роберт алаѓозовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Mar 2019 15:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png роберт алаѓозовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали Алаѓозовски излажа на Надзорна во Собрание? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-alagjozovski-izlaza-na-nadzorna-vo-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-alagjozovski-izlaza-na-nadzorna-vo-sobranie/#respond Wed, 13 Mar 2019 15:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=174403

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната надзорна расправа во Собранието на чиј дневен ред беше Годишната национална програма во културата го праша Роберт Алаѓозовски, сегашен координатор за култура во Владата, по која процедура ги донесоа годинешната и ланската Годишна Програма за култура бидејќи и двете се идентично лоши и скандалозни. Патем таа се осврна на случајот кога се доделувале средства од министерството за Култура на невладината во која Алаѓозовски членувал. Дали укинувањето на процедурите ви беше неопходно да си оставите простор да правите што сакате во однос на транспаретното делење на средства, односно во финансирање на ваши другари и соработници, сите обединети под капата на „Јадро“ за кои во програмата во 2018 година во сите дејности одобривте 15 милиони денари?- праша Лашкоска Скандалозно, вие сте еден од основачите на “Контрапункт“ дел од Јадро. Дали за вас ова не е скандалозно директен конфликт на интерес, затоа што најголем дел од парите ги давате за хонорар- посочи Лашкоска. Алаѓозовски обидувајќи се да се одбрани посочи дека не е дел од Контрапункт од 2007 година. Информациите до кои дојдовме го тврдат спротивното, односно Алаѓозовски бил подолг период член на невладината Контрапункт која е посочувана дека добивала пари од државата. Имено од документите на Контрапункт се гледа дека Алаѓозовски бил дел од тимот во периодот од 2014 до 2016 година Алаѓозовски бил надворешен програмски соработник на Контрапункт и безмалку од таа позиција веднаш потоа ја доби позицијата Министер за култура, за сега да ја извршува позицијата Национален координатор за развој на културата во Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-alagjozovski-izlaza-na-nadzorna-vo-sobranie/feed/ 0
Асаф Адеми ја презеде функцијата министер за култура од Алаѓозовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asaf-ademi-ja-prezede-funkcijata-minister-za-kultura-od-alagjozovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asaf-ademi-ja-prezede-funkcijata-minister-za-kultura-od-alagjozovski/#respond Mon, 04 Jun 2018 10:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=62117

Ќе бидам министер за сите, без разлика на нивната етничка, партиска и верска припадност. Ќе се потрудам да креирам унитарен културен идентитет за сите и да градам мостови на културна соработка меѓу сите заедници и сите граѓани во Република Македонија, изјави Асаф Адеми по преземањето на функцијата министер за култура. Тој е прв кадар од Движењето Беса кој станува министер во Владата на Зоран Заев и функцијата ја презеде од својот претходник Роберт Алаѓозовски во кабинетот во Министерството за култура.  За медиумите Адеми изјави дека со Алаѓозовски разменил мислења и идеи за тоа како да се подобри културниот живот во Македонија. - Се согласивме дека сме на вистинскиот пат за евроинтеграција на земјата. Тоа треба позитивно да се одрази и на културниот живот во Македонија и за тоа да се реализира ќе направам максимални напори. Се согласивме и дека културниот живот почнува да се созема по неколкугодишните културни проекти што направија недобри работи во однос на мултикултурниот и мултиетничкиот жвиот во земјава, додаде Адеми. Тој е градежен инженер, досега бил управен директор на канцеларијата на INSCALE Global во Скопје, а има и дипломатска кариера како поранешен амбасадор во  Данска. Адеми и Алаѓозовски не одговараа на новинарски прашања сакајќи денешната средба на примопредавање на функцијата да остане протоколарна. Новиот министер вети соработка и отвореност, а на прашањето што ќе го советува својот наследник, Алаѓозовски одговори дека не би му дал совет затоа што од она што досега го разговарале новиот министер, како што рече, е свесен за ситуацијата во културата и и има заложби да работи во интерес за културниот развој и за остварување на културните потреби на граѓаните. Алаѓозовси нагласи дека културата се наоѓа во реформски процес и од  Адеми очекува политика на континуитет и реализација на донесената Стратегија за културен развој. - Очекуваме нов колективен договор за вработените во културата. Имаме и готов предлог-концепт за нов закон за културата, така што ова е еден вид штафетно примопредавање. Ние со полна брзина ја предаваме работата и сите наши досегашни резултати и процеси на новиот министер и на новиот кабинет и очекуваме дека со истата брзина работата ќе продолжи понатаму. Целта е граѓаните и културните работници да добијат еден современ систем кој во изминатите 11 години знаеме како беше девастиран, изјави Алаѓозовски. Тој го раководеше ресорот култура од 1 јуни 2017, односно од составувањето на Владата на Зоран Заев минатата година.  Соопшти дека останува на висока позиција во Владата како национален координатор за култура, културен развој и интерресорска соработка во културата, позиција која, рече, директно му е одговорна на премиерот за работата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asaf-ademi-ja-prezede-funkcijata-minister-za-kultura-od-alagjozovski/feed/ 0
Реконструкција: Рашковски и Алаѓозовски заминуваат од Владата – Десковска и Николовски од образование и земјоделство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-rashkovski-i-alagjozovski-zaminuvaat-od-vladata-deskovska-i-nikolovski-od-obrazovanie-i-zemjodelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-rashkovski-i-alagjozovski-zaminuvaat-od-vladata-deskovska-i-nikolovski-od-obrazovanie-i-zemjodelstvo/#respond Sun, 06 May 2018 09:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=50572

