Ристо Маџунков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Jun 2021 10:56:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ристо Маџунков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавена стихозбирката „Спомени“ од Ристо Маџунков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/#respond Tue, 15 Jun 2021 10:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=523692

Стихозбирката „Спомени“ од македонскиот поет Ристо Маџунков е објавена во издание на „Современост“. Збирката содржи 70-на песни, од кои најголемиот дел претставуваат поетски минијатури – искри на мудроста со три до четири стихови. – Автобиографското во спомените на Ристо Маџунков логички има првостепено значење во поетското писмо како радост и вознес од една и како поразија од друга страна. Спомените како синоним на самопроверка и превреднување едноставно ја испишуваат дефиницијата за етичките и естетски димензии на автохтоноста на творечката лабораторија на поетот. Неговата песна е кратка, јасна, мудра, читлива, едноставна и отворена за дијалог со читателите. Патот од едната до другата страна, изоденоста од субјектот/автор до колективот/читателите е прав и рамен. Пораката како тенденција е неретко нема, нечујна воздишка оти смртта е ништо, ама животот е мисла и смисла на космосот, велат издавачите на стихозбирката. Ристо Маџунков е роден на 24.05.1948 година во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада. Покрај „Спомени“, автор е и на поетските книги: „Семки“ (Современост, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание (Антолог, 2018), „Прашинки“ (Антолог, 2017), „Капки“ (2 Август, 2014), „Глас во пустина“ (НИП 21, 1994), „Вечен збор“, прво издание (НИП 21, 1992).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/feed/ 0
Промоција на две поетски збирки од Ристо Маџунков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dve-poetski-zbirki-od-risto-madzunkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dve-poetski-zbirki-od-risto-madzunkov/#respond Tue, 25 Sep 2018 06:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=105454

Вечер во фоајаето на НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи промоција на двете поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реобјавената „Вечен збор“ (1992, 2018) од Ристо Маџунков.

Организатор на настанот е издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, каде се објавени поетските книги. На промоцијата ќе говорат: Жарко Кујунџиски, главен уредник во „Антолог“, Иван Котев, проследувач на книжевноста и културен деец, Ацо Гогов, драматург и книжевен критичар, Трајче Бјадов, рецензент и промотор на поезијата, а стихови ќе читаат Наташа Василевска Трајчевска, Мариета Дукиќ и Сузана Мицева. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dve-poetski-zbirki-od-risto-madzunkov/feed/ 0