роман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 06:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png роман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на романот „Засолниште во времето“ на Георги Господинов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-zasolnishte-vo-vremeto-na-georgi-gospodinov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-zasolnishte-vo-vremeto-na-georgi-gospodinov/#respond Thu, 01 Dec 2022 06:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=769185

Во кино Фросина во МКЦ вечер ќе биде промовиран романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски е преведен од Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска. Во романот „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат. „Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава“. (Сандро Веронези, двоен добитник на Премио Стрега) „Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално“. (Ле Фигаро) „Георги Господинов е единствен во многу работи…Никој не може да ги спои интригантниот концепт, прекрасната фантазија и совршената техника на пишување како што тоа го прави тој“.(Олга Токарчук, Нобеловка) „Роман со стотици приказни во себе. Роман на еден континент и во десеттина земји, стотици градови и со илјадници луѓе. Милиони приказни им се случиле, или не“. (Литературен гид) Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-zasolnishte-vo-vremeto-na-georgi-gospodinov/feed/ 0
Романот „Водата во езерото никогаш не е слатка“ од Џулија Каминито објавен на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/romanot-vodata-vo-ezeroto-nikogash-ne-e-slatka-od-dzulija-kaminito-objaven-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/romanot-vodata-vo-ezeroto-nikogash-ne-e-slatka-od-dzulija-kaminito-objaven-na-makedonski-jazik/#respond Fri, 04 Nov 2022 10:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=755655

Во издание на „Македоника литера“ објави е романот „Водата во езерото никогаш не е слатка“ од современата италијанска писателка Џулија Каминито, во превод од италијански јазик на Анета Симовска. Романот „Водата во езерото никогаш не е слатка“ (2021) лани беше финалист на меѓународната награда „Стрега“, добитник на „Стрега оф“ и на наградата „Кампиело“. До појавата на ова македонско издание, правата за превод на романот беа продадени во 21 земја. Ова е прв превод на дело на Каминито на македонски јазик. Приказната во романот, како што информира издавачот, во основа е социјална, тешка и мачна, но искрено и реално раскажана од аспект на младиот наратор и со младешки сензибилитет. Главниот лик Гаја и нејзиното семејство живеат во сиромаштија, се чувствуваат како да пловат во најматната вода, без надеж за бегство или подобрување на условите и животот. „Водата во езерото никогаш не е слатка“ доби повеќе позитивни критички оцени. – Романот на Каминито е толку жесток, толку вознемирувачки од страница во страница, толку искрен до крајност, што совршено и безнадежно се идентификуваме со неговите ликови и нивните приказни, се наведува во „Sul romanzo“. Џулија Каминито (1988, во Рим – Италија) дебитира во 2016 година со романот „Големото А“, посветен на африканскиот постколонијализам и базиран на семејни случки, за којшто добива неколку признанија, меѓу кои наградите: Берто, Багута (за прво дело), Бранкати (за млади). Потоа ги објавила збирката раскази „Ги гледавме другите како играат танго“ во 2017, приказната „Балерината и морнарот“ во 2018 и романот „Еден ден ќе дојде“ во 2019 година, за којшто ја добива наградата Фиезоле. Во 2021 беше издаден нејзиниот трет роман „Водата во езерото никогаш не е слатка“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/romanot-vodata-vo-ezeroto-nikogash-ne-e-slatka-od-dzulija-kaminito-objaven-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Промоција на романот „Вошицки“ од Марко Грегур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-voshicki-od-marko-gregur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-voshicki-od-marko-gregur/#respond Mon, 19 Sep 2022 19:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=734996

