Роберт Голоб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 12:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роберт Голоб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-reshenieto-za-kosovo-se-izbori-za-legitimnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-reshenieto-za-kosovo-se-izbori-za-legitimnata-vlast/#respond Thu, 05 Oct 2023 12:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=885588

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека за да се реши кризата во Косово, прво мора да се одржат нови избори за легитимна власт во српските општини, а потоа „да се бара решение за автономијата“ на српското население. Голоб ова го изјави при доаѓањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада и нагласи дека за ова е неопходно „сите да учествуваат на вонредните избори, а тоа значи и српските граѓани“ и рече дека сè што се случи во последните недели е за осуда. - И тоа значи дека меѓународната заедница ги осудува поединците кои навистина стојат зад ескалацијата и вооружените конфликти, а Словенија најостро ги осудува поединците кои ги воделе и учествувале во тие настани, додаде тој. На новинарско прашање дали поради тие настани ЕУ размислува за санкции против Србија, словенечкиот премиер одговори дека за тоа нема дискусија и изјави дека „мора да се биде внимателен, доследен и упорен“. Важно е, како што истакна, „да се утврди вината на поединци и да се намали тензијата додека не се расчисти и да се бара трајно решение“. - Не верувам дека санкциите сами по себе можат да доведат до трајно решение, а доколку тоа е неопходно и ако се усвои единствен став (во ЕУ), Словенија ќе се приклучи кон тоа, заклучи Голоб. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-reshenieto-za-kosovo-se-izbori-za-legitimnata-vlast/feed/ 0
Словенија воведува данок на активата на банките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-danok-na-aktivata-na-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-danok-na-aktivata-na-bankite/#respond Wed, 06 Sep 2023 11:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875184

Премиерот на Словенија Роберт Голоб најави воведување данок на вкупната актива на банките, во времетраење од пет години. - Во цела Европа се воведува ново оданочување, па и Словенија ќе оди во таа насока. Најверојатно во законот за обнова и развој, каде оданочувањето на банките ќе биде 0,2 отсто, изјави Голоб во програмата Одмеви на ТВС. Тој рече дека сите знаат дека банките денес се на некој начин победници, во смисла на екстремни профити, пренесува SEEbiz. Голоб изминативе денови веќе разговараше со министерот за финансии и раководството на банките како да придонесат за санација и реконструкција на подрачјата погодени од катастрофалните поплави пред точно еден месец. „Во овој момент се планира новото оданочување на активите на банките во износ од 0,2 отсто да биде, од една страна, нешто што не го потресува финансискиот систем на Словенија, а од друга страна, тоа значи праведен придонес на финансискиот сектор за обнова и развој на поплавените подрачја“, објасни Голоб. Тој најави дека во следните пет години од тој извор треба да се инкасираат по 500 милиони евра годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-voveduva-danok-na-aktivata-na-bankite/feed/ 0
Голоб: Неколку милијарди евра изнесуваат штетите од катастрофалните поплави во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-nekolku-milijardi-evra-iznesuvaat-shtetite-od-katastrofalnite-poplavi-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-nekolku-milijardi-evra-iznesuvaat-shtetite-od-katastrofalnite-poplavi-vo-slovenija/#respond Tue, 08 Aug 2023 05:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=864418

Штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави премиерот на таа земја Роберт Голоб. Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. - Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра, ги изнесе премиерот последните проценки во програмата на јавната телевизија, јави СТА. Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно „да се направи сè и да се струга секаде каде што е можно“ и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство. Голоб најави дека владата ќе обезбеди пакет помош за директно погодените. „Сакаме денес да им го покажеме на луѓето решението“, рече синоќа премиерот Голоб, додавајќи дека времето за акција не треба да се брои со месеци и години, туку со денови и недели. Неопходно е да се врати довербата на луѓето во државата и иднината, посочи тој. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Шест лица загинаа од петокот, меѓу кои и двајца холандски државјани. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени. Европската Унија понуди тешки машини и инженерски единици. Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-nekolku-milijardi-evra-iznesuvaat-shtetite-od-katastrofalnite-poplavi-vo-slovenija/feed/ 0
Ковачевски – Голоб: Конкретна поддршка за следниот чекор кон ЕУ, соработката на Северна Македонија и Словенија се продлабочува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-golob-konkretna-poddrshka-za-sledniot-chekor-kon-eu-sorabotkata-na-severna-makedonija-i-slovenija-se-prodlabochuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-golob-konkretna-poddrshka-za-sledniot-chekor-kon-eu-sorabotkata-na-severna-makedonija-i-slovenija-se-prodlabochuva/#respond Mon, 03 Apr 2023 09:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=819406

