ројтерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jun 2022 18:25:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ројтерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиен возач на новинари на Ројтерс, двајца повредени при гранатирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/#respond Fri, 03 Jun 2022 18:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=686388

Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска при гранатирање кај Северодоњецк, источна Украина, а нивниот возач е убиен, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на британската агенција. Претходно извор од Ројтерс за агенцијата Тас изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале. – Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје. Портпаролот на Ројтерс изјави за Си-Ен-Ен дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сепаратисти и дека ги управувало лице задолжено за проруските сили. – Ројтерс изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач, рече портпаролот. Во последните неколку дена Северодоњецк во областа Луганск е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над тој град.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-vozach-na-novinari-na-rojters-dvajca-povredeni-pri-granatiranje/feed/ 0
Двајца новинари на Ројтерс ранети кај Северодонецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-novinari-na-rojters-raneti-kaj-severodoneck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-novinari-na-rojters-raneti-kaj-severodoneck/#respond Fri, 03 Jun 2022 17:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=686366

Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска во украинското гранатирање кај Северодонецк на североистокот на земјата, потврдил за ТАС С извор од британската агенција. Изворот од Ројтерс изјавил дека украинската армија го гранатирала патот и дека бил погоден автомобилот во кој биле новинарите. „Мал фрагмент од шрапнел што го погоди ногата на Александар е отстранет и тој може да оди, а раката на Павел е скршена“, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болницата во градот Рубежноје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-novinari-na-rojters-raneti-kaj-severodoneck/feed/ 0
Ројтерс ги отстрани вестите на руски Тасс од своја емисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-gi-otstrani-vestite-na-ruski-tass-od-svoja-emisija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-gi-otstrani-vestite-na-ruski-tass-od-svoja-emisija/#respond Wed, 23 Mar 2022 17:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=652199

Британската агенција Ројтерс денеска соопшти дека од своја емисија ги отстранила вестите на руската агенција Тасс поради начинот на кој оваа агенција, во сопственост на руската држава, ја прикажува војната во Украина. -Веруваме дека објавувањето на вестите на Тасс во нашата емисија не е во согласност со принципите на Ројтерс, изјавио извршниот директор на Ројтерс, Метју Кин, во информацијата до вработените во агенцијата. Принципите на Ројтерс, усвоени во 1941 година за време на Втората светска војна, се интегритет, независност и непристрасно известување. Одговарајќи на веста, Тасс објави писмо од извршниот директор Сергеј Михаилов до својот колега во Лондон во кое се наведува дека му е „исклучително жал за одлуката на Ројтерс, што е донесена под влијание на актуелната светска атмосфера“. „Новинарите на Тасс си ја вршат работата чесно и одговорно. Независната анализа ќе покаже дека работата на Тасс како државна агенција е непристрасна, објективна и избалансирана, без дезинформации и лажна пропаганда“, напиша Михајлов во писмото дос војот колега Кин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-gi-otstrani-vestite-na-ruski-tass-od-svoja-emisija/feed/ 0
Ројтерс: ЕУ веќе не се согласува за гаранција за членство на Балканот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/#respond Wed, 29 Sep 2021 08:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=569886

Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, веќе не може да се согласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им вети место во клубот, пишува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на четворица дипломати и на интерен документ на Унијата. Станува збор за застој во усогласувањето на декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и на Балканот, закажан за 6 октомври. Според Ројтерс, тоа е ниска точка во стратегијата на ЕУ да ги вклучи во блокот Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Ова се совпаѓа и со разгорување на тензиите на границата Косово-Србија. Според нацрт-декларацијата, во која имаше увид Ројтерс, на самитот, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за „својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“. Но, таа помина најмалку две рунди преговори без да биде постигнат договор, рекоа дипломатите. Државите на ЕУ нема да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-eu-vekje-ne-se-soglasuva-za-garancija-za-chlenstvo-na-balkanot/feed/ 0
„Ројтерс“ со документ и изјава од дипломати: ЕУ веќе не гарантира дека ќе има членство за балканските земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-so-dokument-i-izjava-od-diplomati-eu-vekje-ne-garantira-deka-kje-ima-chlenstvo-za-balkanskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-so-dokument-i-izjava-od-diplomati-eu-vekje-ne-garantira-deka-kje-ima-chlenstvo-za-balkanskite-zemji/#respond Tue, 28 Sep 2021 17:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=569558

Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува „Ројтерс“, врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ. На ЕУ самитот за Балканот закажан за 6-ти октомври, ЕУ планираше повторно да ги истакне своите ветувања од пред 18 години дека дава „недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“. Ова беше намерата според драфт декларацијата за самитот од 11 септември што ја објави Ројтерс. Оваа декларација минала најмалку две рунди на преговори во ЕУ во кои не е постигната согласност околу истата. Иако членките ги немаат искажано своите позиции, стравот на богатите држави од северот како Данска, Франција и Холандија е дека на Унијата со Балканот ќе и се повтори избрзаниот прием на Романија и Бугарија од 2007 и лошо менаџираната миграција на источноевропски работници во Британија, кои тие веруваат дека свртеле голем број Британци против ЕУ. Ројтерс пишува дека згора на стравот на богатите од Балкан, Македонија има дополнителен проблем што Бугарија се противи на нашиот прием.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rojters-so-dokument-i-izjava-od-diplomati-eu-vekje-ne-garantira-deka-kje-ima-chlenstvo-za-balkanskite-zemji/feed/ 0
Убиен новинар на Ројтерс додека известувал, бил добитник на Пулицерова награда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-na-rojters-dodeka-izvestuval-bil-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-na-rojters-dodeka-izvestuval-bil-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/#respond Fri, 16 Jul 2021 13:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=537792

Новинарот на Ројтерс, Даниш Сидики е убиен денеска додека го следеше судирот меѓу авганистанската армија и талибанците во близина на граничниот премин со Пакистан, објави авганистански командант. Авганистанските специјални единици се бореа против талибанците да ја преземат контролата врз пазарот во Спин Болдак кога Сидики и висок авганистански командант беа убиени. Според официјален претставник, истрелите биле од талибанците. Сидики од оваа недела беше со авганистанските специјални единици во јужната провинција Кандахар, известувајќи за борбите со талибанците. „Итно бараме дополнителни информации и соработуваме со покраинските власти“, се наведува во соопштението на претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главната уредничка Алесандра Галони. „Даниш беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и сакан колега. Нашите мисли се со неговото семејство во ова страшно време”, се додава во соопштението. Претходно во петокот, Сидики изјави дека е ранет од шрапнел во раката. Тој се опоравуваше кога Талибанците се повлекоа од борбите во Спин Болдак. „Тој разговараше со трговците кога талибанците повторно нападнаа“, изјави официјален претставник на авганистанските сили. Ројтерс не беше во можност да ги потврди деталите за обновените борби опишани од анонимниот службеник. Сидики беше член на тимот на фотографи на Ројтерс, кој во 2018 година ја доби Пулицеровата награда за документирање на бегалската криза во Рохинџите. Тој е фотограф на Ројтерс од 2010 година и ги следеше војните во Авганистан и Ирак, протестите во Хонг Конг и земјотресите во Непал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-na-rojters-dodeka-izvestuval-bil-dobitnik-na-pulicerova-nagrada/feed/ 0
Прва жена уредничка на Ројтерс, најстарата светска агенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-urednichka-na-rojters-najstarata-svetska-agencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-urednichka-na-rojters-najstarata-svetska-agencija/#respond Tue, 13 Apr 2021 07:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=496284

Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција. Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април. Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во Ројтерс работеше за Волстрит журнал. За Ројтерс моментално работат 2.450 новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prva-zena-urednichka-na-rojters-najstarata-svetska-agencija/feed/ 0
Ирак му ја одзема лиценцата на Ројтерс поради вест за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-mu-ja-odzema-licencata-na-rojters-poradi-vest-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-mu-ja-odzema-licencata-na-rojters-poradi-vest-za-koronavirus/#respond Wed, 15 Apr 2020 05:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=332396

