родова еднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 20:08:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png родова еднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тренчевска: Законот за родова еднаквост е за подобрување на семејните вредности и за заштита на децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zakonot-za-rodova-ednakvost-e-za-podobruvane-na-semejnite-vrednosti-i-za-zashtita-na-detsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zakonot-za-rodova-ednakvost-e-za-podobruvane-na-semejnite-vrednosti-i-za-zashtita-na-detsata/#respond Mon, 03 Jul 2023 20:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=852335

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија зборуваше за неколку актуелни теми, пред се за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, за семејните вредности капиталните инвестиции во социјална и детска заштита, како и новата Кампања за млади -Остави трага. „Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, се два посебни закони кои третираат сосема различни прашања. И едниот и другиот закон третираат човекови права меѓутоа суштината на законите е различна,“ истакна Тренчевска. Тренчевска информираше и дека за Предлог законот за родова еднаквост биле реализирани 18 јавни расправи. Како и посебна јавна расправа со пратеничките од сите политички партии, каде што немало ниту една забелешка ниту за дефиницијата родова еднаквост, пол и род. Министерката појасни дека единствената цел на Законот за родова еднаквост е унапредување на положбата на жените во општеството, како и да се зголеми видливоста и посветеноста на институциите кон прашањето за родова еднаквост. „Предлог законот за родова еднаквост е за подобрување на семејните вредности, за почитување на семејните вредности, за заштита на децата, и насочен е токму кон унапредување на положбата на жените. За видливоста на жените во процесите на одлучување, превенирањето на насилството врз жените, подобрувањето на положбата на жените на пазарот на труд, “ потенцираше Тренчевска. Таа истакна дека за семејните вредности и заштитата на децата министерството за труд и социјална политика, работи посветено. „За нас семејни вредности се измените во новиот закон за работни односи, каде што воведуваме татковство, мајчинство и родителско отсуство за да можат и двајцата родители подеднакво се грижат за своето дете. Градењето на 81 градинка само за 5 години, вложувањето во воспитно образовниот кадар, кој ќе обезбеди правилен раст и развој на децата, тоа се семејни вредности,“ порача Тренчевска. Притоа таа посочи и дека семејни вредности се и социјалните услуги во 44 општини, грижата за старите лица преку помош и нега во домот. Целата социјална политика е насочена кон заштита на децата и семејните вредности. Министерката Тренчевска најави дека во Кавадарци наскоро ќе се гради нов Дневен центар за лица со попреченост како и Дом за стари лица. Тренчевска ја најави и новата Кампања за млади - Остави трага. Целта е да се допре до младите и да се информираат за сите можности, за пазарот на труд и јакнење на нивните вештини, за менталното здравје, поубава иднина за младите и нивно задржување во својата држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-zakonot-za-rodova-ednakvost-e-za-podobruvane-na-semejnite-vrednosti-i-za-zashtita-na-detsata/feed/ 0
ВО 18 ЧАСОТ: Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/#respond Thu, 29 Jun 2023 05:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=850640

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони. -Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски. Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза. -Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот. Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона. Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството. -Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“. -Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот. Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација го осудија повикот за протест на МПЦ-ОА, чија единствена цел, како што велат, е да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура оценувајќи го како директен упад во секуларноста на државата и непочитување на Уставот, а пред сѐ на жените во земјава и непрепознавање на нивните реални животни ситуации. -Граѓаните и граѓанките на нашата земја треба да знаат дека со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани. Тоа се наши граѓани и граѓанки кои, за жал и спротивно на општото уверување, сѐ уште не можат да ги остварат своите фундаментални права подеднакво како и мнозинството граѓани... Без вакви закони, ЕУ ќе биде уште подалеку, демократијата уште позагрозена, а живеењето во Македонија небезбедно за половина од нејзиното население, велат од Платформата. Од Хелсиншкиот комитет, во пресрет на собирот упатија апел за безбедност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот со совети за избегнување какви било инциденти, вербални напади или провокации во текот на денот на протестот. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/feed/ 0
Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 05 May 2023 15:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=831043

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување. - Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви. Предлог-законот за родова еднаквост, се подвлекува во соопштението, отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните. - Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, посочуваат во соопштението. Изворот на овој, како што велат, загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија. Предлог-законите, како што наведуваат, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници. - Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Платформата за родова еднаквост ќе организира марш за менување на политиките што ги засегаат жените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-ke-organizira-marsh-za-menuvane-na-politikite-shto-gi-zasegaat-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-ke-organizira-marsh-za-menuvane-na-politikite-shto-gi-zasegaat-zhenite/#respond Mon, 06 Mar 2023 11:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=808609

