Ристо Вуков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 09:24:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ристо Вуков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вуков ги освои првите бодови во Унгарија и замина за Белгија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-gi-osvoi-prvite-bodovi-vo-ungarija-i-zamina-za-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-gi-osvoi-prvite-bodovi-vo-ungarija-i-zamina-za-belgija/#respond Wed, 26 Jul 2023 09:24:47 +0000 https://kurir.mk/?p=860153

Македонскиот возач Ристо Вуков ги освои првите бодови во Порше Суперкуп на трката возена на патеката Хунгароринг. По проблематичниот старт на сезоната во кој најпрво се откажа трката во Имола, проследен со излетувањето во Монако и дефектот на моторот во Австрија, Вукор конечно стигна до бодови по трката во Унгарија. - Сите спортисти се соочуваат со разни проблеми во своите кариери, така и во мојот случај искушението беше големо. Благодарение на тестирањата што претходно ги имав на оваа патека, бев во можност тука да го дадам најдоброто од себе. Знам дека можев уште подобро бидејќи се соочивме со проблем во квалификациите кога поради дождот што го изми асфалтот, целата работа околу сетирањето на автомобилот на тренинзите беше загрозена, а сличен проблем се покажа и во квалификациите што се возеа во Формула 1. Минатата година мојот тим не учествуваше во Порше Суперкуп и инженерите немаа претходно искуство на оваа патека, па тоа се одрази на пласманот на 21 место на стартот. Сепак, стабилните временски услови потоа овозможија да се вратиме во ритам и автомобилот беше многу подобар во трката, а тоа ми дозволи да напредувам до 14 место и да освојам поени. Горд сум на фактот дека сум прв Македонец што го постигнал тоа, но моите аспирации се повисоки, изјави Вуков. Во текот на трката, Рико имаше дуел со поранешниот Ф1 возач, Тимо Глок, што успеа да го добие, а на крајот доцнеше нешто помалку од девет секунди зад победникот во трката, што дава јасна слика за изедначените перформанси. Идниот викенд на програмата е гран при викендот во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп, со што започнува втората половина од шампионатот. До крајот ќе има уште две трки на Зандворт во Холандија и финалето во Монца на почетокот на септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-gi-osvoi-prvite-bodovi-vo-ungarija-i-zamina-za-belgija/feed/ 0
Вуков го напаѓа Ред Бул Ринг викендов https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-napaga-red-bul-ring-vikendov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-napaga-red-bul-ring-vikendov/#respond Thu, 29 Jun 2023 10:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=850797

Викендов формула повторно се враќа на европско тло, овој пат на Ред Бул Ринг во Салзбург. Освен што викендов ќе може да уживате во новата возбудлива трка во формула не треба да се пропушти и најголемета мото трка овој викенд а тоа е Порше Супер Купот во кој се натпреваруваа единствениот од Македонија и Балканот Ристо Вуков Рико. Кои во конкуренција на 28 возачи ќе се бори за својот прв подиум оваа сезона. Вуков: Сакам место на подиумот во Салзбург После паузата од трката во Монте Карло се чуствуваам подготвен за новиот предизвик а тоа е трката на Ред Бул Ринг, каде што имав одличен тренинг со супер резултати кои ми даваат надеж дека е моментот за мојот прв подиум оваа сезона. Конкуренцијата е преголема не делат само нијанси од првиот до последниот треба да го дадам максимумот од себе за да стигнам до посакуваните места на подиумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-napaga-red-bul-ring-vikendov/feed/ 0
Поплавите во Италија ја откажаа првата трка на Ристо Вуков https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poplavite-vo-italija-ja-otkazhaa-prvata-trka-na-risto-vukov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poplavite-vo-italija-ja-otkazhaa-prvata-trka-na-risto-vukov/#respond Thu, 18 May 2023 06:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=835611

Во текот на вчерашниот ден беше лиферувана веста дека поради поплавите во регионот на Емилија Ромања, ќе биде откажан гран при викендот на патеката во Имола. Македонскиот возач Ристо Вуков токму на оваа патека требаше да ја започне својата кампања во Порше Суперкуп, натпреварување кое се вози во склоп на Ф1 викендот. - Најнапред, сакам да испратам порака за поддршка до италијанскиот народ и спасувачките служби кои работат во погодениот реон. Не се сомневам во потребата од ваква одлука на организаторите, ќе беше невозможно да се организира нормален гран при викенд, а притоа да се знае дека некој се бори за живот. Во моментов сите мои надежи се за што побрза нормализација на ситуацијата во поплавените подрачја. Ова не е прва случка за откажување на планираните обврски за Вуков оваа година, откако на почетокот од април мораше да се повлече од тестирањето на Ред Бул Ринг бидејќи автодромот беше завеан во снег. Поради сето ова, тој за идниот викенд во Монте Карло се подготвува заедно со Андреј Кулунџиќ на патеката „Навак“ крај Белград. - Андреј е поранешен возач во Порше Суперкуп и неговите искуства се драгоцени за мене бидејќи од оваа временска дистанца тој може да препознае кои од моите дилеми се реални, а на кои не треба да им обрнувам внимание. Недостатокот на тренинг патека во Македонија е голем проблем, па можноста да се тренира во Србија со него е најдоброто нешто што можеше да се обезбеди, со цел да останам фокусиран и да ја темпирам својата форма. Искрено се надевам дека веќе на 28 мај за време на гран при викендот во Монако ќе се покаже дека овие подготовки биле полн погодок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poplavite-vo-italija-ja-otkazhaa-prvata-trka-na-risto-vukov/feed/ 0
Вуков ќе тестира на „Силверстоун“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-testira-na-silverstoun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-testira-na-silverstoun/#respond Sun, 23 Apr 2023 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=826645

