родос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 17:01:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png родос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Укината е вонредната состојба на Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinata-e-vonrednata-sostojba-na-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinata-e-vonrednata-sostojba-na-rodos/#respond Fri, 28 Jul 2023 17:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=861267

На Родос е укината вонредната состојба која беше прогласена на територијата на грчкиот остров девет дена по избувнувањето на пожарот кој предизвика големи штети. Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции, Александар Сеничиќ, во изјава дадена до медиумите рече дека животот на Родос се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа зафатени од пожарот. „Жителите на Родос, кои херојски се справија со тешкотиите во овие тешки денови, заедно со грчката држава со нетрпение очекуваат да продолжат да даваат услуги и единствено гостопримство за странските туристи“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinata-e-vonrednata-sostojba-na-rodos/feed/ 0
Превентивни евакуации во грчката област Магнисија, на Родос гори веќе десетти ден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-vo-grchkata-oblast-magnisija-na-rodos-gori-veke-desetti-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-vo-grchkata-oblast-magnisija-na-rodos-gori-veke-desetti-den/#respond Thu, 27 Jul 2023 06:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=860524

Поради пожарот што изби вчера во близина на градовите Волос и Велестино во областа Магнисија во централна Грција, во текот на ноќта имаше превентивни евакуации на неколку населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот, вчера животот го загубија две лица, во два одделни случаи на две различни локации. Паралелно, во Грција се уште сѐ активни пожарите на островите Родос, Крф и Евија. На Родос гори веќе десетти ден, меѓутоа ситуација е значително подобрена во споредба со изминатите денови, додека пак на Евија и Крф пожарите речиси и да се ставени под контрола, иако се уште горат одредени помали жаришта Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос вчера рече дека за 24 часа во земјата имало 61 нов пожар и истакна дека вчерашниот ден беше најтежок летово. Посочи дека во битката со огнената стихија помагаат пожарникари и средства од 11 земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-vo-grchkata-oblast-magnisija-na-rodos-gori-veke-desetti-den/feed/ 0
Прогласена вонредна состојба на Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-na-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-na-rodos/#respond Wed, 26 Jul 2023 11:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=860200

Поради пожарите што деветти ден се активни на Родос и предизвикаа огромна материјална штета, веќе на целиот остров е прогласена вонредна состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, минатата седмица била прогласена вонредна состојба во четири општини, додека пак денеска, со одлука на Генералниот секретар за цивилна заштита било одлучено да се прогласи и во останатите шест општини на островот. Пожарот на Родос и понатаму е активен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-sostojba-na-rodos/feed/ 0
Пожарите вон контрола, продолжува битката со огнените јазици на Крф и Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/#respond Wed, 26 Jul 2023 07:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=860084

Уште една ноќ, пожарникарите и волонтерите на грчките острови Родос и Крф се бореа со огнената стихија, со оглед на тоа што пожарите сѐ уште се вон контрола, а од рано утрово повторно интервенираат и воздушните средства, јави дописничката на МИА од Атина. На Родос пожарот е активен веќе деветти ден, а вчера огнените јазици беа многу блиску до села во југоисточниот дел на островот. Слична е ситуацијата и во северниот дел на островот Крф, каде што во текот на вчерашниот ден имаше неколку разгорувања на активните жаришта во близина на населени места, кои превентивно беа евакуирани. На Евија, рано утрово состојбата со пожарот е значително подобрена. Во гаснењето на пожарот во јужниот дел на островот, вчера кусо пред 15 часот се урна грчки Канадер, а животот го загубија двајцата пилоти на возраст од 27 и 34 години. Поради трагичниот настан во грчката армија е прогласена тридневна жалост, а премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис ја одложи официјалната посета на Кипар закажана за денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharite-von-kontrola-prodolzhuva-bitkata-so-ognenite-jazitsi-na-krf-i-rodos/feed/ 0
ВИДЕО: Туристи споделуваат потресни снимки од Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-turisti-spodeluvaat-potresni-snimki-od-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-turisti-spodeluvaat-potresni-snimki-od-rodos/#respond Wed, 26 Jul 2023 06:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=860073

