рочишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Oct 2020 06:58:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рочишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува рочиштето за казните на членовите на Златна зора, пред судот повторно закажани протести https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-rochishteto-za-kaznite-na-chlenovite-na-zlatna-zora-pred-sudot-povtorno-zakazani-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-rochishteto-za-kaznite-na-chlenovite-na-zlatna-zora-pred-sudot-povtorno-zakazani-protesti/#respond Mon, 12 Oct 2020 06:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=415217

Судот во Атина, денеска се очекува да ги соопшти одлуките околу барањата на адвокатите за олеснителните околности и ублажувањето на казните, а потоа да започне процесот за одредување на конечните казните, паралелно со рочиштето, повторно се закажани протести, јави дописничката на МИА од Атина. На претходното рочиште, во петокот, адвокатите на осудените членови на Златна зора, завршија со презентацијата на нивните аргументи во барањата за ублажување на казните. По соопштувањето на одлуката дали ќе бидат земени предвид олеснителните околности што ги бараат адвокатите или не, ќе следи и предлогот на обвинителката за казните, по што збор повторно ќе имаат адвокатите, а на крај, откако членовите на судскиот совет ќе одржат состанок, ќе бидат соопштени конечните казни за осудените за криминална организација. Со оглед на тоа дека станува збор за долг процес, не е исклучена можноста казните да бидат соопштени или доцна вечерва или утре, на ново рочиште. Никос Михалољакос, лидерот на партијата и шест поранешни пратеници, откако во средата беа прогласени за виновни за водење криминална организација се соочуваат со затворска казна од пет до 15 години, додека пак 43 други членови на Златна зора, меѓу кои и 11 поранешни пратеници се виновни за учество во криминална организација и може да добијат од пет до десет години затвор. Доколку се земат предвид олеснителните околности, казната затвор за водење криминална организација, може да се намали од две до осум години, а за учество од една до пет години. Меѓу осудените е и поранешниот пратеник од Златна зора, а сега независен европратеник Јанис Лагос, кој преку социјалните мрежи најави дека од Брисел доаѓа во Атина за да присуствува на денешното рочиште, но и најави протест под мотото „И ние имаме глас. Да не одат во затвор националистите“. Протестот беше закажан за 9 часот наутро, меѓутоа од Министерството за цивилна заштита на Грција, соопштија дека конкретниот собир за поддршка на осудените од Златна зора ќе биде забранет поради „непосредна сериозна опасност по јавната безбедност“. Другиот протест, оној против Златна зора, се очекува да се одржи регуларно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-rochishteto-za-kaznite-na-chlenovite-na-zlatna-zora-pred-sudot-povtorno-zakazani-protesti/feed/ 0
Судовите остануваат потенцијално жариште на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudovite-ostanuvaat-potencijalno-zarishte-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudovite-ostanuvaat-potencijalno-zarishte-na-koronavirusot/#respond Fri, 20 Mar 2020 13:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=319503

Судовите во Македонија остануваат потенцијално жариште на коронавирусот, бидејќи наместо да престанат со работа и да се водат само најитните судења, денеска објавија листа со броеви  на предмети на судии кои ќе се одржат во следните 30 дена. -Кривичниот суд- Скопје, постапувајќи по препораките на Владата и Судскиот совет, како превенција од ширење на корона вирусот ја објави листата со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваaт во следните 30 дена, доколку се исполенти сите услови за тоа, информираа денеска. Листата може да ја погледнете на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudovite-ostanuvaat-potencijalno-zarishte-na-koronavirusot/feed/ 0
Штипскиот суд ги одложи рочиштата поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskiot-sud-gi-odlozi-rochishtata-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskiot-sud-gi-odlozi-rochishtata-poradi-koronavirusot/#respond Mon, 16 Mar 2020 07:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=317049

Основниот суд во Штип ги одложува закажаните рочишта поради новонастанатата ситуација со коронавирус. Во петокот, судиите едногласно донеле заклучил дека се одложуваат закажаните рочишта од 16 до 24 март, освен неколку судења по итни предмети. -Присутните судии едногласно донесоа заклучок за одложување на закажаните рочишта во периодот од 16.03.2020 година заклучно со 24.03.2020 година, со исклучок на рочишта по предмети кои во смисла на чл.72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од скоро застарување на постапката, информираат од Судот во Штип. Слични мерки поради коронавирусот веќе донесоа некои земји од регионот. Намален капацитет на работа на судовите, освен за итни случаи, е одлука донесена во Србија. Претходно вакви мерки се донесени во Грција, Албанија, Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskiot-sud-gi-odlozi-rochishtata-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Нови рочишта за „Маџар телеком“, „Трезор“, „Монструм“ и „Транспортер“ на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-madzar-telekom-trezor-monstrum-i-transporter-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-madzar-telekom-trezor-monstrum-i-transporter-na-sjo/#respond Wed, 27 Mar 2019 06:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=179261