Во Младинскиот културен центар на 22 септември од 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Вошицки“, добитник на наградите „Фриц“ и „Владимир Назор“ во 2020 година. Вошицки е роман за бескрајот на страдањето на човекот чии што книги останале како дел од вечноста. – Винко (Винценц) Вошицки, натурализиран Чех во Копривница во виорот на турбулентната историја на првата половина од дваесеттиот век го живее проклетството на печатарот, на оној што ја документирал историјата што секогаш и со голема сила го удирала и се обидувала да го уништи. Во неговиот животен пат, сјајно раскажан од Марко Грегур, ја препознаваме целата мачнина на политичките пресврти, го вскусуваме горчливиот вкус на трагичната вина на човекот чијашто благородност е епохална, стои во соопштението од МКЦ. Грегур во овој роман зборува за историските пресврти што немале милост кон човекот, кој од петни жили се обидувал да преживее во околности и ситуации полни со смрт и деструкција. Марко Грегур (Копривница, 1982) пишува поезија и проза. Ги објавил стихозбирката „Лирска графика“ (Публикации Церес, 2011) и збирките раскази „Пегличка во декември (ДХК, 2012) и „Убав ден за Дринкополи“ (Алгоритам, 2014) и романот „Како изгоре пресветиот Тромбетасич“, кој влезе во 12-те финалисти за наградата „Фриц“, а ја доби наградата „Катарина Патачиќ“ за најдобра книга на кајкавски дијалект и беше преведен на словенечки јазик. Грегур е вклучен и во антологијата на младите хрватски романсиери „Без врата, без чукање“ (Сандорф, 2012). Иницијатор е на фестивалот „Алпе Јадран фестивал за млади писатели“, член е и претседател на управниот одбор на меѓународниот литературен фестивал „Галовиќова есен“, водител е на книжевните трибини „Либарење“, еден од иницијаторите е и главен и одговорен уредник на списанието „Артикулации“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-voshicki-od-marko-gregur/feed/ 0
Излезе од печат романот „На пола пат“ од Алија Авдовиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-od-pechat-romanot-na-pola-pat-od-alija-avdovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-od-pechat-romanot-na-pola-pat-od-alija-avdovikj/#respond Wed, 03 Aug 2022 12:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=713459

Во издание на здружението „Диван“, а со подршка на Министерството за култура деновиве излезе од печат новиот роман „На пола пат“ од авторот Алија Авдовиќ. Романот е напишан на босански јазик, или во оригинал „Na pola puta“ и е петто остварување на реномираниот бошњачки и македонски писател Алија Авдовиќ. – Ова е роман на една внатрешна перцепција на проникнувањето на животот на бошњачкиот народ со потекло од Санџак, стремеж на една длабока човечка вистина на самото човечко постоење, вели во својата рецензија Амина Поровиќ. Уредникот на изданието, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ изјави дека центар на случувањата е Горно Оризари, село во Велешко каде освен емоциите, љубовта, одмаздата и освен лирското во романот, истиот претставува и значаен допринос за историјата на бошњачкиот народ во нашата држава. – Романот е создаден со големи и измешани емоции во кој се преплетуваат судбините на Бошњаците од Санџак, Македонија, од дијаспората, појасни Рамчиловиќ. Од здружението „Диван“ соопштија дека ќе продолжат со поддршка, промоција и афирмација на бошњачките писатели во нашата држава. – Во понатамошниот период планирана е и промоција на книгата, истата ќе биде достапна за продажба во книжарниците во Скопје и дистрибуирана до библиотеките, посочија од Здружението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-od-pechat-romanot-na-pola-pat-od-alija-avdovikj/feed/ 0
Промоција на романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/#respond Thu, 23 Dec 2021 06:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=611892

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски. Романот беше објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон” каде, како што соопшти авторот, годинава достигна и рекордно прво место во категоријата Источноевропска литература за Киндл-изданијата. Македонското издание на романот го објави „Паблишер“. Александар Прокопиев во поговорот наведува дека романот „во наративот прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна“. Приказната е раскажана од две перспективи – машка и женска и, според авторот, таа е „фино испреплетена мозаична сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-anatomija-na-bumbarot-od-stefan-markovski/feed/ 0
Од печат излезе новиот роман „Баба“ на Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/#respond Mon, 12 Jul 2021 10:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=535424

Во издание на „Паблишер“, од печат излезе новиот роман „Баба“ на Луан Старова. Романот е инспириран од ликот на баба му Хазбије, и во него тој ја дешифрира невидливата и нераскинлива врска помеѓу навидум раздвоените и напати антагонистички колективни социјални ентитети. Притоа, како централен лик во романот кој го следи нејзиниот живот од најраните младешки години до самиот крај, Хазбије прераснува во апотеоза на Жената – единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации. Авторот на поговорот, Ферид Мухиќ, нагласува дека ова е роман за „феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата. Не нужно распнатост, не секогаш растргнатост, туку едноставно подвоеност како реална ситуација, како еден вид агрегатна состојба во која се манифестира животот на секој човек“. Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 ноември“ на Скопје, републичката награда „11 Октомври“, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 година за „Потрага по еден Лејбовиц“, а добитник е и на државната награда „Св. Климент Охридски“, и други. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/feed/ 0
Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/devet-romani-vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/devet-romani-vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata/#respond Fri, 26 Feb 2021 07:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=474056