Грчките пожарникари веќе седум дена се борат со шумските пожари на Родос. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис рече дека „земјата е во војна“ и оти тој е целосно насочен на гаснење на пожарите. Предупреди дека претстојат уште тешки денови. На Тикток во меѓувреме се споделуваат емотивни снимки од грчкиот остров. Повеќе стотици пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола пожарите, но топлината и ветерот ја отежнуваат ситуацијата. Многу туристи кои биле на Родос кога избувнал пожарот споделуваат слики и видеоснимки од островот коишто се навистина потресни.
@metasara #rhodeisland #prayforrhodos #rhodesfire #greece🇬🇷 #firefighter #2023 ♬ original sound - 🎧<𝟛
„Нашиот прекрасен остров умира“, „Погледнете колку беше убав и мирен овој остров. Сега умира“ - гласат дел од коментарите. Околу 20.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови и хотели на Родос викендов, бидејќи огнениот пекол што почна да се шири пред една недела, ги зафати и одморалиштата на брегот. Огнот изгоре големи површини и оштети и уништи голем број згради.
@vbaudler Evacuation😖#rhodesfire #vacation #evacuation #prayforrhodes ♬ watch - 🦋
Грција често е погодена од пожари во летните месеци, откако климатските промени придонесоа за поекстремни топлотни бранови низ југот на Европа, а се зголемуваат и стравувањата дека туристите во иднина ќе ги заобиколат овие дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-turisti-spodeluvaat-potresni-snimki-od-rodos/feed/ 0
Тројца македонски државјани се на Родос каде беснеат пожари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-makedonski-drzhavjani-se-na-rodos-kade-besneat-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-makedonski-drzhavjani-se-na-rodos-kade-besneat-pozhari/#respond Tue, 25 Jul 2023 11:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=859823

Министерството за надворешни работи информира дека во врска со пожарите кои ја зафатија Грција,  заклучно со денешниот ден тројца државјани на Македонија ја контактирале македонската Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос. Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Од МНР уште еднаш упатуваат апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја. За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-makedonski-drzhavjani-se-na-rodos-kade-besneat-pozhari/feed/ 0
Нови превентивни евакуации на Крф и Родос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/#respond Tue, 25 Jul 2023 11:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859816

Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во планинското село Вати во североисточниот дел на Родос. Во однос на пожарот на Евија, засега, се чини дека е значително подобрена ситуацијата и нема дополнителни разгорувања на актуелните жаришта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-preventivni-evakuatsii-na-krf-i-rodos/feed/ 0
ФОТО: Сателитските снимки го покажуваат пустошот што го оставија пожарите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-satelitskite-snimki-go-pokazhuvaat-pustoshot-shto-go-ostavija-pozharite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-satelitskite-snimki-go-pokazhuvaat-pustoshot-shto-go-ostavija-pozharite-vo-grtsija/#respond Tue, 25 Jul 2023 06:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859654