Драги Рашковски најверојатно си заминува од позицијата Генерален секретар во Владата дознава Press24 од свои извори. Според неофицијалните информации на порталот, во рамките на најавената владина реконструкција неговото место ќе го земе актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски кој својата позиција ќе ја отстапи за да може да влезе во меѓупартиските пазарења. Слично ќе помине и Рената Десковска. Таа ќе го отстапи Министерството за образование и ќе замине во испразнетиот ресор Правда. Најверојатно ова министерство ќе оди за кадар на ДУИ. -Речиси извесно е дека во аут ќе биде и Алаѓозовски па најверојатно и Министерството за култура заедно со образование и земјоделие ќе биде понудено на коалиционите партнери. Премиерот Заев првично најави дека реконструкцијата ќе заврши до крајот на минатиот месец, но разговорите со новите коалициони партнери се уште траат, пишува Press24. Извесно е дека во новата влада ќе влезе ДПА и скопското крило на БЕСА кое според неофицијалните информации бара и ресорно министерство. Се уште не се знае дали таму ќе биде и крилото на Касами. Јасно е дека во новата влада нема да биде Алијансата на Села од партиите во албанскиот политички блок. Во такви услови Заев би можел да го зголеми мнозинството за 7 пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-rashkovski-i-alagjozovski-zaminuvaat-od-vladata-deskovska-i-nikolovski-od-obrazovanie-i-zemjodelstvo/feed/ 0
ФОТО: Алаѓозовски наместо на пратенички прашања си отишол во кафеана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-alagjozovski-namesto-na-pratenichki-prashanja-si-otishol-vo-kafeana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-alagjozovski-namesto-na-pratenichki-prashanja-si-otishol-vo-kafeana/#respond Thu, 26 Apr 2018 13:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=46499

Министерот за Култура Роберт Алаѓозовски не присуствува на денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што на дневен ред се пратеничките прашања до владата од пратениците. Фотографијата до која стигна Лидер покажува дека наместо да оди на седницата и да одговара на пратеничките прашања, министерот Алаѓозовски одлучил да си отиде на целодневно дружење со своите пријатели во кафеана. Инаку, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, најави дека за време на паузите министрите ќе им бидат достапни на пратениците за неформални прашања и разговори. Но, Алаѓозовски воопшто не е во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-alagjozovski-namesto-na-pratenichki-prashanja-si-otishol-vo-kafeana/feed/ 0
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-ponishtuvanje-na-konkursot-za-klasichni-kompozicii-reakcii-alagjozovski-ne-smee-da-bide-minister-povekje-nitu-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-ponishtuvanje-na-konkursot-za-klasichni-kompozicii-reakcii-alagjozovski-ne-smee-da-bide-minister-povekje-nitu-eden-den/#respond Fri, 30 Mar 2018 13:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=34522

