рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 13:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОЈ Е ВСУШНОСТ РОКОТ НА ТРАЕЊЕ НА ПАРФЕМИТЕ: Можете ли омилениот минатогодишен парфем да го носите и оваа есен? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-e-vsushnost-rokot-na-traenje-na-parfemite-mozete-li-omileniot-minatogodishen-parfem-da-go-nosite-i-ovaa-esen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-e-vsushnost-rokot-na-traenje-na-parfemite-mozete-li-omileniot-minatogodishen-parfem-da-go-nosite-i-ovaa-esen/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=732723

Есента е често време кога преминуваме од полесни мириси кон потешки. Ако сакавте повторно да посегнете по омилениот минатогодишен мирис, кој во последните неколку месеци беше запоставен на полицата, сигурно сте се запрашале – каков е рокот на траење на парфемот? Парфемите обично можат да траат многу подолго од другите козметички производи, а нивната издржливост зависи од повеќе фактори. Дали рокот на траење на парфемот може да истече? Во зависност од тоа колку често и интензивно нанесуваме парфем, едно шише од овие скапи ароми може да ни трае многу долго, но колку и да се трудите да бидете економични со скапоцените капки, мора да знаете – да, парфемите имаат и рок на траење. Откако ќе се отвори парфемот, со текот на времето ќе му истече рокот на траење, но добро е да се знае дека отворениот парфем може да издржи во просек околу 2 години. Неговиот рок на траење не зависи само од неговото производство туку и од тоа каде го чуваме. За да може парфемот да трае што подолго, важно е да го чувате на темно и свежо место, подалеку од сонце и топлина, бидејќи во спротивно побрзо ќе испари или ќе оксидира. „Цитрусите, овошните и зелените ноти и пачули се најчувствителни на оксидација“, тврди парфимерот Huclier. Најдобар начин да провериме дали парфемот го поминал рокот е да го испрскаме на парче хартија и на тој начин да провериме дали чувствуваме некаква промена во ‘нотата’, но и бојата – ако изгледа потемно или жолтеникаво, најверојатно оксидирал. Колку долго може да издржи неотворено шише парфем? Нема дефинирани правила: неотворено шише парфем може да трае со години, во зависност од самиот парфем, како и начинот на складирање. Секој козметички производ има свој официјален рок на траење, кој можете да го проверите на веб-страницата користејќи го серискиот број испечатен на секој производ. Како да го продолжите рокот на траење на парфемот? Кислородот, светлината и топлината се непријатели на парфемите, па затоа треба да ги чуваме подалеку од прозорци и извори на топлина, а идеално е во фрижидер. Некои парфеми траат подолго Некои парфеми и ароми имаат подолг животен век: зачините, дрвените ноти и ванилата имаат тенденција да траат подолго. Исто така, парфемите со побогата основа се поотпорни на оксидација, па имаат подолг рок на траење. Што ќе се случи ако парфемот го користиме по истекот на рокот? Најчесто – ништо, освен што можеме да забележиме дека мириса поинаку. Многу ретко може да се случи луѓето да имаат реакција на кожата поради оксидирани состојки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-e-vsushnost-rokot-na-traenje-na-parfemite-mozete-li-omileniot-minatogodishen-parfem-da-go-nosite-i-ovaa-esen/feed/ 0
Овие производи можете да ги јадете и откако ќе им помине рокот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-mozete-da-gi-jadete-i-otkako-kje-im-pomine-rokot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-mozete-da-gi-jadete-i-otkako-kje-im-pomine-rokot/#respond Fri, 21 May 2021 14:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=513361

