рохани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Dec 2020 09:54:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рохани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рохани: Верувам дека Бајден повторно ќе се приклучи кон нуклеарниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-veruvam-deka-bajden-povtorno-kje-se-prikluchi-kon-nuklearniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-veruvam-deka-bajden-povtorno-kje-se-prikluchi-kon-nuklearniot-dogovor/#respond Thu, 17 Dec 2020 09:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=444524

Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјави дека е убеден дека оти новата американска администрација ќе се врати на обврските предвидени со меѓународниот нуклеарен договор и оти ќе бидат укинати санкциите кон Техеран. – Не се сомневам дека тригодишниот отпор на иранскиот народ ќе ја убеди следната американска влада да се врати на своите обврски и да ги укине санкциите, посочи Рохани. Иран и САД ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година, но имаше приближување во 2015 година кога во Виена беше потпишан меѓународен договор за иранската нуклеарна програма, за време на претседателскиот мандат на Барак Обама. Но, Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договорот со цел „максимален политички притисок“ врз Иран и воведе нови санкции, по што двете држави од јуни 2019 година двапати беа на раб на војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-veruvam-deka-bajden-povtorno-kje-se-prikluchi-kon-nuklearniot-dogovor/feed/ 0
Рохани: Треба сто пати да го проколнеме Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-treba-sto-pati-da-go-prokolneme-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-treba-sto-pati-da-go-prokolneme-tramp/#respond Wed, 09 Dec 2020 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=440966

Американските санкции не му дозволуваат на Иран да набави лекови и здравствена опрема од странство, вклучувајќи вакцини против коронавирусот кои се неопходни за спречување на најлошата пандемија на Блискиот Исток, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани. – Нашите луѓе треба да знаат дека за каква било акција која планираме да ја спроведеме за да увеземе лекови, вакцини и опрема, треба сто пати да го проколнеме Трамп, истакна Рохани. Тој додаде дека дури станало и исклучително тешко да се извршат едноставни трансакции за набавка на лекови од други земји, додавајќи дека ќе бидат потребни повеќе недели за пренос на средства. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за банкарскиот систем на Иран и нафтената и гасна индустрија на земјата, откако САД еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година. Иако САД тврадт дека лековите и хуманитарните производи се изземени од санкциите, сепак многу банки и компании во светот се колебаат да соработуваат со Иран, стравувајќи од казнените мерки на Вашингтон. Иран е блокиран и од меѓународниот банкарски систем, што му создава проблем да врши пренос на плаќања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-treba-sto-pati-da-go-prokolneme-tramp/feed/ 0
Рохани: Во Иран има веројатно 25 милиони заразени со новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-vo-iran-ima-verojatno-25-milioni-zarazeni-so-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-vo-iran-ima-verojatno-25-milioni-zarazeni-so-noviot-koronavirus/#respond Sat, 18 Jul 2020 08:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=378031

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиско обраќање денеска нагласи дека според здравствените власти, 25 милиони Иранци се заразени со новиот коронавирус и околу 35 милиони се изложени на ризик од инфекција. Бројките, за кои Рохани тврди дека се засноваат на нов извештај од Министерството за здравство, се многу повисоки од досега потврдените случаи на коронавирус – 269.440. Рохани не објасни за таа разлика во своето телевизиско обраќање. Иран, со население од околу 80 милиони, е најтешко погодената земја на Блискиот исток во пандемијата на Ковид-19. – Нашите проценки се дека 25 милиони Иранци сега се заразени со коронавирусот, а околу 14.000 го загубија животот, рече Рохани, додавајќи дека веруваат дека меѓу 30 и 35 милиони луѓе се изложени на ризик од инфекција. Рохани исто така објави дека повеќе од 200.000 луѓе се хоспитализирани во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-vo-iran-ima-verojatno-25-milioni-zarazeni-so-noviot-koronavirus/feed/ 0
Рохани: Иран ќе го почитува нуклеарниот договор ако има корист од него https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rohani-iran-kje-go-pochituva-nuklearniot-dogovor-ako-ima-korist-od-nego/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rohani-iran-kje-go-pochituva-nuklearniot-dogovor-ako-ima-korist-od-nego/#respond Wed, 04 Jul 2018 13:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=73030

Иран ќе го пичитува нуклеарниот договор од 2015 година, само ако другите држави потписнички му гарантираат на Техеран дека ќе има корист од него, по повлекувањето на САД од спгодбата, изјави денеска во Виена иранскиот претседател Хасан Рохани. Според него, ниту САД, ниту некоја друга земја ќе имаат полза од американската „незаконска одлука“ за повлекување од договорот за иранската нуклеарна програма. - Ќе го почитуваме договорот, доколку е можно, под услов да имаме корист од тоа, изјави Рохани на прес-конференција по средбата со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен. - Ако другите држави потписнички можат да ги гарантираат интересите на Иран, ние ќе продолжиме да го почитуваме, додаде тој. Ван дер Белен од своја страна нагласи дека договорот склучен со Иран во 2015 година во Виена е „важен дипломатски успех, едногласно поддржан од Советот за безбедност на ОН". Иранскиот претседател денеска допатува во официјална посета на Виена, со цел да преговара со раководството на државата, која од почетокот на месецов претседава со Советот на ЕУ. Во австрискиот главен град в петок се очекува да се соберат министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Кина, Русија и Франција. На заседанието под претседателството на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедноат Федерика Могерини, тие треба да договорат план, кој ќе спречи нова економска изолација на Иран и покрај санкциите на САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rohani-iran-kje-go-pochituva-nuklearniot-dogovor-ako-ima-korist-od-nego/feed/ 0