роаминг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Oct 2023 14:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png роаминг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-namaluvaneto-na-roaming-tsenite-za-data-podatotsi-so-zemjite-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-namaluvaneto-na-roaming-tsenite-za-data-podatotsi-so-zemjite-od-eu/#respond Sun, 01 Oct 2023 14:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=883873

Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Северна Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји. -Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Северна Македонија. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана. 38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот. Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Воедно, намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, ќе придонесе за поттикнување на развој на бизнисот, туризмот и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Исполнувањето на оваа Декларација е и уште една поддршка од ЕУ, но и силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, наведува Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-namaluvaneto-na-roaming-tsenite-za-data-podatotsi-so-zemjite-od-eu/feed/ 0
Самит ЕУ-Западен Балкан: Потпишан договор меѓу операторите за намалување на роаминг тарифите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-eu-zapaden-balkan-potpishan-dogovor-megju-operatorite-za-namaluvanje-na-roaming-tarifite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-eu-zapaden-balkan-potpishan-dogovor-megju-operatorite-za-namaluvanje-na-roaming-tarifite/#respond Tue, 06 Dec 2022 09:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=771646

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан. По долги преговорите Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите. Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот. На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-eu-zapaden-balkan-potpishan-dogovor-megju-operatorite-za-namaluvanje-na-roaming-tarifite/feed/ 0
Ќе се намалува цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, еве кога https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-se-namaluva-cenata-na-roaming-megju-eu-i-zapaden-balkan-eve-koga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-se-namaluva-cenata-na-roaming-megju-eu-i-zapaden-balkan-eve-koga/#respond Wed, 19 Oct 2022 17:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=747918

Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, беше заклучено денеска на состанокот организиран од ЕК. Првите намалувања на цените се очекуваат веќе во летото следната година. Пред учесниците на средбата се обратија и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, европскиот комесар за внатрешен пазар Тјери Бретон и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу. Роамингот во регионот беше укинат на 1 јули минатата година, по што забележано е зголемување на бројот на корисници на услугите во роаминг за 100%, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг и до 460%. „И покрај мерките за ограничување на патувањето, забележавме значително зголемување на сите показатели за користење на роаминг благодарение на режимот 'роаминг како дома', во однос на појдовни и дојдовни повици, СМС пораки и пренос на податоци“, рече Брегу. Таа изјави дека корисниците во роаминг од Западен Балкан оствариле вкупно 143 милиони минути појдовни повици во 2021 година, или приближно двојно повеќе во споредба со 2019 година. „Минатата година, повторно заедно, почнавме интензивно да работиме со Европската комисија и мобилните оператори за намалување на цените за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан во рамките на отворен, транспарентен, инклузивен консултативен процес кој ги вклучи сите актери, и се надевам дека првите намалувања на цените на роаминг ќе ги видиме веќе во летото 2023 година“, изјави таа за Брегу.
Таа наведе дека целта на процесот, преку реформи во политиките во сите економии на Западен Балкан, е директна придобивка за граѓаните од регионот и ЕУ, но и подобрување на деловното опкружување во Западен Балкан. „Точно е дека намалувањето на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан е покомплексно од укинувањето на роамингот во регионот, но нашите влади го завршуваат својот дел од работата во овој процес и на тој начин испраќаат многу јасна порака за важноста тие се врзуваат за подобрување на деловното опкружување“, заклучи Брегу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-se-namaluva-cenata-na-roaming-megju-eu-i-zapaden-balkan-eve-koga/feed/ 0
ЕУ се договори за продолжување на Уредбата за роаминг за следните 10 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-prodolzuvanje-na-uredbata-za-roaming-za-slednite-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-prodolzuvanje-na-uredbata-za-roaming-za-slednite-10-godini/#respond Thu, 09 Dec 2021 09:29:38 +0000 https://kurir.mk/?p=606010

