Роберт Питинџер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Dec 2018 12:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роберт Питинџер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорчев во Вашингтон се сретна со конгресмените Питинџер и Хадсон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-vashington-se-sretna-so-kongresmenite-pitindzer-i-hadson/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-vashington-se-sretna-so-kongresmenite-pitindzer-i-hadson/#respond Thu, 06 Dec 2018 12:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=136509

Пратеникот Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија на САД. На средбите со двајцата конгресмени стана збор развивањето на билатералните односи меѓу САД и Македонија, како земји кои имаат потпишано договор за стратешко сојузништво и партнерство. Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија, влошените енономски индикатори, политичкиот прогон, контролата на институциите од страна на власта и проблемот со слободата на медиумите. Конгресмените Питинџер и Хадсон се заблагодарија за посетата и нагласија дека со внимание ќе ги следат состојбите и случувањата во Македонија. Ѓорчев се заблагодари на приемот, нагласувајќи го долгогодишното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии на десниот центар, споделувајќи заеднички вредности. На крајот, пратеникот Ѓорчев им изрази сочуство на американските конгресмени по повод смртта на поранешниот претседател Џорџ Буш, кој беше голем пријател на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-vo-vashington-se-sretna-so-kongresmenite-pitindzer-i-hadson/feed/ 0