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во рамки на официјалната посета, се сретна со претседателот на Владата на Република Словенија, Роберт Голоб, со кого имаа тет а тет средба, а потоа и билатерален состанок на којшто присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон и министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова Дух, се вели во соопштениеот испратено до медиумите од македонската влада. На состанокот е констатирано дека Република Северна Македонија и Словенија веќе 31 година развиваатискрено и цврсто пријателство, кое што резултира со продуктивна билатерална соработка. Пренесена е јасна поддршка од Словенија за следниот чекор на Северна Македонија во евроинтеграциите, како заслужен напредок и неопходен за стабилноста на регионот и Европа, во геополитички контекст. Поради тоа, изразено е очекување за разбирање на важноста на моментумот и продолжување по европскиот пат. Премиерот Ковачевски рече дека Северна Македонија високо го почитува ангажманот на Словенија во сите важни процеси за нашата држава, при НАТО интеграцијата, кога беше втората земја што го ратификуваше Протоколот за пристапување и посебно при отворањето на пристапните преговори со ЕУ, во јули, минатата година, по 17 години од добиениот кандидатски статус. „Словенија отсекогаш била силен и гласен поддржувач на нашите евроатлантски интеграции и на европските перспективи на Северна Македонија и на Западен Балкан и затоа од исклучителна важност е поддршката и во овие моменти кога е пред нас шансата за зацврстување на европската ориентација, која е од стратешко значење и за целиот регион“, рече премиерот Ковачевски. Владата на Република Северна Македонија, како што потенцираше премиерот Ковачевски ќе продолжи да работи на продлабочување на партнерството со Словенија, за што е доказ и денешното потпишување Заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Словенија, што ќе придонесе за натамошно интензивирање на билатералната соработка. Разговарано е и за успешната економска соработка, за што е доказ унапредувањето на трговијата меѓу двете земји, како и за можностите за проширување на соработката и во други области од значење за граѓаните, како што е енергетиката и дигитализацијата. При тоа разговарано е и за одржување заедничка седница на двете влади во текот на оваа година. На средбата е потенцирана и улогата на Северна Македонија како промотор на културата на дијалог во регионот, којашто со политиките на добро разбирање и дијалог во регионален контекст и со континуитетот во поддршката на европските вредности и поставувајќи се јасно и ефективно на линија на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина и со претседавањето со ОБСЕ, активно придонесува во регионалната стабилност и перспективи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-golob-konkretna-poddrshka-za-sledniot-chekor-kon-eu-sorabotkata-na-severna-makedonija-i-slovenija-se-prodlabochuva/feed/ 0
Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-preku-energetska-solidarnost-i-sinergija-do-zima-bez-restrikcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-preku-energetska-solidarnost-i-sinergija-do-zima-bez-restrikcii/#respond Fri, 15 Jul 2022 09:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=705573