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Маџар телеком“, „Трезор“, „Монструм“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а од неодамна случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. На денешното рочиште треба да бидат сослушани сведоците Слободан Богоевски и Борче Давитковски. За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија, бидејќи Владата била акционер. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот „Транспортер“. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-madzar-telekom-trezor-monstrum-i-transporter-na-sjo/feed/ 0
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-monstrum-tarifa-i-trista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-monstrum-tarifa-i-trista/#respond Fri, 22 Mar 2019 06:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=177401

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Тарифа“, „Монструм“ и „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.
Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра. Во Кривичниот суд треба да се одржи и ново рочиште за повтореното судење за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи. Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење. Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-monstrum-tarifa-i-trista/feed/ 0
Мешаница по судовите: Груевски денеска на две, а неговите адвокати на три судења во ист термин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meshanica-po-sudovite-gruevski-deneska-na-dve-a-negovite-advokati-na-tri-sudenja-vo-ist-termin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meshanica-po-sudovite-gruevski-deneska-na-dve-a-negovite-advokati-na-tri-sudenja-vo-ist-termin/#respond Mon, 05 Nov 2018 09:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=123539

Барањето за поголема динамика на предметите од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева направи вистинска мешаница по судовите. Се закажуваат судења во ист ден ист час, а судиите воопшто не се искоординирани и се натпреваруваат помеѓу себе чие рочиште е поважно, поприоритетно и не смее да се откажува. Денеска Никола Груевски мораше да присуствува на рочиштето за предметот „Општина Центар“, а во исто време беше закажан и предметот „Титаник". Обвинетиот Мумир Пепиќ пак, требаше да го напушти судењето за Титаник и со својот адвокат Еленко Миланов да оди на рочиштето за 27 април, но судијата Осман Шабани не дозволи Пепиќ да ја напушти судницата, па бранителот Миланов отиде сам да го презакажува судењето кај судијата Добрила Кацарска. Адвокатите буквално трчаа од новата до старата зграда и обратно, поднесувајќи до советите барања за откажување на некои од рочиштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meshanica-po-sudovite-gruevski-deneska-na-dve-a-negovite-advokati-na-tri-sudenja-vo-ist-termin/feed/ 0
Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-tenk-i-nasilstvo-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-tenk-i-nasilstvo-vo-centar/#respond Wed, 12 Sep 2018 05:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=99589

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ и раздвоените постапки за „Тенк“ и „Насилство во општина Центар. На минатото рочиште за „Титаник“ во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година беа преслушани 122 „бомби“. За овој предмет досега во судот преслушани се вкупно 243 „бомби“, додека за случајот СЈО има предложено 1.063 „бомби“, 191 сведок и 5.910 материјални докази. Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на СЈО. На претходните рочишта беа сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година. Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во Судот денеска треба да се одржи рочиште и за раздвоената постапка во предметот „Насилство во Центар“ за седмообвинетиот Димче Крстев. Покрај него во овој предмет обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште осум други лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-tenk-i-nasilstvo-vo-centar/feed/ 0
Во Кривичен нови рочишта за Тенк, Т.Н.Т., Трезор и Тревник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-novi-rochishta-za-tenk-t-n-t-trezor-i-trevnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-novi-rochishta-za-tenk-t-n-t-trezor-i-trevnik/#respond Mon, 10 Sep 2018 05:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=98626

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. На претходното рочиште беа изведени писмени докази. Пред почетокот на судењето адвокатот од одбраната Боро Тасевски побара изведувањето на материјалните докази да се врши со нивна презентација за разлика од претходно кога се читаа само наслови од листата на докази. Според одбраната, барањето има за цел сите суштински да се запознаат со материјалните докази. Јавниот обвинител Стефчо Донев  рече дека ваквиот предлог има за цел само да се одложи постапката, посочувајќи дека одбраната не ја спори содржината на материјалните докази, туку само начинот на презентација. Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор. Во Кривичен денеска ќе се одржат рочишта и за предметите Т.Н.Т, Трезор и Тревник. Предметот „ТНТ“ е за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. „Трезор“ се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од околу 770 илјади евра со набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој се наоѓа во Грција. За случајот „Тревник“, пак, обвинети се Драган Павловиќ - Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри. Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-novi-rochishta-za-tenk-t-n-t-trezor-i-trevnik/feed/ 0
Нови рочишта за „Тенк“ и „Тарифа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-tarifa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-tarifa/#respond Wed, 05 Sep 2018 05:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=96437

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. На вчерашното рочиште беа сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година. Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-tarifa/feed/ 0
Нови рочишта за „Тортура“ и „Тенк“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tortura-i-tenk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tortura-i-tenk/#respond Wed, 13 Jun 2018 07:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=65239

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, каде обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски, за што одбраната достави медицинска документација. Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи и рочиште за раздвоената постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. За овој случај Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tortura-i-tenk/feed/ 0