Платформата за родова еднаквост на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава. Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед - од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените“. Јана Коцевска од Платформата на прес-конференција денеска соопшти дека целта на маршот, насловен „Ќе преживеат ли жените овде?“, е да се изборат за менување на политиките за да се подобрат условите во општеството, зашто во 2023 година кај нас, како што рече, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани и немаат докрај остварени права и можности дома, на работа, во политиката и во социјалниот живот. - Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Горечки проблем во државава се насилството и мизогинијата... Да се биде жена или девојка во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш овој ден, секојдневно да се соочуваш со ново прашање за преживување, дали ќе преживеам возење со такси, дали ќе го преживеам месецов, дали ќе преживеам брак или заедница, дали ќе го преживеам породувањето, дали ќе ја преживеам операцијата. Да се биде жена во Македонија значи да се плашиш и постојано да се прашуваш дали ќе преживеам. Затоа слоганот на годинашниот 8 Март е: „Ќе преживеат ли жените овде?“, изјави Коцевска. Таа смета дека не постојат конкретни, туку само декларативни заложби за подобрување на статусот на жената во општеството и дека и натаму жените остануваат жртви на насилство и живеат во економска несигурност. - Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Тука е најголемата грешка, како да нема евалуација, залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени, рече Коцевска. Како пример посочи дека градоначалниците на општините не одговориле на апелите да не се исклучува уличното осветлување кое, рече таа, е опасно за безбедноста на жените кога ноќе се движат во јавниот простор. - Градоначалниците и натаму се глуви по тоа прашање, светлата повторно се гасат. Како да нема волја за вистинско менување на тие политики. Затоа сметаме дека е крајно време нешто да се преземе, додаде Коцевска. Повика на маршот задутре да се придружат што поголем број жени, а да се солидаризираат и мажите, зашто родовата еднаквост е придобивка за целото општество. Маршот ќе почне во 18 часот на плоштадот „Филип Втори“, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев“, пред Владата до улица „Рузвелтова“ и потоа по булеварот „Партизански одреди“ ќе заврши во паркот „Жена борец“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-ke-organizira-marsh-za-menuvane-na-politikite-shto-gi-zasegaat-zhenite/feed/ 0
Собранието ги усвои предлог-стратегијата за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-usvoi-predlog-strategijata-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-usvoi-predlog-strategijata-za-rodova-ednakvost/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=710882

Собранието на денешната 50. седница ја усвои Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, како и Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. „За“ Предлог-стратегијата за родова еднаквост гласаа 60 пратеници и немаше ниту еден „против“ или „воздржан“. По усвојувањето на оваа Предлог-стратегија, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски процедурално упати забелешки до собранискиот претседател Талат Џафери заради тоа што претходно, за време на 82. седница, не се гласаше за дополнетиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. – Оваа точка пред самото гласање ја тргнавте од дневен ред. Точката ги исполнува сите услови денеска да се гласаше. Се работи за Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, каде што сите општини во државата ќе можат, доколку се изгласа ова законско решение, повратното ДДВ од 3,5 отсто да се зголеми на секоја единица на локална самоуправа и да дојде до 5 проценти. За жал, вие сакате оваа точка да не се изгласа и единиците на локалната смаоуправа и градоначалниците да добиваат помалку средства, рече Мицевски. Поради тоа, Мицевски побара еден час пауза. Спикерот Џафери не дозволи пауза одговарајќи дека во текот на денот ќе се вратат повторно на 82. седница, каде на дневен ред ќе биде и оваа точка. Пратеникот Јован Митревски од СДСМ процедурално посочи дека Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа е навистина важен, а е блокиран две години од страна на Комисијата за финансирање и буџети. Тој посочи оти нивниот став е идентичен, а тоа е дека ќе го поддржат овој закон, бидјеќи е важен за граѓаните, но најпрвин да завршат со оваа седница. Собранието продолжува со седницата по пауза од еден час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-usvoi-predlog-strategijata-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Арсовска: Поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад и деградација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/#respond Thu, 23 Dec 2021 14:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=612182