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека енергетската солидарност и изнаоѓање синергија е единствениот начин Европската унија да избегне редукции во текот на престојната зима, а недостигот од руски гас да се компензира преку намалување на негово трошење за производство на електрична енергија. Голоб за телевизијата „ПОП-ТВ“ изјави дека петтина од целата потрошувачка на гас во ЕУ оди за производство на електрична енергија. Доколку членките би обезбедиле струја од други извори за Германија, Италија и Холандија кои се големи потрошувачи на електрична енергија произведена од гас, а за што постојат реални можности, преку паневропска солидарност и синергија отсуството руски гас може да мине без енергетски рестрикции, цени словенечкиот премиер. Словенечката Влада вчера донесе уредба за регулирање на цената на струјата за домаќинствата и за малите деловни потрошувачи од 1 септември, со што тие наредната година ќе плаќаат пониски цени благодарение на намалувањето на дел од даноците и ДДВ за испорачана струја од 22 на 9,9 отсто. Голоб најави дека наредната седмица Владата ќе донесе слична одлука за регулирање на цените на гасот. Тој исто така повика на штедење и рационално користење на енергијата, како и создавање резерви на гориво кај производителите на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-preku-energetska-solidarnost-i-sinergija-do-zima-bez-restrikcii/feed/ 0
Пендаровски на средба со словенечкиот премиер Роберт Голоб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-slovenechkiot-premier-robert-golob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-slovenechkiot-premier-robert-golob/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=697736

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на НАТО Самитот оствари средба со претседателот на Владата на Словенија Роберт Голоб, при што изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план. Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, најпрвин го честитал формирањето на новата словенечка влада, а потоа со соговорникот разговарал за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешно-политичка агенда. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ. На средбата исто така се разговарало и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-slovenechkiot-premier-robert-golob/feed/ 0
Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за избор на новата влада предводена од Роберт Голоб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-izbor-na-novata-vlada-predvodena-od-robert-golob/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-izbor-na-novata-vlada-predvodena-od-robert-golob/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=684665

Словенечкиот парламент денеска ќе одржи седница на која ќе се гласа за новата влада на Роберт Голоб. Се очекува новоизбраната влада денеска да ја одржи првата седница, а мандатарот Голоб да ја преземе премиерската функцијата што досега ја вршеше Јанез Јанша. За избор на новата влада е потребна поддршка на мнозинство од присутните пратеници, кои на јавно гласање ќе се изјаснуваат за новиот владин кабинет во целина. Владината коалиција ја сочинуваат Движењето Слобода, Социјалдемократите и Левицата кои имаат вкупно 53 пратеници во 90-членото Национално собрание. Словенечките медиуми проценуваат дека владиниот состав предводен од Голоб може да смета на поддршката и на пратениците од италијанското и унгарското малцинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-izbor-na-novata-vlada-predvodena-od-robert-golob/feed/ 0
Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада Роберт Голоб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-mandatarot-na-idnata-vlada-robert-golob/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-mandatarot-na-idnata-vlada-robert-golob/#respond Wed, 25 May 2022 07:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=681185

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април. Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец, изјавувајќи дека предвидените процедури за формирање и почетокот на работата на новата влада ќе бидат завршени веќе наредната седмица. По потпишувањето на коалицискиот договор Голоб рече дека брзо биле усогласени целите на работењето на новиот кабинет, но посочи дека со оглед на брзите промени на околностите во иднина ќе биде неопходно постојано прилагодување. „Знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, ќе реагираме на околностите“, рече идниот премиер, наведувајќи ги притоа мерките поврзани со поскапувањето на енергијата и на храната и здравствените мерки со оглед на можен нов бран на Ковид-19 наесен. Се очекува Голоб на собраниската седница да каже повеќе за акцискиот план на идната влада. Новата коалиција смета дека ќе бидат потребни два мандата за да се исполнат сите цели на нивниот договор. Лидерот на Левица Месец по потпишувањето на коалицискиот договор изјави дека последната деценија и пол за Словенија била период на „изгубени можности“ и време на влегување од криза во криза што властите во земјата не успеале да ги решат. „Целите од нашиот коалициски договор се за два мандата, како би можеле за граѓаните да организираме држава каква што заслужуваат“, рече Месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-mandatarot-na-idnata-vlada-robert-golob/feed/ 0
Голоб во иднина ја гледа Словенија како економски напредна, солидарна и праведна држава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-vo-idnina-ja-gleda-slovenija-kako-ekonomski-napredna-solidarna-i-pravedna-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-vo-idnina-ja-gleda-slovenija-kako-ekonomski-napredna-solidarna-i-pravedna-drzava/#respond Thu, 19 May 2022 15:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=679105