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски освен што креира скандали, ништо не прави за културата. Сега министерството поништува конкурс за откуп на класични композиции  за 2017 година, зошто Алаѓозовски на предлогот на надлежната комисија не ставил потпис?! Од министерството за култура велат административен пропуст, но како може да се направи пропуст во процедура. Министерот или воопшто не е  заинтересиран за културата, односно за ресорот кој го води, или не му се допаѓа одлуката на надлежната комисија. Имено, како што соопштува министерството, согласно Законот за култура, Комисијата за разгледување на пријавите од Конкурсот, ги разгледала пријавите и изработила Записник на 29 декември 2017 година во кој ги сумирала резултатите од претходно направената оценка на доставените пријави. На 18 јануари 2018 година истите се објавени на веб – страницата на министерството. Во овој случај, објавените резултати на веб – страницата се всушност предлози на комисијата, а не финални резултати, бидејќи за истите министерот за култура не донел решенија. На ова реагираат личности од фелата. Сони Петровски композитор, диригент и универзитетски професор се огласи во јавноста. Петровски смета по вакво нешто Алаѓозовски треба веднаш да поднесе оставка, ако ова не е виц. А не е, официјално е соопштено на интернет страната на министерството. Реагира и пејачката, Нина Јанева. На својот Фејсбук статус коментира дека со ова само се демотивираат сите во фелата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-ponishtuvanje-na-konkursot-za-klasichni-kompozicii-reakcii-alagjozovski-ne-smee-da-bide-minister-povekje-nitu-eden-den/feed/ 0
Вељановски: Уметниците не смеат да страдаат додека Алаѓозоски се луксузира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-umetnicite-ne-smeat-da-stradaat-dodeka-alagjozoski-se-luksuzira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-umetnicite-ne-smeat-da-stradaat-dodeka-alagjozoski-se-luksuzira/#respond Tue, 27 Mar 2018 13:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=33630

ВМРО-ДПМНЕ на сите театарски работници им го честита 27-ми март Светскиот ден на театарот! За жал, некои театарски уметници кои се ангажирани на сцените на македонските театри, немаат можност да се израдуваат и достоинствено да го прослават денешниот празник, обвинува Роберт Вељановски. -Имено, со доаѓањето на власт на СДСМ, и за само 10 месеци, Владата на СДСМ успеа до крајни граници да ги девалвира и Министерството за култура и сите културните установи во Републиката. Владата на СДСМ ја руши меѓународната репутација на македонската културата и држава воопшто. Скандал без преседан е, Македонската опера и балет со месеци да доцни со исплата на странските уметници кои хонорарно се ангажирани, а во исто време да се трошат илјадници евра на скапи репрезентации по ресторани и хотели. Јапонскиот балетан, Кенто Терашита, е само еден од неколкумината странски уметници кои хонорарно се ангажирани во Македонската опера и балет и на кои три месеци не им е исплатен заработениот  хонорар. Терашита на својот фејсбук профил, разочаран во врска со проблемот при исплатата, праша дали МОБ е професионална институција, дали ова е национална установа и дали оваа ситуација е нормална во Македонија, истакна тој во прес-конференцијата одржана во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој порача дека недозволиво е уметник кој си го исполнил договорот и ја завршил работата за која бил ангажиран да чека со месеци да му биде исплатен хонорарот. -Дополнително скандалозен е фактот што истиот, поради недостиг на материјални средства, не може да оди на лекарски третман, иако е повреден на проба во институцијата која што го ангажирала. ВМРО-ДПМНЕ цени дека скандалозните постапки и процедури при донесувањето на Годишната програма за работа во културата за 2018-та година е главната причината зошто националните установи повеќе од три месеци се оставени без буџетска поддршка и не се во состојба да ги подмируваат елементарните обврски за работа. Алаѓозоски и СДСМ, со своето неодговорно владеење, се директно одговорни за целата штета што ќе ја причинат врз угледот на Република Македонија. Министерот Алаѓозоски ја руши сликата за државата во земјата, но и во странство. Уметниците не смеат да бидат жртви на неодговорноста на министерството раководено од Алаѓозоски. Уметниците не смеат да страдаат додека тој се луксузира. ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали е ова дното на неодговорноста, непрофесионализмот и дилетантизмот на оваа гарнитура во Министерството за култура, заклучи Вељановски. ВМРО-ДПМНЕ бара ресорниот министер да ја понесе комплетната морална и политичка одговорност, не само за овој случај, туку и за целокупните состојби во македонската култура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-umetnicite-ne-smeat-da-stradaat-dodeka-alagjozoski-se-luksuzira/feed/ 0
МОБ не ги плаќа хонорарците, ама затоа министерот троши 9.000 евра за кафиња и се жали – „не ги потрошив сам“! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mob-ne-gi-plakja-honorarcite-ama-zatoa-ministerot-troshi-9-000-evra-za-kafinja-i-se-zali-ne-gi-potroshiv-sam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mob-ne-gi-plakja-honorarcite-ama-zatoa-ministerot-troshi-9-000-evra-za-kafinja-i-se-zali-ne-gi-potroshiv-sam/#respond Mon, 26 Mar 2018 14:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=33238

