роми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 19:39:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png роми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мемети за ТВ 24: Околу 79% од ромското население е во ризик од сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-za-tv-24-okolu-79-od-romskoto-naselenie-e-vo-rizik-od-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-za-tv-24-okolu-79-od-romskoto-naselenie-e-vo-rizik-od-siromashtija/#respond Tue, 17 Oct 2023 19:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=889994

Алберт Мемети претставник на Ромалитико во емисијата 24 Отворено рече дека ако ја следиме сиромаштијата како тренд, може да се повикаме на истражувањето на агенцијата за фундаментални права и тука имаме лонгитудинално истражување. - Може да се забележи дека по пандемијата се зголеми бројот на сиромашните. Околу 79% од ромското население е во ризик од сиромаштија. Овој тренд е следен повеќе години и има повеќе фактори кои придонесуваат за тоа. Невработеноста, системот на социјална заштита, детската сиромаштија е особено изразена кај ромските деца. 40% од нив се во сиромаштија и секое 4-то дете е погодено од повеќе фактори,  вели Мемети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-za-tv-24-okolu-79-od-romskoto-naselenie-e-vo-rizik-od-siromashtija/feed/ 0
Ибраимовски: Властите го рушат угледот на ромските политички партии, по рамазанските пости ќе организираме протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ibraimovski-vlastite-go-rushat-ugledot-na-romskite-politichki-partii-po-ramazanskite-posti-ke-organizirame-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ibraimovski-vlastite-go-rushat-ugledot-na-romskite-politichki-partii-po-ramazanskite-posti-ke-organizirame-protest/#respond Sat, 08 Apr 2023 14:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=821836

По повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април, Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) одржа прес-конференција во Тетово.

Претседателот на партија Самка Ибраимовски порача дека властите направиле грешка во начинот на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите.

-Да им порачам на власта, на премиерот, на претседателот на државата дека традицијата од 30 години од осамостојување на Македонија вчера го рушија тој углед на ромските политички партии во РСМ, каде секоја година имавме покана од претседателот на државата и премиерот на разговор во делот на проблемите на ромската заедница. Ги собраа невладините организации, кои на грбот на ромскиот народ заработија голем износ пари и поединци кои ги викнаа на прослава. Јас сум разочаран. Не дека ќе постигнавме којзнае што, ќе се видиме со претседалот и премиерот, рече Ибраимовски. 

Грешката, како што рече, што ја направија ќе има големи последици.

о рамазанските пости ќе организираме протести, во смисла на дискриминација на Ромите, политички и во секој поглед, се уште е присутна, истакна Ибраимовски.

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Ибраимовски потсети на првиот партиски претседател Фаик Абди и неговиот придонес за унапредување на состојбите кај ромската заедница. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ibraimovski-vlastite-go-rushat-ugledot-na-romskite-politichki-partii-po-ramazanskite-posti-ke-organizirame-protest/feed/ 0
Во Берово доделени наградите по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/#respond Thu, 06 Apr 2023 16:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=821147

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во Берово беа доделени наградите за најуспешните ученици Роми од основното и средното образование. Парична награда, за најдобар ученик од основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ му припадна на ученикот Али Голиќ, додека од средното училиште „Ацо Русковски“ наградата за најдобар ученик и припадна на ученичката Шефрие Сулимановска. За наградените ученици од општинскиот Буџет на Општина Берово ќе им бидат исплатени по 6.000 денари. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите беше подготвена пригодна програма, на која настапија ученици од детската градинка и основното училиште во Берово. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој присиствуваше на настанот упати честитки до припадниците на ромската заедница посакувајки им добро здравје, среќа, соживот и толеранција. - Локалните проекти и инвестиции, на кои работи Општина Берово, а преку кои, се подобрува квалитетот на живеење, на граѓаните од ромската заедница. Во таа насока можам да кажам дека Општината ќе продолжи да се вклучува во надминувањето на проблемите и предрасудите, со кои се соочуваат граѓаните од ромската заедница, истакна Пекевски. Најави продолжување на напорите за постигнување инклузивно општество, во кое, секој граѓанин на Берово ќе има безбеден дом, како и мирен и достоинствен живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Пендаровски ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-konferentsijata-strategija-za-romi-tek-i-sledni-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-konferentsijata-strategija-za-romi-tek-i-sledni-chekori/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=820557

Претседателот Стево Пендаровски утре – 6 април 2023 година, четврток, со почеток во 11:00 часот, ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ што под негово покровителство ќе се одржи во х. „Хилтон“. На настанот воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски. Во рамки на втората панел дискусија „Како институционалната поставеност во државата одговара на текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“ ќе се обратат претставници на институции и невладини организации и претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На настанот ќе биде презентирана Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 од страна на претставници на Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-se-obrati-na-konferentsijata-strategija-za-romi-tek-i-sledni-chekori/feed/ 0
Потпишани договори со јавните општински установи за инклузија на деца Роми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishani-dogovori-so-javnite-opshtinski-ustanovi-za-inkluzija-na-detsa-romi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishani-dogovori-so-javnite-opshtinski-ustanovi-za-inkluzija-na-detsa-romi/#respond Mon, 27 Feb 2023 13:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=805663