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година во втората селекција одбра девет романи кои останаа во конкуренција за добивање на оваа престижна награда. На годинашниот конкурс пристигнаа 41 роман, а жири комисијата во првата селекција одбра 18 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март, петок. Во жири комисијата, која одлучува при изборот на романите, се Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“). Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/devet-romani-vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata/feed/ 0
Објавен романот „На осамениот брег покрај морето“ од Зоран Фериќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-romanot-na-osameniot-breg-pokraj-moreto-od-zoran-ferikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-romanot-na-osameniot-breg-pokraj-moreto-od-zoran-ferikj/#respond Thu, 25 Jun 2020 10:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=362695

Издавачката куќа Или-Или го објави романот „На осамениот брег покрај морето“ на еден од најистакнатите современи хрватски писатели, Зоран Фериќ. Преводот од хрватски јазик е на Владимир Јанковски, а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Романот „На осамениот брег покрај морето“ е составен од девет приказни, чии главни ликови се легендарните далматински „галеби“, тие сурови ловци на женски срца и тела, еден вид заштитен знак на југословенските летувалишта во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Сместен на островот Раб, романот ги следи судбините на неколку (анти)херои и нивните бројни „подвизи“ на горчливо-духовит начин, специфичен за делата на Зоран Фериќ. Но, покрај машките ликови, слободно може да се каже дека поважни се блескаво разработените женски ликови, локални жителки и туристки, зашто тие ги диктираат нештата и околу нив се врти сѐ. Растењето и созревањето, неуспешните љубови, фината меланхолија, што провејува низ епизодите во кои ги следиме животните приказни на клучните ликови на ова дело го вовлекуваат читателот во временски не толку далечното, но со блага копнеж натопено минато. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-romanot-na-osameniot-breg-pokraj-moreto-od-zoran-ferikj/feed/ 0
По пожарот во Нотр Дам: Зголемена продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-pozarot-vo-notr-dam-zgolemena-prodazbata-na-romanot-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-na-viktor-igo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-pozarot-vo-notr-dam-zgolemena-prodazbata-na-romanot-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-na-viktor-igo/#respond Wed, 17 Apr 2019 12:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=187657

Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз. Амазон додаде дека е зголемена продажбата и на англиската верзија на романот од 1831 година. Приказната за физички деформираниот ѕвонар Квазимодо во катедралата помогнала тогаш во реновирањето на црквата во центарот на Париз, која пред два дена ја зафати огромен пожар. Средновековната катедрала во готски стил, Нотр Дам е една од најпознатите во западниот дел на Европа. Таа се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат речиси 14 милиони туристи и католички верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-pozarot-vo-notr-dam-zgolemena-prodazbata-na-romanot-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-na-viktor-igo/feed/ 0
Промоција на новиот роман на Петар Андоновски „Страв од Варвари“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/#respond Tue, 22 May 2018 06:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=56781

Новиот роман од Петар Андоновски, „Страв од Варвари“ ќе биде промовиран вечер во кафе бар „Ла Кања“. Романот е во издание на Или-Или, а за него ќе зборуваат Румена Бужаровска и Славчо Димитров. Во предговорот од Лидија Капушевска Дракулевска се вели дека во романот наизменично се испреплетени два наративни тека на два женски гласа: Русинката Оксана и Гркинката Пинелопи. Наспроти општопознатата метафора на името на Гркинката (експлицитната алузија на Пенелопа кај Хомер), помалку е познато дека и името Оксана, покрај словенското (украинско) потекло (со значење: во слава на Бог), во превод од грчки значи „странец“, но и „гостољубив“, што исто така добива метафорички конотации во контекст на романот. Андоновски мошне уверливо ги портретира психолошките профили на двата носечки женски ликови преку сопствената автоперцепција, а преку нивната визура, пак, ги слика и портретите на цела плејада други ликови што упаѓаат во орбитите на нивните животи некогаш и сега. Сите ликови се, на еден или на друг начин, нереализирани во животот, своевидни аутсајдери, со изневерени надежи и неостварени копнежи. Такви се и ликовите на двете нараторки: и тие се инертни, пасивни, еднодимензионални, ним им недостига вториот дел од нивната личност, отсутната жена-пријателка, олицетворение на динамичниот, активен принцип на постоењето. Без нивното „алтер его“, животот на двете нараторки е бесмислен, празен и апсурден. Просторното вкрстување на двојната нарација се случува со доаѓањето на тројцата Руси (всушност Украинци, но во времето на кое се алудира во романот, Украина е сѐ уште во составот на СССР) на островот Гавдос и со овој настан се воведува клучната тема во романот – варварството. Петар Андоновски е роден 1987 година во Куманово. Тој е автор на: „Ментален простор" (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли" (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее" (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари" (роман, 2018). Добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за романот „Телото во кое треба да се живее“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/feed/ 0