ролинг стоунс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 15:17:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ролинг стоунс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Барселона со логото на Ролинг Стоунс на „Ел Класико“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-logoto-na-roling-stouns-na-el-klasiko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-logoto-na-roling-stouns-na-el-klasiko/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=890879

Шпанскиот фудбалски првак Барселона соопшти денеска дека на претстојното големо дерби мадридски Реал на дресовите ќе го носи логото на култната англиска рок група Ролинг Стоунс, како дел од спонзорскиот договор со Спотифај. На дресовите на Барселона претежно стои логото на Спотифај, кој е спонзор на предната страна на дресот, а шпанскиот првак сега усвои сличен пристап како и минатата година кога играчите на дресовите носеа лого на пејачот Дрејк, исто така, во „Ел Класико“. Дербито меѓу Барселона и Реал е на програмата на 28 овој месец. Препознатливото лого со усни и исплазен јазик е дело на англискиот уметник Џон Паша, чиј цртеж во 1970 година бил откупен за 50 долари. „Ние сме големи љубители на фудбалот и ни претставува чест што Спотифај го внесе нашето лого со јазикот и усните да го краси дресот на фудбалскиот клуб Барселона, за да го прославиме објавувањето на нашиот албум „Hackney Diamonds“. Ќе навиваме за играчите на теренот, како и за навивачите ширум светот кои ќе го гледаат овој култен натпревар“, соопшти Ролинг Стоунс.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-logoto-na-roling-stouns-na-el-klasiko/feed/ 0
ФОТО: Барселона на Ел Класико ќе игра со логото на Ролинг Стоунс! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-barselona-na-el-klasiko-ke-igra-so-logoto-na-roling-stouns/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-barselona-na-el-klasiko-ke-igra-so-logoto-na-roling-stouns/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=877877

На следното Ел Класико кое е на програмата на 29. октомври, фудбалерите на Барселона ќе имаат поразлично лого на дресовите. Логото на рок легендите, Ролинг Стоунс ќе се најде на дресовите на Барселона на дуелот со Реал Мадрид. Тоа е дел од договорот со спонзорот Спотифај. Мечот е закажан на 29. октомври, неколку дена по излегувањето на новиот албум на Ролинг Стоунс. Откако потпишаа договор со Спотифај, повремено играчите на Барселона носат дресови со познати музичари, претходно го носеа логото на Дрејк и на Розалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-barselona-na-el-klasiko-ke-igra-so-logoto-na-roling-stouns/feed/ 0
„Ролинг стоунс“ утре ќе го претстават новиот албум https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-utre-ke-go-pretstavat-noviot-album/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-utre-ke-go-pretstavat-noviot-album/#respond Tue, 05 Sep 2023 06:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=874605

Легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум којшто воедно ќе биде и прв по смртта на долгогодишниот член - тапанарот Чарли Вотс. Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд в среда ќе гостуваат во емисијата на познатиот американски водител Џими Фалон, каде што официјално ќе го претстават новиот албум „Hackney Diamonds“, а тоа ќе може да се гледа и на Јутјуб. „Лондонска општина Хекни можеби е срцето на „Hackney Diamonds“, но ова е вистински миг што треба да го споделиме со обожавателите од цел светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната интернет-страница на бендот. Рок-составот постои од 1962 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-utre-ke-go-pretstavat-noviot-album/feed/ 0
Најавена соработка на „Ролинг стоунс“ и Пол Макартни https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/#respond Thu, 23 Feb 2023 08:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=804008

Британскиот состав „Ролинг стоунс“ и Пол Макартни ги здружија силите за нова заедничка песна којашто ќе биде дел од претстојниот албум на рок-бендот, изјави нивниот претставник за јавноста.

А, поранешниот член на групата „Битлс“ веќе снимил делови од песната, „под палка на носителот на одличјето 'Греми' за продуцент на 2021 година, Ендрју Ват“. Исто така, се наведува дека снимките неодамна биле направени во Лос Анџелес и дека, наводно, поранешниот колега од бендот на Макартни, Ринго Стар исто така треба да свири на новиот албум, кој ќе биде објавен подоцна оваа година.

„Стоунси“ потврдија дека Макартни бил „поканет да свири бас на една песна“, но не и дека Ринго Стар бил вклучен.

