родова дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 12:13:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png родова дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина донесе нов закон со кој на жените им се овозможува поголема заштита од родова дискриминација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-donese-nov-zakon-so-koj-na-zenite-im-se-ovozmozuva-pogolema-zashtita-od-rodova-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-donese-nov-zakon-so-koj-na-zenite-im-se-ovozmozuva-pogolema-zashtita-od-rodova-diskriminacija/#respond Sun, 30 Oct 2022 12:13:01 +0000 https://kurir.mk/?p=752662

Со усвојувањето нов закон, по речиси 30 години од првичниот, Кина денеска на жените им овозможи поголема заштита од родова дискриминација и сексуално вознемирување, пренесуваат британските медиуми. Законот доаѓа во време кога активистите изразуваат се поголема загриженост поради зголемената реторика на владата за вредностите на традиционалните женски улоги и тоа што некои го гледаат како назадување на правата на жените и порестриктивни ставови кон абортусот, додаваат британските медиуми. Сè уште не се знае до кој степен ќе бидат застапени ваквите поконзервативни владини ставови во новиот закон, бидејќи деталите од овој правен акт се уште не се објавени. Ова е првпат по 30 години да се менува законот за заштита на жените. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-donese-nov-zakon-so-koj-na-zenite-im-se-ovozmozuva-pogolema-zashtita-od-rodova-diskriminacija/feed/ 0
Прва тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-tuzba-poradi-rodova-diskriminacija-vo-sportot-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-tuzba-poradi-rodova-diskriminacija-vo-sportot-vo-zemjava/#respond Tue, 22 Sep 2020 06:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=406539

Пред Основниот граѓански суд Скопје денеска треба да се одржи прво рочиште по тужбата против Боречката федерација по основ на „забрана на дискриминација врз основа на род и пол“. Според тужителите – полицискиот боречки клуб „Безбедност“ и полицискиот клуб за боречки спортови „7 Мај-Тигар“ од Скопје, Боречката федерација на Република Македонија, во повеќе наврати и во подолг временски период флагрантно го крши Уставот на Републиката, Законот за заштита од дискриминација и Законот за еднакви можности на жените и мажите, бидејќи врши директна дискриминација врз основа на пол и род. – Жртва на дискриминаторските дејствија со кои нееднакво се постапува, се женските борачки. Женските членови на боречките клубови се дискриминирани на повеќе начини, првично нивните активности не се во целост регулирани со подзаконски акти на ниво на Федерацијата, во одредени категории не се формирани женски репрезентации, по завршување на натпреварите, на машките учесници им се доделуваат медаљи и сертификати, додека пак на женските учеснички само сертфикати, наведуваат тужителите. Од таа причина двата боречки клуба, преку Македонското здружение на млади правници поднесоа претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, која постапи по истата и донесе Општа Препорака бр. 0801-152/3 од ден 21.06.2019 година, со која што се потврди постоењето на дискриминаторските дејствија извршени од страна на Федерацијата. – Согласно, законските одредби од областа на заштите од дискриминација, жените и мажите треба да имаат еднакво учество во сите области на јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварување на сите пpава и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултати од произлезени од тој развој. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретнито случај има основ за дискриминација во областа на родовите права, тврдат тужителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-tuzba-poradi-rodova-diskriminacija-vo-sportot-vo-zemjava/feed/ 0