Ирак привремено и ја укина дозволата за емитување на британската агенција Ројтерс, откако објавила сторија во која се тврди дека бројот на заразени со коронавирусот во земјата е поголем од официјалните податоци. Ирачкото регулаторно тело за медиуми (ЦМЦ), според Ројтерс, привремено и ја одземала лиценцата на агенцијата на три месеци и ја казнила со 21 милион ирачки динари (околу 21.000 американски долари) за прекршувања на правилата за медиумско известување. Ројтерс доби наредба од ЦМЦ и да издаде официјално извинување за јавноста поради објавената вест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-mu-ja-odzema-licencata-na-rojters-poradi-vest-za-koronavirus/feed/ 0
Француски Ројтерс во штрајк поради отпуштање вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-rojters-vo-shtrajk-poradi-otpushtanje-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-rojters-vo-shtrajk-poradi-otpushtanje-vraboteni/#respond Tue, 17 Dec 2019 06:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=278420

Вработените во новинската агенција Ројтерс во Франција со огромно мнозинство одлучија да штрајкуват денеска за да изрази незадоволство од отпуштањата, се вели во соопштението на претставниците на персоналот. Со штрајкот „сака да се осудат методите на менаџментот кои преку телефон известило шестммина вработени за намерата да ги отпуштат, точно шест месеци по објавувањето на план за спасување работа со кој 20 вработени заминаа од агенцијата или повеќе од половина од францускиот сервисен персонал“, се додава во соопштението. Штрајкот трае од полноќ до полноќ во вторник. „Новите отпуштања што ќе го преполоват бројот на вработени во услугата за фотографии во Франција се дел од политиката за намалување на трошоците, маскирана со уредничка стратегија, која носи значителна вознемиреност кај вработените“, се предупредува во текстот. Американско-канадската групација Томсон Ројтерс, сопственик на агенцијата, на крајот на 2018 година објави дека ќе укине 3.200 работни места или 12 проценти од работната сила во следните две години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-rojters-vo-shtrajk-poradi-otpushtanje-vraboteni/feed/ 0
Судот во Мјанмар ги отфрли жалбите на осудените новинари на Ројтерс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-mjanmar-gi-otfrli-zalbite-na-osudenite-novinari-na-rojters/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-mjanmar-gi-otfrli-zalbite-na-osudenite-novinari-na-rojters/#respond Fri, 11 Jan 2019 09:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=150881

Судот во Мјанмар денеска ги отфрли жалбите на двајацата новинари на Ројтерс, кои се осудени на седум години затвор поради кршење на Законот за државни тајни. Судијата Аунг Наинг изјави дека адвокатите не поднеле доволно докази за невиноста на нивните клиенти. – Изречена е соодветна казна, посочи судијата Наинг. Главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Стивен Адлер наведе дека судската одлука е уште една „неправда од многуте кон Ва Лоне и Кјав Сое О“. – Тие се зад  решетки од една причина, тие кои се на власт сакаат да ја замолчат вистината, посочи Адлер. Новинарите Ва Лоне (32) и Кјав Сое О (28) осудени се во септември минатата година поради прекршување на Законот за официјални тајни од колонијална ера за собирање и добивање на доверливи документи. Новинарите тврдат дека двајца полицајци им предале документи во ресторан во северен Јангон, непосредно пред да бидат уапсени од други припадници на полицијата. Еден полициски сведок изјави дека тоа било замка за новинарите. Ва Лон и Кјав Со О за агенцијата Ројтерс прибираа докази за злосторствата на безбедносните сили во 2007 година во селото Ин Дин, кога се убиени десет Рохинџи. Армијата негира дека не е вмешана во убиствотото на Рохинџите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-mjanmar-gi-otfrli-zalbite-na-osudenite-novinari-na-rojters/feed/ 0