Ромео Костадинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 19:30:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ромео Костадинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костадинов: со новите даноци ќе се казнат оние компании кои ја реинвестирале добивката, а нема ни транспарентност каде Владата ќе ги троши собраните пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-so-novite-danotsi-ke-se-kaznat-onie-kompanii-koi-ja-reinvestirale-dobivkata-a-nema-ni-transparentnost-kade-vladata-ke-gi-troshi-sobranite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-so-novite-danotsi-ke-se-kaznat-onie-kompanii-koi-ja-reinvestirale-dobivkata-a-nema-ni-transparentnost-kade-vladata-ke-gi-troshi-sobranite-pari/#respond Mon, 24 Jul 2023 19:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859575

Државата сака да фати дел од колачот што стопанството го обезбедило со макотрпна работа во претходната година. Тој закон доаѓа ненајавено – посочи Ромео Костадинов, потпретседател на Сојузот на стопански комори во Тема на денот на вестите на Сител Телевизија како коментар на воведувањето на тн Солидарен данок. - Најтешкиот проблем е што тој данок неочекувано дојде да се плати во 2023 година, во време кога сите финснсиски проекции се направени за работењето во 2023 година, исплатена е дивидендата од 2022 година и нема дополнителни ресурси од каде што тоа би требало да се обезбеди. Тоа значи дезинвестирање, односно намалување на потрошувачката, помал промет и помлку даноци во државата од друга страна. Според Костадинов овој данок на солидарност ќе предизвика поголема штета отколку корист за државата. - Тие пари кои што стопанството требаше да ги инвестира, сега ќе ги пушти во буџетот и таму се предвидува на нетранспарентен начин да се потрошат. Нема раздели, нема ставки, нема износи. Ова вака значи дека ќе се потрошат како што ќе донесе одлука Владата.Тие средства, сега за сега немаат цел- посочи Костадинов и дополни дека на стопанството му треба предвидливост, бидејќи непланираните трошоци носат економска несигурност која ги одвраќа инвеститорите. Од овој закон најпогодени ќе бидат оние компании кои од 2017 до 2021 година донесоа одлука добивката од претходната година да ја реинвестираат во нови инвестиции- заклучи Костадинов и истакна дека владата треба да работи на сузбивање на сивата економија поради која многу парични средства остануваат ненаплатени како данок или во превод оној кој што требало да плати не плаќа, а дополнително се оптоваруваат оние кои редовно го плаќаат данокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-so-novite-danotsi-ke-se-kaznat-onie-kompanii-koi-ja-reinvestirale-dobivkata-a-nema-ni-transparentnost-kade-vladata-ke-gi-troshi-sobranite-pari/feed/ 0
Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов нов потпретседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/#respond Wed, 12 Jul 2023 08:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=855697

Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов е нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, информираат од ССКМ. Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. - Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата „Еуро Консалт Плус“, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората, велат од ССКМ. Досегашните потпретседатели Горан Ѓорѓиевски, Орце Симов, Сашо Дукоски, Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promena-vo-rakovodstvoto-na-ssk-romeo-kostadinov-nov-potpretsedatel/feed/ 0
Формирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/#respond Fri, 24 Mar 2023 08:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=815834

Унапредување на деловното окружување за развој на сметководствено-финансиската и професијата на даночните советници, преку промоција, подигнување на професионалните стандарди и соодветно адресирање на предизвиците е фокусот на активностите на новата Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. За претседател на новата Комора е избран Ромео Костадинов, даночен советник со 30-годишно искуство од областа на економската, финансиска и сметководствена сфера. „Професионалните сметководители, ревизори и даночни советници се пред постојан предизвик да го следат брзиот развој на технологиите, општествените промени, измените во законските регулативи, и сето тоа задолжително да го имплементираат во секојдневното работење на деловните субјекти. Уште позначајно е што на нивните анализи и извештаи се темелат и економските политики на државата. Заради тоа тие повеќе од голем број на други професии во континуитет инвестираат во стручна едукација и професионално усовршување, но сепак претпријатијата кои се занимаваат со овие дејности не можат реално да го валоризираат трудот кој го вложуваат. Комората која ја формираме станува нивниот партнер и поддржувач во унапредување на статутот на овие професионалци и издигнување и раст на нивните бизниси“, истакнува Костадинов, кој е долгогодишен управител во компанија чија дејност претставува даночно советување, организирање на семинари за професионално усовршување од економско финансиска, даноци и сметководствена област. Комората со целиот свој стручен и професионален капацитет ќе работи на тоа да се наметне како рамноправен партнер на државните органи, образовните центри и другите институции од стопанскиот систем со цел постигнување на унапредување на професијата и постигнување на поширок општествен напредок. Исто така ќе се вклучи и во иницирање на рамноправно учество во подготвувањето на законите и останатите прописи од сметководствено, финансиска и даночна област како и во утврдување на стручните ставови и позиции за целисходно вршење на дејностите. „Акцент на активностите ќе се стави и на почитување и следењето на професионалните и етички стандарди на кои се темели квалитетот во работата. Паралелно ќе работиме и на грижата и одбраната на честа и независноста на професијата, поттикнувањето на соработката меѓу членовите на домашно и меѓународно ниво и промоција на услугите и дејностите“, истакнува Костадинов. Со формирање и дејствување на новата Комора, активностите на Сојузот добиваат додадена вредност бидејќи секторите кои се опфатени имаат пошироки импликации во работењето на сите деловни субјекти и воопшто на економскиот и даночен систем во земјата. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата национална деловна организација со 35 стопански комори, секторски, билатерални и регионални и со над 30 групации, здруженија и асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirana-nova-komora-na-smetkovoditeli-finansieri-i-danochni-obvrznitsi/feed/ 0