Во видео порака на својот интернет-простор, гитаристот на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс им порача оти „нова музика е на пат“, на обожавателите. Новиот албум ќе биде прв по смртта на тапанарот на групата, Чарли Вотс, во 2021 година.   (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-sorabotka-na-roling-stouns-i-pol-makartni/feed/ 0
„Ролинг стоунс“ слави 60 години постоење https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roling-stouns-slavi-60-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roling-stouns-slavi-60-godini-postoenje/#respond Wed, 13 Jul 2022 12:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=704507

Легендарниот британски рок-состав „Ролинг стоунс“, од обожавателите, критичари и медиуми постојано е нарекуван „најголемиот рок бенд на сите времиња“. Една од причините е нивната музичка автентичност… Имено, членовите се доволно „лабави“, а сплотени за да си дозволат и грешки, според интернет-страницата „Тонман“. Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми. Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Џарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт. Групата, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата на 1 јуни ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roling-stouns-slavi-60-godini-postoenje/feed/ 0
Ролинг стоунс нема да ја пејат „Brown Sugar” на турнејата- ова е причината https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-nema-da-ja-pejat-brown-sugar-na-turnejata-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-nema-da-ja-pejat-brown-sugar-na-turnejata-ova-e-prichinata/#respond Thu, 14 Oct 2021 09:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=578844

„Ролинг стоунс“ за време на американската турнеја нема да ја изведуваат песната „Brown Sugar” (кафеав шеќер) – еден од нивните најголеми хитови. Ова се должи на загриженоста за тоа како се претставени Афроамериканките и алузиите за ропството во песната, која инаку беше број еден на топ-листите во САД, 1971 година, и го достигна второто место во Велика Британија. Ветеранот Кит Ричардс ја потврди одлуката за „Лос Анџелес тајмс“, но рече дека бил збунет оти луѓето сакаат „да ја закопаат“ песната. – Зарем не сфатија дека тоа е песна за ужасите на ропството?! Се надевам, ќе успееме да ја воскреснеме песната во нејзина слава, Рече гитаристот. Пејачот и писател сер Мик Џегер, за весникот изјави дека причината што не ја изведуваат песната е тоа што „тешко е да се состави соодветна листа за на стадион“. – Песната засега може да биде исфрлена од репертоарот, па ќе видиме како ќе оди. Можеме и да ја вратиме, рече тој. Продуцентот Јан Бренан, меѓу другите, ја критикуваше песната која, наводно, „го велича ропството, силувањето, тортурата и педофилијата“. – Повикот не е за цензура или авторски права, туку за поголема свест и чувствителност. Овој конкретен случај е далеку од пребирливост, ситници или потрага по грешка во крајните агли на нечија приказна. „Brown Sugar“ не е само „парче“ од другата страна на плочата, рече Бренан за рок-хитот. Песната на „Спотифај“ е слушната речиси 170 милиони пати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/roling-stouns-nema-da-ja-pejat-brown-sugar-na-turnejata-ova-e-prichinata/feed/ 0
Фановите од цел свет се возбудени: Почна рок-турнејата на „Ролинг стоунс“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-od-cel-svet-se-vozbudeni-pochna-rok-turnejata-na-roling-stouns/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-od-cel-svet-se-vozbudeni-pochna-rok-turnejata-na-roling-stouns/#respond Mon, 27 Sep 2021 10:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=568787

