рк пролет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 04:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рк пролет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фер-плеј потег за пофалба: РК Пролет побара РФМ да прогласи победа за РК Бутел во меѓусебниот натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/fer-plej-poteg-za-pofalba-rk-prolet-pobara-rfm-da-proglasi-pobeda-za-rk-butel-vo-megusebniot-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/fer-plej-poteg-za-pofalba-rk-prolet-pobara-rfm-da-proglasi-pobeda-za-rk-butel-vo-megusebniot-natprevar/#respond Tue, 23 May 2023 04:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=837677

Ракометниот натпревар меѓу Пролет 62 и Бутел Скопје заврши со нерешени 23-23, во рамките на претпоследното коло на плеј-офот во Суперлигата. Поради одолговлекување во последниот напад, по досудена пасивност, бутелчани беа казнети со црвен картон за Мирко Мајиќ и пенал за домаќинот. Ракометарот Давор Павлевски го реализираше седмерецот, па мечот заврши нерешено. Од Пролет се огласија со соопштение во кое џентлменски признаваат дека пеналот бил неправедно досуден и побараа од РФМ натпреварот да биде регистриран со 22:23 за Бутел. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Како клуб со традиција долга повеќе од 60 години, наше основно начело отсекогаш бил спортскиот ферплеј и сме се раководеле преку истиот без оглед на моментите резултати шти биле остварувани.Токму поради тоа, непријатно сме изненадени од случувањата во самиот финиш на вчерашниот натпревар меѓу РК Тинекс Пролет 62 и РК Бутел, како и од реакцијата на гостинскиот клуб по неговото завршување. Многу полесно ќе беше мечот да го одиграме в сабота и Бутел да биде без важен играч во своите редови, но постапивме крајно спортски и излеговме во пресрет на нивното барање натпреварот да го закажеме за недела. Начелото на ферплеј и покажување на големина и во победи и во порази е нешто што РК Пролет го красело и се уште го краси, тоа го демонстрираме и во овој случај. По консултациите извршени во рамките на нашиот клуб, наша препорака е жалбата на РК Бутел да биде прифатена и дуелот да биде регистриран со резултат 22-23, поништувајќи го со тоа последниот гол од пенал за израмнување. Грешките се составен дел од секој спорт, па и од ракометот, не сакаме да биде покажувано со прст кон било кој како виновник за финишот од мечот во нашата сала „Македонско Сонце“. Резултатот во случајов не е толку важен колку респектот што треба да се гради меѓу сите чинители во македонскиот ракомет. Затоа што мак-ракометот е многу повеќе од една победа или пораз“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/fer-plej-poteg-za-pofalba-rk-prolet-pobara-rfm-da-proglasi-pobeda-za-rk-butel-vo-megusebniot-natprevar/feed/ 0
РК Бутел поднесе жалба за судењето на мечот против Пролет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-butel-podnese-zhalba-za-sudeneto-na-mechot-protiv-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-butel-podnese-zhalba-za-sudeneto-na-mechot-protiv-prolet/#respond Mon, 22 May 2023 04:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=837177

Пролет и Бутел ремизираа 23-23 во скопската пресметка во претпоследното коло од ракометниот плејоф, меч што ќе остане запаметен по одлуката на судиската двојка Металари – Николовски и пеналот за Пролет во последната секунда, поради наводното задржување на топката на Мајиќ при последниот напад на Бутел. Само за потсетување, истите арбитри за иста ситуација беа критикувани во куп-финалето, Еурофарм Пелистер дури и поднесе приговор што не беше досуден пенал, со црвен картон за Талески, па денеска Металари и Николовски се решија за токму таква одлука иако Мајиќ не направи речиси никаква опструкција по судискиот свиреж. По мечот жалба поднесоа бутелчани. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на скопскиот клуб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-butel-podnese-zhalba-za-sudeneto-na-mechot-protiv-prolet/feed/ 0
РК Вардар со рутинска победа против Пролет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-rutinska-pobeda-protiv-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-rutinska-pobeda-protiv-prolet/#respond Sun, 09 Apr 2023 17:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=822207

