роботика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 11:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png роботика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средношколци од Кочани 15-ти на Светското првенство по роботика во Мароко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/#respond Wed, 24 May 2023 11:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838196

Тимот „МакБот Пионери“ од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани, кој беше македонски претставник на Светското првенство по роботика, во исклучително силна конкуренција го освои 15. место. На првенството од First Lego лигата, што се одржа во градот Маракеш во Мароко, учествуваа вкупно 66 тимови од 54 држави во светот, а нашите претставници во севкупна конкуренција беа меѓу најуспешните. - Горди сме со нашиот пласман, особено што во конкуренција ни беа многу силни тимови од Бразил, Јапонија, Германија, Франција. Станува збор за земји кои вложуваат големи финансиски средства за опрема и обука на натпреварувачите, но ние докажавме дека и покрај скромните услови можеме да се носиме со зададените задачи и предизвици во роботиката и да постигнеме добар успех. Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминатите денови во дружењето со тимовите од целиот свет, од различни култури, стекнавме нови пријателства и знаења. Благодарни сме што Општина Кочани и повеќе наши сограѓани и компании ни помогнаа да го доживееме натпреварувачкиот дух и достојно да го претставиме училиштето, градот и нашата земја и култура, истакна Спирко Златков, директор на СОУ „Гошо Викентиев“. Темата на годинашното Светското првенство по роботика беше „Супер моќни“, а сите учесници се натпреваруваа во изработка на проект, претставување на проектот, дизајн на робот и роботска игра. Тимот „МакБот Пионери“ во сите четири дисциплини покажал одлични познавања, за што добил писмено признание од организаторот. Учениците од Кочани беа севкупни победници на Државниот натпревар по роботика што минатиот месец се одржа во Штип, а го организираа Академијата за роботика и иновации и Универзитетот „Гоце Делчев“. Со тоа се стекнаа со право да ја претставуваат државата на меѓународниот натпревар во Мароко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkoltsi-od-kochani-15-ti-na-svetskoto-prvenstvo-po-robotika-vo-maroko/feed/ 0
Натпревар во роботика за средношколци на ФЕИТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/#respond Wed, 30 Nov 2022 13:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=768902

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна Третиот натпревар во роботика и електроника ROBOMAC Junior 2022 наменет за средношколци, кој ќе трае до 2 декември. Организатор на натпреварот е ФЕИТ во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE. Учествуваат 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта во земјава, поделени во две категории: ROBOMAC Junior – Автономна мобилна роботика и ROBOMAC Junior – Паметна електроника за автономни возила. Весна Ојлеска-Латкоска од ФЕИТ изјави дека покрај натпреварувачките активности, учесниците ќе имаат можност да следат и неколку предавања со популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката што ќе ги одржат професори и експерти во областа. -Натпреварувачкиот дел, пак, е осмислен во две категории и соодветно според областа во која се натпреваруваат кај средношколците се зголеми и интересот за роботика, автоматика и вештачка интелигенција, односно за паметните електронски системи кои се основа на системите со вештачка интелигенција, изјави Ојлеска-Латкоска. Организаторите на натпреварот појаснија дека средношколците ќе имаат можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер и во него да се внесе одредено ниво на интелигенција. Организатор на првата натпреварувачка категорија е Институтот за автоматика и системско инженерство при ФЕИТ, а учесниците ќе се натпреваруваат во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање и сл.). Институтот за електроника, кој е организатор на втората натпреварувачка категорија, за учесниците ќе обезбеди можност практично да работат со вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори и драјвери за нив, како и софтвер, да развиваат и имплементираат свои алгоритми за интелигентно водење. Учесниците во оваа категорија ќе се натпреваруваат во развој на алгоритам за извршување специфична задача и негово имплементирање во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа. Сите учесници и ментори ќе добијат благодарници за учество, а на најдобрите ќе им бидат доделени медали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/natprevar-vo-robotika-za-srednoshkolci-na-feit/feed/ 0
ТРЕТИ ВО СВЕТОТ – Македонски средношколци се враќаат со бронзени медали од светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treti-vo-svetot-makedonski-srednoshkolci-se-vrakjaat-so-bronzeni-medali-od-svetskiot-natprevar-po-robotika-first-global-challenge-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treti-vo-svetot-makedonski-srednoshkolci-se-vrakjaat-so-bronzeni-medali-od-svetskiot-natprevar-po-robotika-first-global-challenge-foto/#respond Mon, 17 Oct 2022 13:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=746549

Од 13 до 16 октомври во Женева се одржа шестото издание на светскиот натпревар по роботика за средношколци „FIRST Global Challenge“. Овогодинешната тема на натпреварот беше решавање на проблемот со зголеменото ниво на јаглерод диоксид во атмосферата со помош на STEM. Оваа година Македонија по втор пат патуваше за FIRST и имаше можност да учествува во натпреварот и постигна многу добар резултат, си доаѓаат дома со бронза добиена во финалните игри со алијансите. Робот кој се прави со месеци, овие деца го направија за 8 дена. Тимот на Република Македонија го сочинуваат 5 средношколци (Виктор Ванчов, Јаков Спировски, Горијан Стаматовски, Горазд Петковски и Горјан Анѓушев) предводени од два ментори (Алма Кецап - официјален претставник на FIRST во Македонија и Ален Куљеван - технички ментор). Да се биде трето место од 180 држави во светот е голем успех за државата, и поттик за идните млади генерации за интерес околу роботиката и STEM едукацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treti-vo-svetot-makedonski-srednoshkolci-se-vrakjaat-so-bronzeni-medali-od-svetskiot-natprevar-po-robotika-first-global-challenge-foto/feed/ 0