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков годинава ќе настапува во Порше Суперкуп, натпреварување кое веќе три децении се вози пред трките на Формула 1. Неговиот нов тим „Омбра Рејсинг“ досега му овозможи тестирање на Валелунга и Имола, а поради снег се откажа тестирањето во Австрија на Ред Бул Ринг. Нов „чек-поинт“ за Рико и неговите инженери ќе биде тестирањето на легендарната патека Ф1 патека - Силверстоун, лоцирана стотина километри северо-источно од Лондон. - Заминувам за Силверстоун со желба да направам што е можно повеќе километри во автомобилот, со што ова ќе биде мојата најголема подготовка во еден зимски период. Досега најмногу работев на физичката страна, но нема ништо подобро од минување на повеќе километри со возилото, осознавање на тајните на една патека и разговорот со инженерите кои работат на штелувањето. Чувството дека сме успеале да ги унапредиме перформансите и да постигнеме време во еден круг што е за две три десетинки побрзо, ни дава крилја за потоа да се обидеме да направиме уште еден чекор. Тестирањето во Силверстоун ќе се случи во вторник и ќе биде во приватна режија на тимот, додека претходниот настан во Имола беше официјален тест за сите учесници во Суперкуп. - Моето време во Имола лани ќе ми донесеше пол-позиција во Карера Куп Италија, но оваа година видов дека има возачи и тимови кои можат уште повеќе. Конкуренцијата е феноменална, освен 27 возачи кои се ангажирани од екипите учеснички, целогодишен ангажман од страна на фабриката ќе добие и поранешниот Ф1 пилот Тимо Глок. Преведено во пракса, две три десетинки можат да значат пет места на стартот, така што фактот дека сум во иста секунда со најдобрите веќе не ме радува како порано. За жал во Силверстоун ќе имаме само еден ден, а не два како во Имола, но ќе се обидеме да поработиме и на квалификациски сет ап, како и на симулација за трка. Најдобрите возачи од Порше Карера Куп Италија ќе бидат дел од новата сезона на Порше Суперкуп, а тоа се ланскит победник Џанмарко Кварезмини, Џорџо Амати и претходниот италијански шампион Симоне Јакинта, додека Киган Мастерс сега ќе му биде тимски колега на Вуков, заедно со Рикардо Пера. Покрај Тимо Глок, во ростерот на возачи ќе биде и мотоциклистичкиот ас, трикратниот светски првак Хорхе Лоренцо. Календарот за 2023 година предвидува осум трки, од кои првата е на автодромот во Имола на 21 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-testira-na-silverstoun/feed/ 0
Вуков ќе ја предводи парадата на Порше низ Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-ja-predvodi-paradata-na-porshe-niz-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-ja-predvodi-paradata-na-porshe-niz-skopje/#respond Mon, 23 Jan 2023 08:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=790528

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков најави дека ќе го смени рангот на првенството, па од Порше Карера Куп Италија ќе оди на највисокото ниво, односно Светскиот Куп што се вози како дел од пропратната програма со Формула 1. Оваа најава беше официјално соопштена на прес конференција кон крајот на ноември, а сега веќе се финализираат детали за промотивните активности во Македонија. – Слично како пред две години, кога по „смирувањето“ на пандемијата беше организирана гала промоција, Вуков ќе го претстави новиот тим на посебен настан за медиумите и покровителите. Но, овој пат ќе има многу повеќе простор за публиката: заедно со официјалниот Порше клуб во нашата земја, ќе има парада на овие автомобили низ улиците на Скопје. За оваа пригода, новиот автомобил на Вуков ќе биде специјално транспортиран од Италија, освен по скопските улици, публиката ќе може одблиску да го разгледа новото тркачко возило кое ќе биде изложено и во еден од најголемите комерцијални објекти (шопинг мол), за што деталите се уште се финализираат и наскоро ќе бидат објавени, информираат од тимот на Вуков. Парадата на Порше низ Скопје ќе се случува во периодот од 10 до 12 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-ke-ja-predvodi-paradata-na-porshe-niz-skopje/feed/ 0
Вуков го оствари најдобриот пласман во тековната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-ostvari-najdobriot-plasman-vo-tekovnata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-ostvari-najdobriot-plasman-vo-tekovnata-sezona/#respond Mon, 04 Oct 2021 06:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=572502