Експертите откриваат кои намирници е безбедно да се јадат некое време откако им помине рокот. Чоколадо На чоколадото на кое ќе му помине рокот може да се појават бели точки, но не грижете се, се работи за кристализиран шеќер. Омиленото благо слободно изедете го, иако веројатно нема да биде толку вкусно како кога е свежо. Чипс Исто така ја губи свежината, но е безбеден за грицкање, и тоа благодарение на огромната количина сол. Сепак, најдобро е да не чекате да поминат повеќе од три недели по истекот на рокот. Сирење Единствено тврдите сирења, како што е пармезан, може да се јаде по истек на рокот, и тоа три до шест недели. Но, меките намази јадете ги во рок. Исто така, кога ги отворите, конзумирајте ги во рок од недела дена. Бисквити Благодарение на конзервансите, бисквитите се безбедни и два месеци по истекување на рокот. Но губат вкус. Крцкавоста може да се обидете да ја вратите така што накратко ќе ги стоплите во рерна. Мед и џем Големата количина на шеќер го чува медот и џем од пропаѓање, па слободно конзумирајте ги, дури и кога згуснат во средина. Тестенини Нивниот рок е неограничен додека ги чувате како што треба. Кога ги отворите шпагетите или макароните, остатокот сместете ги во сад во кој не влегува воздух како би го сочувале производот од влага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-mozete-da-gi-jadete-i-otkako-kje-im-pomine-rokot/feed/ 0
Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/centralen-registar-kje-go-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishna-smetka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/centralen-registar-kje-go-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishna-smetka/#respond Fri, 12 Mar 2021 07:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=481136

Централниот регистар согласно пристигнатите барања, одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. -Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва, соопштуваат од Централниот регистар. Заклучно со вчерашниот ден над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/centralen-registar-kje-go-prodolzi-rokot-za-podnesuvanje-godishna-smetka/feed/ 0
Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/#respond Fri, 05 Feb 2021 11:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=464637

Комората на сметководители неделава доби известување дека и покрај тоа што сметководителите се загрозени од пандемијата и не можат да ги достигнат роковите, Министерството за економија во чија надлежност се измените на Законот за трговски друштва оценува дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесувањето на завршните сметки и финансиските извештаи. Затоа Комората бара итно и неодложно Министерството да ја преиспита донесената одлуката, бидејќи прецизните и квалитетни податоци се од круцијално значење за точно планирање на расходи и приходи во државниот буџет, а со тоа и навремено сервисирање на доспеани обврски кон граѓаните и правните лица. Комората на сметководители години наназад укажува на проблемите кои произлегуваат од кратките рокови за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи. Оваа година соочени со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а во исто време намалени човечки капацитети и временски ресурси, бидејќи и меѓу нив има лица заболени и во изолација. „Неопходна беше промена на Законот за трговски друштва со што на сметководителите ќе им се овозможи да ја извршат својата обврска навремено, точно и квалитетно. Иако министерот за економија јавно на национална телевизија најави повлекување на законот и изнаоѓање на решение за проблемот, до Комората на сметководители пристигна одговор од Министерство за економија, каде се вели дека роковите нема да бидат продолжени. За каков квалитет на статистички податоци зборуваме, кога немајќи доволно време за изработка фокусот на сметководителите ќе биде исклучиво на запазување на ригидните и кратки рокови, со што се доведува во прашање анализата и веродостојноста на податоците, а со тоа ќе се доведат во загрозена позиција и сите претпријатија кои подеднакво одговараат за овие извештаи. Во дописот се вели и дека ова барање за пролонгирање рокови, не може да се оствари поради обврска за запазување рок за јавно објавување и доставување до надлежните институции во Европската Унија. За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови. На пример, во Хрватска овој рок е 31.03, во Германија е 30.06, во Франција и во Шведска до 31.07. Минатата година овие рокови беа и дополнително одложени. Затоа јавно бараме и апелираме Министерот за економија да ја преиспита својата одлука и да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за проблемот со кое ќе имаат бенефит сите засегнати страни “, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители. Комората бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30.04, а електронски да може да се поднесат до 15.05, наспроти сегашните рокови кои во услови на пандемија кога има заболени лица кои не можат да ја вршат работата за малите и средни субјекти, но и самите претпријатија не можат навремено да ги обезбедат и достават документите поради бариерите од кризата кои реално се видливи на терен секој ден. Александра Андреева член на Управниот одбор на Комората на сметководители појасни дека во одговорот Министерството за економија се повикува на консултации со Министерството за финансии кое исто така смета дека нема потреба од пролонгирање на роковите. „Имајќи предвид дека Министерство за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва каде се бара измена, а следејќи ја економската логика, не може а да не се запрашаме дали за ова министерство полнењето на буџетот е приоритет наспроти зачувување на здравјето и дигнитетот на сметководителите но и на сите претпријатија, како би се обезбедиле точни финансиски извештаи“, изјави Андреева. Таа појаснува дека согласно донесените уредби со законска сила за финансиска поддршка за исплата на плата за април, мај и јуни, со поднесувањето на годишните сметки и утврдувањето на финансискиот резултат на претпријатијата, започнува обврската за враќање на средствата кон државата. Со одложување на рокот за годишните сметки и овој рок би се продолжил. „Години наназад Министерството за финансии е глуво за сите проблеми со кои се соочуваме. Наместо одговор на барањата за повлекување на поднесените предлог измени на Законот за вршење сметководствени работи и конечно формирање на работна група за креирање нов квалитетен закон, структури во оваа институција и понатаму крајно пожртвувано и посветено се залагаат за уништување на крвотокот кој е единствената врска меѓу државата и стопанството. Комора на сметководители бара конечно преземање одговорност од страна на Министерот за финансии и ставање крај на перфидните игри во министерството за решавање на проблемите на сметководителите“, изјави Андреева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-odlukata-da-ne-se-prodolzat-rokovite-za-podnesuvanje-zavrshni-smetki/feed/ 0
Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/#respond Mon, 17 Aug 2020 07:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=391496

Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020  на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН. Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5419 места. Од нив, за студенти запишани во прва година се наменети 1083 легла, а за студенти кои се запишани од втора до шеста година и за апсолвенти се слободни 4336 места. Во пет студентски домови и сместувачки објекти во Скопје слободни се вкупно 4015 легла за студенти, од кои најголем број (1216) се во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во Битола има 385 места, во Охрид 226, Прилеп 333 и во четири објекти во Штип вкупно има 460 места за сместување. Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата  www.konkursi.mon.gov.mk и може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години почна  на 27 јули и со продолжениот рок ќе трае до 25 август, а рокот за електронското пријавување на студентите од прва година ќе почне на 7 септември и ќе трае до 21 септември.. Доколку останат непополнети сместувачки капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи сè до нивно пополнување, но најдоцна до 28 септември 2020. Во Конкурсот е објаснет  начинот на кој ќе се распределуваат леглата за студенти, условите за прием, потребните документи за конкурирање за сместување и начинот и рокот за пријавување. Според роковите за сместување, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавувањето на конечниот список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-za-apliciranje-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi/feed/ 0
Истече рокот за уривање на дивоградбата кај Мавровка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=385747

Истече рокот од 8 работни дена за пронаоѓање на инвеститорот на дивоградбата која што е во изградба пред Трговскиот центар Мавровка. Од општина Чаир за Сител велат дека утре почнува постапката за јавната набавка за избирање на економски оператор кој ќе го отстрани безправно изградениот објект. Оттаму појаснуваат дека во зависност од времетраењето на процедурата, објектот кој никна пред ТЦ Мавровка би требало да се отстрани за 30 до 40 дена. Градежните работи на објектот прекинаа пред точно две седмици. На ова место до лани постоеше кафулето Фонтана кое изгоре во пожар. Наместо тенда од времен карактер, каква што имаше претходно, на местото никнаа широки столбови кои се поставени на цврста бетонска подлога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
Има рок до кога граѓаните ќе треба да ги сменат документите поради Северна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-rok-do-koga-gragjanite-kje-treba-da-gi-smenat-dokumentite-poradi-severna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-rok-do-koga-gragjanite-kje-treba-da-gi-smenat-dokumentite-poradi-severna/#respond Mon, 14 Jan 2019 15:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=152107

