родилка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 13:19:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png родилка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Формирана комисија за стручен надзор за случајот со родилката која се обиде да се самоубие на ГАК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-komisija-za-struchen-nadzor-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-komisija-za-struchen-nadzor-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/#respond Fri, 07 Jul 2023 13:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=854061

На барање на министерот за здравство Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, која скокна од првиот кат на Гинекологија. Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерството за здравство соопшти дека Комисијата е составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од Министерството и има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. -По добивање на извештајот  од стручен надзор, јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ, соопшти Министерството за здравство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-komisija-za-struchen-nadzor-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/feed/ 0
Детали од вонредните инспекциски надзори: Што точно се случувало со родилката пред да се обиде да се самоубие на ГАК? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=853733

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК) преку соопштение информира за извршените вонредни инспекциски надзори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат: Во врска со информацијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршените вонредни инспекциски надзори на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и на Клиниката за психијатрија, во врска со родилката која на 02.07.2023 година имаше обид за самоубиство скокајќи од првиот кат на ЈЗУ У ГАК-Скопје, информираме: Пациентката која се породи на ден 28.06.2023 година на ЈЗУ У ГАК-Скопје, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш е видена од стручно лице за ментално здравје – психолог магистер по клиничка и советодавна психологија, кое е стручно лице вработено на ЈЗУ У ГАК-Скопје за проценка на вакви состојби. По извршениот разговор со стручното лице не е нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид. Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден е креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред испис. Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар. Со оглед на тоа што ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, минатата година Клиниката за гинекологија и акушерство во соработка со Клиниката за психијатрија иницираше изработка на Студија за проценка на перинаталното ментално здравје. Од студијата се заклучува дека ваква симптоматологија пројавуваат дури 72% од испитаничките во перинаталниот период, а истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар. Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојува на ЈЗУ У ГАК-Скопје (01 и 02.07.) не е рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба. Пациентката на ден 01.07. направила и соодветен контакт со бебето, што е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид. На ден 02.07. поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати е посетена и е извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно е креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што беше планирано да се случи на ден 03.07.2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-vonrednite-inspektsiski-nadzori-shto-tochno-se-sluchuvalo-so-rodilkata-pred-da-se-obide-da-se-samoubie-na-gak/feed/ 0
Меџити: Уште се работи на извештајот од инспекцискиот надзор на Гинекологија, ќе го разгледаме и споделиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=853019

Уште се работи на извештајот на инспекцискиот надзор на Гинекологијата, но ќе барам да го разгледаме и споделиме, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити одговорајќи на прашањето за родилката која се обиде да си го одзеде животот. Тој најави дека ќе работат на мерките на воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост, како превенција на вакви настани. -Мислам дека уште се работи на извештајот на Инспекцискиот надзор, но ќе го барам, ќе го разгледаме и ќе го споделиме. Ќе бидете известени во моментот кога ќе добиете таков извештај, изјави Меџити по промоција на отворањето на Центар за остеопороза и промоција на нов апарат за дензитометрија во ГОБ „8 Септември“. Прашан дали размислува да ги зајакне болниците со психолози по овој настан, Меџити посочи дека ќе продолжат да работат на превенција, а планираат да направат програма за психолошко советување на бремените жени. -Ние никогаш не можеме вакви настани да предвидиме. Сепак станува збор за многу комплексни и сензибилни настани. Ќе треба повеќе да работиме на превенција. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост. Тоа е една од мерките која планираме да ја спроведеме. Не знам дали ќе биде бесплатно, ќе видиме како ќе се организира, но ќе има кампањи за ова, рече Меџити. Инаку, во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот. - Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопштија вчера од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/feed/ 0
ПОВРЕДЕНИ Ѝ СЕ ПРШЛЕНИТЕ, ГРАДНИОТ КОШ И ГЛАВАТА? Еве во каква моментална состојба е родилката која скокна од прозор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeni-se-prshlenite-gradniot-kosh-i-glavata-eve-vo-kakva-momentalna-sostojba-e-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeni-se-prshlenite-gradniot-kosh-i-glavata-eve-vo-kakva-momentalna-sostojba-e-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/#respond Tue, 04 Jul 2023 11:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=852510

Не е променета здравствената сосотојба на 39-годишната родилка од Скопје, која во неделата вечерта скокна од прозорец од први кат на Клиниката за Гинекологија и акушерство, објави плусинфо Таа сѐ уште се бори за живот на КАРИЛ и е во тешка здравствена состојба и покрај извршената операција, по падот од зградата, информираше ГАК. Неофицијално, родилката има тешки повреди на вратниот ‘рбет, градниот кош и главата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов врши вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за гинекологија. – По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана – велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeni-se-prshlenite-gradniot-kosh-i-glavata-eve-vo-kakva-momentalna-sostojba-e-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/feed/ 0
Доктор Лазаров: Како здравство и општество многу малку посветуваме внимание на постпородилната депресија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/#respond Mon, 03 Jul 2023 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=852216