Мандатарот за состав на словенечка влада Роберт Голоб денеска изјави дека во иднина ја гледа Словенија како економски напредна, „солидарна и праведна држава“ која ќе се развива според западноевропскиот модел, обвинувајќи ја владата во заминување дека сака да го забави процесот. Зборувајќи за програмата на неговата партија Движење за слобода и координираниот коалициски договор со Социјалдемократите (СД) и Левицата (Л), Голоб за Словенечката телевизија изјави дека пристапот што го зазеле во нивната економска и социјална програма доаѓа од напредните европски земји, а не од „социјализмот, Монголија или Северна Кореја“. – Пристапот што го воведуваме е најнапредниот пристап на скандинавските земји и Западна Европа, а ние сме критикувани од оние кои немаат поим како изгледа модерната западноевропска економија, рече Голоб. Тој ја обвини владата на Јанез Јанша, која наскоро заминува, дека сака да го запре процесот. Голоб го критикуваше маневарот на премиерот во заминување, кој вчера привремено го блокираше усвојувањето на новиот владин закон во парламентот, кој ќе им овозможи на Голоб и коалициските партнери да ги забрзаат стратешките реформи со реорганизација на владините ресори. Така, Голоб привремено (месец и половина или повеќе) ќе мора да ја води владата според стариот закон, без трите нови „министерства за иднината“ неопходни за трансформација и иницирање промени. – Тоа се три нови министерства, министерства за иднината, а ние ги објавивме со нашата изборна програма. Министерството за климатски промени и зелена политика ќе биде ресорот кој ќе се справува со предизвиците на нашите деца и внуци. Мора да го имаме доколку сакаме да ги направиме вистинските чекори. Тука е и Министерството за меѓугенерациски дијалог, односно за солидарна иднина, рече Голоб и додаде дека тоа ќе се занимава со домување за млади и изградба на домови и установи за стари и изнемоштени лица. – Третото министерство за иднината е министерството за високо образование, истражување и иновации и ќе се занимава со генерирање знаење, објасни Голоб. – Кога ќе ги поврземе трите министерства, почнуваме да отвораме нови „зелени“ работни места, да создаваме солидарна и праведна држава. Тоа е суштината на нашата програма, потенцираше Голоб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golob-vo-idnina-ja-gleda-slovenija-kako-ekonomski-napredna-solidarna-i-pravedna-drzava/feed/ 0
Голоб: Арбитражата останува сидро во политиката на Словенија кон Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-arbitrazata-ostanuva-sidro-vo-politikata-na-slovenija-kon-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-arbitrazata-ostanuva-sidro-vo-politikata-na-slovenija-kon-hrvatska/#respond Tue, 26 Apr 2022 14:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=668151

Победникот на неделните парламентарни избори и веројатниот мандатар за состав на новата словенечка влада Роберт Голоб денеска изјави дека арбитражниот договор за границата останува сидро во политиката кон Хрватска. Голоб одговарајќи на новинарско прашање за политиката на идната влада кон Хрватска, со оглед на различниот став за нерешеното гранично прашање во однос на владата на Јанез Јанша, истакна дека новата влада нема да работи како досегашната влада и ќе бара поширок консензус во Парламентот и во идната коалиција. -Но, сигурно е дека арбитражниот договор сè уште останува цврсто сидро од кое немаме намера да се откажеме на кој било начин, наведе Голоб по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор. Хрватската влада смета дека договорот за гранична арбитража е ништовен поради компромитираната постапка, односно дослухот на словенечкиот судија и преговарач во текот на постапката.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golob-arbitrazata-ostanuva-sidro-vo-politikata-na-slovenija-kon-hrvatska/feed/ 0