Преговарачите на државите членки и Европскиот парламент денеска постигнаа договор за новата Уредба за роаминг, што сегашниот систем за користење мобилни телефони во странство без дополнителни давачки го продолжува до 2032 година. Сегашната уредба важи до 30 јуни 2022 година, а новата го продолжува системот без наплата на роамингот за следните десет години. Договорот сега треба и формално да биде ратификуван од Советот и Парламентот. Уредбата за таканаречениот „роаминг како од дома“ се применува од 15 јуни 2017 година, а во него цените за роаминг се одредуваат врз основа на националните цени. Тоа значи дека секој клиент во роаминг во една од земјите на ЕУ и во земјите од Европската економска област Исланд, Норвешка и Лихтенштајн плаќа за услугите според тарифата договорена со неговиот домашен мобилен оператор. Новата уредба на корисниците треба да им обезбеди ист квалитет на услуги што ги имаат во домашната мрежа, но и кога се на пат. Оние кои користат 5G мрежни услуги во нивната земја треба да имаат пристап до таа мрежа каде и да е достапна. Според новата уредба, мобилните оператори ќе треба да ги информираат корисниците за квалитетот на услугите што можат да ги очекуваат при роаминг. За четири и пол години откако стапи во сила сегашната уредба многу корисници се пожалија дека немаат ист квалитет на услуга кога се во странство. Според новата уредба, корисниците ќе добиваат СМС пораки за дополнителни трошоци кога ќе се поврзат на таканречените „неземски мрежи“, што се достапни во авионите и бродовите, а не се опфатени со уредбата за роаминг. Кога корисниците се во авион или во авион, нивните мобилни телефони можат автоматски да се поврзат на „неземска мрежа“ и да направат дополнителни трошоци. Сега операторите ќе треба да обезбедат опција со која се избегнува автоматско поврзување со такви мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-prodolzuvanje-na-uredbata-za-roaming-za-slednite-10-godini/feed/ 0
Западен Балкан од денеска без роаминг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-od-deneska-bez-roaming/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-od-deneska-bez-roaming/#respond Thu, 01 Jul 2021 06:28:36 +0000 https://kurir.mk/?p=530246

Од денеска се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од денеска стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот. Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг. Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за утврдување на максималните цени на роаминг-услугите во јавни мобилни комуникациски мрежи на 25 јуни 2019 година. Со неа се предвидува значително намалување на малопродажните и големопродажните цени на роаминг услугите за корисниците на електронските комуникациски услугите во роаминг кои патуваат во петте земји на Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во меѓувреме, од 1 јули 2019 година заклучно со вчера, беше воведен преоден период во кој операторите за роаминг-услугите можеа да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени. Почнувајќи од денескасе предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодбата, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот. Донесените мерки придонесоа за намалување на цените за роаминг услугите во просек од 83 процент до 99 проценти уште во првата година од примената споредено со претходните цени на малопродажните роаминг услуги во земјите на Западен Балкан. Користењето на роаминг услуги под вакви поволности е регулирано со политики за фер користење и одржливост, пропишани од Агенцијата за електронски комуникации. Целта е да се отстранат можностите за залоупотреба, како и да се задржи одржливоста во финансиското работење на операторите. Со Правилникот донесен од АЕК се уредени детални правила со кои треба да се обезбеди доследно спроведување на политиките за фер користење кои операторите може да ги применуваат врз потрошувачката на регулираните малопродажни роаминг услуги. Исто така, се уредуваат и детални правила за барањето на операторите кои обезбедуваат роаминг услугите да добијат одобрување за примена на дополнителен надомест за роамингот, со цел да се обезбеди одржливост на нивниот домашен модел на наплата. Се уредува и методологијата што Агенцијата треба да ја применува при процена дали операторот кој обезбедува роаминг услуги не е во можност да си ги поврати трошоците од обезбедувањето на регулираните роаминг услуги, како последица на што ќе се наруши одржливоста на неговиот домашен модел на наплата. Според Одлуката на АЕК, од денеска операторите на јавни мобилни комуникациски мрежи во државава за роаминг услуги не можат да применуваат дополнителни надоместоци на домашните малопродажни цени за обезбедување регулирани малопродажни услуги во роаминг. Oператорите може да применуваат политики за фер користење во однос на трошењето на регулираните малопродажни услуги во роаминг со еднакви цени на домашните малопродажни цени со цел да се заштитат од злоупотреби и невообичаена употреба на регулираните малопродажни услуги во роаминг, во согласност со Правилникот за фер користење и одржливост. Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан. Следен чекор се активности за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Од АЕК истакнуваат дека за такво нешто е потребна волја од Европската Унија за потпишување спогодба со нас и оти држава е подготвена. Државава има потпишано одделни меморандуми за намалување на цените на роаминг услугите и со Грција и со Бугарија, но тие не се стапени во сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-od-deneska-bez-roaming/feed/ 0
Со концерт во Отешево ќе се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koncert-vo-oteshevo-kje-se-odbelezi-ukinuvanjeto-na-roamingot-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koncert-vo-oteshevo-kje-se-odbelezi-ukinuvanjeto-na-roamingot-na-zapaden-balkan/#respond Mon, 28 Jun 2021 05:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=528698