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција Ди Џовани и советникот за инклузија на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети присуствуваа на потпишување на договори за инклузија на деца Роми во јавните општински установи во РСМ. Како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика биле потпишани осум договори со општините Центар, Гази Баба, Берово, Пехчево, Виница, Делчево, Кочани и Шуто Оризари. Тренчевска во воведното обраќање се заблагодарила на проактивноста на општините и го истакнала значењето на предучилишното образование на децата. - Во текот на овие 16 години од имплементацијата на проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, беа ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца и го олеснуваа процесот на интеграцијата на ромските деца во детските градинки и повеќето од нив се веќе во редовен работен однос, а некои се ангажирани со договор на проект. Покрај негувателки се ангажираа и 17 медијатори кои работеа со договори на проект во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим, информирала Тренчевска, се наведува во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика. Таа истакнала дека децата Роми за време на нивното предучилишно воспитание не биле вклучени во сегрегирани групи, туку напротив во интегрирани заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија. На настанот се обратила и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. - Овој настан е особено важен за УНИЦЕФ затоа што даваме поддршка за оваа програма. Со тоа овозможуваме инклузивни средини кои одговараат на сите деца, посочила Ди Џовани. Таа напоменала дека и покрај големиот успех на Министерството зa труд и социјална политика треба да се продолжи со заложбите за вклучување на сите деца во предучилишно образование и воспитание и да продолжи со интеграцијата на децата во градинките. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishani-dogovori-so-javnite-opshtinski-ustanovi-za-inkluzija-na-detsa-romi/feed/ 0
„Простачко и расистичко однесување“: ДСР бара јавна осуда по навредите и инцидентот на бугарска граница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostachko-i-rasistichko-odnesuvane-dsr-bara-javna-osuda-po-navredite-i-intsidentot-na-bugarska-granitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostachko-i-rasistichko-odnesuvane-dsr-bara-javna-osuda-po-navredite-i-intsidentot-na-bugarska-granitsa/#respond Sat, 04 Feb 2023 15:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=796130

И денес на одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Дечлев, не се пропушти, а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како Бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите: „САКАМ ДА ОТИДАМ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, А ВИЕ ТУКА ЦИГАНИ МИ ПРАВИТЕ ПРОБЛЕМ ДА ВЛЕЗАМ“, се наведува во реакцијата на ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ – ДСР. -Партијата ДСР, силно го осудува ваквиот недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на Бугарскиот граѓанин, но и на било кој поединец кој се обидува да ја навреди Ромска задница. Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто. Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, бараме јавна осуда на овој настан и ова однесување од страна на Љатифе Шиковска, која е пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Бараме јавно да се огради од гласање на уставните измени, поради навредата која е направена кон Ромскиот народ, велат од партијата. „Исто така, очекуваме во одбрана на своите сограѓани Роми, да застанат и Министерот за надворешни работи, г-динот Бујар Османи и премиерот г-динот Димитар Ковачевски, како и сите Ромски партии кои се во коалиција со актуелната влада, бидејќи Ромите се составен дел од оваа држава. Од ова видео јасно се гледа како Бугарскиот народ и држава ги третираат и навредуваат Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век“ - велат од ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prostachko-i-rasistichko-odnesuvane-dsr-bara-javna-osuda-po-navredite-i-intsidentot-na-bugarska-granitsa/feed/ 0
ЕСЧП во вторник ќе ја објави пресудата за случајот на дискриминација на децата Роми во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/#respond Sat, 10 Dec 2022 15:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=773628

Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур. Апликантите, 87 државјани на Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло. Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта. Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20). Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и ли паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување. Пресудата на ЕСЧП се очекува да биде објавена во вторник на 13 декември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eschp-vo-vtornik-kje-ja-objavi-presudata-za-sluchajot-na-diskriminacija-na-decata-romi-vo-makedonija/feed/ 0
Групи Роми предизвикаа инциденти во населби во западниот дел на Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupi-romi-predizvikaa-incidenti-vo-naselbi-vo-zapadniot-del-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupi-romi-predizvikaa-incidenti-vo-naselbi-vo-zapadniot-del-na-atina/#respond Thu, 08 Dec 2022 12:56:11 +0000 https://kurir.mk/?p=772739