Македонскиот автомобилист, Ристо Вуков, го имаше најдобриот Гран при викенд во двете досегашни сезони од Порше Карера Куп Италија. Тој на патеката „Франчакорта“ крај Бреша го освои 4. Место во втората трка. – На оваа трка двете бодовни категории возеа посебни трки, па ние од најсилната „Про“ категорија броевме 17 возила. За жал, поради моја грешка што не сакам да ја кријам, на квалификациите немав перфектен круг бидејќи се возеше на зајдисонце и бараше возење „на слепо“. Во такви околности не успеав да ја задржам брзината и не можев да ги проценам точките за сопирање, што на крајот ме чинеше една секунда послаб резултат од оној извозен на утринските тренинзи. Сепак, стартот од 17 место не ме разочара, успеав да вратам неколку позиции уште на стартот од првата трка, а потоа и да престигнам дел од ривалите, додека некои во меѓусебни конфликти се елиминираа меѓусебно. Кога ја завршив првата трка на 9 место, знаев дека имам добра шанса да напредувам уште повеќе во втората. Во случајов, на Рико му одеа во прилог правилата дека секој возач стартува од онаа позиција на која што завршил во првата трка, со исклучок на првата шесторка која што ги ротира позициите. – Денешниот ден започна со дожд, но патеката беше доволно гумирана кога дојде време за нашата трка бидејќи цело време имаше активности и се возеше. Поради инцидентите во три наврати на патеката излегуваше возилото за безбедност, а јас се обидував со секој рестарт да дојдам поблиску до водечките. Така стигнав до 4 место, но во последните неколку круга немав доволно брзина за да направам уште еден престигнувачки маневар. Пред мене беше ланскиот првак Симоне Јакинта, кој во неколку наврати предизвикуваше судири со другите возачи кога ќе беа во дуел на патеката. Помислив дека не сакам да ризикувам, бидејќи тоа можеше да значи крај за еден од нас двајцата, но го следев во чекор. За моја несреќа, во финишот тој забрза и не направи ниту една грешка, па така не добив шанса да го поминам. Задоволен сум од овој викенд, резултатот доаѓа во вистинско време по една тешка сезона во која се соочив со многу повеќе проблеми отколку што очекував. Се надевам дека достојно ќе финиширам во втората сезона која ќе заврши со трката на Монца на крајот од октомври, истакна македонскиот автомобилист. Вуков е еден од тројцата возачи меѓу првите десет во генералниот пласман што освоил бодови на сите 10 трки сезонава. Последните две трки од гран при викендот во Монца се на програмата на 30 и 31 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-go-ostvari-najdobriot-plasman-vo-tekovnata-sezona/feed/ 0
Вуков: Се надевам на висок пласман на третиот Гран при викенд во Порше Карера купот во Италија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-se-nadevam-na-visok-plasman-na-tretiot-gran-pri-vikend-vo-porshe-karera-kupot-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-se-nadevam-na-visok-plasman-na-tretiot-gran-pri-vikend-vo-porshe-karera-kupot-vo-italija/#respond Tue, 20 Jul 2021 05:56:18 +0000 https://kurir.mk/?p=538969

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков ја започна втората сезона од настапите во Порше Карера Куп Италија, но и покрај стабилните перформанси во трките, се соочи со големи проблеми во квалификациите. Иако Вуков покажа дека „топ 10“ пласманите за него се реалност и кога стартува од полоши позиции, сепак, неговите аспирации се тој да се замеша и во борбата за повисок пласман поради што во пресрет на новата трка на Имола, тој направи ново тестирање на оваа патека заедно со екипата „GDL Racing“. – Бевме фокусирани на барање на најдобриот можен начин на штелување на возилото, затоа што во Гран при викендите едноставно нема време да се испробаат повеќе нешта. Времето поминато на асфалтната патека е незаменливо со кој било друг тренинг, па во пресрет на трката во Имола чувствувавме дека дополнителен тест ни е мошне потребен. Јас добро се снаоѓав со возилото и со актуелниот сет-ап, но во Муџело конкуренцијата се одвои и покажа дека со поинаков сет ап може да се извадат повеќе перформанси, па тоа едноставно го „запали алармот“ и решивме да преземеме акција. Фокусот беше на подобрување на перформансите, а тоа ултимативно треба да доведе до подобра стартна позиција и поголема конкурентност. Сметаме дека успеавме да пронајдеме нов правец за штелувањето и тоа ни дава одредена доза на оптимизам. Со нетрпение ја чекам новата трка и искрено се надевам дека овој пат нема да бидам лимитиран од конкурентноста на автомобилот за да се борам за повисоки пласмани, изјави Вуков. По четири извозени трки (две во секој гран при викенд), Рико Вуков има 23 бода и се наоѓа на 12 место во генералниот пласман, при што најдобар пласман забележа на втората трка во Мизано, кога беше седми од преку 30 учесници. Ова е трет од шесте гран при викенди во првенството на Порше Карера Куп Италија, а трките почнуваат: в сабота од 19 часот и в недела од 13:15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-se-nadevam-na-visok-plasman-na-tretiot-gran-pri-vikend-vo-porshe-karera-kupot-vo-italija/feed/ 0