Концерт со повеќе групи и ди-џеи од регионот ќе се одржи денеска во Отешево за да се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју“ во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот на РСС, кој е организатор на концертот. На концертот „All-Western Balkans Jam“ што ќе се одржи со поддршка и на Владата на Северна Македонија, ќе настапат С.А.Р.С. од Србија, „Узун Баба ОГ-Сектор 909“ од Северна Македонија, „Урбан Б“ од Косово, „Хелем Нејсе“ од Босна и Херцеговина, „Ди џеј Сарти“ од Албанија и „Ху Си“ од Црна Гора). – Ова е историски успех за Западен Балкан до кој дојде како резултат на преговори што траеја речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година. И од 1 јули, подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, се наведува во соопштението на РСС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-koncert-vo-oteshevo-kje-se-odbelezi-ukinuvanjeto-na-roamingot-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Србија и Грција ќе потпишат договор за укинување на роамингот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-i-grcija-kje-potpishat-dogovor-za-ukinuvanje-na-roamingot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-i-grcija-kje-potpishat-dogovor-za-ukinuvanje-na-roamingot/#respond Thu, 13 May 2021 12:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=509905

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Атина, во пресрет на Економскиот форум Делфи, се состана со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и претседателката на таа земја, Катерина Сакеларопулу, јави допсиникот на МИА од Белград. Како што соопшти српската Влада, по средбите со грчкиот државен врв, Брнабиќ изјави дека Србија и Грција следната недела ќе потпишат договор за укинување на наплатата за роаминг. – Склучивме со Грција договор за роамингот, според кој нашите граѓани кои ќе дојдат во Грција повеќе нема да плаќаат тарифа за роаминг во странство, туку тоа ќе биде локален повик и испраќање СМС пораки, објасни Брнабиќ. Таа изјави дека министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, следната недела ќе допатува во Атина за да го потпише договорот, кој ќе стапи во сила веднаш. – Како Влада, сторивме сè за да им олесниме на граѓаните кои планираат да патуваат во Грција во текот на летото, истакна Брнабиќ, додавајќи дека му се заблагодарила на грчкиот премиер што еднострано ги признале српските дигитални сертификати за вакцинација. Според неа, Грција на 14 мај ќе го отвори граничниот премин Евзони и сите вакцинирани граѓани на Србија ќе можат да влезат во Грција без никакви проблеми и без никаква друга потврда. – Оние кои не се вакцинирани ќе мора да направат негативен ПЦР тест, изјави Брнабиќ. Грчката претседателка Сакеларопулу на средбата со српската премиерка, оценила дека од суштинско значење е перспективата за натамошно ширење на ЕУ кон Западен Балкан, а од Самитот во Солун во 2003 година, тоа е стратешка цел на Грција. Претседателката на Грција истакнала дека тоа е единствениот пат за безбедност, стабилност и развој на регионот, порачувајќи дека Грција ја поддржува европската перспектива на Србија и ќе помогне во сè што може, се наведува на сајтот на српската Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-i-grcija-kje-potpishat-dogovor-za-ukinuvanje-na-roamingot/feed/ 0
НА 1 ЈУЛИ СЕ УКИНУВА РОАМИНГОТ – еве во кои земји Македонците ќе можат да зборуваат поевтино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-1-juli-se-ukinuva-roamingot-eve-vo-koi-zemji-makedoncite-kje-mozat-da-zboruvaat-poevtino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-1-juli-se-ukinuva-roamingot-eve-vo-koi-zemji-makedoncite-kje-mozat-da-zboruvaat-poevtino/#respond Sun, 02 May 2021 11:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=504601

