Роман Полански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jul 2022 08:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Роман Полански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најавено објавување запечатени документи од судењето на Роман Полански https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najaveno-objavuvanje-zapechateni-dokumenti-od-sudenjeto-na-roman-polanski/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najaveno-objavuvanje-zapechateni-dokumenti-od-sudenjeto-na-roman-polanski/#respond Wed, 13 Jul 2022 08:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=704305

Обвинителството во Лос Анџелес вчера објави дека повеќе нема да се противи на објавувањето на запечатените документи во случајот „Роман Полански“, коишто може да откријат несоодветно однесување на американското судство. Џорџ Гаскоњ, окружниот обвинител на Лос Анџелес, рече дека неговата канцеларија „утврдила дека е во интерес на правдата да се согласи да ги отпечати овие записници“. Француско-полскиот режисер Роман Полански, инаку, беше уапсен 1977 година, откако 13-годишната Саманта Гејли го обвини за дрогирање и силување. „Судовите го опишаа овој случај како една од најдолгите саги во историјата на калифорниската казнено правосудство. Оваа канцеларија со години се бори против објавувањето информации кои жртвата и јавноста имаат право да ги знаат“, се вели во соопштението на Гаскоњ. Иако сѐ уште не е познато што точно содржат транскриптите, тие вклучуваат сведочење на поранешниот заменик окружен обвинител Роџер Гансон – првиот кој го водеше случајот на Полански. За да го поштедат девојчето од судење, обвинителите идејствуваа спогодба за признавање вина, па Полански се изјасни виновен за недозволени сексуални односи со малолетничка. Тој одлежа 42 дена затвор и беше подложен на психијатриска проценка. Кога се чинеше дека судијата Лоренс Ритенбанд ќе го преиспита случајот и ќе изрече подолга затворска казна, Полански пребегна во Франција, каде што живее и денес. Режисерот на „Бебето на Розмари“ и „Кинески град“ оттогаш не се вратил во САД. Гаскоњ ги опиша околностите под кои обвинителите првично го третирало Полански, како „вонредни“ и додаде дека неговата канцеларија е посветена на „транспарентност и одговорност за сите во правосудниот систем“. Во 1997 година, Гејли јавно му прости на Полански и рече дека односот кон неа од страна на новинарите и правосудниот систем е полош од првичното злосторство. И таа самата претходно побара да се објават транскриптите. „Полански останува бегалец од правдата и треба да се предаде на Врховниот суд на Округот Лос Анџелес за изрекување пресуда“, додава Гаскоњ во соопштението. Роман Полански (88) последниве години беше обвинет и од неколку други жени за сексуални злосторства во минатото. Режисерот ги порекна сите овие обвинувања, меѓу другото, и поради застареност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najaveno-objavuvanje-zapechateni-dokumenti-od-sudenjeto-na-roman-polanski/feed/ 0
Режисерот кој е обвинет за силување го доби францускиот „Цезар“: Актерите демонстративно заминаа, протести во Париз https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-koj-e-obvinet-za-siluvanje-go-dobi-francuskiot-cezar-akterite-demonstrativno-zaminaa-protesti-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-koj-e-obvinet-za-siluvanje-go-dobi-francuskiot-cezar-akterite-demonstrativno-zaminaa-protesti-vo-pariz/#respond Sat, 29 Feb 2020 09:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=310320

Роман Полански е добитник на годинашниот француски „Цезар“, пандан на холивускиот „Оскар“, за режија на филмот „Офицер и шпион“, што наведе неколку актери да ја напуштат церемонијата на доделување на наградите во Париз, јавија агенциите. Во Градот на светлината, синоќа, пред салата во која се оддржуваше церемонијата, се собраа демонстранти во знак на протест заради номинирањето на филмот на Полански, кој се соочуваа со обвинение за силување, а полицијата мораше да интервенира со солзавец за да ги растера. Филмот на Полански „Офицер и шпион“, за познатата афера Драјфус, која го стресе француското општество на крајот на 19 и почетокот на 20 век, беше номиниран во 12 категории за наградата „Цезар“. Британските медиуми јавуваат дека, пред салата, во која се одржуваше свеченоста учесниците на протестот носеа транспаренти со натписи „Индустрија која ги штити силувачите треба да се засрами“. Пред две недели целиот одбор на академијата „Цезар“, францускиот еквивалент на американскиот Оскар, поднесе оставка заради бранот критики бидејќи фирмот на Полански се најде во дури 12 номинации. Одлуката неговиот филм да се најде во конкуренција предизвика негодување од феминистичките групи и доведе до повик за бојкот. Полско-францускиот режисер е баран од САД заради силување на 13-годишно девојче, што беше сторено уште во 1977 година. Полански ги напушти САД уште за време на судењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-koj-e-obvinet-za-siluvanje-go-dobi-francuskiot-cezar-akterite-demonstrativno-zaminaa-protesti-vo-pariz/feed/ 0
Полански номиниран за 12 француски Оскари, жените бесни: „Му укажувате чест на насилник и педофил“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-nominiran-za-12-francuski-oskari-zenite-besni-mu-ukazuvate-chest-na-nasilnik-i-pedofil/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-nominiran-za-12-francuski-oskari-zenite-besni-mu-ukazuvate-chest-na-nasilnik-i-pedofil/#respond Thu, 30 Jan 2020 10:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=296819