Група Роми предизвикаа нови инциденти со палење на продавница и автобус во текот на ноќта во ромски населби во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина поради случајот со 16-годишниот Ром во Солун, кој во понеделникот беше застрелан од полицаец, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната агенција АНА-МПА, доцна синоќа група Роми провалиле во продавница за гуми, а потоа ја запалиле, по што интервенирала противпожарната служба. Поради отровните состојки во воздухот, до жителите на населбата, преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано да останат во затворен простор. Во исто време, во друга ромска населба, бил запален градски автобус во кој немало патници. Припадниците на ромската заедница во Грција реагираат откако во понеделникот 16-годишен Ром беше застрелан од полицаец во Солун и е хоспитализирано во критична состојба. Момчето застанало на бензинска станица, наполнил бензин и побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелано во пределот на главата од еден од полицајците. Инциденти, како во Атина, така и во Солун, имаше и во вторникот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupi-romi-predizvikaa-incidenti-vo-naselbi-vo-zapadniot-del-na-atina/feed/ 0
Инциденти во Солун и Атина меѓу Роми и полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=772154

Инциденти меѓу Роми и полицијата се случија доцна синоќа во делови на Солун и Атина откако припадници на ромската заедница протестираа поради 16-годишниот Ром кој во понеделникот беше застрелан од полицаец и е во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Ромите палеле канти за отпадоци и ја нападнале полицијата, како во Солун, така и во Атина, а државната новинска агенција АНА-МПА објави дека по инцидентите во Атина, повредени биле десет полицајци, а уапсени седум лица. Во понеделникот 16-годишниот Ром застанал на бензинска станица во Солун, наполнил бензин, побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од момчето, кое откако не одговорило на барањата да застане, според медиумите, било застрелано во пределот на главата од еден од полицајците и е хоспитализирано во критична состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/incidenti-vo-solun-i-atina-megju-romi-i-policijata/feed/ 0
Шаќири: Континуирано се унапредува образованието на младите Роми и од нив се очекува да учествуваат во креирање на општествените промени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-kontinuirano-se-unapreduva-obrazovanieto-na-mladite-romi-i-od-niv-se-ochekuva-da-uchestvuvaat-vo-kreiranje-na-opshtestvenite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-kontinuirano-se-unapreduva-obrazovanieto-na-mladite-romi-i-od-niv-se-ochekuva-da-uchestvuvaat-vo-kreiranje-na-opshtestvenite-promeni/#respond Wed, 23 Nov 2022 12:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=765400

„Ниеден бизнис не може да започне без идеја, односно без креативност. Не може да успее без знаење како да се менаџираат работните процеси и не може да се развие без упорност и истрајност во заложбите. Ова се особини и способности чија основа се стекнува преку воспитно – образовниот процес и понатаму само се надградува во рамки на формалното и неформалното образование и преку сопствени и искуства на други. Затоа е неопходно да имаме квалитетен и инклузивен образовен систем и на тоа интензивно работиме. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во своето обраќање на вториот REDI (Roma Enterpreneurship Development Initiative) самит, кој е иницијатива на три непрофитни организации од Северна Македонија, Романија и Србија, кои се залагаат за економска стабилност и финансиска инклузија на Ромите во општествата. „Работиме да создадеме образовни установи кои ќе ги вклучат и прифатат сите деца, од сите етнички заедници, со различни образовни потреби, а кадарот ќе биде добро спремен и доволно мотивиран за да ги научи младите како да бидат ориентирани кон успех, без разлика дали ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис или пак ќе се вклучат во работата на некоја постојна организација, компанија, институција“, рече Шаќири, додавајќи дека државата се труди да ги следи глобалните образовни стандарди, текови и трендови, а дигитализацијата е еден од клучните процеси кој е интензивиран во периодот додека трае пандемијата со Ковид. „Имаме темелна реформа кој е веќе навлезена по првите неколку одделенија од основното образование. Нејзината суштина е да создаде „ново училиште“ во кое главни столбови се стекнување на практично применливо знаење и вештини, инклузијата, подобрување на меѓуетничката интеграција и заштитата од дискриминација. Во овој контекст значително е унапредена и политиката насочена кон образованието на младите Роми. Тие се поддржуваат со стипендии за основно,  средно и високо образование, со ромски образовни медијатори, тутори и така натаму. Воедно и сите останати мерки и можности кои им се достапни генерално на младите, можат да ги искористат и младите припадници на ромската етничка заедница“, потенцираше министерот. Тој рече дека Ромите добиваат се повеќе права и образовни можности и  од нив, се очекува успешно да се интегрираат во општеството и да бидат дел од генерациите кои ќе донесат подобра иднина за оваа држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-kontinuirano-se-unapreduva-obrazovanieto-na-mladite-romi-i-od-niv-se-ochekuva-da-uchestvuvaat-vo-kreiranje-na-opshtestvenite-promeni/feed/ 0