Роберта Мецола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 11:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роберта Мецола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-i-fon-der-lajen-pristignaa-vo-poseta-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-i-fon-der-lajen-pristignaa-vo-poseta-na-izrael/#respond Fri, 13 Oct 2023 11:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=888482

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел. Се очекува Мецола да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа. „Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации“, напиша таа на социјалните мрежи. „Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме - мораме - да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици“, додаде Мецола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-i-fon-der-lajen-pristignaa-vo-poseta-na-izrael/feed/ 0
Мецола: ЕУ треба да се реформира за да функционира со поголем број земји-членки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-eu-treba-da-se-reformira-za-da-funktsionira-so-pogolem-broj-zemji-chlenki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-eu-treba-da-se-reformira-za-da-funktsionira-so-pogolem-broj-zemji-chlenki/#respond Tue, 12 Sep 2023 10:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=877233

Европа мора да биде подготвена за реформи и да прифати дека она што функционира за сегашниот број членки на Европска Унија нема да функционира со поголем број, изјави денеска во Стразбур претседателката на Европски парламент Роберта Мецола. Таа се осврна на потребата од ревидирање на договорот за ЕУ, за кој ЕП се залагаше во минатогодишната резолуција, за да се исполнат очекувањата на граѓаните и предлозите на Конференцијата за иднината на Европа. - Не можам да оправдам дека поминавме година и пол на Конференцијата за иднината на Европа со одлични заклучоци и многу големи изјави, а потоа – ништо. Мораме да бидеме подготвени да прифатиме дека она што некако функционира за 27 (членки), нема да функционира за 32, 33 или 35 и дека мора да бидеме подготвени за реформи, посочи Мецола. Таа нагласи дека не се работи само за заедничка земјоделска политика или за укинување на едногласноста во надворешната политика, туку дека политичарите треба да разберат дека ЕУ е „посилна и побезбедна и политички и економски ако е поголема“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-eu-treba-da-se-reformira-za-da-funktsionira-so-pogolem-broj-zemji-chlenki/feed/ 0
Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-zapaden-balkan-go-zabrza-svojot-pat-za-prikluchuvane-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-zapaden-balkan-go-zabrza-svojot-pat-za-prikluchuvane-kon-eu/#respond Fri, 16 Jun 2023 12:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=846543

Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори. -Политиката за проширување на ЕУ е една од најголемите и трансформативни успеси на ЕУ, многу европејци имаат извлечено корист и придобивки од тоа, потенцираше Мецола. Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели, во овие години се вложени многу енергија и ресурси од страна на ЕУ и од Западен Балкан за да се пронајде заедничко решение. -Постигнат е напредок, но многу често напредокот одеше премногу бавно и имаше многу фрустрации, но таму каде што има волја за помирување има и за пат кој оди напред. Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ, рече Мецола. Посочи дека во Европскиот Параламент и ова е основната цел, како што рече Босна и Херцеговина доби статус на кандидат, додека граѓаните на Косово не треба да имаат визи за да патуваат во земјите од Шенген зоната. -Дали она проширено европско семејство до 2030 година е невозможна мисија? Јас мислам дека е мисија, којашто одамно требаше да се случи и затоа треба да ја наречеме завршена мисија. Европскиот Парламент дава трајна поддршка за сите оние коишто сакаат да станат членови на ЕУ, порача Мецола. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metsola-zapaden-balkan-go-zabrza-svojot-pat-za-prikluchuvane-kon-eu/feed/ 0
Мецола за корупцискиот скандал: Нема да ги туркаме работите под тепих https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=775969

