романија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 08:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png романија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тешка сообраќаја несреќа меѓу два автобуси и камион со над 60 повредени во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/#respond Fri, 22 Sep 2023 08:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=880612

Над 60 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во округот Телеорман во јужна Романија. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес. Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица. На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД. Надлежните побараа помош и на локално ниво - од Ѓургево: Обидете се да спасите што повеќе луѓе, пренесува БТА. Автомобилскиот сообраќај во реонот на несреќата е блокиран. Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/feed/ 0
Четири лица загинаа во експлозија на гасовод во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-gasovod-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-gasovod-vo-romanija/#respond Thu, 21 Sep 2023 08:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=880159

Четворица градежни работници загинаа синоќа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести (округот Вранча), а петмина повредени се хоспитализирани. Во 01:30 часот, пожарникари биле повикани на автопат во изградба во Калиманести поради експлозија на гасовод, проследена со пожар. Како резултат на инцидентот пет лица се повредени. За жал, на самото место се пронајдени четири јагленосани трупови, изјави портпаролот на Инспекторатот за вонредни состојби во Вранча, Флорин Олару, пренесува Аџерпрес. Тој прецизира дека пожарот бил изгаснат за околу три часа и се прават напори за разладување на машините зафатени од пожарот. Двајца од повредените во експлозијата се здобиле со изгореници од 65, односно 40 отсто, а со хеликоптер биле пренесени во болница во Букурешт, соопшти медицинската служба во округот Вранча. Според прелиминарната верзија, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-gasovod-vo-romanija/feed/ 0
Се степале двајца монаси на Света Гора: Едниот е во болница, другиот уапсен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stepale-dvajtsa-monasi-na-sveta-gora-edniot-e-vo-bolnitsa-drugiot-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stepale-dvajtsa-monasi-na-sveta-gora-edniot-e-vo-bolnitsa-drugiot-uapsen/#respond Tue, 19 Sep 2023 09:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=879430

Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија. Физичкиот напад бил со раце, нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен. При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stepale-dvajtsa-monasi-na-sveta-gora-edniot-e-vo-bolnitsa-drugiot-uapsen/feed/ 0
Во Романија повторно пронајдени делови од дрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/#respond Wed, 13 Sep 2023 13:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=877735

Романија повторно откри потенцијални делови од беспилотни летала на нејзина територија, објави Министерството за одбрана. Во раните утрински часови Русија изврши напад со дрон врз областа Измаил во јужна Украина, во близина на границата со Романија. Трет пат во една недела Романија пријавува идентификација на фрагменти од дронови на нејзина територија. Романските власти на 6 и 9 септември пронашле фрагменти од дрон. По инцидентите со фрагменти од дрон, Романија, членка на НАТО, денеска соопшти дека почна со изградба на засолниште за воздушни напади во југоисточниот регион на границата со Украина. Романија одлучи да ги зголеми безбедносните мерки по руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктурата на Дунав. Романската армија почна да работи на изградба на две бетонски засолништа со цел „да го заштити населението“ во градот Плаур што е во близина на украинското пристаниште Измаил, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. За изградбата на засолништата е ангажиран одред од околу 50 војници, а кога ќе бидат изградени ќе бидат предадени на локалните власти. Претседателот на Романија, Клаус Јоханис претходно испрати протестна нота до Москва, осудувајќи ги „тешките нарушување на воздушниот простор што претставуваат закана за романските граѓани“ кои живеат во областа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-romanija-povtorno-pronajdeni-delovi-od-dron/feed/ 0
Поради „Косово е Србија“ прекинат мечот меѓу Романија и Косово (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-kosovo-e-srbija-prekinat-mechot-megu-romanija-i-kosovo-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-kosovo-e-srbija-prekinat-mechot-megu-romanija-i-kosovo-video/#respond Tue, 12 Sep 2023 19:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=877425

Романија и Косово играат меч во Букурешт во овој евроквалификациски циклус, ама мечот дочека 18 минути, по што се прекина поради скандирања на романските навивачи за Србија. Романците кои се една од петте земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, ги дочекаа гостите со скандирања „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“, а после истакнување на транспарентот за статусот на Косово, играчите од Косово се повлекоа од теренот. Не помогнаа ни реакциите на романските фудбалери кон навивачите за да престанат со скандирањата, па сега допрва ќе се решава што понатаму. https://twitter.com/i/status/1701676753221976538
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-kosovo-e-srbija-prekinat-mechot-megu-romanija-i-kosovo-video/feed/ 0
Делови од руски дрон паднаа на територијата на Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delovi-od-ruski-dron-padnaa-na-teritorijata-na-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delovi-od-ruski-dron-padnaa-na-teritorijata-na-romanija/#respond Wed, 06 Sep 2023 14:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=875260

Романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар изјави дека за време на нападот врз украинското пристаниште на Дунав, делови од руски дрон паднале на територијата на Романија. Претходно, романското Министерство за одбрана ги демантираше украинските наводи дека делови од беспилотно летало паднале на романска територија. Изминатите недели, Русија постојано ги бомбардираше пристаништата на Дунав, а многу од нападите беа извршени веднаш до границата со Романија. Романското Министерство за одбрана ги осуди тие нападите оценувајќи ги како неоправдани и кршење на меѓународното хуманитарно право. Руските сили денеска со беспилотни летала ги нападнаа украинските пристанишни објекти во областа Измаил на Дунав, при што загина едно лице, изјави локалниот гувернер Олех Кипер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delovi-od-ruski-dron-padnaa-na-teritorijata-na-romanija/feed/ 0
Нов граничен премин ќе ја поврзува Романија со Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-granichen-premin-ke-ja-povrzuva-romanija-so-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-granichen-premin-ke-ja-povrzuva-romanija-so-ukraina/#respond Fri, 18 Aug 2023 13:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=868463