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП. Арсовска се обрати на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“ на кој зборуваше за важноста на родовата еднаквост и за можностите за вклучување на жените во јавниот живот во нашето општество. -Сите можевте да видите дека во ова предизборие имаше навистина големи напади, напади и обиди да се исфрлат од игра сите оние за кои се сметаше дека се послаба алка. Верувам дека се докажа спротивното, дека победија човечноста и успешноста. Вчера бев избрана за првата жена претседател во скоро 50 години постоење на ЗЕЛС и сум прва избрана градоначалничка на Градот Скопје. Од една страна, тоа претставува голема одговорност, но од друга страна, за мене одговорноста е уште поголема што успеав да се изборам со сите дискредитации и дискриминации во изминатиот период. Затоа, не е за чудење што е намален бројот на жени градоначалнички на само две, имајќи ги во предвид директните инструирани напади, кои се обиди да нема жени на високи и одговорни позиции, особено кога тие се избрани, а не назначени – рече денеска градоначалничката Арсовска. Таа нагласи дека тие напади не треба да се гледаат како причина за нереализација на зацртаните активности. -Ако нешто не се промени на ова поле, нема да има жени на високи раководни функции. Затоа, апелирам да дадете поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад, која континуирано се деградира. Тоа нема да се промени се додека сите не застанеме во нивна одбрана. Има луѓе платени од наши средства, државни функционери и луѓе на позиции кои навредуваат и не сносат никаква одговорност, ниту морална, ниту етичка, а немаат ниту осуда од општеството за начинот на којшто се однесуваат. Таквото однесување не смее да се дозволи во ниту едно демократско општество, а нашето воопшто не е едно општество за сите. „Не за насилството врз жените во јавниот живот“ треба да важи за секоја една жена во Македонија, а не само за оние кои што се во најблискиот круг на централната власт. Се додека се дозволува на носители на јавни функции да се однесуваат вака, луѓето ќе сметаат дека за сите е дозволено такво однесување - нагласи Арсовска. Таа образложи дека во моментов има само две жени градоначалнички во Македонија и дека тоа е поразителна бројка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-poddrshka-za-sekoja-zena-koja-vo-ovoj-moment-e-predmet-na-napad-i-degradacija/feed/ 0
Јавна расправа за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-sproveduvanje-na-strategijata-za-rodova-ednakvost-za-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-sproveduvanje-na-strategijata-za-rodova-ednakvost-za-2018/#respond Thu, 12 Sep 2019 05:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=239676

Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година. Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности во министерствата, претседателките и координаторките на локалните комисии за еднакви можности, градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за вработување на РСМ, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ЗЕЛС, од канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии. Поканети се и претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-sproveduvanje-na-strategijata-za-rodova-ednakvost-za-2018/feed/ 0
Македонија на 66. место по родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-66-mesto-po-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-66-mesto-po-rodova-ednakvost/#respond Mon, 15 Jul 2019 09:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=218530

Според извештајот на Светскиот економски форум за родова еднаквост за 2018 година, жените мора да чекаат уште 202 години за да ги изедначат платите со мажите и да имаат исти можности за работа. Според тој извештај Северна Македонија се наоѓа на 66 место по родова еднаквост од вкупно 149 земји. Најдобро рангирана држава од регионот е Србија, која е на 38-то место, Хрватска е на 59-то, Босна и Херцеговина на 62-то место и Црна Гора на 69 место. По родова еднаквост води, Исланд, која е на првото место веќе десет години. Разликите во платите меѓу жените и мажите во Бугарија се намалува трета година по ред – од 15,4 отсто во 2015 година до 13,6 проценти во 2017 година, покажуваат податоците на Евростат, внесени во Извештај за рамноправноста на жените и мажите за 2018 кој бугарската Влада го усвои на почеток на месецов. Просечниот јаз во платите во ЕУ во 2017 година изнесува 16 проценти. Извештајот за рамноправноста меѓу половите ги одразува и резултатите од спроведувањето на политиките за зголемување на учеството на жените на пазарот на трудот, промовирањето на еднаквоста во процесите на донесување одлуки. Меѓу приоритетните области во документот се и борбата со насилството засновано на биолошкиот пол и промената на општествените стереотипи кон жените и мажите. Во извештајот за Бугарија се наведува дека во 2018 година, просечниот број на невработени лица на возраст 15-64 години е 170 800 луѓе. Од нив 100.200 се мажи, а 70.600 се жени, што е за 33.400 помалку од 2017 година. Бројот на невработени жени е намален за 21.000. Инаку, разликите во платите се највисоки во Чешка и Словачка, каде што просечната плата за мажи е 28 до 30 отсто повисока од платите на жените, а најмалата во Хрватска и Словенија – во просек 10-11 проценти во корист на мажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-66-mesto-po-rodova-ednakvost/feed/ 0