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола пред денешната седница на Европски совет изјави дека Украина останува приоритет, но оти ќе се разговара и за други теми. – Ја поздравувам одлуката за влез на Хрватска во Шенген зоната, но изразувам разочарување што истото не е направено за Бугарија и Романија, истакна Мецола. Таа се осврна и на корупцискиот скандал во кој е вмешана и поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Каили – Тоа е силен удар за демократијата и за сето она што досега го направивме. На овој самит ќе испратам порака дека нема да ги туркаме работите под тепих. Ќе направам сè што можам заедно со моите колеги да го вратиме позиција на Европскиот парламент како дом на демократијата.чиста, транспарентна и не за продажба, посочи Мецола. На денешната седница министрите треба да ја потврдат и препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/feed/ 0
ЕП соопшти дека група поврзана со Кремљ ја презела одговорноста за кибер нападот врз институцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-soopshti-deka-grupa-povrzana-so-kremlj-ja-prezela-odgovornosta-za-kiber-napadot-vrz-institucijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-soopshti-deka-grupa-povrzana-so-kremlj-ja-prezela-odgovornosta-za-kiber-napadot-vrz-institucijata/#respond Wed, 23 Nov 2022 17:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=765534

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола соопшти дека институцијата била подложена на софистициран кибер напад, за кој одговорност презела група поврзана со Кремљ. Претходно денеска ЕП усвои Резолуција со која ја прогласува Русија за држава „спонзор на тероризмот“, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.. Набргу по усвојувањето на резолуцијата, веб-страницата на институцијата стана делумно недостапна. Мојот одговор е: „Слава на Украина“, напиша Мецола на Твитер. Портпаролката на ЕП пр ецизираше дека се прават напори за што побрзо да се надмине проблемот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-soopshti-deka-grupa-povrzana-so-kremlj-ja-prezela-odgovornosta-za-kiber-napadot-vrz-institucijata/feed/ 0
Мецола: На руските лобисти им е забранет пристап до ЕП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-na-ruskite-lobisti-im-e-zabranet-pristap-do-ep/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-na-ruskite-lobisti-im-e-zabranet-pristap-do-ep/#respond Thu, 02 Jun 2022 15:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=685687

На руските лобисти им е забранет пристап до Европскиот парламент, соопшти денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Таа на Твитер истакна дека Европа мора да се заштити од влијанието на Кремљ и пропагандата за војната во Украина поради што на претставници на руски компании отсега им е забранет влез во парламентот. – Не смееме да им дозволиме простор да ја шират својата пропаганда и лажни, токсични наративи за инвазијата на Украина, наведе Мецола. – Ќе останеме обединети и силни против автократите, подвлече таа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-na-ruskite-lobisti-im-e-zabranet-pristap-do-ep/feed/ 0
Мецола: Мора да одговориме на кандидатурата на Украина без колебање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-mora-da-odgovorime-na-kandidaturata-na-ukraina-bez-kolebanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-mora-da-odgovorime-na-kandidaturata-na-ukraina-bez-kolebanje/#respond Mon, 30 May 2022 18:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=683841

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, се сретна со лидерите на ЕУ пред почетокот на самитот и повика на одлучност од страна на ЕУ кон Украина и кон санкциите врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Традиционално, претседателот на Европскиот Парламент им се обраќа на 27-те лидери на земјите членки на ЕУ пред почетокот на самитот. Попладнево тоа и го стори Роберта Мецола, по што се обрати пред медиумите и ги пренесе пораките кои им ги упатила на земјите членки. Мецола инсистираше дека е многу важно до крајот на јуни да се испрати позитивна порака до Украина која неодамна одговори на сите прашања од прашалникот на Европската комисија за добивање кандидатски статус. Комисијата во моментов го подготвува своето мислење кое треба да биде објавено во следните недели. -Изборот со кој сме соочени е дали сакаме Украина да гледа кон Европа или дали сакаме Украина и остатокот од светот да се сомневаат во капацитетот на Европа, немаме друг избор освен да ја приближиме Украина, најлош сигнал би бил да покажеме колебање, рече претседателката на Европскиот парламент. Таа посочи дека позицијата на Парламентот на ЕУ е недвосмислена и позитивна за следните чекори за доделување на кандидатски статус на Украина. На прашање да ги коментира разните предлози од типот на Европска политичка заедница и нивната содржина, Мецола изјави дека е важно да се “отвори вратата за земји кои се борат за она што го претставува ЕУ“. -Што подразбираме под отворање на вратите е дека кога Украина одговара на прашалникот со светлосна брзина, ние треба да одговориме назад ефикасно, и добив осигурување дека тоа ќе се случи на следниот Европски Совет во јуни, изјави Мецола. Претседателката додаде дека пред лидерите ги споменала и Албанија и Северна Македонија, кои не треба да бидат запоставени. Во однос на пакетот санкции врз руската нафта, претседателката на Европскиот парламент изјави дека атмосферата на самитот била позитивна. -Никогаш не е лесно да се усвои пакет санкции, рече Мецола, и истакна дека се јасни специфичностите на сите земји членки, меѓу кои некои се позависни од други од руската нафта, но дека единството на ЕУ не смее да биде оштетено. Продолжувам да бидам оптимист, рече таа. -Беше многу тешко во последните недели, но се надевам дека ќе постигнеме договор кој има “заби“ и ќе можеме да преминеме и на следниот чекор, оваа војна нема наскоро да заврши, и ние мораме да бидеме одлучни, рече претседателката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-mora-da-odgovorime-na-kandidaturata-na-ukraina-bez-kolebanje/feed/ 0
Во Киев средба Зеленски – Мецола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kiev-sredba-zelenski-mecola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kiev-sredba-zelenski-mecola/#respond Sat, 02 Apr 2022 14:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=657428

