родилки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Nov 2022 16:59:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png родилки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките низ земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dm-drogerie-markt-donira-nad-1-6-milioni-denari-za-podobri-uslovi-za-rodilkite-niz-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dm-drogerie-markt-donira-nad-1-6-milioni-denari-za-podobri-uslovi-za-rodilkite-niz-zemjata/#respond Tue, 08 Nov 2022 16:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=757583

Компанијата dm донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат“ - Гостивар, ЈЗУ Општа болница - Охрид, ЈЗУ Клиничка болница - Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје. Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а кои што сега ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.
„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во која што делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и на здруженија. Годинава го започнавме проектот за обнова и за подобрување на условите во гинеколошко-акушерските оддели на клиниките во Македонија кои се важен дел од здравствениот систем. Во првата фаза од овој проект опфативме пет клиники од кои две во Скопје и по една во Гостивар, Штип и во Охрид. Нашата цел е проектот да го продолжиме во повеќе клиники низ државата. Општествениот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија“ велат од dm drogerie markt.
Опремата и апаратите се веќе испорачани и ќе бидат на располагање во петте јавни клиники низ Македонија. dm drogerie markt е познат кај широката јавност како компанија што е заснована и која што целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во која што работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во проекти од најразлични области. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dm-drogerie-markt-donira-nad-1-6-milioni-denari-za-podobri-uslovi-za-rodilkite-niz-zemjata/feed/ 0
Анализа: Зголемена смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња за време на пандемијата во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-zgolemena-smrtnosta-kaj-rodilki-i-sluchai-na-mrtvorodeni-bebinja-za-vreme-na-pandemijata-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-zgolemena-smrtnosta-kaj-rodilki-i-sluchai-na-mrtvorodeni-bebinja-za-vreme-na-pandemijata-vo-svetot/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:11:47 +0000 https://kurir.mk/?p=490711

Смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња се зголеми за една третина за време на пандемијата на Ковид-19. Анализата на податоците од 40 студии спроведени во 17 земји низ светот покажува дека рестриктивните мерки против коронавирусот, нарушувањата на здравствената заштита кај идните мајки и стравот на родилките да ги посетуваат болниците ги зголемија ризиците за бремените жени и тоа придонесе за влошување на показателите за родилките и новороденчињата. „Пандемијата на Ковид-19 имаше големо влијание врз здравствените системи“, вели професорката Асма Калил, коавтор на студијата на Универзитетот „Сент Џорџ“ во Лондон. „Ова доведе до смртни случаи на родилки и бебиња што можеле да се избегнат, тие се забележуваат главно во семејства со ниски и средни примања“, рече таа. Резултатите од анализата беа објавени во списанието „Lancet Global Health“. Студијата откри не само општо влошување на стапката на смртност кај новороденчиња и родилки, туку и влошување на психичкото здравје на бремените жени. Анализата не се однесува на директните влијанија на Ковид-19 врз бременоста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-zgolemena-smrtnosta-kaj-rodilki-i-sluchai-na-mrtvorodeni-bebinja-za-vreme-na-pandemijata-vo-svetot/feed/ 0
ЦРН КОВИД ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА: Починаа две млади родилки, едното бебе во критична состојба! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-kovid-den-vo-makedonija-pochinaa-dve-mladi-rodilki-ednoto-bebe-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-kovid-den-vo-makedonija-pochinaa-dve-mladi-rodilki-ednoto-bebe-vo-kritichna-sostojba/#respond Wed, 31 Mar 2021 11:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=490242

Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава Плусинфо. Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба. Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-kovid-den-vo-makedonija-pochinaa-dve-mladi-rodilki-ednoto-bebe-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0
Родилките и мајки на деца до шест години утре на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/#respond Wed, 16 Sep 2020 05:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=403782

Од следната среда, односно на 23 септември на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа. Согласно владината одлука на работните позиции од 23 септември се враќаат и хронично болните, со исклучок на лицата, кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Родилки и мајки на деца до шест годишна возраст најавија протест утре пред Владата, против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на работа. Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести. Реагираа и самохраните родители, кои преку здружението Една може нагласија дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а оваа категорија била изоставена и за нив не биле креирани индивидуализирани пакети на мерки. Голем број самохрани родители останале без работа, дел поради тоа што биле дел од неформалниот пазар на трудот, друг дел, како што наведуваат, ги загубиле работните места поради несензибилност на приватниот сектор и немањето разбирање за оние кои немаат опција за чување на децата. – Трет дел дури сега ќе ги изгубат работните позиции, овој пат поради тоа што на четвратата седница на Влада на Република Македонија одржана на токму оние кои треба да работат и земаат плата од сите граѓани на републикава, донесоа одлука која се коси со здрав разум: „Сите – читај вклучително и самохраните родители, се враќаат на работа од 23 септември – среда, иако учебната година е претумбана да почнува од октомври 2020 година. Од октомври учебната година физички ќе се одвива само од 8:30 до 10:30 часот, порачуваат од Една може. За министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нема ништо спорно во одлуката на Владата. Таа смета дека мерката за отсуство од работа на родителите на деца до шест години и на оние со продолжено породилни отсуство станало беспредметно со отворањето на градинките. – Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгуби својата смисла, изјави вчера Шахпаска. Таа оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шестгодишна возраст во работниот процес од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата. Во однос на одлуката на Владата за прекин на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата. Вчера беше забележан прв случај на дете заразено со коронавирус. Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје. Детето е на 15-месечна возраст. Шахпаска вчера информираше дека детето престојувало во градинката само еден час на 9 септември, а на 14-ти родителите ги известиле вработените во установата дека детето е позитивно на Ковид-19. Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Скандал: Докторка од Охрид лекувала несовесно и продавала ампули на родилки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/#respond Fri, 22 Dec 2017 12:40:11 +0000 http://kurir.mk/?p=778

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишна докторка од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела “несовесно лекување болни од страна на лекар“. Како што информираат од МВР, во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни семејства им продавала ампули за полесно породување. При тоа им наплаќала износи во готово, без да им издаде сметка за извршеното плаќање. На тој начин пријавената се стекнала со материјална корист од 19.300 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/feed/ 0