Македонската опера и балет ангажира лица од странство, но не ги плаќа. Претходно тие редовно ја земаа договорената сума, но не и сега. Практично за последните три месеци МОБ ги заборави сите хонорарци, меѓу кои и странците. Еден од нив е Кенто Тарашита, кој е ангажиран во Македонската опера и балет неколку години и се соочува со овој проблем. Средствата кои му се ветени не му се исплатени воопшто за последните три месеци, односно за декември, јануари и февруари. Дополнително проблемот е во тоа што Тарашита кој е балетски играч се повредил на сценска проба и не може да оди на лекар. Тој за својот проблем пишува и својот Фејсбук профил. -Не можам да верувам ова е професионална институција? Ова е национална институција? Дали е ова нормално во Македонија? Навистина сум разочаран....Ми велат проблем е министерството, пишува тој во својот Фејсбук статус. Дека е проблемот во Министерството за култура, потврдуваат и добро упатени извори во оваа област. Велат министерството е во застој, нема прилив во институциите. И додека нема средства да се исплатат странците кои се ангажирани во МОБ, а очигледно нема ни пари за институциите во конкретниот случај за Македонската опера и балет, министерот Роберт Алаѓозовски потрошил 9 илјади евра по кафеани. Но тој и ги демантира официјалните информации за трошоците и се правда дека  “непрецизно е пренесена сметката од бифето на министерството од околу 430.000 денари“. - Тоа се трошоци од вода и кафе, за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници, реагира Алаѓозовски. Но, кој да потпише за тоа ако не министерот?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mob-ne-gi-plakja-honorarcite-ama-zatoa-ministerot-troshi-9-000-evra-za-kafinja-i-se-zali-ne-gi-potroshiv-sam/feed/ 0
Алаѓозовски: Шпекулации се информациите дека се отстранува Воинот на коњ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/#respond Thu, 22 Mar 2018 11:42:09 +0000 http://kurir.mk/?p=32159

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. - Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев - Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме некој следен споменик, изјави денеска Алаѓозовски по потпишувањето договор за донација од турската агенција ТИКА за Националниот конзерваторски центар. Посочи дека тие одлуки ги носат трезвено и по долга анализа и дека работните групи за проектот Скопје 2014 досега имале изработено неколку елаборати. - Во моментот кога тие ги предаваат своите елаборати во Министерството, ние понатаму сме во координација со другите надлежни институции кои произлегуваат од предлог заклучоците или од она што е напишано во елаборатите и постапуваме понатаму. Во таа смисла, понекогаш ги контактираме и Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Специјалното јавно обвинителство, како и Општина Центар или Град Скопје доколку и тие на некој начин имаат надлежност во однос на елаборатите и се координираме - проверуваме дали се прекршени законите, дали има други прекршувања на законите. Сето тоа бара време, а понекогаш е потребно да се направат дополнителни елаборати во однос на специфична област, рече Алаѓозовски. Елаборатот за споменикот Воин на коњ, рече дека им е пристигнат пред повеќе од два месеца и е препратен до сите надлежни институции што ги посочи, додавајќи дека понатаму ќе постапуваат инспекторите од тие органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ и денес бара под итно да биде повлечена Националната годишна програма на Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-bara-pod-itno-da-bide-povlechena-nacionalnata-godishna-programa-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-bara-pod-itno-da-bide-povlechena-nacionalnata-godishna-programa-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Wed, 21 Feb 2018 12:57:56 +0000 http://kurir.mk/?p=23603