Рок-бендот „Ролинг стоунс“ вчера ја почна турнејата ширум САД, под наслов „No Filter”. На самиот почеток одеше видео посветено на нивниот неодамна починат тапанар Чарли Вотс, а за британскиот бенд, ова е нивна прва турнеја, од 1963 година, без него. Додека 60.000 луѓе го извикуваа името на Чарли, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцената за да ја отсвират првата песна „Street Fighting Man“. Спротивно на гласините, немаше лого на бендот со црна лента којашто би ја означувала смртта на Вотс. Тапанарот почина во Лондон во август по операција за којашто не се соопштени подробности. На концертот во Сент Луис, Стив Џордан го зазеде местото на Вотс како тапанар. Турнејата со 13 концерти, која беше одложена поради пандемијата на коронавирус, завршува во ноември. Бендот е поделен за тоа – дали ова ќе биде нивната последна турнеја? -Тоа прашање ми го поставуваат откога имав 31 година. Не знам. Мислам, сѐ може да се случи. Знаете, ако работите одат добро следната година и сите се чувствуваат добро на турнејава, сигурен сум дека ќе одржиме уште концерти. Сега се обидувам да се сосредоточам на оваа турнеја, рече претходно 78-годишниот Џегер. Тој беше подложен на операција на срцето во 2019 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/fanovite-od-cel-svet-se-vozbudeni-pochna-rok-turnejata-na-roling-stouns/feed/ 0
Почина менаџерот на Ролинг Стоунс: Доживеал несреќа додека копал гроб за своето милениче https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-menadzerot-na-roling-stouns-doziveal-nesrekja-dodeka-kopal-grob-za-svoeto-mileniche/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-menadzerot-na-roling-stouns-doziveal-nesrekja-dodeka-kopal-grob-za-svoeto-mileniche/#respond Sat, 11 Sep 2021 18:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=562434

Мик Бригден, тур -менаџер на многу познати музичари и музички групи, почина на 74 -годишна возраст во својот дом во Санта Роса, пишува „Пипл“. Сопругата на починатиот менаџер на локалните медиуми изјави дека Мик доживеал несреќа додека копал гроб за да го закопа мртвото милениче, нивното куче. Иако бил пренесен во блиската болница веднаш по несреќата, лекарите можеле само да констатираат смрт. Мик е роден во Англија. Познат е како штитеник на познатиот промотор на концертот Бил Греам. За време на неговиот живот, тој создаде завидна кариера. Имено, Бригден соработуваше со еден од најпопуларните бендови во светот „Ролингстоунс“, и музичари како Боби Дилан, Ван Морисон… На почетокот на кариерата, тој се обиде како графички дизајнер во Канада, но тоа не му се допадна, па откако се запозна со фронтменот на групата „Планина“ Феликс, својот живот го сврте кон менаџмент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-menadzerot-na-roling-stouns-doziveal-nesrekja-dodeka-kopal-grob-za-svoeto-mileniche/feed/ 0
Членовите на Ролинг Стоунс се збогуваат од Чарли Вотс: Особено е тажна објавата на Кит Ричардс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chlenovite-na-roling-stouns-se-zboguvaat-od-charli-vots-osobeno-e-tazna-objavata-na-kit-richards/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chlenovite-na-roling-stouns-se-zboguvaat-od-charli-vots-osobeno-e-tazna-objavata-na-kit-richards/#respond Wed, 25 Aug 2021 08:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=554784

Чарли Вотс, тапанарот на Ролинг Стоунс, почина на 81 -годишна возраст, а многу светски sвезди се збогуваа со великанот на рокенролот, од Елтон Џон, Брајан Адамс, Дејвид Ковердејл и други. Сите се согласија дека тој е врвен музичар и вистински џентлмен. Од Чарли Вотс се збогуваа и неговите колеги од Ролинг Стонс. Мик Џегер на социјалните мрежи објави фотоградија од тапанарот и не напиша ниту еден збор, што доволно говори колку веќе му недостасува. Рони Вуд објави заедничка фотографија со Чарли Вотс и напиша: „Те сакам, близнак колега. Многу ќе ми недостасуваш. Најдобар си.“ Објавата на Кит Ричардс е дефинитивно најтажна. Имено, тој објави фотографија каде се наоѓаат само тапаните на кои свирел Чарчи Вотс, со натпис „затворено“. Кит Ричардс не успеа да напише ни збор, што е сосема доволно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chlenovite-na-roling-stouns-se-zboguvaat-od-charli-vots-osobeno-e-tazna-objavata-na-kit-richards/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-tapanarot-na-roling-stouns-charli-vots/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-tapanarot-na-roling-stouns-charli-vots/#respond Tue, 24 Aug 2021 17:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=554600

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина денеска во болница на 81 -годишна возраст, соопшти неговиот портпарол. – Со огромна тага објавуваме дека нашиот сакан Чарли Вотс почина. Почина мирно во болница во Лондон во кругот на своето семејство, изјави портпаролот на Вотс. Вотс, кој го прослави својот 80-ти роденден во јуни, беше член на Ролинг Стоунс од 1963 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-tapanarot-na-roling-stouns-charli-vots/feed/ 0