Ракометарите на Вардар 1961 им се вратија на победите во плејофот во Суперлигата, односно го заборавија поразот од Алкалоид со сигурно славје над Тинекс Пролет од 25-18, Вардарци беа апсолутни фаворити на овој меч и тоа го потврдија на теренот каде уште во првиот дел се изборија за предност од девет разлика (16-7). Овде стана јасно дека второто полувреме ќе биде само рутина, па домаќините го искористија опуштањето на „црвено-црните“ и успеаа да намалат дел од негативата во вторите 30 минути. Чувара со 8 гола беше најпрецизен, Ќосевски беше автор на пет гола. Кај поразените лидер беше Тотиќ со четири гола погодоци. Во наредното коло Вардар го пречекува Охрид, додека Пролет гостува во Кавадарци кај Тиквеш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-rutinska-pobeda-protiv-prolet/feed/ 0
РК Пролет со книга по повод 60-годишнината од клупското постоење https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-prolet-so-kniga-po-povod-60-godishninata-od-klupskoto-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-prolet-so-kniga-po-povod-60-godishninata-od-klupskoto-postoenje/#respond Sat, 03 Dec 2022 06:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=770448

Ракометниот клуб Тинекс Пролет в понеделник ќе ја промовира книгата „60 Години РК Пролет“, посветена на досегашното успешно непрекинато функционирање на овој спортски колектив, напишана од дел од новинарскиот тим на ЕКИПА.мк. Во неа е искажан убав историски осврт, за почетоците на ракометната игра во Македонија, создавањето на Пролет, битките што се водени на територијата на Југославија, како и предизвиците и успесите на клубот во поновата историја, вклучувајќи ги и неколкуте авантури на Тинекс Пролет во европските натпреварувања. Меѓу останатото, посебен простор е издвоен за „Дванаесетте величествени“, големи играчи кои настапувале или се уште настапуваат за РК Пролет, потоа за женскиот клуб на Пролет, како и за гордоста на РК Пролет – верните навивачи кои со децении наназад се заштитен знак на клубот. Промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет“ ќе се одржи в понеделник со почеток во 12 часот во “Лиса Центар“, населба Ново Лисиче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-prolet-so-kniga-po-povod-60-godishninata-od-klupskoto-postoenje/feed/ 0
Пролет сигурен против Голден Арт https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-siguren-protiv-golden-art/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-siguren-protiv-golden-art/#respond Mon, 05 Sep 2022 20:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=729192

Ракометниот клуб Голден Арт во новата сезона во Суперлигата стартуваше со пораз од Пролет со 23-27 во рамки на Групата Б. Во релативно изедначеното прво полувреме во малата сала „Јане Сандански“, гостите од населбата Мичурин заминаа на пауза со водство од 13-14. Избраниците на тренерот Лембанов го контролираа водството во второто полувреме со од 2 до 4 голови разлика. Голден Арт се обидуваше да се врати, но искуството си го направи своето, па Пролет ја отвори сезоната со победа од 23-27. Репрезентативецот Томислав Јагуриновски со шест голови беше најефикасен кај Пролет, додека во редовите на Голден Арт најмногу се истакнаа Ивица Илиев и Мице Шилегов исто така со по шест голови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-siguren-protiv-golden-art/feed/ 0
Томи Јагуриновски потпиша за РК Пролет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tomi-jagurinovski-potpisha-za-rk-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tomi-jagurinovski-potpisha-za-rk-prolet/#respond Mon, 02 May 2022 20:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=670850

Македонскиот ракометен репрезентативец Томи Јагуриновски е првото засилување на Пролет за наредната сезона, објавија денеска од клубот. Тој доаѓа во скопскиот суперлигаш доаѓа од исландскиот клуб Тор, каде што играше повеќе од солидно под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот претходно во кариерата настапуваше за Металург и за Вардар, а беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП2022. „Презадоволни сме што го договориме трансферот на Јагуриновски, со што ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси низ неговата кариера“, изјави директорот на Пролет, Сашо Огњеновски.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tomi-jagurinovski-potpisha-za-rk-prolet/feed/ 0
Пролет го победи големиот Гранолјерс и достоинствено го заврши настапот во Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-pobedi-golemiot-granoljers-i-dostoinstveno-go-zavrshi-nastapot-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-pobedi-golemiot-granoljers-i-dostoinstveno-go-zavrshi-nastapot-vo-evropa/#respond Sat, 04 Sep 2021 20:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=559462