И покрај вчерашниот неуспешен обид и вложениот огромен напор на ресорниот министер за култура, г-динот Роберт Алаѓозовски, со промовирањето на Стратегија и акцискиот план за културата да ја дефокусира пошироката културна јавност во Републиката и притоа да ги релативизира скандалозните решенија во Националната годишна програма за култура за 2018-та година, и притоа да ги амортизира реакциите на културните работници, реакциите не стивнуваат, велиРоберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Скандалозната Годишна програма за култура во целост ја отсликува хаотичната состојба во државата и неспособноста на владејачката гарнитура. Дали децентрализацијата на која се повикува министерството е всушност обид да се поткупи дел од уметничката сцена, што е крајно популистички и тоа не е и не смее да биде национален интерес во културата. Имено, министерството за култура сосема погрешно ја толкува децентрализацијата во културата која, евидентно, има намера да ја спроведе преку дисперзирање на ситни средства за реализација на проекти од крајно локален интерес. Но, дали наменски и неслучајно овие проекти се избрани, за истите да бидат дел од програмите на веќе доделените мега проекти како што се на пример, Опен Струмица и Бит фест Битола?! Дали овие проекти се во организација и реализација на одредени менаџери, култур-трегери и политички партиски активисти кои повторно треба да профитираат врз база на фиктивни и нереални проекти?! Анализата говори дека на овој начин, распределени се околу 200.000 евра или околу 60% од вкупно определени средства во ликовната дејност и кои изнесуват 350.000 евра. Дали поради овие причини, безмалку непознати уметници добиваат илјадници евра, а на бардот на македонската современа ликовна уметност, човекот кој е алфа и омега на концептуализмот, проф. Душан Перчинков, му се доделени, верувале или не, неверојатни 300 евра.?! Дали поради овие причини, Остен Скопје – друштво за новинско издавачка дејност, за 50–тата Светска галерија на карикатури Скопје 2018 и за својот 50 годишен јубилеј има добиено 2.000,000 денари, а за 70 годишниот јубилеј на Националната галерија на Македонија која има во владение три галериски простори, има одвоено само 500.000 денари?! ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали има и ако има, која е поврзаноста на Соња Абаџиева Димитрова, член на Советот за култура при Министерството за култура со Остен Скопје – друштво за новинско издавачка дејност, прашува тој. Вељановски вели дека оваа програма не ги отсликува реалните потреби во културата, истата не е развојна и е насочена кон деградирање на културни установи со повеќе децениско културно живеење, како и фаворизирање на непознати лица, на сметка на професионалните уметници. ВМРО-ДПМНЕ под итно бара да биде повлечена Националната годишна програма на Министерството за култура за 2018-та. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ, поради изготвување и објавување на ваква скандалозна годишна програма, наместо обиди за амортизирање, релативизирање, дефокусирање на јавноста од актуелните проблеми произлезени од програмата, очекува Министерот за култура да понесе полна морална и политичка одговорност! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-denes-bara-pod-itno-da-bide-povlechena-nacionalnata-godishna-programa-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Алаѓозовски за Програмата за култура: Не прикриваме ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-za-programata-za-kultura-ne-prikrivame-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-za-programata-za-kultura-ne-prikrivame-nishto/#respond Tue, 20 Feb 2018 14:40:31 +0000 http://kurir.mk/?p=23312

Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски по бројните реакции за проектите на кои им се доделени пари со Програмата за култура во 2018 година и на барањето и очекувањето од ВМРО-ДПМНЕ да понесе морална и политичка одговорност. Најбурни се реакциите поради доделени средства на шефот на кабинетот на државниот секретар Валмир Азири, но Алаѓозовски на прес-конференција рече дека не може да одговара за поединечни проекти и дека за сите нив важи ставот дека се отворени да примаат известувања за какви било неправилности. - Максимално сме отворени и презедовме храбар чекор затоа што ги објавивме и имињата на добитниците, и доделените и побараните средства. Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност. Расположени сме и упатуваме повик до сите граѓани и вработени во институциите и надвор од нив, доколку имаат сознанија за каква било неправилности да не известат. Ние ќе постапиме согласно процедурите и законите, рече Алаѓозовски на прес-конференција попладнево во Владата на која соопшти дека на тековната седница е усвоена Националната стратегија за развој на културата 2018-2022. Додаде дека се подготвени да преземат и соодветни чекори на одговорност и дека побарале мислење од Антикорупциската комисија, а се отворени и за Јавното обвинителство и за други надлежни институции, ако тоа го побараат од нив. - Комисиите ќе ги преиспитаат сите проекти за кои ќе се утврди неправилност од аспект на замерките кои беа изнесени во јавноста. Некои носители на проекти веќе повлекоа дел од проектите. Остануваме отворени и максимално сме расположени сите неправилности да ги коригираме, рече министерот за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-za-programata-za-kultura-ne-prikrivame-nishto/feed/ 0