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска пристигна во Киев и се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Таа вети дополнителна помош од ЕУ во одбраната на Украина. Мецола на Твитер објави фотографија од средбата со Зеленски и „Храброст, сила, решителност“. Таа им се обрати и на пратениците во Врховната рада, при што посочи дека украинскиот народ е херој. Украинскиот народ е херој. Вие се борите за она во што сите ние веруваме: слобода, демократија, владеење на правото. Без овие вредности, нема ништо. Ни требаат построги санкции, истакна Мецола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kiev-sredba-zelenski-mecola/feed/ 0
Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-vo-poseta-na-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-vo-poseta-na-kiev/#respond Fri, 01 Apr 2022 17:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=657123

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија. Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија. – Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев. Мецола и вети три работи на Украина. -Прво, криминалната инвазија на претседателот Владимир Путин на Украина ја доведува Русија во директна конфронтација со Европа, меѓународната заедница и светскиот поредок заснован на правила. Ова не е нешто што ќе му дозволиме да го направи без отпор, изјави таа. -Второ, Европската унија ги препознава вашите европски амбиции и вашите аспирации да бидете земја кандидат. И можете да сметате на целосната поддршка од Европскиот парламент во постигнувањето на оваа цел, додаде таа. -Трето, ќе ви помогнеме да ги обновите вашите градови и места кога ќе заврши оваа незаконска, неиспровоцирана и непотребна војна. Ние веќе обезбедивме финансиска, воена и хуманитарна помош. Тоа ќе продолжи и ќе се зголемува, рече Мецола на заедничкиот брифинг со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада, украинскиот парламент. Стефанчук рече дека разговарал за дополнителни меѓународни санкции против Русија, хуманитарна и воена помош за Украина и процедурите за пристапување во ЕУ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-vo-poseta-na-kiev/feed/ 0
Ковачевски – Мецола: Поддршката на Европскиот парламент е значајна за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-mecola-poddrshkata-na-evropskiot-parlament-e-znachajna-za-proshiruvanjeto-na-eu-so-zemjite-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-mecola-poddrshkata-na-evropskiot-parlament-e-znachajna-za-proshiruvanjeto-na-eu-so-zemjite-od-zapaden-balkan/#respond Fri, 04 Feb 2022 08:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=626821

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Премиерот Ковачевски ѝ го честиташе изборот на Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент (ЕП), и изрази благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ. Ковачевски како особено значајна ја наведе плодната соработка на Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот Жан Моне, преку дискусиите на Мешовитиот парламентарен комитет, како и посветената работа на пратениците на ЕП за напредокот на земјата во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ. За време на разговорот во Европскиот парламент, претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на Владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ. На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на Европската Комисија, и беше нагласено дека Северна Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на Европскиот парламент за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-mecola-poddrshkata-na-evropskiot-parlament-e-znachajna-za-proshiruvanjeto-na-eu-so-zemjite-od-zapaden-balkan/feed/ 0