На интензивна нега во многу критична состојба е 39 годишната родилка која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија. Директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска информираше дека пациентката во два наврати се пожалила на вознемиреност, но дека тоа не е прва појава кај родилките. По овој случај се огласи доктор Ненад Лазаров кој смета дека како здравство и како општество малку или воопштво не се посветува внимание на постпородилната депресија. -Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество. Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето. Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1000 раѓања а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба, вели доктор Лазаров.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/feed/ 0
Директорката на ГАК откако родилка се обиде да се самоубие: На сите нас ни треба психијатар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-gak-otkako-rodilka-se-obide-da-se-samoubie-na-site-nas-ni-treba-psihijatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-gak-otkako-rodilka-se-obide-da-se-samoubie-na-site-nas-ni-treba-psihijatar/#respond Mon, 03 Jul 2023 13:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=852153

„Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките. Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија“. Ова го истакна директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, по обидот за самоубиство на родилката. -За жал пациентката е во многу критична состојба, сега зборував со директорката на КАРИЛ која е во моментов дежурна. Пациентката не сакала да го дои бебето, била лесно вознемирена, но тоа не е првпат да се случува. Зборувавме со директорот на психијатрија да доаѓа некој лекар оттаму еднаш неделно за почеток за да разговара со мајките, но не знам како ќе го прифатат пациентките. Многу пати пациентките се повредени кога им велиме да разговараат со психолог, изјави д-р Викторија Јовановска. Триесет и девет годишната родилка била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба. Пациентката во петокот и вчера се пожалила на вознемиреност и извршен бил разговор со клинички психолог. Ноќта околу 21:30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-gak-otkako-rodilka-se-obide-da-se-samoubie-na-site-nas-ni-treba-psihijatar/feed/ 0
Место да купиме куќа, јас ти купувам ковчег: Потресна исповед на сопругот на родилката (27), која починала од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesto-da-kupime-kukja-jas-ti-kupuvam-kovcheg-potresna-ispoved-na-soprugot-na-rodilkata-27-koja-pochinala-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesto-da-kupime-kukja-jas-ti-kupuvam-kovcheg-potresna-ispoved-na-soprugot-na-rodilkata-27-koja-pochinala-od-kovid-19/#respond Sat, 08 Jan 2022 19:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=617061

„Ангелу мој, врати се. Мила моја. Ми останаа децата без мајка. Ми роди здрава ќерка и си замина “,изјавил Богдан Пауновиќ, сопруг на бремената Маја Пауновиќ од Заечар, која почина вчера утрото откако се породи на интензивна нега во Ниш. „Прв почина нејзиниот дедо. Откако се подготвија за погребот, на Маја и се појави температура. Отиде на лекар, испи панцеф и витамини, беше дома два дена и потоа ја испратија во Ниш. Таа сè уште не беше влезена во деветтиот месец кога се породи. На децата им е потребна мајка повеќе од што било друго, наместо да се држиме заедно и да уживаме и да создаваме за нашите деца, јас сега морам да бидам сам на тоа патување и не знам како ќе одам без неа. Таго моја, ангелу мој, место да купам куќа, јас ти купувам ковчег “, рече Богдан. Маја на свет донесе здраво бебе Милица тешко два килограми и 200 грама. Ова е нејзино второ дете, а нејзиниот син Лука има 3,5 години. Таа и нејзиниот сопруг многу се радувале за приновата, но, за жал, се случила оваа голема загуба. „Во секој манастир беше прочитана молитва за нејзиното здравје, а во манастир и дознав дека мојата Маја повеќе ја нема. Последен пат се слушнавме вчера. Пред тоа, кога се слушнавме, таа ми рече дека бебето е истиот Лука и дека не треба да му купуваме ништо на бебето додека не излезе од болница. Мајка е светиња и не знам како ќе продолжам сам без неа “, додаде Богдан. Локалните жители ја паметат Маја како весела, љубезна, добра личност, која секогаш со насмевка ги дочекувала и испраќала муштериите. Според Универзитетскиот клинички центар Ниш, Маја била пренесена на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивно лекување во понеделникот, 26 април, поради прогресивно влошување на респираторната функција и многу тешка општа состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mesto-da-kupime-kukja-jas-ti-kupuvam-kovcheg-potresna-ispoved-na-soprugot-na-rodilkata-27-koja-pochinala-od-kovid-19/feed/ 0
Филипче се огласи за случајот со родилката во Тетово со некроза на матка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-oglasi-za-sluchajot-so-rodilkata-vo-tetovo-so-nekroza-na-matka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-oglasi-za-sluchajot-so-rodilkata-vo-tetovo-so-nekroza-na-matka/#respond Mon, 27 Dec 2021 11:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=613583