Нов граничен премин ќе ја поврзува Романија со Украина. Ќе се гради меѓу Била Церква и Сигету Марматиеи, а целта ќе биде да го олесни преминот на луѓе и стоки. Договорот меѓу двете земји беше постигнат денеска за време на посетата на украинскиот премиер Денис Шмигал на Букурешт. Церемонијата на потпишување се одржа во палатата „Викторија“ (зградата на Владата). „Тоа ја означува консолидацијата и напредокот во билатералните односи меѓу Романија и Украина“, рече владиниот портпарол Михаи Констан. За време на заедничките изјави веднаш по церемонијата, романскиот премиер Марсел Чолаку и Денис Шмигал се осврнаа на други актуелни теми на агендата. „Романија ќе биде ангажирана на ист начин како и досега во олеснувањето на извозот на украинското жито на меѓународните пазари. Преку Романија се надеваме дека ќе транзитираме над 60 отсто од вкупниот обем на извоз на жито од Украина“, најави Чолаку. Тој додаде дека тој и неговиот украински колега поставиле амбициозна цел да се удвои обемот на транзит на украинско жито во Романија од два милиони тони месечно на четири милиони тони и нагласи дека мерките што ќе бидат преземени на национално и европско ниво, на ников начин нема да бидат на штета на романските земјоделци. „Владата и јас ќе продолжиме да даваме целосна и доследна поддршка на Украина. Обединети сме против руската воена агресија и варварските акти. Овој бесмислен конфликт мора да запре. Предлагаме целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ние ќе стоиме со Украина толку долго колку што е потребно додека Украина не победи“, рече Чолаку. Тој упати повик кон Украина да продолжи да се бори како досега, бидејќи зад себе има сојузници, како што се САД, НАТО и ЕУ и пријатели како Романија. „Местото на Украина и Молдавија е во ЕУ“, додаде Чолаку. Шмигал се заблагодари за топлиот прием на украинските бегалци во Романија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-granichen-premin-ke-ja-povrzuva-romanija-so-ukraina/feed/ 0
Грчката полиција уапси вооружени фудбалски навивачи од Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=865770

Грчката полиција приведе синоќа на границата со Бугарија седум Романци кај кои биле пронајдени ножеви, а се верува дека се навивачи на романски фудбалски клуб. „Седуммина странци се уапсени поради кршење на законите за поседување оружје и оние за професионален и аматерски спорт“, се наведува во соопштението на грчката полиција. Полицијата наведе дека при претресот во возилата на романските навивачи на граничниот премин Промахонас биле откриени неколку парчиња ладно оружје, дрес и навивачки шал со лого на странски фудбалски клуб. Според полициски извори, станува збор за романски државјани, навивачи на фудбалски клуб од нивната земја, кои планирале да присуствуваат на натпреварот од квалификациите во Лигата на шампиони меѓу грчки Олимпијакос и белгиски Гент, кој синоќа се одигра во Атина. Грчките медиуми јавија дека навивачите на романскиот клуб се во „братски односи со навивачите на Генк“. Грчката полиција ги засили мерките за безбедност по крвавиот судир меѓу навивачите на загрепски Динамо и атински АЕК во кој во понеделникот вечер во Атина беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис. Поради вмешаност во инцидентите полицијата уапси 104 лица, од кои 94 се навивачи на хрватскиот клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grchkata-politsija-uapsi-vooruzheni-fudbalski-navivachi-od-romanija/feed/ 0
Од Романија за една година се иселиле 50.000 граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/#respond Mon, 07 Aug 2023 12:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=864249

Во 2022 година 50.000 Романци ја напуштиле својата татковина, објави весникот „Адеверул“, додавајќи дека рекордната бројка е еднаква на населението на средно голем град. Според експертите демографската криза во Романија продолжува, а причините за тоа се економски и социјални. На масовната миграција се додава и негативниот природен прираст на населението. Според податоците на Националниот статистички институт, во април 2023 година имало за 2.853 новородени деца помалку во споредба со истиот месец од 2022 година. Природниот прираст бил негативен во април 2023 година (минус 8.902 лица), како и во април 2022 година (минус 8.859 лица). Во 2011 година, бројот на Романци кои живеат во земји-членки на ЕУ изнесуваше 1,67 милиони луѓе и оттогаш продолжува да расте, достигнувајќи 2,5 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт Евростат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-romanija-za-edna-godina-se-iselile-50-000-gragani/feed/ 0
Белгија испраќа уште 300 војници во Романија за поддршка на силите за брза реакција на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ispraka-ushte-300-vojnitsi-vo-romanija-za-poddrshka-na-silite-za-brza-reaktsija-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ispraka-ushte-300-vojnitsi-vo-romanija-za-poddrshka-na-silite-za-brza-reaktsija-na-nato/#respond Fri, 30 Jun 2023 09:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=851131

Белгија наредните денови ќе испрати 300 војници за поддршка на силите за брза реакција на НАТО во Романија. Мисијата на белгиските војници е една година. Белгиската група вклучува пешадија со оклопни возила, специјалисти за врски, артилерци, извидници и воени лекари. Белгиските војници беа испратени во меѓународниот баталјон на НАТО во Романија под француска команда првите денови откако Русија ја нападна Украина минатата година. Од почетокот на војната во Украина, Алијансата ги зголеми меѓународните баталјони од четири на осум на источното крило на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ispraka-ushte-300-vojnitsi-vo-romanija-za-poddrshka-na-silite-za-brza-reaktsija-na-nato/feed/ 0