ромски деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Feb 2019 07:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ромски деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Презентација на извештај за спречување на дискриминација врз ромските деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-izveshtaj-za-sprechuvanje-na-diskriminacija-vrz-romskite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-izveshtaj-za-sprechuvanje-na-diskriminacija-vrz-romskite-deca/#respond Wed, 20 Feb 2019 07:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=165851

Извештајот од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ ќе биде презентиран денеска на Конференцијата „Без разлики. Извештајот е изработен од Националниот ромски центар од Куманово, во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“. Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, пратениците Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, народниот правобранител, Иџет Мемети и извршниот директор на НРЦ Ашмет Елезовски. -Нивото на свест за препознавање и заштита од дискриминација сѐ уште е ниско. Добар дел од граѓаните не се ни свесни дека се директно или индиректно дискриминирани, а недоверба постои и кон институциите и органите надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат. Ова се само дел од заклучоците од реализација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“, кој ќе биде презентиран денеска. Целта на проектот, финансиран од ЕУ е промоција на социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Активностите се имплементираа изминатите две години во општините Куманово, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп. Најчестите проблеми кај Ромите на тема дискриминација се врзани за матичната евиденција, но тие повлекуваат проблеми со социјалната и со здравствената заштита, образованието, домувањето и со други сфери на живеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-izveshtaj-za-sprechuvanje-na-diskriminacija-vrz-romskite-deca/feed/ 0