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека прво треба да се направи анализа за случајот во кој родилка од Тетово со некроза на матка заврши во Скопје, да се изврши увид и стручен надзор, а се што ќе добијат како документ, како што најави, ќе биде соопштено јавно. – За секој еден од случаите, каде било, дали се работи за болница во Тетово или ширум државата, апсолутно сме биле и до сега, а верувам така и ќе продолжи, транспарентни за било што да се испита. За секој случај за кој ќе стигне пријава или забелешка се оди по патот кој што е вообичаен, а тоа е прво да се направи надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тоа е процес во кој се анализираат документите, дали се запазува административната процедура и потоа врз основа на тоа се утврдува употреба на стручен надзор, кој го извршува Лекарската комора или Министерството за здравство, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање, по посета на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир. Тој напомена дека се што ќе стигне како документ ќе објават јавно. Филипче додаде дека експертите се независни и обично доаѓаат од други институции, не од институција каде што има ваков случај, и додаде дека верува во експертизата на кој било од колегите. Во однос на ситуацијата на Клиниката за пулмологија во Скопје, каде пациент синоќа ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, предизвикувајќи пожар, Филипче нагласи дека ова е нешто што ни укажува дека сите треба да бидеме одговорни. – Ова е сепак нешто што ни укажува дека сите ние сме одговорни. Имало пациент кој запалил цигара. Среќа имало лица кои интервенирале и се спречила трагедија. Секој од нас треба да биде одговорен во оваа ситуација во однос на постапките, рече Филипче. Тој додаде дека во собата имало и други пациенти, но не се повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-se-oglasi-za-sluchajot-so-rodilkata-vo-tetovo-so-nekroza-na-matka/feed/ 0
СВЕДОШТВО НА РОДИЛКА ОД ТЕТОВО: Ме чуваа со некроза на матка, повраќав фекалии, докторката ме испрати во Скопје со зборовите: „Ако не ја примат, не ми ја враќајте тука“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/#respond Wed, 22 Dec 2021 12:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=611627

Нов траорен скандал ја тресе Македонија. Имено, Дона Неделковска, млада тетовка преку својот Фејсбук профил ја објави страшната приказна низ која поминала во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово. Како што раскажува таа, имала закажано царски рез на 1 јули во болница во Тетово во 7 часот наутро, целата возбудена не ни почуствувала всушност каков хорор ја очекувало наредниот период.
- 1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази, објаснува Неделковска.
Таа вели дека четвртиот ден ситуацијата и станувала се полоша. Молела за помош и конечно некој се смилувал да викне некој постручен и да и стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.
- Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген - со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, појаснува младата родилка.
Дона Неделковска напиша дека бебето за прв пат си го видела после 12 дена, а излегла од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можела да се движи сама, не можела да се бања сама.
- Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота, додава младата родилка во својот Фејсбук пост.
По објавувањето на оваа тажна приказна, Државниот здравствен и санитарен инспекторат се вклучува со свој вонреден инспекциски надзор. Како што дознава „Слободен печат“ од свои извори, инспекцијата ќе биде пратена по допрен глас. Пред нецела година, бевме сведоци на едно слично траорно искуство на родилката Јелдиз Веаповска од Дебар на на која директорот на болницата во Струга, и извадил здрави органи, а во неговиот дом беше пронајдена дива ординација. https://kurir.mk/makedonija/vesti/trogatelno-svedoshtvo-na-rodilkata-koja-ostana-bez-nekolku-organi-po-poroduvanjeto-vo-struga/ Тогаш лекарската комора не најде пропуст на Мухамед Асани, а истото го објави и Mинистерството за здравство со што се отвара простор за сомнеж дека целиот случај некој се обидува да го заташка. Заменик потпретседателот на Лекарската комора, Илбер Бесими става потпис на документот кој вели дека немало лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Вториот човек на Комората, Илбер Бесими е братучед на министерот за финасии, Фатмир Бесими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-rodilka-od-tetovo-me-chuvaa-so-nekroza-na-matka-povrakjav-fekalii-doktorkata-me-isprati-vo-skopje-so-zborovite-ako-ne-ja-primat-ne-mi-ja-vrakjajte-tuka/feed/ 0
ПОЧИНА 26. ГОДИШНА РОДИЛКА: Ова се деталите за здравствената состојбата во која се наоѓала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochina-26-godishna-rodilka-ova-se-detalite-za-zdravstvenata-sostojbata-vo-koja-se-naogjala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochina-26-godishna-rodilka-ova-se-detalite-za-zdravstvenata-sostojbata-vo-koja-se-naogjala/#respond Sun, 14 Nov 2021 13:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=595351

Министерството за здравство со жалење инормира дека синоќа на ЈЗУ СБГА "Мајка Тереза" - Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено. Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochina-26-godishna-rodilka-ova-se-detalite-za-zdravstvenata-sostojbata-vo-koja-se-naogjala/feed/ 0