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека на граѓаните, но и деловните субјекти од регионот ќе им остануваат повеќе пари во буџетот, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу. Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ на 1 јули ќе почнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет. Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавена за 1 јули годинава. Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните. – Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, оние што би се потрошиле доколку ги платат тие сметки во регионот поради тарифите за роаминг. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што се зголеми бројот на луѓе кои користат Интернет, туку за време на пандемија сфативме дека се зголеми времето кое луѓето го поминуваат на Интернет, што исто така дава одредена тежина, рече Брегу за Радио Слободна Европа. Забележано е дека младите во регионот сметаат дека олеснувањето на роамингот е корисно како и слободата на движење, поради што, како што рече, тоа ќе биде одлична порака и за нив. Со оглед на тоа што пандемијата влијаеше на економскиот развој на земјите, Советот за регионална соработка проценува дека подобрата соработка меѓу нив може да доведе и до значителни заштеди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-1-juli-se-ukinuva-roamingot-eve-vo-koi-zemji-makedoncite-kje-mozat-da-zboruvaat-poevtino/feed/ 0
Продолжува намалувањето на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-namaluvanjeto-na-cenite-vo-roaming-za-zemjite-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-namaluvanjeto-na-cenite-vo-roaming-za-zemjite-od-zapaden-balkan/#respond Wed, 01 Jul 2020 13:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=366690

Цената за дојдовни повици во роаминг во регионот од денеска дополнително се намалува  од 2,9 денари на 1,5 денари, а согласно Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан што стапи во сила во пред една година, во јули следната година цените во роаминг за разговори и користење податоци целосно ќе се укинат. На денешниот онлајн состанок на министрите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија е заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија,  информира во видеообраќање министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој беше меѓу учесниците на состанокот „Западен Балкан погоден за дигиталното време“ што го организираше Советот за регионална соработка. Како што потенцира, земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг. Нашите граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС пораки за цени пониски и до 99 проценти. Конкретно, 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на мегабајт интернет е 1,9 денари. Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари. Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија, наведе Манчевски. Според генералната секретарка на Советот за регионална соработка  Мајлинда Брегу, примената на договорот во изминатиот перуод е успешна регионална приказана сама по себе и регионот треба да ја повтори оваа формула. -На денешен ден пред една година, почнавме да плаќаме помали телефонски сметки за роаминг од влегувањето во сила на регионалниот договор со кој се намалија цените на услугите за роаминг низ целиот регион (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), во некои случаи за дури 99 проценти. Сообраќајот на роаминг на податоци се зголеми за повеќе од 60 проценти, при што појдовните повици за повеќе од 140 проценти. Затоа сега можеме да разговараме повеќе, да испраќаме повеќе СМС-пораки и да сурфаме повеќе, а во јули 2021 година, шесте економии на Западен Балкан очекуваат да бидат укинати трошоците за роаминг услугите. Тоа е успешна регионална приказна само по себе, рече Брегу. Според резултатите од истражувањето Балкански барометар 2020 година, 35 проценти од граѓаните на Западен Балкан заштедиле пари по стапувањето во сила на договорот за намалување на цените на роамингот.  иИтражувањето покажува дека користењето на интернет е во пораст, при што 69 проценти од граѓаните од Западен Балкан го користат како средство за комуникација.  Седумдесет и осум проценти од бизнисмените во Западен Балкан ги сметаат дигиталните вештини како многу важни за бизнисот, а 55 проценти од нив обезбедуваат некаков вид обука за подобрување на дигиталните вештини на нивните работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-namaluvanjeto-na-cenite-vo-roaming-za-zemjite-od-zapaden-balkan/feed/ 0
Најава за поевтин роаминг со Грција од следното лето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najava-za-poevtin-roaming-so-grcija-od-slednoto-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najava-za-poevtin-roaming-so-grcija-od-slednoto-leto/#respond Thu, 05 Dec 2019 12:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=273769

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. – Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста, доста намалени цени за роаминг со Грција, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/najava-za-poevtin-roaming-so-grcija-od-slednoto-leto/feed/ 0