РК Охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Oct 2021 19:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png РК Охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Охрид тврд орев за Еурофарм Пелистер https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-tvrd-orev-za-eurofarm-pelister/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-tvrd-orev-za-eurofarm-pelister/#respond Sat, 09 Oct 2021 19:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=576184

Актуелниот македонски вицепрвак Еурофарм Пелистер одигра тежок меч со Охрид, но успеа да си замине со цел плен (25-27) од СРЦ „Билјанини Извори“ во дуел кој се одигра во рамки на шестата рунда. До победата Пелистер дојде со подобрата игра во финишот од вториот дел и пред се благодарение на голманот Марко Кизиќ кој се разбрани кога беше најпотребно. Натпреварот почна со доста добра игра во одбраната на домашниот тим и расположен Брауновиќ. Охрид тргна сериозно, беше 6-4 во 10. минута, а потоа се обезбеди и максимални три гола предност (11-8). Таа позитива домашните ја држеа и до пред паузата, ама Пелистер со мини-серија се врати во натпреварот и на полувреме имаше само еден гол негатива (15-14). Клуч во играта на тимот на Жељко Бабиќ беше максималниот Јосип Периќ кој имаше шест од шест. По долго време битолчани преку Табоада изедначија на стартот на вториот дел (17-17), додека прва предност во дуелот крај езерото гостите обезбедија преку Маџовски (17-18). Потоа откако Кизиќ проработи меѓу стативите и одбраната стана поагресивна, Мандалиниќ и Мараш врзаа два гола и Пелистер за првпат обезбеди комотна позитива (20-23). Во завршните десет минути, Еурофарм Пелистер ја чуваше предноста. Бабиќ реши да игра бавно и тимот да ја чува топката до крајот на нападите, но откако следеше мал пад во играта, Додиќ го врати Охрид во игра (24-25). Никола Маркоски со првиот гол на мечот во 58. минута ја врати позитивата од два гола (24-26), Ристески изнуди пенал за охриѓани кој го реализира Шилегов (25-26). На влезот во последната минута Табоада од тешка позиција низ голманот Брауновиќ погоди за пелистерци и тоа беше голот за победа. Најдобар кај пелистерци беше Јосип Периќ со седум гола, пред Рајнер Табоада со шест, додека Матео Мараш тресеше противничка мрежа пет пати. Марко Кизиќ забележа седум одбрани, од кои четири во второто полувреме. Кај Охрид најистакнати ракометари кај стрелците се Мице Ѓилегов и Стефан Додиќ со по шест реализации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-tvrd-orev-za-eurofarm-pelister/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tragedija-vo-rakometna-makedonija-se-udavi-reprezentativniot-golman-nikola-danilovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tragedija-vo-rakometna-makedonija-se-udavi-reprezentativniot-golman-nikola-danilovski/#respond Sat, 29 May 2021 11:11:57 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516477

Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски. Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало никакви траги од насилство. Според информациите од охридската полиција, тој се водел за исчезнат од синоќа, а по него интензивно ноќва трагале полицијата како и неговите соиграчи и блиски пријатели. Безживотното тело било пронајдено денеска во туристичката населба Лагадин во близина на Охрид. Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга. Даниловски изминативе години беше постојано на репрезентативните списоци на Данило Брестовац и Кире Лазаров, а во својата кариера покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и за Еурофарм Пелистер. фото: ekipa.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tragedija-vo-rakometna-makedonija-se-udavi-reprezentativniot-golman-nikola-danilovski/feed/ 0
Металург немаше проблеми против Охрид https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/metalurg-nemashe-problemi-protiv-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/metalurg-nemashe-problemi-protiv-ohrid/#respond Sat, 22 May 2021 16:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=513777

Ракометарите на скопски Металург без поголеми проблеми славеа над Охрид со 28-24 во 11. коло од ракометната машка Суперлига. Домаќините уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетни од противникот, а по 30. минути игра имаа предност од 15-11. „Металурзите“ во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-24. Василије Калуџеровиќ со седум гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека пет додаде Златко Хорват. Кај поразените натпреаварот со по четири гола го завршија Денис Тот и Филип Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/metalurg-nemashe-problemi-protiv-ohrid/feed/ 0
Охрид го шокираше Металург https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-go-shokirashe-metalurg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-go-shokirashe-metalurg/#respond Wed, 07 Apr 2021 18:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=493920

Ракометарите на Охрид успеаја да го совлдаат скопски Металург со 27:26 во плеј-офот во машката ракометна Суперлига и остварија значајна победа во битката за позициите кои носат пласман во европските купови.
Првото полувреме им припадна на ракометарите на Охрид (15:12), но во вториот дел тимот од Автокоманда успеа да се врати во игра и на 10 минути до крајот водеше имаше предност од три гола (22:25).
Сепак, домаќините во последните минути прво успеаја да ја анулираат предноста, а со голот на Денис Тот на шест секунди до крајот да дојдат до триумф од 27:26.
 
Тот со шест гола беше и најефикасен во редовите на Охрид каде се истакнаа и Андоноски и Блажевски, додека кај Металург Хорват, Додиќ и Поповиќ постигнаа по шест гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ohrid-go-shokirashe-metalurg/feed/ 0
Шест потврдени случаи на Ковид-19 во ракометниот клуб „Охрид“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shest-potvrdeni-sluchai-na-kovid-19-vo-rakometniot-klub-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shest-potvrdeni-sluchai-na-kovid-19-vo-rakometniot-klub-ohrid/#respond Thu, 24 Sep 2020 09:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=407796

Шест члена на Градскиот ракометен клуб „Охрид“ се позитивни на Ковид-19. Според информациите од клубот, сите инфицирани од кои петмина играчи и еден член на Управата на клубот се во добра здравствена состојба, со лесна клиничка слика и се ставени во изолација. Од ГРК „Охрид“ истакнаа дека клубот ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија, со апел истото тоа да го прават и останатите спортски колективи со цел спречување на натамошно ширење на заразата. Во групата А каде се натпреварува „Охрид“ коронавирус е потврден и во други клубови, така што засега се одложени сите натпревари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shest-potvrdeni-sluchai-na-kovid-19-vo-rakometniot-klub-ohrid/feed/ 0