Новите сателитски фотографии го открија ужасното уништување предизвикано од шумските пожари на грчкиот остров Родос. Илјадници луѓе и туристи беа принудени да ги напуштат своите домови, хотели и одморалишта бидејќи пожарите продолжуваат да се шират низ грчките острови. Новите сателитски снимки направени од Maxar Technologies ги покажуваат размерите на пожарите во Родос. Пожарите беснеат веќе една недела, што доведе до масовна евакуација. Досега од островот се евакуирани повеќе од 19.000 луѓе. Портпаролот на грчката противпожарна служба Василиос Ватракогијанис изјави дека вчера избувнале 64 нови пожари низ целата земја, со што вкупниот број достигнал 82. -Претстојат тешки времиња. Условите остануваат екстремни. Апелираме до граѓаните да ги евакуираат населените места. За ваша безбедност, во случај да сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, мора да бидете информирани од надлежните органи“, рече Ватракогијанис. Локалните жители и туристите не се единствените погодени од катастрофата. Со речиси 7.400 хектари шума во пламен во изминатата недела, добротворните организации за животни денеска предупредија дека времето брзо истекува за да се спасат дивиот свет, домашните миленици и добитокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-satelitskite-snimki-go-pokazhuvaat-pustoshot-shto-go-ostavija-pozharite-vo-grtsija/feed/ 0
ВИДЕО: Сведоштво на туристи во Грција: Бегавме по 10 километри за да се спасиме, дишевме чад… https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svedoshtvo-na-turisti-vo-grtsija-begavme-po-10-kilometri-za-da-se-spasime-dishevme-chad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svedoshtvo-na-turisti-vo-grtsija-begavme-po-10-kilometri-za-da-se-spasime-dishevme-chad/#respond Mon, 24 Jul 2023 14:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859521

На грчкиот остров Родос беснеат шумски пожари веќе една недела, а во текот на викендот полицијата ја спроведе, како што ја нарече, најголемата евакуација во историјата. Од погодената област беа спасени 30.000 луѓе. Повеќе од 250 пожарникари, речиси 50 возила, десет авиони и осум хеликоптери се обидуваат да го локализираат пожарот. Само во недела 64 нови пожари! Последните информации ги соопшти Србинката од Грција Ивана Станојевиќ од Афитос, Халкидики. - Ветровите се многу силни, бесни, а тоа е еден од првите фактори што не помага. Има уште неколку места каде избувнал пожарот, а Крф е новото жариште, додека најтешка е ситуацијата на Родос. Утрово е страшно, сликите се морничави. Има видеа каде горат хотели и згради на плажа - рече Станојевиќ, а потоа продолжи: -Овде се коментира дека се работи за невиден пожар, засега нема жртви, едно девојче е исчезнато. Пожарот гори веќе една недела, а сликите се страшни. Потоа таа кажа каде престојуваат луѓето кои се во фокусот на пожарот: - Има огромна солидарност, жителите на другите места на островот, кои не беа зафатени од пожарот, постојано испраќаат соопштенија и повикуваат луѓето да останат со нив. Во нивните куќи, гимназии, театри. Ова не се однесува само на туристите, туку и на локалното население, сите се евакуираат. Оваа солидарност многу помага, па луѓето наоѓаат сместување во други куќи, хотели, објекти... Друга туристка кооја се нашла ма одмор истакна дека состојбата е страшна. - 10 километри бегајќи од пожарот на плажа, гушење од чадот... Апсолутно оставени сами на себе - напишала Тијана во описот на видеото додека се снимала себеси и останатите туристи кои се нашле на овој грчки остров за време на пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svedoshtvo-na-turisti-vo-grtsija-begavme-po-10-kilometri-za-da-se-spasime-dishevme-chad/feed/ 0
Засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-makedonski-drzhavjani-koi-pobarale-pomosh-poradi-golemite-shumski-pozhari-na-rodos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-makedonski-drzhavjani-koi-pobarale-pomosh-poradi-golemite-shumski-pozhari-na-rodos/#respond Sun, 23 Jul 2023 10:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=859154

Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина. Според информациите на МИА амбасадорката на Северна Македонија во Грција е во постојан контакт и со нашето МНР и со грчките надлежни органи. Во Министерството за надворешни работи на Грција од вчера е активирана Единицата за управување со кризи, а персонал од Министерството заминува на островот, каде што од 17 часот попладнево на аеродромот на Родос ќе се отвори Help desk за, во соработка со амбасадите, да го олесни заминувањето од островот на странските државјани кои ги загубиле нивните патните исправи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-nema-makedonski-drzhavjani-koi-pobarale-pomosh-poradi-golemite-shumski-pozhari-na-rodos/feed/ 0