Ромулус Русин-Сенди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Oct 2021 05:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ромулус Русин-Сенди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Началникот на ГШ на ВС на Унгарија на средби со Ѓурчиновски и Шекеринска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nachalnikot-na-gsh-na-vs-na-ungarija-na-sredbi-so-gjurchinovski-i-shekerinska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nachalnikot-na-gsh-na-vs-na-ungarija-na-sredbi-so-gjurchinovski-i-shekerinska/#respond Mon, 18 Oct 2021 05:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=581181

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По церемонијата за пречек со воени почести, генералот Сенди ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Тема на официјалните разговори, како што е наведено во соопштението од ГШ на Армијата и Министерството за одбрана, покрај билатералната соработка, ќе бидат и активностите во процесот на трансформација на Армијата, нашиот придонес во мировните операции надвор од земјата и ангажманот во се уште актуелната мигрантска криза и капацитетите и можностите за изведување на вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“. Началникот на ГШ на ВС на Унгарија, во текот на денот ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на ВС, Стево Пендаровски, а ќе го посети и Баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ каде ќе се запознае со дел од активностите на нашата специјална единица]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nachalnikot-na-gsh-na-vs-na-ungarija-na-sredbi-so-gjurchinovski-i-shekerinska/feed/ 0