Активистки од феминистрички кампањи ја обвинија Француската филмска академија дека поддржала насилник и силувач во бегство, откако последниот филм на режисерот Роман Полански е номиниран за 12 Цезар награди. Полскиот режисер избега од САД во Франција во 1978 година откако призна дека силувал 13 годишно девојче по што се води како бегалец. Неговиот филм „Офицер и шпион“  е номиниран за 12 Цезар награди - француски пандан на Оскарите, вклучително во категориите најдобар филм и режисер. Непосредно пред премиерата во ноември минатата година, француската фотографка Валентина Моније, го обвини Полански дека ја силувал во швајцарско ски одморалиште кога имала 18 години. -Признавањето на неговиот филм е еквивалентно на замолчување на жртвите, истакнуваат од феминистичката група „Осез Ле Феминисиме“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-nominiran-za-12-francuski-oskari-zenite-besni-mu-ukazuvate-chest-na-nasilnik-i-pedofil/feed/ 0
Повици за бојкот на новиот филм на Роман Полански https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povici-za-bojkot-na-noviot-film-na-roman-polanski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povici-za-bojkot-na-noviot-film-na-roman-polanski/#respond Wed, 13 Nov 2019 15:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=263652

Ден пред излегувањето на најновиот филм на Роман Полански „Обвинувам“ во Париз се одржаа протести од феминистичките движења, по што следуваше и повик за бојкот на филмот, јави дописникот на МИА. Поранешната француска министерка за правата на жените Лоранс Росињол праша дали треба „да се разликува Роман Полански обвинетиот, од Роман Полански, режисерот?“ -Човекот, тој е пред нас и не може да се раздели од неговата работа, изјави денеска Росињол за Телевизија Франс2. Без да побара забрана на последниот филм на режисерот за аферата Дрејфус „Обвинувам“ (J’accuse) Росињол повика на бојкот на филмот, а на Полански да му се „понуди нарцистична награда“. Промоцијата на филмот „Обвинувам“, што е поздравен од филмската критика, е засенета од петтото обвинение за силување. Минатата недела, во „Ле Паризиен“, фотографката Валентин Мониер го обвини режисерот дека ја силувал и тепал во 1975 година – што Полански го негира. -Ако се докажат обвиненијата против него, истрагите мора да продолжат, секако -тој е ѓубре… и во овој случај не сум навикната да гледам филмови на копилиња, рече Орелиен Пради, пратеник кој го предложи законот за борба против семејното насилство, усвоен од Парламентот. Во вторникот, непосредно пред објавувањето на филмот, беше откажана проекцијата во париското кино „Ле Шампо“, блокиран од неколку десетици феминистички активисти. Останатите проекции, вклучувајќи ја и главната во кино на Шанзелизе, се одржаа. Полански е осуден во 1977 година за „нелегален полов однос“ со 13-годишничка, која го обвини дека ја дрогирал и силувал. Тој сè уште се гони САД, но никогаш не бил уапсен во Франција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povici-za-bojkot-na-noviot-film-na-roman-polanski/feed/ 0
Полански: Движењето „И јас“ е колективна хистерија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-dvizenjeto-i-jas-e-kolektivna-histerija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-dvizenjeto-i-jas-e-kolektivna-histerija/#respond Wed, 09 May 2018 16:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=52237

Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Me too), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“. Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство, и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка. Според него, луѓето кои го поддржуваат ова движење го прават тоа воглавно од страв и го спореди со севернокорејските лидери за кои наведува дека се толку интензивни „што не можеш да престанеш да се смееш“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/polanski-dvizenjeto-i-jas-e-kolektivna-histerija/feed/ 0
Роман Полански нема да биде обвинет за сексуално злоставување https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roman-polanski-nema-da-bide-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roman-polanski-nema-da-bide-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/#respond Tue, 09 Jan 2018 12:20:56 +0000 http://kurir.mk/?p=8252

Обвинителството на Лос Анџелес нема да покрене обвинение против 84-годишниот режисер оскаровец Роман Полански за сексуално злоставување. Актерот беше обвинет за сексуален напад врз жена, што се случил во 1975 година, кога таа имала 10 години. Тужбата беше поднесена во октомври минатата година, но е отфрлена поради застареност на случајот. Адвокатот на Полански тврди дека обвинувањата се невистинити. Актерот живее во доброволен егзил во Франција уште од 1978 година и таму го чека изрекувањето на казната за случај со сексуален напад врз друга малолетничка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/roman-polanski-nema-da-bide-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/feed/ 0