Роџер Дикинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Sep 2018 06:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роџер Дикинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На ИФФК „Браќа Манаки“-Битола мастер клас со оскаровецот Роџер Дикинс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-bitola-master-klas-so-oskarovecot-rodzer-dikins/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-bitola-master-klas-so-oskarovecot-rodzer-dikins/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:45:29 +0000 https://kurir.mk/?p=104843

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со мастер клас кој ќе го одржи оскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс. Годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело средбата со студентите и други учесници на фестивалот ќе ја одржи во малата сала на НУ Центар за култура. -Отсекогаш сум сакал да фотографирам луѓе или да снимам документарци за нив. Сакам филмови со силни ликови. Сакам да го снимам човековото лице. Тоа е поинтересно од било што друго, и тоа е она што ќе продоложам да работам, вели Дикинс, кинематографер со најмногу Оскар номинации, рекордер во светски рамки. Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека кинематограферот Роџер Дикинс е во Битола во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во филмот „Истребувач 2049“. Паралелно на фестивалските сцени во Битола ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-bitola-master-klas-so-oskarovecot-rodzer-dikins/feed/ 0
Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klaudija-kardinale-i-oskarovecot-rodzer-dikins-pristignaa-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klaudija-kardinale-i-oskarovecot-rodzer-dikins-pristignaa-vo-makedonija/#respond Fri, 21 Sep 2018 15:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=104294

Големата италијанска и светска актерка Клаудија Кардинале, како и оскаровецот  Роџер Дикинс денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија. Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше заинтересирана да ја запознае земјата која и оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. - Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето. По краток одмор во Скопје, таа продолжува кон Битола каде утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе и биде врачена наградата. Веднаш по пристигнувањето таа рече дека и се допаѓа што е кај нас топло и сончево, и дека првите впечатоци и се позитивни, се вели во соопштението од фестивалот Манаки. Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија, заедно со својата сопруга Изабела. Тој веќе пристигна во Битола, каде го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Дикинс со сопругата се согласија да се сликаат со младите волонтери на фестивалот. Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а во понеделник, 24 септември, тој ќе одржи мастер класа во рамки на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klaudija-kardinale-i-oskarovecot-rodzer-dikins-pristignaa-vo-makedonija/feed/ 0