Ракометарите на Тинекс Пролет направија вистинска сензација и славеа над шпанскиот прволигаш Гранолјерс со 29-27 во вториот меч од квалификациите за Лига Европа. Нашиот претставник во текот на вчерашниот ден загуби со дури 15 разлика (36-21), па многумина очекуваа Гранолјерс денеска ја оствари уште една рутинска, сигурна победа. Шпанците водеа по првиот дел со 14-12, но во вторите 30 минути Пролет го надигра ривалот и на најдобар можен начин, достоинствено го заврши настапот во Европа за оваа сезона. Михаил Аларов одигра извонреден натпревар постигнувајќи седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој голем триумф постигнааа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски. Листата на стрелци кај поразените ја предводеше Хосе Марија со 6 голови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-pobedi-golemiot-granoljers-i-dostoinstveno-go-zavrshi-nastapot-vo-evropa/feed/ 0
Еурофарм Пелистер го доби дербито со Пролет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-go-dobi-derbito-so-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-go-dobi-derbito-so-prolet/#respond Sat, 22 May 2021 19:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=513814

Еурофарм Пелистер го совлада Пролет со 25-21, но благодарение на победата се израмни со Вардар со бодовите иако „црвено-црните“ остануваат на првата позиција поради подобриот резултат во меѓусебните дуели.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Јосип Периќ со девет гола, додека кај Пролет најдобар беше Жарко Пејовиќ со пет погодоци.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-go-dobi-derbito-so-prolet/feed/ 0
Пролет го совлада Еурофарм Пелистер 2 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-sovlada-eurofarm-pelister-2-2/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-sovlada-eurofarm-pelister-2-2/#respond Sat, 08 May 2021 18:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=507701

Екипата на Пролет на домашен терен запиша посакувани бодови, но потешко од очекуваното, откако во подобар финиш славеше над Еурофарм Пелитстер 2 (27-25) во рамки на плеј-офот од Суперлигата. Пролет подобро го отвори натпреварот и во воведните минути лесно ја пробиваше одбраната на младите пелистерци. Токму тоа им донесе предност од три гола по 20 минути игра (9-6), која потоа стана и плус пет (14-8), а до паузата, Пролет беше доминантен и водеше со високи седум гола (16-9). Во второто полувреме гледавме еден нов Еурофарм Пелистер 2, како паузата да им годеше на младите избраници на Јовиќ. Кам-бекот се најави прво со преполовување на негативата (19-16) на 20 минути пред крајот, а во егал се влезе во влезот на последните десет минути кога беше 23-22. По неколку промашени напади на двете страни, Пелистер успеа да дојде до 23-23, па се играше гол за гол до самиот финиш. На 100 секунди пред крајот, домаќинот Пролет имаше 26-25, Јовиќ се обиде со „седум на шест“, а откако Еурофарм Пелистер 2 направи пробивање, голманот на Пролет погоди на празен гол за 27-25 и ги реши сите дилеми околу победникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/prolet-go-sovlada-eurofarm-pelister-2-2/feed/ 0
Еурофарм Пелистер очекувано до лесна победа против Пролет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-ochekuvano-do-lesna-pobeda-protiv-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-ochekuvano-do-lesna-pobeda-protiv-prolet/#respond Wed, 07 Apr 2021 18:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=493928

Битолски Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и го совлада Пролет со 26-17 полувреме (12-6), во дуелот од четвртото коло на машката ракометна Супер лига. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ и Кушан со по пет гола, а кај Пролет се истакнаа Аларов со пет и Андоновски со четири погодоци. Во следното петто коло, за време на викендот, Еурофарм Пелистер му гостува на Металург, а Пролет игра со градскиот ривал Бутел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-ochekuvano-do-lesna-pobeda-protiv-prolet/feed/ 0