РК Вардар1961 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Apr 2023 06:30:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png РК Вардар1961 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 РК Вардар го договори првото засилување за наредната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvane-za-narednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvane-za-narednata-sezona/#respond Sat, 29 Apr 2023 06:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=828885

Македонскиот ракометен шампион Вардар веќе го договори и првото засилување за наредната сезона, откако реши да го ангажира српскиот ракометар Марко Срдановиќ, јавува српскиот весник „Спортски Журнал“. Станува збор за 25-годишен играч кој настапува на позицијата лево крило и кој веќе потпишал договор на „една плус една година“ со македонскиот првак. Во ситуација кога Талески е на излезна врата кон Бенфика, се најавува дека и Дејан Манасков летово ќе го напушти Вардар и ќе се реши за нов ангажман во странство. Срдановиќ најверојатно ќе го заземе местото токму на Манасков. Срдановиќ доаѓа од Металопластика и извесно време помина на калење во тимот на Леотар од Требиње, по што пред три години се врати назад во Шабац и оттогаш е стандарден во таборот на својот тим.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvane-za-narednata-sezona/feed/ 0
Македонскиот ракометен шампион Вардар на 1.јули ќе ги дознае ривалите во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskiot-rakometen-shampion-vardar-na-1-juli-kje-gi-doznae-rivalite-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskiot-rakometen-shampion-vardar-na-1-juli-kje-gi-doznae-rivalite-vo-lsh/#respond Sat, 11 Jun 2022 17:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=689673

Ракометарите на Вардар на 1 јули ќе ги дознаат ривалите за претстојната сезона во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак веќе е пријавен во ЕХФ од страна на Ракометната федерација на Македонија и ќе биде дел од ждрепката што е закажана во Виена на првиот ден од седмиот месец. Досега се познати седум можни ривали на „црвено-црниот“ тим – Магдебург, Кил, ПСЖ, Барселона, Келце, Порто, Динамо Букурешт, а викендов ќе бидат познати уште два по решавачките битки за титула во Унгарија (Веспрем/ПИК Сегед) и Данска (ГОГ Гудме/Алборг). Покрај овие девет екипи, ЕХФ ќе додели и шест вајлд-карти, па кога ќе бидат познати сите учесници, ќе се знаат и шеширите пред ждрепката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskiot-rakometen-shampion-vardar-na-1-juli-kje-gi-doznae-rivalite-vo-lsh/feed/ 0
Анте Гаџа и следната сезона ќе биде дел од Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ante-gadza-i-slednata-sezona-kje-bide-del-od-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ante-gadza-i-slednata-sezona-kje-bide-del-od-vardar/#respond Mon, 21 Mar 2022 17:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=650862

Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961 работи на ростерот за следната сезона и обновува договори со актуелните првотимци, а еден од оние кои парафира нова соработка е хрватскиот бек Анте Гаџа. 29-годишниот ракометар пристигна од ППД Загреб и брзо стана важен дел од екипата. Оваа сезона тој го понесе товарот на позицијата среден бек на повеќето од натпревари поради дефицитот, па доби награда за добрите игри.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ante-gadza-i-slednata-sezona-kje-bide-del-od-vardar/feed/ 0
Словенечкиот репрезентативец Цехте нов ракометар на Вардар 1961 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/slovenechkiot-reprezentativec-cehte-nov-rakometar-na-vardar-1961/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/slovenechkiot-reprezentativec-cehte-nov-rakometar-na-vardar-1961/#respond Fri, 11 Mar 2022 14:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=645536

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на актуелниот македонски првак Вардар 1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап. Словенечкиот десен бек ќе дојде во редовите на „црвено-црните“ од бундеслигашот Хановер. Десниот бек во јануари беше дел од репрезентацијата на Словенија, која настапи на Европското првенство (ЕП) во Унгарија, а го носеше дресот на националниот тим и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место. – Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати, изјави Цехте за клупскиот сајт на Вардар. Тој сподели дека слуша само убави работи за сè што го очекува во новата средина. – Слушнам само убави работи за сè што ме очекува во новата средина, за тренерот, за нивото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и, секако, ќе се бориме. Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се радувам што ќе можам да играм пред таква публика и атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, додаде словенечкиот ракометар. Вардар сезонава обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони и во осминафиналето ќе игра против унгарски Веспрем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/slovenechkiot-reprezentativec-cehte-nov-rakometar-na-vardar-1961/feed/ 0
ЕХФ го откажа мечот Мешков Брест – Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/#respond Sun, 27 Feb 2022 20:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=637631

Воената ситуација во Украина влијае на натпреварите на Вардар во Лигата на шампионите. Клубот доби официјален допис од Европската ракометна федерација (ЕХФ) со кој е информиран дека гостувањето во Брест, кое беше предвидено за 2 март е откажано.
„Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар 1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра. Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека 'сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот'. За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период“, се вели во информацијата упатена на клубот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/feed/ 0
Вардар поразен од Нексе во СЕХА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-vo-seha-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-vo-seha-ligata/#respond Fri, 18 Feb 2022 21:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=633353

Македонскиот ракометен шампион Вардар го забележа вториот пораз во регионалното СЕХА натпреварување откако загуби и на гостувањето кај Нексе со 28:25. Тимот од Нашице многу подобро го отвори натпреварот и ја искористи умореноста на ракометарите на Вардар, па диктираше темпо уште од самиот старт. Халил Јагањац одигра одличен натпревар и заврши како најефикасен стрелец во победничкиот табор со седум гола, додека Вејин застана на шест. Кај вардарци најефикасен беше Куни Моралес кој исто така постигна седум погодоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-vo-seha-ligata/feed/ 0
Важна информација за навивачите на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vazna-informacija-za-navivachite-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vazna-informacija-za-navivachite-na-vardar/#respond Fri, 18 Feb 2022 10:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=633080

Во февруари и март РК Вардар1961 ќе ги одигра последните четири натпревари од групната фаза на лигата на шампионите, а две средби се закажани во салата во СЦ „Јане Сандански” – против ППД Загреб и Елверум. Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за овие две средби од ЕХФ Лига на шампионите почна продажбата на поединечните билети за средбите против ППД Загреб и за Елверум. * Натпреварот Вардар – ППД Загреб е закажан за 23 февруари 2022 во 20,45 часот. * Натпреварот Вардар – Елверум е закажан за 9 март 2022 во 20,45 часот Дозволено е користење на 50 отсто од капацитетот на салата, до максимални 2.750 лица. Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија

(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vazna-informacija-za-navivachite-na-vardar/feed/ 0