Постои рок во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени е преименувана во Република Северна Македонија. За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име. Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција. Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници. Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник. Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-rok-do-koga-gragjanite-kje-treba-da-gi-smenat-dokumentite-poradi-severna/feed/ 0
Истекува рокот за барање за субвенции за ориз, оризова арпа, градинарски и овошни култури и органско производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/istekuva-rokot-za-baranje-za-subvencii-za-oriz-orizova-arpa-gradinarski-i-ovoshni-kulturi-i-organsko-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/istekuva-rokot-za-baranje-za-subvencii-za-oriz-orizova-arpa-gradinarski-i-ovoshni-kulturi-i-organsko-proizvodstvo/#respond Tue, 25 Dec 2018 06:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=144585

Истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка на производителите на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони по хектар, а родот да го предале на регистрирани откупувачи во периодот од 1 октомври до 25 декември годинава. Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети. Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до денес. Во прилог на барањето треба да се достави потврда за откупените земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет. До денеска е и рокот за поднесување барањата за добивање финансиска поддршка за органските производители за преработка на органски производи вклучително за доработка и пакување самоникнати видови со органско потекло, за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи од домашно потекло, за стучна контрола и сертификација и за анализа на својствата на почва и производи. Сите информации и потребни документи може да се најдат во Упатството за корисници кое може да се преземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mkво делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/istekuva-rokot-za-baranje-za-subvencii-za-oriz-orizova-arpa-gradinarski-i-ovoshni-kulturi-i-organsko-proizvodstvo/feed/ 0
Истекува рокот за аплицирање за „Најдобар млад научник“ за 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istekuva-rokot-za-apliciranje-za-najdobar-mlad-nauchnik-za-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istekuva-rokot-za-apliciranje-za-najdobar-mlad-nauchnik-za-2018-godina/#respond Sat, 22 Dec 2018 10:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=143536

Аплицирањето на јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година, признание што го доделува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, трае до 31 декември. Повикот е отворен за сите млади луѓе коишто заклучно со 2018 година навршуваат 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати. Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научно-истражувачка работа, да имаат објавени резултати од научно-истражувачка работа и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2018 година. Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел  да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања. Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2018 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и уверение за државјанство на Република Македонија. Заинтересираните кандидати своите документи треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31 декември 2018 година. Досегашни носители на признанието „Најдобар млад научник“ од 2010 до 2017 година се Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева, Петар Стојанов, Даниел Денковски, Михаела Ангелова, Христијан Ѓорески и Сретен Давидов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/istekuva-rokot-za-apliciranje-za-najdobar-mlad-nauchnik-za-2018-godina/feed/ 0
Се уште тече рокот за жалба на првостепената пресуда за Јанкулоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-teche-rokot-za-zalba-na-prvostepenata-presuda-za-jankuloska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-teche-rokot-za-zalba-na-prvostepenata-presuda-za-jankuloska/#respond Wed, 31 Oct 2018 14:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=121922

Се уште тече рокот за жалба на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на првостепената пресуда за предметот на СЈО „Тенк“, со која е осудена на шестгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. Јанкулоска пресудата за „Тенк“ во писмена форма ја добила на 22 октомври и оттогаш тече рокот од 15 дена за поднесување жалба до Апелацискиот суд Скопје, информираа на денешниот брифинг во Кривичниот суд. На Јанкулоска во „Тенк“ и  се судеше во одвоена постапка поради бременост, а судењето почна во август откако таа се породи. Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај е осуден на две години ефективна затворска казна, а поранешниот помошник во МВР Ѓоко Поповски, доби намалување од скопска Апелација од шест и пол на четири и пол години казна затвор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-teche-rokot-za-zalba-na-prvostepenata-presuda-za-jankuloska/feed/ 0