робињо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Mar 2023 10:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png робињо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот му забрани на Робињо да го напушти Бразил по затворската казна за силување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-mu-zabrani-na-robino-da-go-napushti-brazil-po-zatvorskata-kazna-za-siluvane/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-mu-zabrani-na-robino-da-go-napushti-brazil-po-zatvorskata-kazna-za-siluvane/#respond Sun, 26 Mar 2023 10:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=816520

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо доби забрана да го напушти Бразил додека судот не донесе одлука дали поранешниот фудбалер може деветгодишната затворска казна за силување, која му е изречена во Италија, да ја отслужи во својата татковина. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер сити е осуден во Италија на казна затвор од девет години за групно силување девојка на прослава на нејзиниот 23. роденден во ноќен клуб во Милано. Случајот датира од 2013 година кога Робињо настапуваше за Милан. Робињо се жалеше на повеќе судски инстанци, но Врховниот суд на Италија му ја потврди деветгодишната казна, а италијанските обвинители издадоа меѓународен налог за негово апсење. Бразил, меѓутоа, нема закон за екстрадиција на свои државјани, па Италија побара Робињо казната затвор да ја отслужи во родната земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-mu-zabrani-na-robino-da-go-napushti-brazil-po-zatvorskata-kazna-za-siluvane/feed/ 0
Италија распиша меѓународна потерница по Робињо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-raspisha-megjunarodna-poternica-po-robinjo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-raspisha-megjunarodna-poternica-po-robinjo/#respond Tue, 15 Feb 2022 14:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=631728

Италијанското обвинителство после еден месец откако беше потврдена девет годишната затворска казна за силување за бразилската легенда Робињо, официјално распиша меѓународна потерница, но поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Милан тешко дека ќе биде екстрадиран на Апенините, освен ако не го напушти Бразил. Робињо беше осуден на девет години затвор за силување на млада Албанка во Милано во 2013 година додека играше за „росонерите“, а пред еден месец Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда, но Италија не може да го добие Робињо за одлежување на казната, зашто нема договор за екстрадиција со Бразил, кој свои државјани не ги екстрадира во други земји. Италијанците се надеваат дека Бразил ќе го уапси Робињо врз база на пресудата и дека поранешната ѕвезда ќе ги одлежи годините затвор во својата земја, но засега од тоа нема ништо, па сега е распишана меѓународна потерница со која Бразилецот би бил уапсен секаде ако ја напушти својата татковина. Робињо беше еден од неколкумината силувачи кои ја нападнале младата девојка во еден ноќен клуб и ја силувале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-raspisha-megjunarodna-poternica-po-robinjo/feed/ 0
Престојот на Робињо во Сантош траеше само 6 дена https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prestojot-na-robinjo-vo-santosh-traeshe-samo-6-dena/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prestojot-na-robinjo-vo-santosh-traeshe-samo-6-dena/#respond Sat, 17 Oct 2020 08:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=417466

Емоционалното враќање на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо во Сантош требаше да значи дека напаѓачот ќе ја заврши кариерата во неговиот матичен клуб, но тој си замина и дури не одигра еден натпревар. Двете страни потпишаа договор до февруари пред само 6 дена, а денес го раскинаа по заедничка согласност. Причината е што Робињо е обвинет во случај за групно силување. Во 2017 година, тој беше осуден на 9 години затвор од италијански суд. Обвинението е кривично дело од 2013 година. Инцидентот се случил во дискотека во Милано, каде Бразилецот и петмина негови пријатели силувале 22-годишна жена од Албанија. Робињо го користи своето право на жалба, а главната причина што не е во затвор е тоа што Бразил има закон со кој се забранува екстрадиција на своите граѓани. Ова значи дека дури и казната да остане каква што е, јужноамериканската нација ќе мора да ги смени своите закони за да го испрати Робињо во Италија – нешто што веројатно нема да се случи. Враќањето на 36-годишниот напаѓач во Сантос не беше поздравено ниту од навивачите, ниту од спонзорите на клубот. Иако се согласи да игра за само 230 евра месечно, поранешниот играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Гуангжу Евергранде, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Истанбул Башакшехир го раскина договорот и неговиот четврти престој во Сантош заврши неславно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prestojot-na-robinjo-vo-santosh-traeshe-samo-6-dena/feed/ 0
Детали за злосторството: Робињо се смеел додека ја силувал младата Албанка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/detali-za-zlostorstvoto-robinjo-se-smeel-dodeka-ja-siluval-mladata-albanka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/detali-za-zlostorstvoto-robinjo-se-smeel-dodeka-ja-siluval-mladata-albanka/#respond Fri, 23 Feb 2018 14:56:10 +0000 http://kurir.mk/?p=24313

Славниот бразилски фудбалер, 34-годишниот Робињо, неправосилно е осуден на 9 години затвор поради брутално групно силување на 22-годишна девојка од Албанија. –Робињо покажал апсолутен презир кон жртвата додека ја изложувал на понижувања и тешко сексуално насилство, се наведува во пресудата. Образложението на пресудата за злосторството во кое покрај Робињо учествувале уште пет силувачи, го објавила италијанската новинска агенција “ANASA”. Во него се откриваат низа грозни детали за кои на по девет години биле осудени Робињо и Рикардо Галко, додека идентитетот на преостанатите четворица не е познат. Инцидентот се случил во еден ноќен клуб во Милано, на 22. февруари 2013. година. Судот во Милано во ноември минатата година му одредил казна на Робињо поради “сексуален напад и групно силување”. Според пресудата, Робињо покажал целосен презир кон младата жена. Ја понижувал и вршел тешко сексуално насилство. Бразилецот во текот на инцидентот гласно се смеел и така дополнително покажал целосна негрижа за состојбата во која се наоѓа жртвата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/detali-za-zlostorstvoto-robinjo-se-smeel-dodeka-ja-siluval-mladata-albanka/feed/ 0