе на Ристо неговите исклучителни успеси коишто се поттик, позитивен пример и гордост за целата држава. Во пресрет на судското рочиште за докажување на основите на неговото барање, претседателот ја нагласи нeопходноста надлежните институции, сериозно да ги разгледаат аргументите и посветено и одговорно да пристапат кон решавање на случајот на Ристо. Ристо Донев е човек со многу таленти и широк спектар на познавања. Освен исклучителните достигнувања во шах, се занимава и со пишување книги, поезија и проза, а поседува и напредни вештини во областа на информатичките технологи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-risto-donev-internacionalen-majstor-vo-dopisen-shah/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба: Градоначалникот на Гази Баба ослободува приватен инвеститор од комуналии во износ од 2 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ok-gazi-baba-gradonachalnikot-na-gazi-baba-osloboduva-privaten-investitor-od-komunalii-vo-iznos-od-2-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ok-gazi-baba-gradonachalnikot-na-gazi-baba-osloboduva-privaten-investitor-od-komunalii-vo-iznos-od-2-milioni-evra/#respond Tue, 06 Apr 2021 09:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=492961

Почитувани граѓани на Општина Гази Баба, СДСМ и градоначалникот Борче Георгиевски ја уништуваат Општина Гази Баба веќе четири години, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба. -Секоја општина, преку реализацијата на урбанистичките планови има за цел собирање на комуналии и полнење на општинскиот буџет за потоа да се реализираат проекти за подобрување на животот на граѓаните, само за Борче Георгиевски и СДСМ тоа не е така. Имено, градоначалникот на Општина Гази Баба предлага одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, помеѓу граѓаните познати како комуналии на инвеститорот кој гради на поранешниот скопски саем, во висина од над 2 милиони евра, вели Донев. Тој додава дека додека граѓаните на Брњарци и Раштак немаат вода за пиење, а Црешево, Гоце Делчев, Трубарево, Идризово и останатите немаат фекална канализација, урбаните заедници немаат нови училишта, градинки, спортски игралишта градоначалникот Борче Георгиевски предлага ослободување од 2 милиони евра народни пари. -Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Гази Баба остро и со сите демократски средства ќе се спротистави на носењето на ваква одлука, која е на штета на граѓаните на Општина Гази Баба. Ги повикуваме останатите советници, од советничката група на СДСМ и коалицијата да се издигнат над партиските интереси и да застанат во одбрана на граѓаните на Општина Гази Баба. Ги повикуваме граѓаните на Општина Гази Баба со сериозно внимание да ги следат случувањата во Општина Гази Баба во наредните денови. Времето на СДСМ и Борче Георгиевски во Општина Гази Баба завршува. Нема да им дозволиме на крајот на нивниот мандат да донесат одлуки со кој ќе нанесат ненадомеслива штета врз буџетот на Општина Гази Баба, потенцира Донев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ok-gazi-baba-gradonachalnikot-na-gazi-baba-osloboduva-privaten-investitor-od-komunalii-vo-iznos-od-2-milioni-evra/feed/ 0