рокови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 07:31:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рокови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Течат роковите за приговори и жалби за изборните резултати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/#respond Fri, 17 Jul 2020 07:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=377430

По објавувањето на конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, течат роковите за приговори и жалби за спроведувањето на изборниот процес и за сумирањето на резултатите. Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик. Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање. Според првичните резлтати што синоќа ги објави ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Дел од партиите учесници на изборите се пожалија на нерегуларности и грешки во сумирањето на резултатите и најавија дека ќе поднесат приговори до ДИК и другите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-i-zalbi-za-izbornite-rezultati/feed/ 0
Наскоро истекуваат роковите од повиците за закуп на земјоделско земјиште до и над три хектари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/#respond Fri, 04 Jan 2019 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=148309

Рокот за доставување документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари истекува на 11 јануари, а за јавниот  оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари рокот е 17. месецов. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска преку соопштение ги повика сите заинтересирани да ги запазат роковите со цел навреме да се заврши целата процедура и да се склучат договори. Со јавниот  повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изработка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Земјоделците, укажуваат од МЗШВ, треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп. Јавниот повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта, според ресорното Министерство, е да се стави во функција целото располжливо земјоделско земјиште, особено парцелите од 4,5,6,7 и 8 класа, а можат да се искористат за производство.  Со тоа се очекува да се зголемат  обработливите површини и земјоделското производство.  Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за покревање долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам. Со огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, освен за покревање на насади, е наменет и за инвестиции во преработувачки капацитети. Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство. Опфатени се 23 земјишни парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга. На овој оглас, кој ќе се спроведе по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Документацијата за јавниот повик и за јавниот оглас треба да се достави до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/feed/ 0
Течат роковите за ДИК, собраниската комисија за избор се уште не е закажана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-dik-sobraniskata-komisija-za-izbor-se-ushte-ne-e-zakazana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-dik-sobraniskata-komisija-za-izbor-se-ushte-ne-e-zakazana/#respond Mon, 09 Jul 2018 05:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=74556

Неделава треба да почне собраниската процедура за избор на новиот состав на Државната изборна комисија, но, се уште е неизвесно дали и кога претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закаже седницата. Вчера тој за повеќе медиуми изјави дека нема да закаже седница на Комисијата, која е надлежна за изборот на членовите на ДИК, додека  партиите не се усогласат и не дадат зелено светло. Во спротивно, потенцира, ако тој ја почне постапката без дадена согласност од партиите, процесот нема да успее и оти ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време. ВМРО-ДПМНЕ неодамна преку портпаролот Наум Стоилковски порача дека за да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада, бидејќи, според партијата, тоа било договорено пред ВМРО-ДПМНЕ да се врати во македонскиот Парламент и да даде поддршка за реформските закони. На ваквиот став реагираше СДСМ, од каде истакнуваат дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите. Рокот за формирање на нова Државна изборна комисија истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот, кој премиерот Зоран Заев го најави за крајот на септември или почетокот на октомври годинава. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на членовите на Државната изборна комисија од која зависи и одржувањето на референдумот. - Прв пат се случува Комисијата за избори и именувања да ја води опозицијата. По завршувањето на изборите во 2016, компромисно се договоривме и пруживме рака како мнозинство, да покажеме дека имаме верба во опозицијата. Со сето ветување од опозицијата дека нема да се искористи за опструкција таа Комисија, гледаме дека во пракса не е така, рече Џафери во петокот во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ. Изборот на ДИК не може да помине без согласност и гласање на опозицијата, со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат. Рокот до кога треба Собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17 јули. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-dik-sobraniskata-komisija-za-izbor-se-ushte-ne-e-zakazana/feed/ 0